Welcome visitor you can log in or create an account

РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР - 4️⃣ А дел

 

 Frosina Remenski is in Bardovci, Karpoš, Macedonia 07.08.2021

?? Реформата на УБК ...❗ℹ

Во 3️⃣-от дел на разузнавачкиот рефлектор опфатив некои позначајни постконфликтни случувања во УБК при МВР кои останаа на маргините на свеста за системската употреба на овој апарат во случаи кои не само што не беа (внатрешно) истражени, туку многу учесници „кариерно профитираа“ од нив од осамостојувањето на Македонија до денес – 2021 година.
?Разузнавачкиот рефлектор од денешна дистанца наназад ги осветлува улогите на скоро сите газди на безбедносно-разузнавачкиот апарат и лица кои не секогаш работеле за интересите на државата. Не треба многу, за да се препознае улогата на тие кадри кои штителе интереси на економско-политички стуктури кои од времето на транзицијата и приватизацијата се здобиле со капитал и моќ за влијанија над политичките процеси во земјата❗
??? Некои од гласноговорниците и перјаниците на реформата на УБК во посконфликтна Македонија заминаа во политика - „безбедносно мудруваат“ и сега, додека пак други поединци станаа „константи во вечните реформски процеси на УБК“ во кои наместо за реформа се грижеа за прикривање на трагите од злоупотребите и пропустите на службата и се што може лично да ги инкриминира❗
??? До 2018/2019 година УБК ги имаше скоро истите овластувања како српската БИА – полициски овластувања.
По парламентарните избори во 2006 година на чело на УБК застанува Сашо Мијалков – син на првиот македонски министер за полиција поставен по налог на воената служба за безбедност на СРЈ и како докажан економски повереник „разузнавач“ во Прага❗
На ова место го поставува неговиот братучед Никола Груевски кој формално беше премиер до јануари 2016 година, а неформално до јуни 2017 година. Мијалков на таа позиција доаѓа и како човек кој во виорот на воените конфликти во БиХ и Хрватска, како припадник на военото разузнавање тесно работи на извор на муниција од „Самоков“ за што е отстранет од службата.
Она што е интереско како податок, а се однесува на „Самоков“ не е само улогата на Мијалков, туку и апсењето на сопственикот на фабриката Шефќет Демировски во Белград од страна на БИА во 2019 година, како осомничен за индустриска шпионажа, односно давање на 30.000 евра за документација од српската фабрика за муниција „Први Партизан“ од Ужице за изработка на куршуми со калибар 12,7. Шефќет Демировски и неговата компанија „АТС Груп“ во 2017 година во Визбегово Скопје, отвори производствен погон за композитни материјали и заштитна армиска и полициска опрема❗Овој случај дава друга димензија на повеќе настани кои не се предмет на оваа анализа.
??? Во безбедносните кулуари јавна тајна е дека поранешниот министер за одбрана и премиер Владо Бучковски од периодот на „српската лустрација“ по свои канали, како министер за одбрана добил копија од досието на „југословенскиот економски повереник во Прага“ - Јордан Мијалков.
?„Југословенските економски повереници во странство“ кои во време на приватизацијата на фирмите со општествен капитал се здобија со економска моќ, во неколку македонски влади имаа можност и за политичка моќ и влијание.
?За потсетување е дека најбогатиот македонски бизнисмен според Форбс – Минчо Јорданов кој беше директор на претставништвото на „Технометал-Вардар“ во Москва до 1992 година, во Владата на Бранко Црвенковски беше Вицепремиер за економски систем, а во 2013 година со Владо Бучковски и други ја основаа политичката партија „Алијанса за позитивна Македонија“.
?Се смета дека, случајот „Тенковски делови“ против Бучковски е отворен и воден по наредба на Сашо Мијалков, и заради случајот „досие“, интересите и криминалот во телекомуникацискиот бизнис со „Маѓар телеком“ кој продолжи со Мијалков и лесното предавање на власта во 2006 година. Нема поголем случај во Македонија во кој не е вмешана УБК или поранешни функционери на УБК❗
ℹ Оваа дигресија е сликовит приказ на „интересите“ и сферите на влијание кои движеле многу процеси во државата, имало многу економски интереси зад кривичко-правни настани и многу потфрлувања во безбедносните служби❗
??? Почетокот на директорувањето на Сашо Мијалков со УБК го карактеризира милитаризацијата на службата. Таа се состоела од повлекување на многу воени лица од армијата во УБК, како знак на лојалност кон Мијалков, но и континуитет на воената врска со северот.
