Welcome visitor you can log in or create an account

ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е БАСТИОН НА КОМУНИЗМОТ ГОВОРИ ФАКТОТ ДЕКА НЕМА МЕДИУМ КОЈ Е ПОДГОТВЕН ДА ОБЈАВУВА СВЕДОШТВА ЗА КОМУНИСТИЧКИОТ ЗЛОСТОР

 

Ели Секуловска 20.10.2021

Пред десетина дена напишав еден текст , го испратив до наш реномиран дневен печат , но денес добив одговор дека истиот нема да го објават затоа што бил многу "остар" !!!
Зборувам за еден многу репресивен период од нашата историја , чинам дека треба да се пишува конкретно , без еуфемизми , да се осознае вистината за да не се повтори .
Во продолжение мојот необјавен текст кој морам да го објавам овде на фб , затоа што во пишаните медиуми најверојатно нема место за вакви "остри" текстови со ваква проблематика . Најверојато , за критиката на тоталитарниот крвав период 1945-та до 1053-та година , треба да се најде модус и да се пишува на "мек" начин , несвојствен за мене .

ТИРАНИЈАТА Е НАВИКА

Долго време размислував како да го започнам ова писание, обемна тема, за едно минато време кое остави зад себе многу црни петна и нејаснотии. Релативизацијата од типот "мало левичарско застранување" , во никој случај нема да оправда ниту пак да ја избрише од генетската меморија голготата на илјадници наши сограѓани чии нивни најблиски предци ја поминале низ казаматите на тогашниот југословенски комунистички режим .
Та ,кога се обидуваат да го бранат своеволието на култот , секогаш одново се потпираат на истата пропаганда за социјалистичка револуција која во секој случај беше злоупотребена ! Се плашам да не згрешам , велејќи дека главниот поток ,1945-та до 1953-та година , не беше единствениот, туку главниот и еден од најголемите потоци кои ги ширеа мрачните смрдливи цевки на нашата ни затворска канализација . Поток кој втурна стотици луѓе , исцедени во крвта , потта и мочката кои постојани течеа по нив . Историјата на оваа канализација е историја на постојано голтање и течење, само што поплавите се смекнуваа во помали, и повторно поголеми .
Понатаму, хронолошкото набројување, каде што еднакво се споменуваат потоци составени од стотици уапсени, како и поточиња од незабележливи десетици, се' уште е нецелосно и мало, ограничено од мојата способност да проникнам во минатото . Овде ќе треба многу дополнувања од луѓе, историчари, кои ја знаат оваа проблематика затоа што останаа многу прашања неодговорени . Но , наместо одговори, се чини дека гласовите се стишуваат и замираат, а летописи нема или се заклучени .

Терминологијата "непријател"

Истржувањето ( пред се од мои лични мотиви), ми ги отвора широките историски слики кон македонскиот комунизам ( или социјализам кој , наводно се движел кон комунизам) , истиот бил сублимат на квазиидеологија со паланечки менталитет , па најдобро успеал затоа што имало база на граѓани кои го поддржувале увидот на сите во се ' ,па таму каде што баналното станувало важно, се архивирале и тривијалности од секојдневието. Политиката била сведена на поедноставени изрази, дефинирани преку односот пријател / непријател, присутен во сите сегменти како дел од немилосрдниот менталитет ¬- "ние против нив" !
Зборот "непријател" станал еластична категорија која била проширувана од потребите на политичкиот моментум, станувајќи клучен елемент на комунистичката практика . "Непријателот" бил големо оправдување за теророт, а на тоталитарната држава и требале "непријатели" за да опстане. Следтсвено на тоа, кога се дефинирале "непријателите" , тие се третирале бесмилосно . Теророт вклучувал двојна мутација . Противникот најпрво бил етикетиран како непријател, а потоа прогласен за злосторник што водело до негово целосно отстранување од општеството . Исклучувањето многу брзо се претворало во истребување, но пред тоа ги изложувале на јавни судски процеси , "кршење" на нивната личност , наметнување на самокритика која ги принудувала да трпат акутен и долготраен срам, но во никој случај не можеле да ја избегнат највисоката казна . Системот барал континуирана репресија на буржоазијата како класа . Доволно било да се припаѓа на класата и немало потреба ништо да се направи . Им бил конфискуван целиот имот, со што директно се задира во најстарото човеково право , а тоа е правото на сопственост . Воедно, страдале и интелектуалците како и урбаното население . А пак селаните, биле жилави и голораки се бореле против колективизацијата , но не испишале ниту еден мемоар . Истражните судии не поминувале бессони ноќи за нив, ниту пак се трошеле формулари, доволно било решението на селскиот совет . Овој поток се излеа, се всшмука во земјата, та и најврелите умови не се сеќаваат на нив.
Од денешен апсект кога ги проучувам материјалите , чинам дека ништењето на човечки животи заради класна или идеолошка различност, бара темелно проучување. Релативно мал број на луѓе би биле спремни за такво ништење , но затоа се изнашол метод на олеснување во намерата . Најефикасен начин бил негирањето на хуманоста на жртвата преку процес на дехуманизација. Варварскиот ритуал на читската,измачувања и истребувања бил тесно поврзан со анимализацијата на другиот , па постојат низа примери кога затворениците биле жртви на демонска животинска реторика од типот: кучиња , банда , вошки , гниди и ѕверови .
Лидерите на тој тој режим се гледале себеси како старатели на општеството и се гордееле со своето право да го гонат лицето кое тие ќе го одбереле .
На таа педагодија на омраза и била додадена уште една мистерија која до денешен ден трае; апсњата , казните и судбината на жртвите ( појела га помрачина) се прекриени со превезот на апсолутна тајна .
Но дијалектиката пријател / непријател не била повеќе доволна за да опстане државата и онака потоната во кредити и долгови , па логичен след на таа постојана граѓанска војна и френетично барање на "непријатели", Југославија во 1989-та година ја заврши својата драма и разрешница со големо крвопролевање кое беше резултат на акумулираната негативна енергија . Сегрегацијата, исклучувањата од општеството на замислениот противник се само чисти идеолошки категории кои одредуваат произволни поделби . Доктрината на сегрегација станала криминална идеологија преку едноставното негирање на фундаментот : обединување на "човечките видови" како што ги нарекува Роберт Антелме или човечкото семејство како што е опишано во преамбулата на Универзалната декларација за човекови права во 1948-ма година .Една работа е сигурна, злостортвото против човештвото е производ на идеологија што не ги редуцира луѓето на универзална , туку на посебна состојба: биолошка , расна или социо-историска . За жал, Македонија е единствена земја која не и обратила внимание на Резолуцијата 1481 ,издадена на 25 јануари 2006 година во Стразбург од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа, со која се наметнува потребата за меѓународна осуда за злосторствата на тоталитарните комунистички режими и најостро се осудуваат злосторствата на комунизмот. Македонија остана единствената од сите бивши комунистички земји во Европа која оваа Резолуција не ја преведе на македонски јазик .

