Welcome visitor you can log in or create an account

УДБАШКОТО ДПМНЕ ЈА ПРОКОЦКА ШАНСАТА ШТО МУ ЈА ДАДЕ ВМРО ПРАВДА!!!

Дане Поповски и Јордан Петровски, четврток, 14 октомври 2010 година 

По многу децении и тешки надмудрувања со комунистичката тајна полиција, раководството на ВМРО ПРАВДА, согледувајќи го моментот-распадот на Југославија, донесе решение на ДПМНЕ да му даде шанса да го продолжи континуитетот на ВМРО и така да се изборат за суверненоста и самостојноста на делот од Македонија кој се наоѓаше во составот на Југославија. Силите во ДПМНЕ кои беа инсталирани од УДБА многу бргу ја сфатија опасноста од четирите златни букви и тргнаа во офанзива да ги елиминираат вистинските носители на идејата на ВМРО.


Знаевме дека нашиот текст од минатиот број на Фокус за тоа дека досијеата се во Белград, ке предизвика интерес, но, знаевме и дека никој од прозваните ќе нема храброст да одговори директно, па уште во Фокус. Ќе пуштат некои нивно пискаралце да напише текст полн со лаги и манипулации. Стара комуњарска игра. Си имаат тие весничиња во кои си ги објавуваат писанијата на пискаралцата, кои "ничим изазвани“ ќе објаснат дека белото не е бело. Да се спомене вистинскиот повод за писанието Бог да чува и да брани, но, затоа ние ќе се дрзнеме и сакаме да одговориме на лагите.






Веќе два пати се обидовме да укажеме на небулозите на „Фрчолина“(Љубомир Данаилов Фрчкоски) околу законот за лустрација во „Дневник“, но, уредникот Бранко Ѓорѓевски ни кажа дека, иако не сме споменати, великодушно ќе ни понуди „простор од дваесетина реда". И кога му пративме текст, ни тие дваесет реда не беа објавени. Наводно, текстот бил „преостар“, а и сме го споменувале и Бранко Црвенковски.
Во исто време, новинарка од „Нова Македонија“ беше многу „happy “што ќе може да направи текст со кој ќе им даде шанса на тие кои го понудија доказот за белградските досијеа и така да ја соголиме лажгата на Стојан Андов. Ама по се изгледа, некој и посоветувал да заборави на разговорот. Демократија и слобода на говор по „кумровачки“ терк. Затоа, одговоров на пискаралцата ќе го дадеме во Фокус и ќе им понудиме полемика на страниците на овој неделник или на нашиот сајт www.kotle.ca. Во двата случаи, тие што ќе се решат на полемика нема да бидат ограничувани во должина на одговорите, ниту пак, во содржината. Практично, им нудиме шанса да осознаат што е слобода на говорот.


ВМРО никогаш не било мит!

                                                                 
Ќе почнеме со текстот "Рушење на „митот за ВМРО“ од Ивица Боцевски, објавен неодамна во рамките на колумнистичкиот простор на „Дневник“. Господине Боцевски, треба да знаете дека ВМРО не е мит, туку реалност. Додуша, Вие бевте во ВМРО ДПМНЕ на Никола Груевски, па можеби затоа имате таква претстава и сфаќање и затоа сте се нафатиле да напишете ваков АНТИМАКЕДОНСКИ ПАМФЛЕТ. За да разберете што е ВМРО, треба да го знаете ова: ВМРО е самоцел, од себе, за себе, со себе, за Македонија! Тоа е единство. Нешто како Светото Тројство! Сето друго е манипулација.
ВМРО никогаш не згаснало друже Ивица. „Марица“ знае најубаво и најизворно. Запрашајте ја, таа не возеше до вашите центри за "демократизација", наречени од "непријателите" на комунизмот, станици на милицијата. „Таа“ ќе ви потврди дека ВМРО секогаш било присутно во Македонија и покрај невидениот прогон, судења, убиства.




За да се направи дистинкција од ВМРО-то на Ванчо Михајлов , во 1947 година се формира ВМРО ПРАВДА и само за неколку месеци постоење собра преку 28. 000 членови и продолжи со борбата за самостојна, суверена и ОБЕДИНЕТА Македонија. Тројца од четворицата основачи се се уште живи и дел од нив никогаш не прекратиле со активностите.
На формирањето на ВМРО ПРАВДА никој не приговараше, па ниту Ванчо Михајлов, иако знаел за основањето и делувањето на ВМРО ПРАВДА. Не приговараа ниту во другите делови на Македонија, Пиринска и Егејска, каде што беше возобновено ВМРО. Што е јасен и недвосмислен показател, каде е континуитетот на ВМРО!
По многу децении и тешки надмудрувања со комунистичката тајна полиција, раководството на ВМРО ПРАВДА, согледувајќи го моментот-распадот на Југославија, донесе решение на ДПМНЕ да му даде шанса да го продолжи континуитетот на ВМРО и така да се изборат за суверненоста и самостојноста на делот од Македонија кој се наоѓаше во составот на Југославија. Силите во ДПМНЕ кои беа инсталирани од УДБА и кои требеше да им послужат на српско - комунистичките сили како декор дека во Македонија постои плурализам и демократија, многу бргу ја сфатија опасноста од четирите златни букви и тргнаа во офанзива да ги елиминираат вистинските носители на идејата на ВМРО. Тој атак беше пресилен за неискусното и чесно гласачко тело внатре во партијата, што на УДБА и овозможи да однесат победа, да не дозволат ниту еден член на ВМРО да влезе во раководните структури на ВМРО ДПМНЕ и со тоа УДБА воспостави целосна контрола врз ВМРО ДПМНЕ. Тие случувања беа пресудни за нашето повлекување.