?Горан Грујовски- началникот на Петата управа во УБК, десна рака на Сашо Мијалков е поранешен припадник на диверзантско-падобранската единица на ЈНА во Ниш и припадник на армискиот состав пред да стане началник на управата која ќе го изврши масовното прислушкување 2008-2015 година❗
Не само што бил задолжен за исполнување на желбите на Сашо Мијалков, туку формирал параполициска структура (прикриени тимови) составена од ситни криминалци кои со користење на ресурсите на УБК (значки, оружје, муниција, возила) извршувале наредби и задачи „во име на државата“. За сето ова им била гарантирана заштита од УБК❗
?За ова говори фактот дека, еден припадник на таа параполициска група Нинџа – Самурајот кој се предаде неколку месеци по насилните настани од 27 Април, во судска постапка откри еден сегмент од злоупотребата на УБК во анти-институционални, партиски цели❗
?Неговиот брат Благоја Василевски-Бале од друга страна пак, беше шеф на обезбедувањето на Никола Груевски, сеуште припадник на МВР (главен инспектор во СВР Скопје) и покрај бегството под негово државно обезбедување на Никола Груевски во Ноември 2018 година❗
??? Она што остана забележано од периодот на масовното прислушување на кое претходи незаконската милионска набавка на англиски и израелски системи за следење на комуникациите ? е нивното уништување непосредно пред промената на власта 2015-2016 година.
?Се пресувале и дробеле системите за следење на комуникации за да не се остават траги од масовните злоупотреби; се менувале хард-дискови на службени компјутери, се преснимувал компромитирачки материјал од незаконски „работени“ опозиционери, се уништувала документација за се што не можело да се користи како компромитација, туку како нивна инкриминација, се правеле „безбедносни коридори“ за политички пробив кон новата власт со цел заштита на човековата инфраструктура и продолжено делување на старо-новиот систем по „принципот камелеон“ и лицемерна „соработка“❗
ℹ Дали успева „безбедносниот коридор“❓
?Делумно да.
?Во очи промената на власта по 27 Април се случува познатата тактика „безбедносен мамец“ кој најчесто се употребува за придобивање (ловење) на политички симпатии кон самопрогласен професионалци зад кои (по правило како боја на мамецот) стои „поддршката од стратешките партнери“❗
? Во тој период на организирана институционална дезориентација последниот директор на УБК Горан Николовски-Џони со државниот врв (во формирање), споделува дел од неговата работа како помошник директор по „странски служби“ - Случајот Живаљевиќ итн.
?Српски КРИК објавува дел од тој материјал, а учеството на српската БИА преку Горан Живаљевиќ во настаните од 27 Април останува како „пресметана штета“ во интерес на српско-македонските односи кои се подобруваат откако Македонија не го протера српскиот разузнавач (за што имаше право), туку се случува дипломатска инверзија – официјален Белград го повлече дипломатскиот персонал од Скопје, за подоцна да го врати❗
?Денес кога министерот Оливер Спасовски зборува за операцијата "Дивиот ангел" воден под ОА Платформа, убаво е да ги открие сите намери, цели и актери во неа и да каже каде се тие ликови денес❓
??? Горан Николовски – Џони и Сиљан Аврамовски како долгогодишни први соработници на Сашо Мијалков не само што ја „гладат“ српско-македонската безбедносна врска, туку ја креираат сликата за одговорноста и одговорните за настаните од 27 Април, преку испробаните институционални полуги во интерес на Мијалков во ОЈО за ГОКК❗ Па така, по примерот на неодговорноста на врвот на УБК за „Малата војна“ во кумановско Диво Насеље во 2015 година, во настаните од 27 Април низ подобниот обвинителски филтер на ЈО Вилма Русковска поминуваат само членовите на патриотските друштва формирани преку соработничка мрежа на Горан Николовски – Џони, Сиљан Аврамовски и кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов❗
?Лојалистите од четата на Сашо Мијалков, тој како „началник“ и други остануваат недопрени од истрагата за организацијата и реализацијата на 27 Април❗
ℹ Во мое интервју за „Топ-тема“ на 05.05.2017 година зборував дека 27 Април претставува организирана диверзантска вежба со која раководеле структури со воено-полициска тактика со цел попречување на предавањето на власта❗ ?Она што е за забележување е улогата на поранешни старешини и припадници на МВР со воено искуство и познавање на собраниската инфраструктура кои останаа надвор од дометот на истрагата која се насочи само на активниот полициски состав и неколку „мачиња“ од УБК на Сашо Мијалков со сите формални негови наследници❗Присутен во се' и во ништо на 27 Април ?
