Welcome visitor you can log in or create an account

Ф.РЕМЕНСКИ ВО ОБИД ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА РЕФЛЕКТОР ЗА ИСТОРИСКО ЗАТЕМНУВАЊЕ 1-1А дел СИНА ПТИЦА-МАКЕДОНСКИ ЗАДГРАНИЧЕН КОМИТЕТ

Јордан Петровски 03.10.2021

Без да се расветлат случувањата, онолку колку дозволуваат доказите со кои располагам од чинот на Основачкото собрание на ВМРО ДПМНЕ, многу тешко ке се разбере аферата Сина Птица. Јас во ова продолжение ке напишам онолку колку во овој момент можам да потврдам со аргументи. Се надевам дека ке се осмели уште некој, поточно двајцата сеуште живи учесници, Дијана Транталовска и Борис Змејковски на собитијата за кои ке пишувам во ова продолжение. 
 
За помладиве читатели ке напоменам дека Драган Богдановски не присуствувал на Основачкото собрание одржано на 17.06.1990 година во Скопје! Причина за неприсуството е наводно немање на пасош. Драган Богдановски доаѓа во Македонија на почетокот на август 1990 година (08.08.1990 година).

Изненадувањето кое им се случи на КОС и УДБа од бројот на Македонци кои иднината на Македонија ја гледаа во самостојна и демократска држава, држава надвор од рамките на Југославија ги натера засилено да работат на растурање на партијата ВМРО ДПМНЕ , поточно на ифрлање од партијата на луѓето кои го носеа континуитетот на ВМРО и оние кои јасно ги искажаа своите идеолошки позиции иако не беа членови на ВМРО СДРМА-ПРАВДА кон идеалот на таа не регистрирана партија! Не регистрирана затоа што комунистичката власт не дозволувала повеке партизам иако споре сите устави на Југославија , уставно било раздружување до отцепува на народите од Југославија!
Конкретната задача за растурањето, прогонот на ВМРО овците од партијата му е доверена на Драган Богдановски и неколкумина соработници на КОС и УДБа а кои веке беа во врвот на партијата како „ОСНОВАЧИ“ и „големи“ патриоти! 

Дане Поповски, еден од тројцата (другите дваица се Костадин Смичковски и Љубен Костоски-Чакра) носители на континуитетот на ВМРО, континуитет кој бил направен преку основање на ВМРО СДРМА-ПРАВДА и главен преговарач за спојување на ВМРО СДРМА со ДПМНЕ, сведочи дека кон крајот на август 1990 година--Драган доаѓа на почетокот на август во Македонија--добива понуда од Драган Богдановски, за Дане, Змејковски и Дијана, заедно со Драган да заминат во Шведска и таму да прогласат дека тие се раководство на партијата и партијата ја водат од таму. Дане го одбива тој предлог.

 

После одбивањето на предологот на Драган кон крајот на август 1990 година од страна на Дане,следува нов атак/обид!! ПРОКЛАМАЦИЈА со која ВМРО ДПМНЕ во ДИЈАСПОРАТА се ПРОГЛАСУВА ЗА НЕЗАВИСЕН ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТ! 
  


На ПРОКЛАМАЦИЈАТА се фалсификува потписот на Драган Богдановски, кој и зошто го фалсификувал потписот на Драган Богдановски се надевам дека Борис Змејковски ке даде одговор!



Оргиналниот потпис                 фалсификуваниот потпис

Бидејќи обидите со селење на водството на партијата надвор од Македонија не успеваат, затоа што диаспорта не го прифаќа повикот за поддршка на Драган Богдановски, Глигоров се наоѓа во временски теснец бидејди и пројугослвенскиот КОС веќе не постои, а со тоа и употребната вредност на Експерската влада е потрошена. Мора да се избере нова влада! А нова влада може да се избере само со нови избори, барем така предвидуваше Уставниот закон:




Толкување на професорот Шкариќ:




УДБа е свесна дека со нови избори постои шанса ВМРО ДПМНЕ да ја освои власта на таквите избори и затоа се обидува преку планот на КОС за формирање на паравојски  во Републиките да најде оправдување за правење на државен удар и апсење на водачите и повидните поддржувачи на националните партии. Тој план беше актуелен 1990/1991 година и тој план е спроведен делумно во Хрватска (Афера Шпегељ). 
Да потсетам на сведочењето на Добри Величковски--еден од главните ликови во аферата „СИНА ПТИЦА“--кој јасно говори што е целта на формирањето на паравојската во Македонија:

"Вам Ви е познато дека пред два дена е покрената иницијатива за нови избори. Тоа значи промена на структурата на власта... Сосема јасно. Непосредно пред изборите ќе ги осудиме оние од Велес, ќе направиме еден краток документарен филм од состанокот во "Сина птица", ќе го емитуваме на телевизијата и ќе ја искомпромитираме ВМРО - ДПМНЕ како терористичка. Ако треба и ќе ја забраниме."

За да се реализира акцијата на УДБа „Паравојска“ се формира МАКЕДОНСКИОТ ЗАДГРАНИЧЕН КОМИТЕТ за Европа! Како основач на МАКЕДОНСКИОТ ЗАДГРАНИЧЕН КОМИТЕТ се јавува Драган Богдановски. Во тој задграничен комитет се и Љубо Јовановски, Мане Јаковлевски, Ристо Паргов и др.



 
 
За одењето во Софија, според изјавата на Љупчо Георгиевски не била запознаена партијата!!





На 5 мај 1993 година Богдановски формира нова партија, Македонски национален фронт, со седиште во Прилеп.


Ф.РЕМЕНСКИ ВО ОБИД ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА РЕФЛЕКТОР ЗА ИСТОРИСКО ЗАТЕМНУВАЊЕ 1 дел

Ф.РЕМЕНСКИ ВО ОБИД ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА РЕФЛЕКТОР ЗА ИСТОРИСКО ЗАТЕМНУВАЊЕ 1-1 дел сина птица