     

                       Писмо објавено 1992 година во "ПУЛС" на кое до денеска нема одговор


Не сакавме на ваков начин и во оваа време да ви ја кажуваме вистината. Но и нас не „истераа од колосек“ некои доследности на некои луѓе во барањето на вистината која не ја знааат изворно, туку само ја слушале и сакаат да ја бранат и тврдат за истата со некое достоинсво и морал. Пак ќе речеме, не е време за чукање в гради.
Но, време е да се прекине со манипулациите на самодокажување и да се престане со лаги. Бидејќи, од една се оди во друга, во трета, во бескрајна лага, се во името на распарчена, понижена и обесчестена Македонија. Од егоистичен кариеризам кој вешто го изменаџираа КОС и УДБА.

Ние, македонските националисти никогаш не сме го гледале личниот интерес кога била во прашање нашата животна определба: Македонија, Македонци, македонизам, па затоа и сме дозволувале да има и лични жртви, како придонес кон општествениот долг, како лична водилка на единката. Што значи, ги оставивме луѓето на некоја времена фикција на лични чукања в гради, но, да не бидат загрозени патиштата на сегашноста како пропозиции на интроспективата, со ретроспекција за градба на општествени гледања на секој Македонец, притоа, да излегуваат од наметнатите калапи што му ги ставале без тој да биде свесен. Имено, затоа сте недораснати за процесот кој се одвива, лустрацијата, а за неговиот неприроден и дегенеративен тек, некој треба да плати и ќе плати!!!

Од друга страна, една група на луѓе подржана а по се и финансирана од Груевски, се обидува основањето на ВМРО ДПМНЕ да го врзе исклучиво за Драган Богдановски и Берлинската група. Целта е многу јасна. Утре, историчарите кога ќе ги обработуваат писмата, манифестите, декларациите, и досието на Драган Богдановски и кога нема да сретнат ни збор за ВМРО, ќе ја отфрлат тезата дека се работело за нешто сериозно и додавањето на четирите букви ВМРО ќе биде третирана како симбилика или само пропаганден потег. Со тоа ќе се изврши најголема историска лага и ќе се документира дека немало континуитет на ВМРО и оти единствена вистина, која ете, ја докажуваат, е дека комунизмот од српска провиниенција ни даде држава. Што е и основна цел на антимакедонската политика од 1943/1990 година и до денеска.
За овој обид за да биде успешен и во иднина, сценаристите од север ќе ни подудат преку своте новинари "ОПЕРИСТИ", дека единствени вистински ВМРОВЦИ се Брат Љубе и „Падобранецот“ Филип Петровски. Сценаристиве забораваат една многу важна работа, а таа е дека ние знаеме оти денешново ВМРО ДПМНЕ кое го води Груица и кое паѓа во транс на Девет Југовиќа и Арканица, е дело во чија изведба сериозни места имаат и Љубе и Филип. Но, уште пострашно за нив и Македонците во Македонија тоа веке почнаа да го препознаваат.



Бугараши меѓу нас нема!


Борбата против "БУГАРШТИНАТА " во ВМРО ДПМНЕ во овие 20 години е всушност перфиден начин за елиминација на македонската идеја и сквернавење на идеалот ВМРО. Старите, а и новите комунистички структури беа изненадени од две работи: од тоа дека на нивното дело ДПМНЕ постои иницијатива и желба да се додаде ВМРО и од ефектот кој го предизвикаа четирите златни букви ВМРО кај Македонците.