??? По формирањето на Владата на премиерот Зоран Заев во јуни 2017 година, за директор на УБК е поставен гаранторот на „безбедносниот коридор“ - Горан Николовски – Џони. Негов заменик е Ариф Асани и Сиљан Аврамовски. Аврамовски скоро секогаш фигурира како „втор“ заменик или човек „задолжен за операции“ во УБК❗
?Една од целите на политичката влада беше „реформирање на УБК“ и откривање на нејзината улога во сите политички монтирани случаи, поголеми безбедносни настани, незаконските вработувања, формирањето на параполициските структури и злоупотребите на УБК и МВР за политички цели.
?Како предуслов за ефикасно спроведување на реформата беа внатрешните истраги пред се за случаите „Шпион“, „Пуч“, „Диво Насеље“ итн, кои требаше да ги спроведе внатрешната контрола на МВР. За некои од нив беа најавувани и меѓународни истраги кои до денес останаа само на реторика❗
?Внатрешни истраги во таа смисла не беа направени. Беше направено ретуширање на анализите за незаконските вработувања во УБК/МВР кои останаа без ефект и анализата на трошењето на „спец-касата на УБК“ со изземање на клучните ликови – Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска❗ Се друго остана со добра намера, за некое идно време, сега веќе минато свршено.
??? Клучен момент за расчистување со врската помеѓу безбедносните служби, нивната злоупотреба, организираниот криминал и политиката беше формирањето на Специјалното јавно обвинителство во 2015 година❗
Паралелно со формирањето на ова обвинителство кое произлезе како резултат на недовербата во ОЈО за ГОКК со кое раководеше баџанакот на Сашо Мијалков – Јован Илиевски, требаше да се одвиваат внатрешните истраги во МВР со цел проверка и одговорност на внатрешниот систем на функционирање.
??? Во екот на работата на СЈО со сите можни опструкции кои го следеа процесот на работа и со судски систем воспоставен по принципот од „тефтерчиња“, тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов донесе одлука за широка амнестија на повеќе лица, со и без статус во предмети на СЈО❗
? Слично на функционирањето на специјалниот суд во Белград по атентатот на Џинџиќ, СЈО беше под постојана закана за укинување, законско непродолжување/нерегулирање на неговата работа, затворени институции за соработка итн. Амнестијата од Ѓорѓи Иванов беше директен удар на СЈО и загрозување на безбедноста на сите кои соработувале со него❗
??Горан Грујовски и екипи под негова наредба од првиот ден на формирање на СЈО ги следеле сите обвинители, истражители, соработници и лица кои биле повикувани во просториите на СЈО. За него посебно интересни биле обвинителките Ленче Николовска и Фатиме Фетаи❗
??Убиството на Коста Крпач во април 2016 година, кој претходно се најде на списокот на амнестирани од Иванов беше шок од причина што како што изјавија од СЈО, тој бил сведок-соработник на СЈО, а не лице против кое се води истрага. Крпач требало да биде сведок во првиот случај на СЈО „Таргет-Тврдина“, за кој паднаа судски пресуди❗
??Она што останува енигма и не стана предмет на никаква истрага се околностите под кои Коста Крпач пред да се самоубие со два истрели од оружје со пригушувач, од терасата на својата зграда во населбата Капиштец, неколку пати пукал во комбе паркирано на паркингот спроти неговата зграда. Кое комбе било мета на Коста Крпач пред да се самоубие❓Што се поврзано со „Финзи“ требало да каже и кажал Крпач❓
Ова се прашања на кои не може да одговори Крпач, затоа што е мртов, исто како што сведоците-соработници припадници на Земунскиот клан не можеа да кажат повеќе од тоа што кажале пред специјалниот суд по атентатот на Џинџиќ, затоа што беа убиени❗
??Еден месец по именувањето на Горан Николовски-Џони на позицијата директор на УБК, по мерки за притвор во бегство се Горан Грујовски и Никола Бошковски, довчерашните соработници на Мијалков, но и на Сиљан и на Џони❗
?Останува да се одговори на прашањето дали тие имале логистика од УБК за нивен трансфер до јужната граница и дали сеуште има интерес да се истражуваат „мистериозните“ бегства на одговорните за злоупотребите на институциите и УБК во секакви цели❓
ℹ?Доктрината за кражба на идентитети датира од периодот на Грујовски 2012-2015 година кога не само лични карти и пасоши, туку биле креирани идентитети кои и денес се наоѓаат во избирачкиот список на ДИК. Само за потсетување, Горан Грујовски имал 3 идентитети – еден вистински и два лажно❗
???Сите овие сознанија, иако познати остануваат надвор од дометот и вољата, прво за внатрешна истрага, а подоцна и за понатамошна од страна на МВР. Лежерно се влезе во функционирањето и управувањето со еден „систем“ по рушење на режим кој создал таргет-тврдина од заробена држава во која секој може да биде мета на се и секого.
