Welcome visitor you can log in or create an account

РЕФЛЕКТОР ЗА ИСТОРИСКО ЗАТЕМНУВАЊЕ 1-1В сина птица,судир на УДБа и КОС - ОБИД ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА ЉУБО ЈОВАНОВСКИ

 

.. Имено на собранието кое е одржано на 04-05 јануари 1992 година е присутен и Љубо Јовановски. Тој не реагира на смената на Драган Богдановски иако Драган во својата изјава за одењето во Софија--а која ја пренесува "Нова Македонија" од 05.12.1991 година и е на страница 12--ја осудува пробугарската политика која е изразена преку договарање за заедничка акција помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ВМРО СМД! Со скен ќе пренесам што изјавил Драган:

... го сторив ова (се мисли на интервјуто) за да се дистанцирам од пробугарската политика која денеска владее во ВМРО ДПМНЕ

 

Љубо Јовановски гласа за смена на Драган Богдановски? Со тоа Љубо Јовановски експлицитно потврдува дека се слага со целите и контактите на посетата на делегацијата МЗК на Софија. Но Љубо Јовановски само после неколку месеци го менува мислењето: 

Одговорен за формирање на т.н. "Македонска војска" бил Љубо Јовановски, кој не се согласувал со активностите на "Задграничниот комитет", особено неговиот претседател Мане Јаковлески, кој паралелно и со знаење на ВМРО-ДПМНЕ од земјата преземаше и акција за обединување на пробугарската врховистичка емигрантска организација МПО, ВМРО-СМД од Бугарија и ВМРО-ДПМНЕ за натамошно заедничко делуваље. Јовановски со секретарот на "Задграничниот комитет" Ристо Паргов и Димко Нечевски, преземал активности за формирање на македонска национална гарда. Активностите за формирање, на МНГ биле во Струмица и формално таа е формирана на состанок на секцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на 4.01.1992 година. Припадниците на МНГ, биле и членови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа заради присутната врховистичка струја се оградиле од партијата и формирале национална гарда, за што според Љубо Јовановски постоел и записник од тој состанок на секцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. 

Да направам мала анализа преку датумите:

На 05.12.1991 година, Драган Богдановски за Нова Македонија изјавува:

...се дистанцирам од пробугарската политика која денеска владее во ВМРО ДПМНЕ 

На 04.01.1992 година Љубо Јовановски со секретарот на "Задграничниот комитет" Ристо Паргов и Димко Нечевски 

...заради присутната врховистичка струја се оградиле од партијата во Струмица формирале национална гарда, МНГ...

На 04 и 05.01.1992 година, Љубо Јовановски и Ристо Паргов се во Хамбург, Германија на ВТОРО СОБРАНИЕ на Задграничниот Комитет, каде што:

-Поради неправилните (негативни изјави) на член на МЗК, г-динот Драган Богдановски, во врска со посетата на делегација на МЗК во соседна Бугарија ... осуда на Драган Богдановски ...

 

 - и на носење одлука за формирање „национална војска“:

Задграничниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ во Хамбург, Германија, на дводневниот состанок, одржан на 4 и 5 јануари 1992 година, донесол одлука за формирање на „Национална војска“.
Членовите на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа, Љубо Јовановски од Брисел и Божо Манчев од Париз, биле назначени за главни координатори, за формирање на војска и за собирање на финансиски средства. 



Онаа што е нелогично е тоа дека СДБ вели:

„...се потврдени сознанијата дека се поврзал со екстремното и милитантното крило на оваа партија [ВМРО ДПМНЕ, м.з.] кое заговара насилно и оружено загрозување на поредокот на Република Македонија загарантиран со Уставот. За таа цел веќе превзема активности за испитување на можности за нелегално купување оружје во странство и негово нелегално внесување во Републикава. …


...претстојувале во Бугарија каде воделе преговори со преставиците на бугарската армија, за што со одредени потврдени сознанија располага СДБ.

Мане Јаковлевски, како што знае целата македонска јавност воопшто не е суден, ниту осуден, а сознанијата „се потвредни“!? Не станува збор за ништо друго, туку за успешен обид да се „спакува“ дека ВМРО ДПМНЕ е терористичка и пробугарска партија. „Нашиот“ Маноил, по „пакувањето“ е награден и од УДБ-а и од Георгиевски и од Груевски!


СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ

од Седмото продолжение на Педесет и шестата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 21 април 1993 година, 58. Извештај за работата на Комисијата за контрола над работата на Службата за државна безбедност во врска со Барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од 15 јули 1992 година и предлогот доставен од страна на министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчковски од 13 јули 1992 година,

 

Да го искоментирам делот со изјавата на Добри Величковски:


Соработката на СДБ со Љубо Јовановски е врзана за прогонот на Македонци кои биле за самостојна и демократска држава Македонија и таа соработка е за интересите на Југославија/Србија!!
Да потсетам дека определбата на Македоците за самостојна држава Македонија надвор од рамките на федерална Југославија со употреба на политички средства била гарантирана со СИТЕ Устави на Југославија после 1945 година! Од тука произлегува дека прогоните кои ги правела СДБ не биле Уставни!! Ама за тоа не го осветлува рефлекторот на госпоѓа Ременски!

