Welcome visitor you can log in or create an account

РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР - 4️⃣ дел

 

 Frosina Remenski is in Bardovci, Karpoš, Macedonia 07.08.2021

РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР - 4️⃣ дел (Настани, ликови, реформи - ?? БИА - ?? УБК)❗

??? Убиството на Зоран Џинџиќ на 12.03.2003 година на најдраматичен начин покажа колку отсуството на сериозни реформи во службите за безбедност може да има штетни последици по демократскиот поредок.
Атентатот добива на поголема тежина ако се знае дека сите случувања во РДБ и ЈСО по падот на Милошевиќ укажуваа дека, „Џинџиќ беше подвижна жива мета ?“ со три неуспешни обиди за атентат.
?Најголем безбедносен (намерен) пропуст и апсурд е фактот што реформираната РДБ која од декември 2002 стана БИА (Безбедносно-информативна агенција) по атентатот во своја официјална информација вели дека „не дошла до никакво сознание, до ниту еден податок кој укажува на загрозување и закана по безбедноста на премиерот Џинџиќ“❗
Никој не бил свесен до тој момент колкави биле длабоки и високи корените на организираните криминални групи (Земунскиот клан) во РДБ/БИА. Фактот што заменик јавниот обвинител Милан Сарајлиќ, членови на РДБ и полицијата биле најблиски соработници на Земунскиот клан зборува кој управувал со државата и што се правел.
ℹ Денешната дебата во Србија околу потребната и препорачаната реформа на БИА ги открива сите механизими на злоупотреби кои се правеле и можат да се прават на сметка на корумпираниот и недемократски систем со потенцијал за масовно кршење на човековите права. Во тие споредби академците не замаат нас како држава за лош пример, а оперативата молчи затоа што знае дека, споредбата е автентична и има „северен рецепт на пастеризирана каша со конзерванс“❗
⌛ Кога се случи атентатот на Зоран Џинџиќ❓
??? Атентатот се случува во екот на реформата на Ресорот Државна безбедност (РДБ) во Безбедносно-информативна агенција (БИА)❗
Законот за БИА беше донесен во декември 2002 година со период од 3 месеци за внатрешна реформа која подразбираше селекција на човечки потенцијал, декриминализација и деполитизација.
Во истиот тој период со закон беше основан и формиран Специјалниот суд за организиран криминал со избор на истражни и судечки судии кој почнал со работа во мај 2003 година.
По атентатот, особено во месец мај по акцијата „Сабја“ за која многумина имаат дилеми дека е реализирана до крај, се случуваат обиди за згаснување на Специјалниот суд кој требал да работи на првиот голем случај – атентатот на премиерот Џинџиќ. Безуспешно, но со многу перипетии.
?Првсослушан пред тој Суд во случајот „атентат на Џинџиќ“ бил Звездан Јовановиќ (ЈСО) кој се бранел со молчење. Било прочитано неговото признание дадено во полиција со многу детали. Но, подоцна кога одлучил да проговори упатил сериозни закани и обвинувања кон полицискиот функционер Миле Новаковиќ кој го испрашувал по апсењето во акцијата „Сабја“, алудирајќи на изнуден исказ, иако пред тоа кажал и бил снимен дека на Фрушка гора пред атентатот ја испробувал пушката со која пукал во Џинџиќ. Неколку членови на Земунскиот клан биле убиени во текот на апсењето. Еден од нив Дејан Миленковиќ – Багзи кој претходно учествувал во неуспешен обид за атентат на Џинџиќ побегнал, а подоцна се предал во Грција и добил статус сведок-соработник. „Српската мајка“ Цеца Ражњатовиќ – Цеца била добро алиби за Земунскиот клан за време на атентатот - потврдено од учесникот во атентатот Багзи.
Но, Цеца пева и даље ?
??? На предвремените парламентарни избори во декември 2003 година, Владата на Србија ја формира Војислав Коштуница како премиер со поддршка на социјалистите на Милошевиќ.
За многумина тоа значеше враќање на „системот“ пред падот на Милошевиќ на 5 Октомври 2000 година.
?Набргу потоа, Раде Булатовиќ, советникот за безбедност на Војислав Коштуница кој беше апсен во акцијата „Сабја“ е поставен за директор на БИА без никакво искуство. По преземањето на функцијата Булатовиќ ги вратил сите кадри поставен од Милорад Бацановиќ – човекот на Легија. Булатовиќ по директорскиот мандат до 2008 година оди во адвокатура, за да подоцна од 2013 до 2019 година биде амбасадор на Србија во Украина и Грузија.
?По промената на власта министерот за полиција Драган Јоциќ ги сменил сите кадри кои работеле на акцијата „Сабја“ и изјавил дека обвинението за атентатот на Џинџиќ е на стаклани нозе. Еден од клучните луѓе кои работел на расветлување на атентатот и пресметката со Земунскиот клав вели дека, за него, за нив било (цит.) „незамисливо после таков хаос, луѓето кои биле активни во борбата против тој шлајм без никаков личен интерес, и после сите бљувотини кои биле искажани на нивна сметка, не било нормално да бидат сменети од нивните работни позиции, туку напротив“❗
??? Почетокот на судењето за атентатот на Џинџиќ го обележало убиството на сведокот-очевидец Кујо Крајшторац со пригушувач пред неговиот дом. Тој бил сопственик на маркет пред зградата од која било пукано на Џинџиќ и бил единствениот сведок кој во судница можел да ги препознае тројцата учесници на атентатот кој излегле од зградата по атентатот❗
?Била формирана Комисија за испитување на системот на обезбедување на премиерот Зоран Џинџиќ која имала задача во рок од 60 дена да изготви извештај. Комисијата ја водел професорот Жарко Корач (кого лично го познавам како одличен стручњак), тогаш потпретседател на Владата на Србија. Комисијата утврдила бројни неправилности кои и за лаици биле несфатливи.
?Така на пример, воопшто не била изготвена проценка за степенот на безбедност на Џинџиќ; МВР и БИА во ниту еден момент не го гледале Земунскиот клан како можен извор на закана за Џинџиќ, иако скоро сите членови биле дел од Белата книга на МВР за организиран криминал направена по налог на Џинџиќ и конечно, катастрофалниот официјален одговор од БИА упатен до Комисијата на Корач дека Агенцијата во периодот од 21.02 до 11.03.2003 година (по обидот за атентат кај халата Лимес) воопшто не доставила извештај или друг вид на информација во пишана форма до премиерот Џинџиќ, која би се однесувала на можна загрозеност на неговата безбедност, затоа што такви податоции воопшто немале; или омиленото објаснување на БИА дека со промена на законите тие немале надлежност да ги обезбедуваат државните функционери. Бирократскиот одговор, односно изговор упатувал на фактот дека Агенцијата не си ја завршила својата работа – да ги информира надлежните органи за податоци и сознанија од значење за безбедноста, и преку контраразузнавачка и превентивна работа да го спречат атентатот. Комисијата по сите наоди предложила МВР и БИА под итно да извршат внатрешна контрола заради утврдување на сите пропусти поврзани за системот на обезбедување на премиерот Џинџиќ. Но, никогаш не биле извршени овие внатрешни истраги❗
?Професорот Милосављевиќ вели дека, овие истраги не биле извршени затоа што со нив ќе се откриеле многу врски помеѓу тогашната политика и криминалот. Нагласува дека атентаторите имале логистика и во судот, во полицијата, во службите за безбедност.
?Поранешниот коминистер за полиција Божо Прелевиќ на оваа констатација додава дека, „оние кои ја имаа логистиката во државните служби, ја имаа и во политиката“. Додава дека е невозможно атентаторот Багзи да биде пуштен по трет неуспешен атентат, а камерите во зградата на Владата да бидат исклучени два дена пред атентатот, или пак наместо влезот бр. 4 кој бил безбеден заради можноста за влез со автомобил да не биде користен, туку на денот на атентатот да биде користен влезот бр.5 како небезбеден што се покажа како таков; како што припадникот на БИА Бранко Безаревиќ ги оддавал информациите за движењата на Џинџиќ.❗
??? По формирањето на Владата на Коштуница, министерот за правда Зоран Стојковиќ покренал иницијатива за укинување на посебното одделение на окружниот суд (специјалниот суд) кој работел на случајот со атентатот на Џинџиќ. Сите кои учествувале во откривање на сторителите на атентатот и логистиката на криминалните структури биле свесни дека, се прави организирана системска опструкција и почнал да се гради став дека, „и не било баш лошо што бил извршен атентатот“❗Тоа било поткрепено со таблоидна пропаганда за наводна вмешаност на Џинџиќ во криминал. За да биде веродостојна пропагандата организирано и систематски се напаѓаат соработници на Џинџиќ, новинари, судии.
?Фрапирало било убиството на сведокот-соработник Укојевиќ на сред судење за атентатот, затоа што не бил заштитен од полицијата. Шестте пребегани членови на Земунскиот клан кои учествувале во атентатот во 2006 година го мачеле, касапеле и жив го запалиле вториот сведок-соработник на судот Зоран Вукојевиќ - поранешен полицаец и обезбедување на шефот на Земунскиот клан❗
??? Милорад Улемек Легија на полицијата се предал еден месец по формирање на Владата на Коштуница со образложение дека, „новата влада му влева доверба“. Во одбрана на овој став излегува Драган Јоциќ. Ноќта на предавањето без никаква дозвола од судот со предадениот Легија разговаараат ни помалку, ни повеќе, туку министерот за полиција Драган Јоциќ и директорот на БИА Раде Булатовиќ❗
?Била уништена целокупната документација во врска со таа ноќ и се тврди дека тоа е за да не се дознае кој се влегол во зградата на полицијата таа ноќ и за што се разговарало со Легија.
