Welcome visitor you can log in or create an account

Ф.РЕМЕНСКИ ВО ОБИД ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА РЕФЛЕКТОР ЗА ИСТОРИСКО ЗАТЕМНУВАЊЕ 1 дел

Јордан Петровски 05.09.2021
Припадниците на разните ешалони на заробената држава во последниве неколку месеци добија задача да ја напишат новата историја. Историја која потполно ке ја амнестира СКМ-СКМ-ПДП-СДСМ од вината за распадаот на Македонија кој влегува во завршна фаза. 
Во овој текст кој ке е во неколку продолженија ке се задржам на серијалот пишуван од госпѓа Фросина Ременски  „РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР“, од причина што серијалот исклучиво се занимава со последиците од проблемот кој Македонија го има од 1945 па до денеска, а секој кој сака да понуди решение за проблемот мора да се занимава со изворот на проблемот! Само осознавање на изворот на проблемот е патот по кој ке се стаса до решение на проблемот!
Текстот на госпоѓа Ременски можете да го прочитате тука: РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР 2 дел !!

Изворот на проблемот кој Македонија го има го дефинирала Комисијата на Извршниот Совет, „владата“ Социјалистичка Република Македонија уште во далечната 1966 година. „Влада“ која била составена  ИСКЛУЧИВО од членови  Сојузот на Комунистите на Македонија, партија чии наследник е паријата на госпоѓа Ременски.
Еве ке го цитирам најбитниот дел:


Неможам да поверувам госпоѓата Ременски која е вонреден професор на факултетот за безбедност да не била запознаена со овој извештај!

Што е причината за неспоменување на овој извештај?

Дали причината за неспоменување на овој извештај лежи во фактот дека тоа ке биде признание дека Македонија е Заробена Држава а поробувачот на Македонија е идеолошката полиција или ударната тупаница на СКМ/СКМ-ПДП/ СДСМ и дека за да се спаси Македонија како држава, идеолошката полиција мора да биде растурена, а тоа подразбира судски процес кој треба да биде НИНБЕРШКИ процес на комунзмот и левичарската идеологија! 

Во првото продолжение госпоѓа Ременски ке го напише следново:

По конфликтот меѓу Тито и Сталин (Информбирото), УДБА и КОС имале задача да идентификуваат „ибеовци и сталинисти“. Идентификувале 55.000 од кои 16.000 биле уапсени и затворани, додека други биле прогонети. КОС и УДБА на територија на Македонија уапсиле повеќе околу 750 лица, а бројката на досијеа за Македонија е петоцифрена❗

Судирот помеѓу Тито и Сталин се случува во 1948 година!! 
Заседанието на Информбирото е одржано од 20 до 28 јуни 1948 година е донесена резолуцијата „За состојбата во КПЈ“, попозната како Резолуцијата на Информбирото, со која се осудува раководството на КПЈ и се повикуваат сите здрави елементи во Југославија што му се верни на марксизмот и ленинизмот да го сменат постојното раководство на КПЈ и да постават на негово место луѓе кои ќе ги прифатат ставовите на Информбирото.
Според напишаното од госпоѓа Ременски во периодот од формирањето на Отсек за заштита на народот (ОЗНа) кој е формиран во септември 1943 при Врховниот штаб на НОВЈ , а на 13 мај 1944, со наредба на Врховниот командант Јосип Броз Тито е формирано Одделението за заштита на народот - ОЗНА како единствен орган на целокупната разузнавачка и контраразузнавачка организација. За началник на ОЗНА тогаш е поставен Александар Ранковиќ. Вториот орган е КНОЈ, кој е формиран на 15 август 1944 година кога Врховниот командант наредил да се формира корпус на народната одбрана на Југославија (КНОЈ), чија основна задача би била обезбедување ред и мир во заднината на единиците и заштита на државните граници па се до заседанието на Инфонбирото 20-28 јуни 1948 година во Македонија немало прогон на идеолошки и политички не истомислемници на политиката и идеологијата на КПМ/ КПЈ што е тешка манипулација! За да работите станат појасни треба да се знае дека ОЗНА и КНОЈ се предвесниците на УДБа и КОС!

Ке цитирам две битни работи!

Првата е многу битна за да преку тоа од какви луѓе е граден темелот на сите тајни служби ја разбереме и нивната улога во Македонија од нивното основање па до ден денешен, а нормално ке е и за во иднина:

Колишевски е човек од највисока доверба на Александар Ранковиќ, шефот на сите тајни служби во Титова Југославија, творецот на ОЗНА (Одделение за заштита на народот) и долгогодишен челник на УДБ (Управа за државна безбедност); и второ - Ранковиќ, Србин по националност, инсистира Лазо да ја преземе воената комисија во КПМ бидејќи во тие воени комисии била најдобро инфилтрирана мистериозната српска националистичко-милитаристичка организација "Црна рука", од која после Војната ќе израсне злогласниот КОС (Контраобавештајна служба на ЈНА).