Добри Величковски со вториот дел на неговата изјава ја открива тајната за регрутирање на соработници.
Добри вели дека Љубо Јовановски бил исто така долги години добро се познавал со Драган - Млекце.


 

Од каде ДОБРО се знаеле Љубо и Млекце? Да не биле сограѓани, да не оделе во забавиште и се школувале заедно?? Не! Одговорот за доброто познанство на Млекце и Љубо по се лежи во следниот цитат: 

Vojna služba ima saradnike i među civilima, iako bi delokrug njenog rada trebalo da bude samo Vojska. Civili su postajali saradnici vojne službe još u vreme JNA.

Aleksandar Vasiljević, načelnik Vojne službe bezbednosti 1991-1992, zamenik načelnika 1999-2001: Angažovani su vojnici saradnici i to prilično veliki broj, da ne kažem u četi, da je ovaj saradnik gde je skladište ratnih rezervi, da postoji saradnik itd. Kada su ti mladići završili odsluženje vojnog roka, a bili su angažovani za saradnju sa vojnom službom, oni koji su izrazili želju da bi nastavili kontakte sa vojnom službom, zadržavani su u evidenciji kao saradnici organa bezbednosti.

B92: Dobro, ali ti vojnici su npr. kasnije postali profesori, privrednici... Je l’ oni tada ostaju saradnici vojne službe?

Aleksandar Vasiljević: Apsolutno. Oni ostaju u najvećoj meri kao, uslovno da kažem, konzervirani saradnici, konzervirani za ono stanje vanrednih prilika ili ratno stanje. Ali smo imali dosta slučajeva gde su vojnici koji su bili saradnici u JNA ne zadržavaju na vojnoj evidenciji isključivo nego se, uz njegovu saglasnost, predaju na kontakt Službi državne bezbednosti Republike ili pokrajine u kojoj žive.

Љубо по се е ангажиран да работи за КОС додека бил на отслужување на воениот рок а потоа е "ПРЕОТСТАПЕН" на УДБа/СДБ! Од цитиранава изјава на Љубо, изјава која е врзана за причината за формирање на ТМРО - Македонска Национална Гарда, јасно се гледа привзаноста на Љубо кон ЈНА!



И изборот на Љубо да прави „Македонска Национална Гарда“ паднал на УДБа и КОС, идеолошки полиции и прогонители на Македонци, кои, да повторам, биле за самостојна и демократска држава Македонија!!



ОРУЖЕНА ПРЕСМЕТКА МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ ВО БРИСЕЛ

5 Ауг 1994

Минатата недела во домот на македонскиот емигрант Љубо Јовановски, кој живее во Белгија во гратчето Клабек, се случи убиство откако Блаженко Цветковски и Роберт Димитров влегле во неговиот дом.

Неофицијалната верзија на настанот говори дека Блаженко Цветковски инсистирал да разговара со Љубо Јовановски прашувајкји ја неговата сопруга каде е тој. Незадоволен од одговорот дека тој се одмара, Цветковски се качува на горниот кат, при што сопругата го зема единаесетгодишниот син и излегува од куќата.
На горниот спрат Јовановски се појавува со пушка и настанува караница меѓу Цветковски и Јовановски. Цветковски пука двапати во таванот од револвер, а Љубо го погодува во пределот на стомакот, откако претходно испукува предупредувачки куршум.
Соучесникот на Цветковски, Роберт Димитров, по настанатата ситуација бега и се уште се наоѓа во бегство.
Цветковски и Димитров имале двоен идентитет (Бобан Теневиќ и Рајко Томиќ) и отпорано и биле познати на белгиската полиција. Во јули годинава се осудени на две години затвор, но се помулувани и пуштени на слобода.
Љубо Јовановски немал досие и по утврдената самоодбрана пуштен е на слобода. Во неговата куќа се пронајдени прецизни ваги, златарски пицети и пари од различни валути.
Љубо Јованоски на македонската јавност и е познат од времето на аферата "Сина птица", кога при повлекувањето на југословенската војска се обиде со неколкумина членови на ВМРО-ДПМНЕ да направи Македонска национална гарда, односно Македонска војска. Тој, како емигрант, инаку, бесе член и контролор на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Белгија. По аферата тој се разидува со ВМРО-ДПМНЕ и преоѓа во партијата Македонски национален фронт, која ја основа Драган Богдановски, инаку поранешен почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ тогаш го обвинуваа Љубо Јовановски дека е соработник на македонската Служба за државна безбедност.

Кои се луѓето кои се обиделе да го ликвидираат Љубо Јовановски? Прво што се наметнува дека тие луѓе имале двоен идентитет, а тое е специјалност и на УДБа и КОС! Двојниот идентитет се корисртел најмногу кога требело да се ликвидира некој од емиграцијата или пак во времето на почетоците на распадот на Југославија за пресметки/ликвидации помеѓу пројугословенскиот КОС и просрпската УДБа. 

Засега толку за аферата „Сина Птица“!!

 

Серијалот продолжува со аферата „ДУВЛО“, афера за која госпоѓа Ременски не напиша ниту збор во нејзиниот серијал: 


РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР 2 дел


РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР 3️⃣ дел,

 РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР - 4️⃣ дел

РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР - 4️⃣ А дел


Предходните продолженија: