Welcome visitor you can log in or create an account

MAЛЕСКИ 2021:„НИЕ НЕ БИ МОЖЕЛЕ НИКОГАШ ДА И КАЖЕМЕ НЕ НА АМЕРИКА“! НО МАЛЕСКИ И ГЛИГОРОВ 1991/2 И КАЖАА НЕ НА АМЕРИКА, ПРАШАЊЕ Е ЗОШТО??

Текстот, односно мојата реакција на лагите на Денко Малески изнесени во неговата колкумна „Како можеме на Америка да ѝ кажеме „не“?“ која ја нудам за читање ја понудив на ПЛУСИНФО, сметајки дека Героски ке го потврди она што го пишува а тоа е дека кај него нема цензура и неговиот ПЛУСИНФО е отворен за инакви мислења, за волја на вистина мојата реакција не е мислење туку фактографија која ги соголува лагите на Малески, можеби тоа е и вистинската причина за одбивањето на ПЛУСИНФО да ја објави мојата реакција!
Македонскиот Информативен Центар на господинот Денко Малески ако се осмели да одговори за да го демантира онаа што сум го напишал ке му објави се што ке понуди!   

Како можеме на Америка да ѝ кажеме „не“?

Кога би вложиле само малку напор да ја разбереме улогата на оваа светска сила во процесот на нашето мирољубиво конституирање во суверена држава, и ние не би можеле никогаш да ѝ кажеме „не“ на Америка. 

Како можам на Америка да ѝ кажам „не“, јавно прашува премиерот на Албанија Рама, за барањето неговата земја да прими бегалци од Авганистан. Само уште да додаде, после сè она што оваа голоема сила го направи за Албанците, и се би било појасно.

Од истата причина, раката на албанскиот претставник во ОН беше најбрза во гласање „за“ резолуции спонзорирани од САД. А, ние Македонците?

Растени во духот на отпорот кон големите  сили  и Титовото „не“ на Сталин, никако не ја разбираме новата реалност на нашата земја, а уште помалку улогата на Америка во нејзиното конституирање како суверена држава. Американската надворешна политика лесно може да се „прочита“, ми вели Лорд Карингтон претседавачот со Конференцијата за Југославија, платформа поддржана од Америка која ги крена македонските политички претставници на светската сцена и им даде еднаков глас со посилните републики на федерацијата.

Американците, рече тој, секогаш застануваат на страната на послабите. Дека е така тие покажаа не само на примерот на Албанците, туку и на примерот на независната македонска држава. На самиот почеток, без, макар и со еден збор, да го проблематизираат нашето комунистичко минато, верувајќи во нашите зборови дека сакаме да станеме дел од демократскиот свет, застанаа одлучно зад оспоруваната од соседите  „творба на Коминтерна“.

Апсолутно не ги интересираше нашето минато. Се раководеа од девизата дека на сè што е животоспособно треба да му се даде шанса. Дарежливи во големата победа над комунизмот на СССР, ги интересираше само демократската иднина на нашата земја. Застанаа во поддршка на македонската држава која како последица на историските јазли беше наречена „бебе од катран“ на Балканот. Претставниците на Америка, тоа бенигно чудовиште со страотна моќ, беа луѓе полни со разбирање за нашите маки.  Не третираа со респект кој го заслужуваат сите разумни човечки суштества. Не, не можеа секогаш да ни помогнат зашто секаде владеат истите закони на политиката, но знам сега дека сторија многу да опстанеме и да дочекаме да не примат во НАТО алијансата за која можевме само да сонуваме тогаш.

Како и кај поединците и кај државите важи правилот a friend in need is a friend indeed (пријател во невоља е вистински пријател). Денес Америка е во невоља и потребна ѝ е наша поддршка.

Кога би вложиле само малку напор да ја разбереме улогата на оваа светска сила во процесот на нашето мирољубиво конституирање во суверена држава, и ние не би можеле никогаш да ѝ кажеме „не“ на Америка.


MAЛЕСКИ 2021:„НИЕ НЕ БИ МОЖЕЛЕ НИКОГАШ ДА И КАЖЕМЕ НЕ НА АМЕРИКА!“ МАЛЕСКИ И ГЛИГОРОВ 1991/2 И КАЖАА НЕ НА АМЕРИКА, ПРАШАЊЕ Е ЗОШТО??


Уште една колумна на Малески со која се сака да се ретушира историјата!!
Оваа колумна, поточно изнесените работи во неа во секоја нормална држава ке предизвикаа сериозни дискусии. Но Македонија не би дотуркала до смена на име, јазична федерализација, премиер кој наместо да ги исполнува ветувањата кои ги дал, тој носи дијаметрално спротивни одлуки од ветенеото, криминалци на слобода, невини во затвор, и уште многу други непримерни работи за држава ако вакви ноторни лаги останувале не соголени!
Да почнам со најбитниот дел од колумната на Малески, делот каде што Малевски ни вели дека САД верувала/застанала зад Македонија:

Американците, рече тој, секогаш застануваат на страната на послабите. Дека е така тие покажаа не само на примерот на Албанците, туку и на примерот на независната македонска држава. На самиот почеток, без, макар и со еден збор, да го проблематизираат нашето комунистичко минато, верувајќи во нашите зборови дека сакаме да станеме дел од демократскиот свет, застанаа одлучно зад оспоруваната од соседите  „творба на Коминтерна“.
Ако било така, како што вели Малески тогаш проблемот за тоа што Македонија останала не признаена единствено лежи во двоецот Глигоров-Малески!!
Според онаа како функционираше „поделбата“ на власта во тоа време само Глигоров и Малески можеле да ја одбијат понудата за признавање на Македонија од страна на САД а според неколку извори и повекето влади на Европската Заедница денешната ЕУ?? 

Првиот доказ дека навистина САД и неколку држави на ЕЗ биле подготвени да ја признаат Македонија е цитат од мемоарите на Ворен Цимерман:


Превод:
Ниту едно од противењата не успеа. Попуштајќи на притисокот од Германија, лидерите на ЕЗ одлучија на 17-ти декември 1991, да ги признаат Словенија и Хрватска и да понудат признавање на Македонија и Босна. Стејт Департментот се одлучи да ја следи постапката бидејќи не сакаше да ја налути Хрватската заедница во САД. И Венс и Карингтон беа против одлуката на Геншер да се оди со признавањето. Карингтон беше лут на организацијата оти го саботираше и истовремено кукаше и се жалеше. Истотака и Венс беше лут. Војната во Босна се наближуваше.
 
Вториот доказ е:  неколку месечното присуство на пратеникот на Геншер, господинот Милер во Македонија, пратеник кого Глигоров одбиваше да го прими. Човек кој за власта во Македонија како да не постоеше. 


Третиот доказ е изјавата на Тупурковски дадена во интервју за ФОКУС:

 


 
Четвртиот доказ ги потврдува сите погоре наведени докази и открива дека НЕ на САД и кажал Глигоров:


 
West Supports Athens on Macedonia

Until recently, the United States and most Governments of the European Community accepted not only the Republic of Macedonia's credentials as a newly independent nation but also its chosen designation.

What changed, European diplomats and Administration officials said, was a perception that President Gligorov was willing to make some sort of compromise on the name issue. This perception was apparently created by remarks made in the spring by Macedonian leaders to European officials and by an American lobbyist.

"There were indications that there was some flexibility there," a senior State Department official said.

'A Deal to Be Made'

According to State Department officials and Macedonian representatives here, the idea of Skopje's flexibility was spread last month by Robert C. McFarlane, the former national security adviser, who was hired several months ago as a lobbyist by Macedonians.

An Administration official said that after President Gligorov's visit to Washington in mid-May, Mr. McFarlane was quoted by State Department officials as saying: "There's a deal to be made. Gligorov sees a need for it."

In a telephone interview, Mr. McFarlane acknowledged speaking to State Department officials about Macedonia. He said he was being paid "a modest sum" by John Bitove, whom he described as a Toronto businessman of Macedonian origin. In fact, Mr. Bitove is president of the Canadian Macedonian Society, which is closely linked to President Gligorov.

In the category of "lobbyists," the society's May 25 financial summary lists disbursements of $39,021.04 to McFarlane Associates, Mr. McFarlane's Washington-based company. A total of $73,717.61 is listed as "payable" to the firm.

When reports reached Skopje that President Gligorov was being perceived as amenable to compromise, he became frightened of the possible repercussions among the Macedonian public and reasserted insistence on retaining the name Macedonia, a former aide said.
 
Превод:
 
До неодамна, Соединетите држави и повеќето влади на Европската заедница ги прифаќаа не само акредитивите на Република Македонија како нова независна нација, туку и нејзината избрана ознака. Она што се промени, рекоа европските дипломати и претставници на администрацијата, беше перцепцијата дека претседателот Глигоров е подготвен да направи некаков компромис за прашањето за името.

Оваа перцепција очигледно беше создадена од забелешките што ги направија пролетта македонските лидери до европските претставници и американскиот лобист. „Имаше индикации дека има одредена флексибилност таму“, рече висок претставник на Стејт департментот.

„Договор што треба да се направи“

Според официјалните претставници на Стејт департментот и македонските претставници овде, идејата за флексибилност на Скопје ја прошири минатиот месец Роберт Ц. Мекфарлејн, поранешниот советник за национална безбедност, кој беше ангажиран пред неколку месеци како лобист од Македонци.

Официјален претставник на администрацијата рече дека по посетата на претседателот Глигоров на Вашингтон кон средината на мај, г-дин МекФарлејн беше цитиран од претставници на Стејт департментот како рече: "Треба да се постигне договор. Глигоров гледа потреба од тоа".

Во телефонско интервју, г -дин МекФарлен призна дека зборувал со претставниците на Стејт департментот за Македонија. Тој рече дека му плаќа „скромна сума“ Џон Битов, кого го опиша како бизнисмен од Торонто со македонско потекло. Всушност, г -дин Битов е претседател на Канадското македонско друштво, кое е тесно поврзано со претседателот Глигоров.

Во категоријата „лобисти“, финансиското резиме на општеството на 25 мај ги наведува исплатите од 39.021,04 американски долари на МекФарлен Асошиејтс, компанијата со седиште во Вашингтон, г-дин МекФарлејн. Вкупно 73,717,61 американски долари е наведена како „да се плати“ на фирмата.

Кога пристигнаа извештаи во Скопје дека претседателот Глигоров се смета дека е подложен на компромис, тој се исплашил од можните последици кај македонската јавност и го потврди инсистирањето да се задржи името Македонија, рече поранешен соработник.
 
Да го потсетам „заборавниот“ Малевски дека Глигоров и Малески за Македонски лобист во САД го избраа Џон Битов, човек кој е кум на Малруни, премиер на Канада во период 1984 па до 1992/3 г, значи нивниот лобист можел и требал да обезбеди а не обезбедил признавање од Канада а тие „очекувае“ да обезбеди од САД! 
Тупурковски ја открива вистинската улога на Џон Битов:





Дека Глигоров и Малески кажале НЕ на САД, Германија говори и нивниот избор на Турција да лобира за признавање на Македонија! Ја избраа Турција, држава која имаше НУЛА углед и политичка моќ меѓу земјите на Европската Заедница, ако не верувате дека Турција имала углед нула во ЕЗ тогаш сетете се колку време Турција преговара за влез во ЕЗ/ЕУ!

Вториот сет на докази дека Глигоров и Малески како и владата на Црвенковски воопшто немале ни на крај на умот од Македонија да направат , самостојна , суверена и демократска држава ке го започнам со не почитувањето на Одлуката на Собранието на Република Македонија за пристапување на Република Македонија во членство на Организацијата на Обединетите Нации!!!

На 29 јули 1992 година Собранието на Република Македонија донесе и Одлука за пристапување на Република Македонија во членство на Организацијата на Обединетите Нации, број 08-3157/1 (“Службен весник на Република Македонија“ број 46/1992). Во членот 2 од оваа одлука беше утврдено барањето за стапување во членство во Организацијата на Обединетите нации да го поднесе претседателот на Републиката. За жал, тоа го стори под притисок на независните пратеници и ВМРО-ДПМНЕ дури на 8 јануари 1993 година. Тогаш неговиот кабинет објави дека „Претседателот на Републиката, денес уште еднаш поднесе апликација за членство на Македонија во Обединетите Нации“.

Цели шест месеци по одлуката на Собранието во јули 1992 година не ја поднесе апликацијата на Македонија за прием во Обединетите Нации се’ до обелоденувањето на пресот на портпаролот на Генералниот секретар во јануари 1993 година дека Македонија се’ уште не поднела апликација за прием во оваа меѓународна организација. Дури од Давос во Швајцарија на 8 јануари 1993 година Киро објави дека Македонија повторно (?) поднела апликација за членство во Обединетите Нации...

 

 
2
 


Следниот доказ е:

За да го објаснам прецизно и лесно разбиливо моето тврдење за систематското прекршување на Уставот и законите на Република Македонија од стана МВР/СДБ но не од поединци туку од севкупната власт и сите институции на системот кој требале да го попречат прекршувањето ќе се послужам со РЕШЕНИЕ за примена на мерката тајна контрола на телефон, донесено од Министерството за внатрешни работи на 04.05.1994 година.

 
frch-1
 
 
Ќе посочам што содржи членот 24 од Законот за основите на системот на државна безбедност на СФРЈ - („Службен лист на СФРЈ“ бр. 15/84 )


image
 

Значи членот 24 од Законот за основите на системот на државна безбедност на СФРЈ - („Службен лист на СФРЈ“) бр. 15/84 го овозможува прислушкувањето без судски налог, кое Уставот на Р Македонија од ноември 1991 година го забранува! Односно, овозможува да примена на мерка прислушкување само со потпис на министерот, а на предлог на потсекретарот СДБ. Со други зборови, овој член од Законот за основите на системот на државна безбедност на СФРЈ, а во употреба во независна Република Македонија сѐ до 1995 година, го формализира прекршувањето на начелото за неповредливост на тајноста на средствата за општење која е загарантирана со член 17 од Уставот на Р Македонија донесен во 1991 година.