Втората  битна работа е како работела ОЗНА, темелот од кој израснале УДБа, КОС, СИД (а чии клонови се АНБ, АР, ОТА) за да овозможи воспоставување и ОДРЖУВАЊЕ на комунистичката власт:

 
POLITICHKA-POILICIJA
 
 
Во Македонија досега познати масовни ликвидации без судење се ликвидациите во Велес, Куманово, Ресен ... За бројот на прогонуваните и судените во периодот 1945-1948 година, не сум сретнал точен податок но според ијавата на Александар Ранковиќ по горниот скен во која вели:
Органите на Државната безбедност станаа меч на нашата Револуција со кој во изминатите 5 години раскинати се многу тешки јазли од подмолни планови на ВНАТРЕШНАТА и надворешната реакција ...

Се насетува дека прогонувани, осудувани, убивани се десетици илјади луѓе!
 
За смената на Ранковиќ, госпоѓа Ременски пишува премалку, поточно не го споменува најбитното, Ранковиќ е сменет заради заробување на државата:


 
 



Никој во изминатите 55 години не се занимаваше со прашањето каде завршиле „пензионираните“ Ранковиќевци, а тоа е јадрото на заробената држава!! Македонија според мене била првата држава во која вистинската власт била надвор од институциите на државата!! Сите одлуки за Македонија се носени од Белград !!
Госпоѓа Ременски ке напише:
 
До промени во УДБА по лошиот имиџ во тоа време доаѓа во средината на 1960 година по расколот помеѓу Александар Ранковиќ и Тито. На Брионскиот пленум во 1966 година, УБДА се реорганизирала, следело чистење на кадрите на Ранковиќ и се променил називот на службата од УДБА во Служба за државна безбедност (СДБ).
Чистењето на УДБа сега веке СДБ од луѓето на Ранковиќ во Македонија се случило само формално. Имено тие луѓе биле пензионирани но голем дел бил ангажиран од СДБ како соработници. За да СДБ ги покрие нивните активности многумина од нив се вработуваат во државни претпријатија и бргу се искачуваат на врвните функции, многумина формирале свои претпријатија надвор од југославија а многумина во Југославија познатите ГГ претпријатија, многу од нив СДБ ги вдомила во судовите како поротници, вештаци, стечајни управници и други државни функции.



Ке наведам мое искуство со кое се потврдува досега напишаното од мене за постоењето и фунционирањето на Зробената Држава!! Настанот за кој зборуван е поврзан со мојот текст ДОСТА ДИМОВСКА работи против ВМРО ДПМНЕ!!



Еве што сум напишал за случката 2000 година а објавено е2003 година. Никој не сакаше да го објави мојот текст КРИМИНАЛИЗАЦИЈА НА ВМРО ДПМНЕ во времето кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт!



Што според мене покрај другото е од голема важност во онаа што сум го напишал тогаш. Како е можно Иван Бабановски кој е разрешен од сите должности во СДБ и беше вдомен како инструктор/предавач на Факултетот за Бебзедност да користи придружба на активен вработен инспектор во СДБ. Во разговорот при посетата на Бабановски и инспекторот Горан „КАРО“, инспекторот на Бабановски му се обраќаше како на претпоставен. На кого Бабановски му поднесувал извештаи за разговорите со мене, белешки за моето следење кое тој правел. И најбитното од кого добивал налог да ме следи, посетува??
Да одам понатајка со текстот на госпоѓата Ременски!!

Госпоѓа Ременски не пишува ниту еден збор за првите повекепартиски избори во Македонија! Не пишува ни збор за настаните после изборите!

А случувањата после првите избори се почетокот на распадот на Македонија и уште еден доказ дека сите случувања во Македонија се по диктат на центар на моќ кој не е Уставен!!

Да го цитирам Андов кој пак во делот каде што говори за тоа под чие влијание бил Глигоров го цитира Слободан Богоевски:
 
СЕГА: Господине Андов, многу контроверзи предизвика Вашето тврдење во неделникот “Фокус”, дека при создавањето на првата македонска влада, под влијание на Белград, Киро Глигоров ги одбил кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за премиер. Во интервју за минатиот број на “Сега”, Глигоров ја отфрли Вашата теза и изјави дека одлучил да ги одбие кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие “не соодветствувале на неговата претстава за профилот и за квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени вонредно тешки задачи”. Да расчистиме најнапред една битна работа - имаше ли Глиоров уставно право да избира и да се води од своите субјективни мислења за кандидатите?

Андов: Не, немаше. Такво уставно право претседателот во Македонија нема. И по стариот Устав, по амандманите со кои беше иновиран, претседателот го немаше тоа право. Значи, Глигоров, 1991 година, во февруари и март, кога одлучуваше на кого ќе го даде мандатот, немаше право да се раководи од некоја негова престава “за профилот и квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени голем број на задачи”. Тој, едноставно, беше должен да го даде мандатот на личноста што ќе му биде предложена од партијата која на изборите добила најмногу пратеници, а тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. Исклучиво на пратениците во Собранието им е дадено право да одлчучат дали ќе го изберат предложениот кандидат или пак тој нема да добие потребно мнозинство гласови. Според тоа, Глигоров во 1991 година, без оглед од што се раководел, го прекрши Уставот и, едноставно, ги третираше како непостоечки резултатите од повеќепартиските избори.
...
СЕГА: Врз основа на што тврдите дека однесувањето на Глигоров во тие години беше раководено од Белград? Имате ли некакви докази за тоа?

