Welcome visitor you can log in or create an account

Дали ќе се ослободиме и кога од железната тупаница на комунизмот?

Ели Секуловска 22.11.2021


ЗА ЛУЃЕТО КОИ 76 ГОДИНИ  СЕ СИСТЕМАТСКИ УНИШТУВАНИ И ЗОШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ РАСЧИСТИ СО КОМУНИЗМОТ!

Нашата задача прво треба да одговори на една историска задача. Ниту една тема не треба да биде табу тема за историчарите, како што не смеат ни политичарите, идеолошките ниту личните стапици или пресии да спречат да се следи патот на сознанието, ексхумацијата и интрпретацијата на фактите, посебно ако тие биле долго време намерно криени во владините архиви и во совеста на луѓето. Таа историја за комунистичката репресија претставува една од најкрупните делови на европската историја, што ги држи двата краја на големото историографко прашање за тоталитаризмот. Ја запознавме Хитлеровата, но и Лениновата и Стаљиновата верзија, така што повеќе не е прифатливо историјата кај нас, во Македонија , да се елаборира половично , игнорирајќи ја комунистичката страна.
Втора задача , а тоа е морална обврска да се оддаде почит кон мртвите, особено кога се работи за невините и анонимни жртви.
Денес, исправени пред многу историски факти, не можеме само ние да се однесуваме ноншалантно кон комунистичката доктирна која секојдневно барала репресија на неистомислениците , граѓанскиот сектор и на прво место , буржоазијата како класа. Или да го парафразирам Маркс, кој вели дека борбата со класниот непријател мора да биде жестока и да се уоптребат сите средства. Ќе се надоврзам и со цитатот на Лацис , еден од првите шефови на Чека :"Ние нe водиме војна спрема некои луѓе посебно. Ние ја истребуваме буржоазијата како класа. Немојте во истрагата да барате докумнети и докази за она што го направил обвинетиот, со дела или со зборови .Првото прашање што треба да му го поставите е на која класа припаѓа , од каде потекнува , за образованието ,воспитувањето и за професијата."
Раководејќи се од таа бољшевичка доктрина , нашите комунсти , во рамките на пресметката на суровата класна војна , урдија и по политичките и идеолошки неистомисленици , интелигенцијата и црквата, па сите беа сметани и третирани како непријатели. Дефицитот на слободно мислечки граѓани , направи сива догма , застапувана од принципилените послушници кои, во истовреме станаа и заштитници на тој режим.
САМИТЕ СЕ ВИНОВНИ
Во системот во кој не било јасно кој е пријател, а кој е непријател, во кој жртвите се регрутирале од истите етнички, образовни , професионални и семејни структури, важела идејата , а и се уште важи, дека оние , илјади жртви на тој режим , некако и го заслужиле тоа што ги снашло. Штом не биле ДРУГИ, а биле одредени за жртвување, тоа било доказ дека сепак нешто згрешиле. Просечниот жител на Социјалистичка Македонија, можел да стави розови очила, но тоа не гарантирало дека ќе биде поштеден . Оние, пак кои преживеале , прифаќајки ја догмата на едноумие, своето преживување не го прифаќале како чиста случајност, туку како некаква телеологија , скриена смисла, која е гарантирана од некоја повисока логика, од фактот, дека тие ништо не згрешиле и дека биле послушни граѓани.
СИТЕМАТСКОТО УНИШТУВАЊЕ И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Во Македонија постои идејата дека ние, немаме време за минатото и дека секогаш имаме поургентни работи од тоа прашање. Но, важно е да се напомене дека ова поднебје остана на Балканот како смрдливо мочуриште кое ја шири својата реа на омраза, повторно со сегрегации и поделби кон оние кои не беа ДРУГИТЕ во титовото време, кон оние кои беа систематски уништувани со децении. Денес како одговор на целата таа паланечко кодошка папазијанија , гледаме идеолошка конфузија, необединување и паланечко сеирџитво, неможност да одиме напред, злоба и омраза. Без историја , не можеме да одиме во иднината .
Ајде да се навратам повторно на годините на најголемата репресија 1945-та до 1953-та година, кога многу семејства беа морално , материјално , духовно па и физички осакатени . Францускиот Казнен кодекс за геноцид вели: "Акт, кој со помош на разработен план на егзекуција тежнее кон целосно или делумно уништување на една национална , етничка , расна или религиозна група или БИЛО КОЈА ДРУГА ГРУПА, одредена според кој било арбитражен критериум. ( Во комунизмот напоменав кои беа целните групи кои требаше да се уништуваат).
Потоа Геноцидот подразбира , физичка тортура , егзекуција . сериозен напад на физичкиот или менталниот интегритет на членовите на таа група, намерно потчинување на групата преку условите за живот со цел да се предизвика нејзина целосна или делумна физичка деструкција , мерки со кои се спречуваат раѓања во групата ( многу потомци на тогашните репресирани луѓе останаа сами), намерно предизвикување на глад ( како што се случи со многу семејства на кои им беше одземено се' и беа оставани без никакви парични средства во годините на најголемата репресија). Но, чинам дека истата сегрегација , со слични методи на омаловажување , оцрнување , партиски вработувања, значи со истите методи , како во најлудиот бољшевизам , со кои "избраните " одлучуваат кој и каде ќе работи, а кој не, кој ќе преживее, а кој не ,претежно вперени кон потомците на таа таргетираната група д титовиот режи која требаше да се уништи, продолжи и ден денес , а со тоа Македонија докажува дека не само што не расчистила со комунистичкото минато , туку навистина има и сериозен проблем во доменот на човековите права и слободи.