Welcome visitor you can log in or create an account

Ф.РЕМЕНСКИ ВО ОБИД ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА РЕФЛЕКТОР ЗА ИСТОРИСКО ЗАТЕМНУВАЊЕ 1-1 дел сина птица

Јордан Петровски 17.09.2021

За да се разберат случувањата кои се темелите на она што денеска и се случува на Македонија--промена на име, јазична федерализација, нефункционалност на сите институции, криминал, корупција, немање на одговорност за ништо--треба да се знае дека од самиот почеток постои план кој води до распад на државата, односно Македонците да прифатат Македонија да стане монета за поткусурување помеѓу Албанците и Србија!! Во темелите на Македонија, која беше под водство на Глигоров и СКМ-ПДП-СДСМ се врзани за обидот за зачувување на Југославија (составот на експертската влада, донесувањето на Глигоров за претседател, „СИНА ПТИЦА“, планот/обидот на ЈНА за државен удар, „ДУВЛО“, итн.) во периодот на нејзиниот распад, треба да се најде идејниот творец и извршител на тие случувања. За сево ова немаше ни збор во серијалот на госпоѓа Ременски, а според мое мислење тоа се битни настани, настани кои го попречија осамостојувањето и демократизирањето на Македонија, настани кои не дозволија таа да се отргне од смртната преградка на југо/србокомунизмот!
Творецот на планот за зачувување на Југославија и комунистичкиот систем е пројугословенскиот врв на ЈНА на чело со генералот Бранко Мамула. Извршителот е КОС, воената тајна полиција! Планот за зачувување на Југославија е во игра се до моментот додека Милошевиќ првин не го превзема Сојузниот СДБ а потоа и врвот на ЈНА. Од тој момент веке нема битка за зачувување на Југославија, туку битката се води за Голема Србија.

Операцијата  „ОПЕРА“  која и беше позната на јавноста и е представена како единствена оперативна акција на КОС, за зачувување на Југославија, всашност била последна операција на пројугословенскиот КОС. Групите на КОС кои се уфрлени во републиките, а од сведочењето на Раденко Радојчиќ знаевме само за една група која била уфрлена во Хрватска. Знаевме дека името на таа група било ЛАБРАДОР, но тоа не било точно. ЛАБРАДОР името кое во операцијата следење и прибирање докази за нивно апсење и го дале службите на Хрватска! Операциите на воениот пројугословенски врв за градење на соработнички мрежи и свои структури во републиките оделе под кодно име „ШТАКОР“ или на Македонски „СТАОРЕЦ“.  Групата уфрлена во Хрватска која помеѓу другото поставила бомби и на еврејските гробишта и која врбувала многу соработници во самата СДБ на Хрватска, во политичкиот врв на Хрватска била под кодно име „ШТАКОР 13“, значи со сигурност може да се тврди дека постоеле 13 такви групи. Која е конечната бројка сеуште сме далеку да сознаеме бидејки „СТАОРЦИТЕ“ и денеска се многу активни. Слободно можам напишам дека се поактвини и по успешни од нивните предходници во раните деведесетти! Што е причината за нивниот успех ке го кажам моето мислење низ текстовите на сериалов.
Интересно ке е да дознаеме колку „ СТАОРЦИ“ имало во Македонија и под кои/која бројка биле „СТАОРЦИТЕ“ во Македонија .

Под кој број на „СТАОРЕЦ“  е операцијата донесувањето на Глигоров и „Експертската Влада“?
Под кој број на „СТАОРЕЦ“  е операцијата рушење на христијанските и муслиманските гробишта во Куманово?
Под кој број на „СТАОРЕЦ“  е операцијата „ СИНА ПТИЦА“?
Под кој број на „СТАОРЕЦ“  е операцијата е „ДУВЛО“?
Под кој број на „СТАОРЕЦ“  е операцијата формирање на партии со предзнак ВМРО?
Прашањата за кој број на „СТАОРЕЦ“ се операцијате: средношколско-студенски протести? Операцијата рекомпонирање и купување на врвот на партијата ВМРО ДПМНЕ? Операцијата „РАСКОЛ“? Операцијата „БУГАРСКА АМБАСАДА“? Операцијата „Големото Уво“? Операцијата рушење на владата на Љупчо Георгиевски? Операцијата војна  2001 година? ... Операцијата бомбите на Заев? Операцијата 27.04  која несакајки самата власт ја наречена со вистинското име, ПУЧ!! 