Андов: Дека Глигоров сам не решил да не го даде мандатот на било кој предлог за премиер што ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека тој став дошол од Белград, на македонската јавност и беше соопштено од еден наш врвен разузнавач, уште пред неколку години, во телевизиската емисија на новинарот Васко Ефтов “Во центарот”. Таа изјава Глигоров не ја демантираше. А како што знае јавноста, тој со деманти реагира многу често и на поблаги изјави.
 
Дека се околу изборот на Владата и Председателот на државата било однапред испланирано од водачите на Заробената Држава а реализирано преку „аргатите“ на Заробената Држава, говори изјавата на Никола Кљусев :
 
“Се собравме во вилата на Михајло Апостолски, кој беше оженет за сестрата на Киро Глигоров, Цвета. Таму бевме јас, Ѓорѓи Наумов, Јордан Мијалков и Борис Змејковски. Ние одлучивме дека, преку Пане Велев, треба да го вратиме Киро во Македонија, зашто тој има доволно искуство да ја води државата”.  
 
Мандатарот и министрите на најбитните ресори на Владата која треба да добие мандат после неколку месеци и после избори на кои не се знае победникот го избира Претседателот на државата кој пак треба да им го додели мандатот. Во тоа им помага Генералниот Секретар на паријата која се декларира како демократска и која во својата програма која ја понудила на избирачите запишала дека ке го руши комунистичкиот систем и УДБа!

Вакво нешто може само да се направи во заробена држава и со луѓе кои Господарите на заробената држава ги држи под уцена!
За изборот на Мандатарот и Претседателот ке пренесам и мое сведочење, како јас на  крајот на декември или почетокот на јануари дознав дека Глигоров ке е претседател а Кљусев Мандатар, (во тоа време течеа преговорите помеѓу Андов, Гошев и Љупчо за поделба на власта претседател ВМРО ДПМНЕ -владиката Михаил, Премиер СКМ-ПДП-Гошев и  РСМ -претседател на Собрание Андов, односно формирање на техничка влада). Имав деловен пријател на кого Претседателот на Уставниот суд на Македонија Јордан Арсов му бил баџанак. Бидејки јас бев близок со Љупчо Георгиевски неколкупати пред таа средба се имам среќавано со Јордан Арсов (Јордан Арсов беше дел од екипата на Јордан Мијалков! Најтесниот состав на „екипата“ беше Мијалков -шеф на екипата, останати Кљусев, Хроват, Наумов, Арсов).
На средбата за која зборувам Арсов ми пренесе дека Претседател ке е Глигоров а премиер ке е Кљусев, Мијалков ке е министер на полиција, јас одговорив дека течат преговори помеѓу водачите на партиите. Арсов само се насмеа и ми рече "јас што ти кажувам тоа е вистината."

Што е интересно, односно зошто го пренесувам ова сведочење, имено Јордан Арсов бил зет на Гојко и Мане Јаковлевски. Ако за договорот кој ке биде претседател а кој премиер, сум дознал јас од Јордан Арсов тогаш неможе за тој договор да не знаеле Гојко и Мане Јаковлевски. 
Значи го имаме Змејковски кој учествувал во плановите за тоа кој ке е Претседател а кој Премиер месеци пред изборите, ги имаме браќата Јаковлевски кои според логиката на нештата требале да го знаат она што на мене ми го пренесе Јордан Арсов, зетот на Јаковлевци!

На изборите победи ВМРО ДПМНЕ и таа победа го вклучи алармот на УДБа и КОС дека и покрај жестокиот прогон 45+28 годишен на Македонците кои биле за самостојна, суверена и демократска држава Македонија, бројот на Македонците кај кои таа идеа останала не бил намален а не пак да е исчезнат.

За да го сокрие континуитетот на работењето на СДБ за интересите на Србија и сузбивањето и после „осамостојувањето“ на оставрување на сонот на Македонците за самостојна и демократска држава , госпоѓа Ременски само споменува кој бил првиот директор на СДБ:
 
Првиот директор на СДБ во периодот 1991-1995 година бил истакнатиот аналитичар Слободан Богоевски!?
 

А го одмолчува најбитното, не менувањето на ништо во СДБ!!
Не споменува дека после Референдумот од 08.09.1991 и новиот Устав од 17.11.1991 година, во СДБ не доаѓа до никакви кадровски а уште полошо ниту до промени во задачите на СДБ. СДБ и покрај обврската од Уставнот закон да го усклади своето работење според новиот Устав:


СДБ продолжува се до 1994/5 година да работи по законите на СФРЈ.