Набргу потоа Легија пред судот преку свои искази се вклучува во предизборната кампања за претседателските избори на Коштуница во 2004 година, истакнувајќи дека, 600-те килограми дрога која била најдена во сеф закупен од РДБ во Комерцијална банка Белград, не била запалена туку продадена. Ова не соодветствувало со вистината кој подоцна судот ја утврдил❗
??? Притисоците на процесот за атентатот биле огромни, системски, организирани и медиумски оправдувани.
?Така во 2005 година за наводно одавање на службена тајна бил уапсен првиот заменик обвинител кој го застапувал и пишувал обвинението за атентатот на Џинџиќ, додека во 2006 бил уапсен братот на претседателот на судечкиот совет Марко Кљајевиќ - Горан Кљајевиќ кој бил претседател на стопанскиот суд, под сомневање дека е бил „крал на стечајната мафија“ (подоцна ослободен од сите обвиненија).
?Набргу потоа бил разрешен првиот обвинител Јован Пејиќ со оправдување дека, му истекол мандатот, без да биде повторно назначен, додека претседателот на судечкиот совет Марко Кљајевиќ од лични причини дал оставка од позицијата и ја напуштил судската функција. Ова се смета за директен напад на судот и отворена закана за негово укинување во екот на судењето за атентатот.
ℹ ?? Што работи БИА денес❓
Основната задача на БИА е откривање и спречување на дејствија насочени кон подривање и рушење на уставниот поредок, обработка на безбедносно-разузнавачки информации ..., и спроведување на посеби мерки на надзор, следење и прислушкување.
Припадниците на БИА имаат полициски овластувања и сите мерки за прислушкување ги спроведува БИА. Користи бројни софистицирани софтвери, пред се од израелско потекло од компанијата Serkls (Circles) за што на широко пишуваше универзитетскиот институт за надзор во Канада, издвојувајќи ја Србија како една од 25-те земји кои користат софтвер за телефонско лоцирање и движење на своите граѓани.
Потребата од реформа на БИА е се погласно во Србија. Се заговара превенирање од избивање на афера за масовно прислушкување по примерот на Македонија, со формирање на оперативно-техничка агенција по примерот на Македонија и изземање на прислушкувањето од надлежност на БИА. Но, актуелната власт во Србија како да нема политичка воља да ја направи оваа реформа имајќи ја во предвид моќта на БИА, но и отварањето на многу чувствителни прашања на злоупотреби во тој процес.
??? Во јули 2021 година Хаг ги осуди поранешниот директор на СДБ Јовица Станишиќ и Франк Симатовиќ-Френки на по 12 години затвор, заради учество во злодела во војните во Хрватска и БиХ во деведесетите години на минатиот век❗
??? Колку властите го ценел придонесот на БИА и челните луѓе, зборува податокот дека од седумтте досегашни директори на БИА, тројца после тоа се ангажирани како амбасадори – Небојша Родиќ во Виена, Александар Џорџевиќ во Сараево, а Раде Булатовиќ во Украина и Грузија. Ако на ова се додаде улогата на замениците директори на БИА, на пример Горан Живаљевиќ, тој со дипломатски статус менува неколку земји меѓу кои Македонија, Хрватска, Босна❗
??? На позицијата директор на БИА од мај 2017 година е Братислав Гашиќ кој на тоа место доаѓа од местото министер за одбрана, и тоа како награда за сексистичкиот испад кон една новинарка од позиција на министер.
Безбедносната јавност смета дека, станува збор за многу сериозен процес на „дебе-изација“ на целата јавна управа. Потсетуваат дека, тој процес се одвива во континуитет.
?По парламентарните избори во Србија во 2014 година на чело на Даночната управа бил поставен Марко Маринковиќ, а за негов советник Ранко Соколовиќ – двајцата од БИА. Оваа управа била екстремно активна во контролата на даночните обврзници кои се критични кон власта.
?Денес на чело на Даночната управа, повторно се наоѓа припадник на БИА – Драгана Марковиќ, која во јуни 2020 година од банките ги барала трансакциите на најмалку 57 физички и правни лица (повеќето критичари на власта на Вучиќ) под сомневање за финансирање тероризам и перење пари.
?Минатата година по парламентарните избори 2020 година, за министерка за правда е избрана Маја Поповиќ кадар на БИА.
ℹ Најголем дел од истражувачкото новинарство во Србија смета дека „Србија се враќа на рецидивите од деведесетите години и постои оправдан страв дека БИА како претходната РДБ ќе се плетка во политичкиот живот“❗
??? Парламентарната контрола над БИА скоро и да нефункционира. И покрај бројните обуки за надзор и контрола, се тврди дека последните 7 години се одвива спротивен тренд – наместо пратениците да ја контролираат БИА – БИА ги контролира и заплашува пратениците❗
Во анализата „Анатомија на заробувањето на безбедносно-разузнавачкиот сектор во Србија“ се наведува дека „Одборот за контрола над службите за безбедност се претворил во одбор за јавно искажување поддршка на претседателот на Србија и шефот на партијата Александар Вучиќ“.