Дали работниот материјал "Расколот во ВМРО-ДПМНЕ - Документирана историја!" кои требеше да преточен во книга ке требеше да е увертира за Бранковиот 11 октомвриски напад на Участокот во Прилеп неможеме со сигурност да тврдиме. Но со сигурност можеме да тврдиме дека пичината за неизлегување на книгата која требаше да биде крунски доказ за "БУГАРШТИНАТА во ВМРО ДПМНЕ" е дискусијата и соголувањето на памфлетот на нашиот форум : http://www.forum.kotle.ca/showthread.php?tid=153 каде што се покажа вистината дека памфлетот е работен по нарачка. Да кажеме збор два за памфлетот. Творец на памфлетот е Александар Диневски кој воедно е и творец на писмото "Чакам те да дојдеш" повод за судирот помеѓу "македонистите" и "бугарофилите".
Целиот пафлет е обид да се докаже "бугарофилството" во ВМРО ДПМНЕ, можеби памфлетот не би ни привлекол толкаво влијание ако не беше напишан од искусен СДБ овец. А кога на искусен СДБ овец ке му се "поткраде грешка" да не го гледа слонот а мравката да ја представува поголема и од слонот, сомнежот сам  се раѓа. Во една изјава (Нова Македонија 04.09.1997 година) Чедо Радомировиќ вели дека го финансирал ВМРО ДПМНЕ со 400 000 германски марки и пак ај да каземе не е чудно. Но тој беше само ДИРЕКТОР на ТЕХНОКОМ не сопственик. Сопственик на Техноком беше GENEX а GENEX е фирма на КОС. Диневски никаде во памфлетот не се занимава со прашањето зошто КОС го финансира ВМРО ДПМНЕ или непобитниот доказот за туѓо влијание кој го има во раце го игнорира а туѓото влијание за кое нема таков цврст доказ го обработува дури и е подготвен да издаде книга.

После изведбата на Девет Југовиќа на прославата на годишнината на ВМРО и гостувањето на Арканица по покана од градоначалникот на највмровскиот град на Пиво фест , „нападот на УЧАСТОКОТ за да се ослободиме од Бугарите“ не е вперен против Груица. Тие, Груица и Бранко, и двајцата здушно работата за иста цел и се аргати на ист српски газада . Србокомунистичкиот Бранков повик да се ослободиме од Бугарите, кои ниту ги имало, ниту ги има, е премногу дрска навреда за Македонците.

Пред да ја кажеме нашата порака, да подобјасниме кои сме. Ние сме прогонувани, судени и затвоторани како ванчомихајловисти-бугарофили или бугараши во времето на апсолутна власт на србокомунистите. Заминати сме скоро сите од Македонија, некои уште на почетокот на педесетите, некои на почеток на седумдесетите, некои на почеток на осумдесетите, некои на почеток на новиот век. Секој од нас ако навистина бил бугарофил како што ни стои во обвиненијата, со стапнување на тлото на Европа, Северна или Јужна Америка, ќе се изјаснил за Бугарин!!! Такви меѓу нас нема. Ние сите сме Македонци. Тогаш, логично е прашањето, против кого Бранко Црвенковски со неговите пајташи крева востание???
Затоа ви ја упатуваме оваа порака: Ги повикуваме Македонците да не веруваат во инсинуации во однос на нас, луѓето кои сме на залез на "сонцето" и тоа не поради нас, туку во име на правдата и вистината, за да можат идните генерациии побрзо да се најдат себеси. Црвенковски со неговата србокомунистичка братија има за цел, на нас Македонците да ни наметне чувство на Бугарофилство и тоа само затоа што се залагаме и бориме за суверена и самостојна Македонија. Тој на 11 Октомври под плаштот на наводна борба против Груевски сакаше неколку стотици илјади Македонци да ги прогласи за бугарофили. Дали тоа треба да го дозволиме.!? Мислиме дека Македонците и останатите граѓани на Македонија веќе ја разбира играта која ја играат српските „испрдоци“ во Македонија.
На нашиот сајт пред скоро еден месец и повеќе започнавме дискусија за едно од најсериозните прашања: КОЈ Е ДЕНОТ НА ВОСТАНИЕТО на Македонскиот народ, 11. ОКТОМВРИ 1941 ИЛИ 22. АВГУСТ. 1941 година.?
„ Востанието на 22.Август имало исклучиво антифашистичко обележје, бидејки од 42 -цата борци немало многу комунисти. Востанието на 11 Октовмри ја имало синтагмата „НОБ и Револуцијата“,  што долго време некритички се употребуваше како доблест, содржи трагично двојство на припадност на антифашистичката коалиција, но и на Револуцијата, со тенденција кон превласт на Револуцијата. Титовиот комунизам се вградил уште во зародишот на македонската држава во форма на денунцијација. Со еден збор, од Горе, целата лојална комунистичка врхушка се претворила во соработник на тајните служби“ (цитат од текст на проф. Д. Димитров за „Дневник“). Цитат, кој се надоврзува и ја потврдува оваа наша констатација: за востанието од 11 октомври има многу дилеми. Дилемите се посебно силни ако се земе дека водачите на 11 Октомвриското востание биле најжестоки противници на САМОСТОЈНА И ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА. Под нивно водство, почнувајки од 1943 година, кога пројугословенската струја го издава Манифестот без согласност со демократско националната струја, почнува чистката и прогонот, убиствата на сите вистински МАКЕДОНСКИ дејци, од Кузман, Рацин па до Карпош. Прогон кој продолжи со основачите на ВМРО ПРАВДА, па до денешни дни.

ИЗВОР