Можеби пак сите овие операции ја водела една група  „СТАОРЦИ“ со број  XY... дали Млекце бил на чело на „СТАОРЦИТЕ“ или главен СТАOРЕЦ бил Јордан Мијалков, Андов, Камбовски, генерал Туманов, Слободан Богоевски или Силјан Аврамовски? Прашања на кои никој нема ни на крај на умот во Македонија да даде одговор а без одговор на тие прашања нема вистинско ОСАМОСТОЈУВАЊЕ и ДЕМОКРАТИЗИРАЊЕ на Македонија. Поточно нема опстанок на самостојна држава Македонија! А од Георгивски , преку Груевски па сега со Заев не убедуваа дека ке направат реформи во УБК!!

Заради ова што го напишав погоре, ке правам паралела со случувањата во Хрватска и Македонија. Најсилен доказ за тоа дека од еден центар се креирани операциите кои требeло да докажат дека националистите подготвуват војна се наводните основања на паравоени формации, во Македонија аферата „Сина Птица“ а во Хрватска аферата „Шпегељ“. Заедничко на двете афери е тоа што во нивната конструкција се замешани луѓе од воениот врв и луѓе од цивилните безбедносни служби!! Во овој текст ке стане збор за аферата „Сина Птица!!“
Но пред да почнам со „Сина Птица“ уште некои работи за кои сакам да приложам докази за она што ке го напишам!


Daljnji razvoj događaja, osobito sukobi u komunističkom rukovodstvu zemlje, narastanje velikosrpskog nacionalizma te "separatizam" sjeverozapadnih republika, učvrstili su u vrhu JNA spoznaju o neizbježivosti vojnog udara

За да лесно се откријат сепаратистите и нациналистите и се елиминираат, се прави план да се потикне формирање на национални партии во Републиките и кои ке бидат елемнирани со државен удар кој ке го спроведе ЈНА! Планот беше луѓе на КОС да прават провокации и судири на меѓуетничка основа кои ке наметнат слика дека проблемите ги прават националистите! Тие провокации и градење на слика дека националистите се опасност број еден му требаа на воениот врв за да изведе државен удар и ги испоапси националистите кои КОС имаше можност да ги осознае преку формирањето на партии со национален предзнак и програма. Партии кои се залагаа за отцепување од Југославија и правење на национални држави. За да лесно се откријат сепаратистите и нациналистите и се елиминираат, се прави план да се поттикне формирање на национални партии во Републиките кои ке бидат елемнирани со државен удар кој ке го спроведе ЈНА!
Ке цитирам дел од изјавата на Раденко Радојчиќ еден од креаторите и извршителите на пропагандно информативната оперативна акцијата на КОС под име„ОПЕРА“!





Во планот кој го работел Радојчиќ стои да се испровоцираат проблеми со Грција, Албанците и Бугарија! Дали нешто од овој план е реализирано?

Се фрлаа ли Бугарски летки во Охрид?
Се засили ли кампањата за антички корени на Македонците?
Дали се користеше антиалбанска реторика?
Се рушеа ли муслимански и првославни гробишта?

Пред да објавам официјални документи за „СИНА ПТИЦА“  ке дадам мое лично сведочење :

Тогашната Служба за државна безбедност користи прислушкување, следење и инфилтрирање, за да „намести” припадници на ВМРО-ДПМНЕ во внатрешноста на Македонија да формират паравоена формација.
Да ја спроведат местенката во дело задача имале полковникот на КОС, Драган Стојковски Млекце кој од Белград во Македонија се врати 1989 година , како пензионер и Добри Величковски Началник на II Управа при СДБ! Дека се работи за местенка можам да тврдам со 100% сигурност заради фактот што обидот за „формирање“ на ПАРАВОЈСКА првин беше направен во Куманово, а меѓу другите цел на местенката бев и јас. Службата испрати свој човек во Куманово, „минер“ од Пробиштип кој беше подготвен да не обучи во поставување на динамит и се разбира да не снабди со динамит, кој требаше да биде поставен во објекти на ЈНА. Благодарејки на Ѓоре Бојаџиев или во Куманово познат како Ѓоре Егеец, провокаторот беше откриен. Бидејки Ѓоре своето откритие го соопшти јавно во групата која се собираше во мојата кафеана некој од соработниците на КОС/СДБ, кои ги имало/имаше (денеска ми се познати) неколкумина во наше опкружување веднаш ги известил неговите претпоставени во СДБ/КОС дека нивниот човек е откриен. Трајче--така се викаше провокаторот--во ист момент го снема, после неколку месеци дознавме дека истиот ден кога беше откриен СДБ или КОС го префрлиле во Брисел, Белгија!! Чудна коинциденција која ке ја воочите подолу во текстот.