Непокајаниот грев на комунизмот

При распадот на Југославија ,Македонија се извлече без војна , но на самиот ден , 8 .09. 1991 година ,на прогласувањето на Независна и Суверена држава,се отвори само шише со шампањ, се разбира, направивме церемонија , и рекоа дека до вчера сме биле комиунизам ,а од денес демократија!! Жртвениот биланс на комунистичката репресија никој не го спомена, а политичките партии до денешен ден останаа анестезирани во однос на тоа прашање иако Југословенскиот комунизам бил специфичен по многу нешта и дволичен . Доколку темелно се анализира, пред светот се претставувал како "мек" комунизам , но во самото битие бил многу порепресивен од сите тогашни бољшевички комунистички системи . Но , никој ниту збор за тоа не кажа . Сето тоа остана во сивата зона.
Тиранијата е навика . Таа има способност да се развива и да стане болест . Човекот и граѓанинот засекогаш исчезнуваат во тиранинот , а враќањето на човечкото достоинство , покајанието и препородот за него се речиси невозможни . Покрај тоа , примерот и можноста на таквото самоволие , разорно влијаат на целото општество . Средината која на таквата злоупотреба на моќ гледа рамнодушно и самата е заразена во коренот . Со еден збор , правото на самоволие и телесно казнување , карцирање (карцел(1м x 1м), како што тоа се случувало со мојот дедо во текот на издржувањето на затворската казна во 1950 -та година, во најјаката зима ) ,ликвидациите без судење( Голи Оток) , логорите (Добој), како и психолошко " кршење " на замислениот противник, е рак рана и најјако средство да се уништи секој здрав зародиш , секој обид на граѓанска свест и апсолутен услов за неизбежна и недвосмислена пропаст . Човекот или општеството кое се навикнало на тоа и никогаш не ги осудило тие појави не може да направи пресврстница преку ноќ . Да се признае вината и наследениот грев – тоа е сосема малку . Треба да се одучи од тоа . А тоа не оди така брзо . Затоа ,чинам дека злото , омразата , фикцијата " непријатели " , " ние / вие ", оставени како наследство од минатиот режим кој никогаш јавно не беше осуден , туку напротив ,глорифициран, се ' уште долго ќе се тркалаат како снежна лавина и ќе завземаат се ' поголем замав , а нашиот пат кон ЕУ ќе станува уште поддалечен . Етатистичката моќ над индивидуата , го детронизира универзалниот Хегелов принцип дека се што е нехумано , е бесмислено и безвредно . Во услови на целосен триумф на нехуманоста , станува очигледно дека се што е создадено со насилство е бесмислено и безвредно , дека нема иднина и дека ќе ИСЧЕЗНЕ БЕЗ ТРАГА .

Објаснување од Уредникот!!
Зошто ставив црна слика за  фотографија?  Причината лежи што нема една фотографија на нетот од тоа како комунистите се пресметувале со своите идеолошки противници, со луѓето кои со мактрпен труд на генерациистекнале имот а кој имот комунистите им го одзеле.