Потоа РЕШЕНИЕТО за примена на мерката тајна контрола на телефон се повикува на член 5 од Уставнот закон на Р Македонија (Службен весник на Р Македонија бр. 52/91)

Еве го членот 5 од Уставниот закон:

5
Во членот 5, кој се нуди како оправдување за примената на закони од СФРЈ, има многу нејаснотии и контрадикторности.

Во став 2 од членот 5 се вели дека до постигање на договор меѓу суверените држави од СФРЈ, Република Македонија може да го додели извршувањето на оделни прописи на сојузните органи!!

Дали ова значи дека СДБ ја воделе органите на Југославија и затоа и биле применувани законите на СФРЈ?

Во став 3 се вели: Ако органите од став 2 на овој член прописите не ги извршуваат во согласност со суверенитетот и интересите на Република Македонија, нив ги извршуваат органите на Република Македонија.

Бидејќи примената на законите од бившата СФРЈ останало до 1995 година, дали тоа значи дека прогонот кој е правен согласно со прописите на држава од кои треба да има дистанцирање од нејзиниот тоталитарен период бил во согласност со суверенитетот и интересите на Република Македонија? 

А, можеби сѐ ќе било во ред ако не постоел членот 6 од Уставниот закон!

Членот 6 од Уставниот закон гласи:

6
 

Значи МВР, односно СДБ, МОРАЛЕ да го усогласат работењето на СДБ со Уставот на Република Македонија донесен 17.11.1991 година, поточно со член 17, кој  вели:

Член 17

        Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

        Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.

 

Понатаму, во РЕШЕНИЕТО за примена на мерката тајна контрола на телефон покрај горе споменатите членови 24 од законот на СФРЈ и 5 од Уставниот закон, се споменува и ПРАВИЛНИК за работа на СДБ (Службен весник на Р Македонија - посебен службен весник 10/92)

МВР, продолжиле со праксата на СФРЈ и ПРАВИЛНИКОТ го објавиле во ПОСЕБЕН, односно ТАЕН, Службен весник. Ваквата објава самата по себе значи кршење на Уставот на Р Македонија! Имено, Уставот во член 52 вели дека не постои ПОСЕБЕН СЛУЖБЕН ВЕСНИК, бидејќи тајното објавување на закони и прописи е во спротивност на начелата на транспарентност и владеење на правото! 

Член 52

        Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.

        Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.

За да разбереме зошто Глигоров и Малески и рекле НЕ на САД е според мене главната причина за искажаното НЕ!!

Ќе го цитирам Вилијам Колби, екс шеф на ЦИА уште 1990 година, кој на советувањето одржано 1990 година во Софија а кое беше со цел да им се помогне на комунистичките држави  како полесно и посигуно да дојдат до смена на системите во комунистичките држави го дал следниот совет:

Во сите поранешните источноевропски комунистички земји, во корен треба да се сосечат бившите служби на сигурноста, припадниците на тие служби мора да бидат одстранети од политичка и друга општествена моќ, бидејки тие се реална опасност за реинтеграција на тие држави и за реставрација на старите односи.

Што открива преку колумнава Малески? 
Малески а со тоа и Глигоров рекле НЕ на САД затоа што тогаш САД била држава со не комунистичка власт. Денеска Малески вели дека НИКОЈ неможе да каже на САД НЕ затоа што САД денеска има тврда комунистичка власт. 

За крај онаа што може да се извлече како поука за Македонците кои сакаат Македонија да е суверена, самстојна и демократска држава а тоа е дека на луѓето кои ја протежираат левата идеологија, таа идеологија секогаш им е пред нацијата, етничката припадност, државата.
Потврда за ова е однесувањето на Денко Малески како министер за надворешни работи  кон осамостојувањето на Македонија  а за кое зборува Блаже Ристевски


Левичарите-комунистите, социјалистите, социјалдемократите, ... следејки ја историјата на Македонија и Македонците имаме безброј докази дека оваа мое тврдење е 100% точно! Не правeв хронологија на настаните од 1893 година па до 1990 година, доволно е оваа за кое пишувам во текстот.