Битно за осознавање на вистината за тоа дека СДБ како и власта во Македонија е водена од Белград лежи во причината зошто е употребено сценариото на КОС- ОПЕРА, „ПАРАВОЈСКА“, скоро две години, подоцна од кога требело да биде реализирано и да послужи како причина ЈНА да спроведе државен удар и да ги испоапси „нациналистичките политички раководства“ во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија--ја нема Србија!! Во Хрватска сценариото ПАРАВОЈСКА е реализиранао во октомври 1990 година со случајот Шпегељ!

Првата и најважна причина зошто не е употребено сценариото на КОС- ОПЕРА „ПАРАВОЈСКА“ е тоа што власта во Македонија била под 100% котрола на КОС-ОПЕРА, односно избрана од Белград!! 

Причина зошто е спроведена операцијата „ПАРАВОЈСКА“ две години подоцна ја кажал самиот Добри Величковски, на состанокот кога е подготвувана акцијата:


"Вам Ви е познато дека пред два дена е покрената иницијатива за нови избори. Тоа значи промена на структурата на власта... Сосема јасно. Непосредно пред изборите ќе ги осудиме оние од Велес, ќе направиме еден краток документарен филм од состанокот во "Сина птица", ќе го емитуваме на телевизијата и ќе ја искомпромитираме ВМРО - ДПМНЕ како терористичка. Ако треба и ќе ја забраниме.

Еве ја официјалната верзија за „СИНА ПТИЦА“

"СИНА ПТИЦА"


Во рамки на законските овластувања и врз основа на Законот за кривична постапка по кои Службата за државна безбедност е должна да презема мерки и активности за откривање, следење и попречување на активности насочени кон загрозување на личната ... и општата сигурност на граганите и изразената опасност од преземање терористички активиости, посебно такви кои можат да предизвикаат меѓунационални и меѓуконфенсионални вооружени пресметки прифатен е понудениот контакт со припадниците на т.н. "Таен комитет" на МНГ и со нив е одржана средба на 16.04.1992 година во "Сина птица" во Кочани.

На 15.04.1992 година тројца граѓани во МВР самоиницијативно побараа контакт со раководни лица во МВР со цел запознавање одредени состојби со напомена дека истото го сториле и во АРМ на РМ. Во текот на истиот ден е одржан контакт со лицата во станот на Љубо Јовановски во Скопје и на истиот од МВР присуствувал Добри Величковски а од АРМ, началникот во ОБ на АРМ Драган Стојмановски.

По состанокот Стојмановски изнел одредени сознанија на Величковски во врска со иницијативата на групата лица членови на "Тајниот комитет" кои имале намера да формираат Македонската национална гарда.

Имено, иницијаторот за создавање МНГ, Љубо Јовановски од Брисел го запознал Стојмановски дека во рамки на "Задграничниот комитет" на ВМРО-ДПМНЕ, формиран во Хамбург, Германија, била донесена одлука за формирање војска во странство и собирање оружје и други средства за вооружена борба во Македонија.

За таа цел претседателот на "Задграничниот комитет" Мане Јаковлески од Берлин и секретарот Ристо Паргов од Брисел во неколку наврати престојувале во Бугарија каде воделе преговори со претставници на бугарската армија, за што со одредени потврдени сознанија располага и СДБ.

На овие контакти присуствувал и Методија Димов од Брисел (долгогодишен близок соработник на Ванчо Михајлов) востановен соработник на бугарската разузнавачка служба, при што од страна на бугарскиот генерал (како што самиот се декларирал "Бугарин-Македонец") била ветена помош со оружје, болница, полигон, обука и испраќање во Македонија 10.000 специјално обучени војници од БА за герилска војна и вршење диверзантско-терористички акции.

Одговорен за формирање на т.н. "Македонска војска" бил Љубо Јовановски, кој не се согласувал со активностите на "Задграничниот комитет", особено неговиот претседател Мане Јаковлески, кој паралелно и со знаење на ВМРО-ДПМНЕ од земјата преземаше и акција за обединување на пробугарската врховистичка емигрантска организација МПО, ВМРО-СМД од Бугарија и ВМРО-ДПМНЕ за натамошно заедничко делуваље. Јовановски со секретарот на "Задграничниот комитет" Ристо Паргов и Димко Нечевски, преземал активности за формирање на македонска национална гарда. Активностите за формирање, на МНГ биле во Струмица и формално таа е формирана на состанок на секцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на 4.01.1992 година. Припадниците на МНГ, биле и членови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа заради присутната врховистичка струја се оградиле од партијата и формирале национална гарда, за што според Љубо Јовановски постоел и записник од тој состанок на секцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Со содржината на обавениот контакт на 15.04.1992 година е запознато раководството на МВР, а полковник Драган Стојмановски го информирал генералот Митре Арсовски, началник на Генералштабот на АРМ на Македонија.