?Додека се симулираше нормалност во работењето на УБК по јуни 2017 година и не се направи „пресек на наследеното“ по сите основи, чуството на лежерност и комоција го имаа само оние кои не беа на маргините „браникот“. Дали лежерноста е политички гарантирана останува времето да покаже❓
???Во април 2018 година се формираше ОТА и се реформираше системот за следење на комуникациите со целосно издвојување на фамозната Пета управа од УБК на МВР, а работат на ОТА требаше да отпочне на 01.11.2018 година❗
??? Кога Комисијата за надзор над работата на УБК и АР во јуни 2018 година после долги години направи тридневен надзор во УБК, дозна дека УБК има „лице задолжено за операции“ - Сиљан Аврамовски❗
??Но, какви опарации никој не успеа да дознае ни по обелоденување на фактот дека, од „спец-касата на УБК“ со 850.000 евра биле финансирани 14 измислени оперативни акции (ОА) кои ги водела УБК без да остави никаков писмен траг за целите и начинот на работа❗
??На тој надзор Комисијата дозна дека УБК немала точни (❓) безбедносни проценки за Диво Насеље во кое загинаа 8 припадници на специјалните единици на МВР и за 27 Април каде таргет беше атентат на мандатарот❗ Нешто слично како што БИА немала безбедносна проценка за атентатот на Џинџиќ.
??На тој надзор првпат беше поставено прашањето за статус на „ангажиран пензионер во УБК“, за кој подоцна како комисија добивме податоци дека станува збор за Сиљан Аврамовски кој требало да се пензионира 2014 година, но незаконски продолжил до 2017 година, за да подоцна биде ангажиран по договор во МВР и за цело време лажно се претставува како заменик директор на УБК, раководи и издава наредби❗ Сето ова требаше да биде причина плус за внатрешна контрола пред отпочнување на реформата во 2019 година❗
???? Ноември 2018 година се случуваат неколку важни работи – ?почнува со работа ОТА, ?Никола Груевски „бега“ од државата во Унгарија, ?Сашо Мијалков и Орце Камчев се притворени од МВР по барање на СЈО за случајот „Империја“, ?ЈО Вилма Русковска станува шефица на ОЈО ГОКК и ?се формира работна група за реформа на УБК со која претседава Сиљан Аврамовски, чиишто член бев.
?Згора на тоа започна парламентарната постапка за уставните измени по договорот со Грција.
??? Во таа концентрација на настани се направи (успешен) обид за крајно попречување на работата на СЈО преку логистика од УБК за трајно загрозување на неговиот статус во интерес на организираниот криминал и сите инкриминации на челникот на УБК-Сашо Мијалков❗
?Паралелно со оваа операција се зборуваше за некаква истрага за бегството на Никола Груевски, а до денес никој не излезе да каже дали се спроведени интерни истраги за сознанијата и пропустите на државното (МВР) обезбедување, освен што дознавме дека сите припадници од обезбедувањето на Груевски се „кариерно згрижени“ на убави работни позиции во МВР. По работни заслуги секако❗
??Слабоста на системот во МВР по второ бегство на обвинети/осудени во предмети на СЈО се префрла на сметка на СЈО како неспособно да ги спречи (❓) Ова многумина го толкуваат како суптилна поддршка на систематското разнишување на довербата во СЈО које требаше да резултира со оправдување на неговото згаснување❗
ℹ Нешто слично со целокупната пропаганда во Србија во екот на истрагата и судењето за атентатот на Џинџиќ што требаше да резултира со став дека „атентатот и не е толку лоша работа“❗
??? Ако атентатот на Џинџиќ се случи во месеците на реформата на РДБ и конституирањето на БИА,
??? Во фазата на реформирање на УБК и формирање на АНБ се случи „Рекет“ во кој организираниот криминал со институционална логистика ја победи институција за брорба против органзираниот криминал СЈО.
?Со крајно сомнителна улога на директорот на УБК Горан Николовски-Џони кому Камчева трипати му пријавувала „Рекет“, тој како овластено лице со полициски овластувања не презел никакво службено дејствие за спречување на дејствијата и оневозможување да биде компромитирана и срушена СЈО.
?Спротивно на тоа, од денот кога Николовски-Џони не е избран за директор на новоформираната Агенција за национална безбедност (АНБ) започнува субверзивната специјална војна насочена кон СЈО како институција – не СЈО во ликот на Катица Јанева.
??Целта на операцијата е рушење на СЈО, компромирација на предметите водени од СЈО, рушење на Владата и попречување на вистинскиот ветинг и одговорноста за злоупотребите на УБК - период што почнува 15 Јуни 2019 година, а завршува на 1 Септември истата година. Дополнително што во исказот на Орце камчев даден пред ЈО Вилма Русковска тој дава сериозни елементи за одговорност за овозможување на шпионажа и неовластено снимање на државни функционери од страна на лице во домашен притвор со забрана за комуникации❗
ℹ?Нешто за што ќе пишувам посебно и поопширно е денот на назначување на директотот на АНБ, односно неназначување на Горан Николовски – Џони. Сликовитo кои три жени на кои тогашни и сегашни позиции и кој висок функционер (тогаш) обиле метална каса на една секретарка на скоро сите претходни директори на УБК и каква документација уништиле❓
??? Вреди да се спомне дека во периодот пред усвојување на Законот за АНБ и потоа, до членовите на собраниската Комисија за надзор над УБК пристигна брдо документи за злоупотребите во УБК❗
?Овие случаи можеа да бидат одлична основа за вистински ветинг и расветлување на многу случаи на злоупотреби за кои јавноста скоро и да не слушнала за нив.
Два случаи кои институционално беа процесуирано, но до денес нема разврска по истите беше ?улогата на Сиљан Аврамовски во 5-те години лажно претставување и раководење во институцијата во која се прикриваа злоупотребите на нивниот вечен шеф Мијалков со оштета на државниот буџет за 250.000 евра, ?неговата улога во случајот 27 Април, ?нерешениот непотизами судири на интереси во УБК/МВР;
?арсеналот муниција набавуван за потребите на кабинетот на Сашо Мијалков; и, ?улогата и непостапувањето на Горан Николовски-Џони во случајот „Рекет“, заради фактот што бил оперативна логистика на правниот тим на обвинетиот Орце Камчев, бидејќи живее во куќа која е сопственост на адвокатот Антонио Апостолски ..., до денес❗
??? МВР и ОЈО за ГОКК молчат. Зошто❓ (Не)Знам❓
??? Во Србија по атентатот на Џинџиќ и почетокот на работата на специјалниот суд, организираниот криминал не успеа да го сруши специјалниот суд, и покрај тоа што имаше убиства на сведоци-соработници, апсења на роднини на судии на специјалниот суд, и оставки на судии. Не успејаа затоа што како сојузник ги имаа медиумите кои не беа купени од недопирливите❗
??? Во Македонија, организираниот криминал успеа со компромитирање на една позиција во СЈО да ја сруши институцијата која по масовното прислушкување започна борба против организираниот криминал. Успеа затоа што ја немаше поддршката од медиумите, односн ги имаше медиумите против себе. Одеднаш сите се најдоа во лавиринтот на една општа, добро платена пропагандна хистерија во која јуниаци станаа џелатите и оние чиишто интереси се штитат со години од страна на службите, додека сите останати беа „предавници на идејата за правда“❗
??Реформата на УБК како паралелен процес во таа пропагандна хистерија ги проголта аргументите за пропустите за кои зборуваа само неколку луѓе во тогашното Собрание. За да биде спинувана целата аргументација за вистински ветинг во УБК и одрговорност за сите неоткриени злоупотреби, бегства, логистики за бегства, политички логистики итн., екот на пропагандата беше искористен за заплашување на (не сите) пратеници и нивна моментална политичка елиминација. ?Дали успејаа❓
?Делумно да, но во суштина не❗
ℹ За ова во ново интересно продолжение 5️⃣ на овие разузнавачки рефлектори ... ?