Состанокот одржан на 16.04.1992 година во "Сина птица" во Кочани мегу членовите на "Македонската национална гарда" и претставниците на МВР и ОБ на АРМ е јавно снимен на барање на членовите на МНГ.

Во текот на состанокот, што се гледа и од снимената видео лента на учесниците на состанокот од страна на Величковски и Стојмановски им е укажано и се предупредени на законските последици од формирање на било како облик паравоени формации, како и тоа дека нема потреба од формирање на ваква организација, а доколку сакаат да земат учество во одбрана на земјата од евентуална агресија, да се пријават во резервниот состав на АРМ во доброволни специјални единици кои ќе се формираат по угледот на сите модерни армии во светот.

Исто така, во неколку наврати е потенцирана неодржливоста на нивната замисла при постоењето на регуларна власт и АРМ и дека единствено можат да бидат доброволни припадници на резервниот состав и под единствена команда.

Меѓудругото на состанокот е разговарано и за влијанието и улогата на македонската дијаспора во заштита од продор на врховизмот во Македонија, неприфатливоста на разните влијанија од соседните земји, улогата на СДБ, нејзиниот интерес за делувањето на екстремистите од било кој вид и национална припадност.

По одржаниот состанок, за резултатите од истиот, генералот Арсовски телефонски (21,00 часот на 16.04.1992 година) бил информиран од полковник Стојмановски на 22.04.1992 година му е испратен сниманиот материјал, а револверот и камата врз кои е полагана заклетвата се предадени на Ристо Ристовски, начланик на УБ на АРМ, за да на 25.04.1992 година заедно со Стојмановски му ги предадат на генералот Арсовски.

Во МВР по согледувањето на сите аспекти и сознанија за делувањето на т.н. "Македонска национална гарда" оценето е дека не постојат основи за поведување на кривична постапка, бидејки не е преземено ниедно подготвително дејство нити е направен обид на извршување на било кое кривично дело според прописите на Република Македонија.

Од овие причини, останато е на укажувањата и предупредувањата на оваа група лица за законските последици од евентуални вакви активности со што е постигната оперативно превентивна цел за попречување на вакви активности.

Во согласност со барањето и извршеното јавно снимање на средбата во "Сина птица", копија од снимениот материјал му е одстапена и на Љубо Јовановски од Брисел, кој по враќањето во Белгија ја презентирал на членовите на "Задграничниот комитет" на ВМРО-ДПМНЕ. Неколку дена по неговото враќање во Белгија, кај него дома престојувале претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски и генералниот секретар Борис Змејковски, им бил прикажан снимениот материјал и одстапена видео копијата од средбата "Сина птица" (прилог: фотографија од престојот на Љубчо Георгиевски и Борче Змејковски во домот на Љубо Јовановски во Брисел). Инаку во врска со одржаниот состанок Георгиевски пред присутните изразил незадоволство од контактите на припадниците на МНГ со "Србо-комунистичката војска" и инсистирал истите да се прекинат.

По објавувањето на видео касетата на Македонската телевизија, на Јовановски од страна на претседателот на Задграничната ВМРО-ДПМНЕ, Мане Јаковлески (поседувал полномошно од Љ. Георгиевски за се да одлучува и потпишува) му бил вршен притисок и заплашуван со физичка ликвидација да даде изјава на странски новинари во поткрепа на зборовите на Љупчо Георгиевски, меѓутоа Јовановски со оглед контактите на Јаковлески со врховистичките сили во Бугарија и странство не се согласил и со Димко Нечевски од Данска и Ристо Паргов од Белгија има намера за целокупниот проблем околу иницијативата на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за формирање воена формација да испрати материјал во Републиката.

Прикажаната видео лента беше повод и за писмата на осум грагани присутни на состанокот во "Сина птица", (објавен во "Нова Македонија" и во соопштението од Македонската телевизија од 24.07.1992 година во Рубриката "писма") во кое на јавноста и се презентираат видувањата и оценките на директните учесници во врска со овој случај кој од страна на ВМРО-ДПМНЕ е искористен за политички марктетинг на партијата.

Според нив намерата на формирање македонска национална гарда без влијание од врховистички и други сили од страна на ВМРО-ДПМНЕ е злоупотребена со оглед дека поголем дел од учесниците на состанокот биле и членови на ВМРО-ДПМНЕ, а делувале под директива на член на "Задграничниот комитет" на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед дека освен состаноците на иницијативниот одбор за формирање на МНГ, нејзините членови не презеле никакви подготвителни екстремни дејствија, а за иницијативата ги известиле АРМ и МВР, истакнуваат дека се неточни и тенденциозни обвинувањата на Љупчо Георгиевски дека се работи за терористи кои наводно ги организирала АРМ и МВР и оценуваат дека цел на истите е политичкиот маркетинг на ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжува!