Welcome visitor you can log in or create an account

РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР дел 1



 
?Дали странските разузнавачки служби работат на инсталирање врбувани кадри во клучни институции во земјите од регионот за да можат да управуваат со нивната послушност и процесите❓
??? Клучен принцип во работењето на американската дипломатија во светот е "да не коментира актуелни случувања од разузнавачка природа во земјите во кои има свои претставништва"❗
Тоа воопшто не значи дека не ги следат сите случувања кои можат да бидат секјуритизирани, односно да станат безбедносни прашање за земјата, регионот, сојузничките и глобалните стратешки интереси.
?Многу регионални и домашни актери од сферата на безбедноста кои го знаат овој американски "принцип на некоментирање, што во превод значи и недемантирање", често го злоупотребуваат или го користат кога треба да направат нешто што не е дозволено или е во нивен или нечиј интерес.И по правило на крајот биваат казнети. Затоа секое повикување на американска поддршка во извршување на одредени работи на сите нивоа, кое нема никаква врска со американските принципи и интереси се санкционира во прва прилика.❗
ℹ За американското расчистување на Балканот ќе пишувам на крајот од троделна анализа, откако ќе завршам со приказ на актуелните безбедносно-политички случувања во БиХ, Република Српска, Црна Гора, Србија-Косово, РС Македонија и Бугарија.
1️⃣ℹ Босна и Херцеговина ??
Американскиот Универзитет во Сараево во ноември 2020 година по долги години работа ја изгуби американската акредитација за вршење образовна дејност. Неговиот директор Денис Прчиќ поделил фалсификувани дипломи на повеќе од 100 лица меѓу кои и на Директорот на Разузнавачко-безбедносната агенција (ОСА) на БиХ Осман Мехмедагиќ. Фалсификувана дипломи од АУ имала и Амина Пекиќ која работи во Мисијата на НАТО во Брисел како претставник на БиХ – сестра на првиот соработник на директорот на Мехмедагиќ.
?Вака изгледа основаната причина за апсење на директорот на ОСА – Мехмедагиќ, кој ќе остане директор на ОСА до завршување на процесот против него. Но, што се случува во позадина на овој случај❓
Познато е дека и во Дејтонска БиХ како и во многу други земји на Западен Балкан постои силно-разузнавачко работење на разузнавачки служби кои де јуре не се противат на интегрирање на земјите од регионот во НАТО и во ЕУ, но де факто преку своите разузнавачки служби спроведуваат специјални војни (хибридни закани) за отстранување на секој можен политички потенцијал (човечки, политички итн.) кој нема да застане на тој пат. Добро упатени извори наведуваат дека, зад постапката на ОЈО на БиХ против западно ориентираниот Мехмедагиќ стојат руско-српски разузнавачки структури кои сакаат да ја вратат контролата над ОЈО по губењето на нивниот клучен играч Милан Тегалтија (актуелен советник на Мирослав Додиќ). Смената на Милан Тегалтија од највискоката позиција (Судско-обвинителски совет на БиХ) му го препишуваат на директотот на ОСА – Мехмедагиќ.
Апсењето на Мехмедагиќ на основа на анонимна пријава уште во јуни минатата година се најавува на РТ Република Српска. Според извори наредбата за таргетирање на Мехмедагиќ од страна на заменик ЈО на БиХ Гордана Тадиќ, доаѓа затоа што таа структура прави терен местото Државен јавен обвинител на БиХ да го добие човек од најголема доверба на советникот на Додиќ – Милан Тегалтија – ЈО Миланка Кајганиќ. Тоа се очекува да се случи во следните две недели. Се лобира за суспендирање на државната обвинителка по завршена дисциплинска постапка оваа недела. Инаку, за ЈО Гордана Тадиќ, ОСА на БиХ водела случај за чести средби со рускиот амбасадор во БиХ Петар Иванчов. Покрај тоа во случајот „Ушче“ таа ја запира истрагата против лица кои во јавност објавиле доверливи информации за операција на ОСА против руското влијание во БиХ.
Оваа операција го покажува влијанието и консталациите во земја која е во фокусот на американскиот интерес на Балканот, а операцијата има за цел – компромирирање на безбедносната служба на БиХ и воспоставување контрола во Обвинителството на БиХ. Институциите кои треба да бидат фокусирани на кучот за стабилност и прогрес станаа предмет на специјална војна на структури со поддршка на странски разузнавачки служби.
2️⃣ℹ Република Српска
Откако американскиот претседател Џ.Бајден ја адресираше уредбата за ставање на црна листа на сите политичари кои ги кршат мировните договори на Балканот и се поврзуваат со злоупотреби и бискост со криминални структури, ден потоа српскиот член на Претседателството на БиХ – Милорад Додиќ ја исмеја уредбата нарекувајќи ги САД „немоќна држава“ која се обидува да го моделира Балканот. Можеби со право Додиќ прв ја искоментира уредбата на Бајден, затоа што од 2017 година е на „црната листа на САД“.
Политичките лидери во регионот најмалку ја сфатија клучната поента на уредбата на Бајден, а тоа е санкции за сите одговорни во сериозно кршење на човековите права, регионален криминал и корупција, злоупотреба на јавни средства итн., а во позадина - расчистување/осветлување на сите разузнавачки операции насочени кон дестабилизација на регионот❗
Добар безбедносен аналитичар на основа на неколку параметри може да заклучи дека, сите политички активности на Милорад Додиќ во БиХ се детерминирани од потребите и агендата на Белград. Секако, легитимно е правото на политичка комуникација помеѓу сите српски политичари на Балканот, до мера на несубверзивност. Многу податоци говорат дека, Додиќ работи по строги директиви на Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија, за што говорат не само последните случувања во БиХ, туку и поради фактот што поранешниот директор на БИА Александар Џорѓевиќ во мај 2018 година е именуван за Амбасадор на Србија во БиХ. Првата средба ја има токму со Милорад Додиќ по неговото преземање на претседателството на БиХ во ноември.
Во амбасадорската екипа на БИА, заедно со амбасадорот во ноември 2018 за негов прв советник е именуван Горан Живаљевиќ познат на македонската и безбедносната јавност по неговата улога во настаните во Собранието од 27 Април 2017 година. За потсетување е фактот што Џорѓевиќ му беше претпоставен на Живаљевиќ за време на настаните од 27 Април кое не резултираше со протерување на српскиот разузнавач, туку со повлекување на целата посада од Амбасадата на Србија во Белград. За тој чин на инверзија Живаљевиќ јавно се пофали дека „државата во целост застанала зад него“, без разјаснување до крај на неговата улога до и по 27 април и кој бил државниот интерес на Србија во неговото поведени❓
Кон оваа БИА-екипа во Сараево како полициски офицер за врски се приклучува и Горан Драгович, поранешен командант на Антитерористичка единица и командант на Жандермеријата на српското МВР.
Оваа разузнавачко-полициска екипа сега со функции во БиХ, еден мој колега-професор на Факултетот за криминалистика во Сараево кој дипломираше на Факултетот за безбедност во Скопје во иста генерација со Живаљевич и некои наши безбедњаци во блиски релации со него, за разлика од неговите тукашни колеги не се воздржува да коментира дека, оваа „БИА-екипата во Сараево иако има дипломатски статус ќе работи на исполнување на своето влијание и интереси во БиХ, кои се совпаѓаат со интересите на Русија за подривање на американските мировни, политички проекти на Балканот“❗
Милорад Додиќ сериозно пркоси на безбедносните институции на БиХ. Сакајќи да се додвори на американскиот интерес, прибегнува кон противуставно формирање на институции. Во Република Српска тој формира Управата за борба против тероризам и екстремизам, зад која работи контраразузнавачка служба што во БиХ се третира како „пара-разузнавачка служба на Додиќ“. Паралелно со ова од 2018 година течеа интензивните напади на Разузнавачко-безбедносната агенција на БиХ (ОСА) што вчера резултираа со приведување на директорот на ОСА - Осман Мехмедагиќ.
Формирањето на паралелни безбедносни институции во Република Српска не застанува тука. Во ноември 2018 со стапување на функција на БИА-екипата во Амбасадата во Сараево, беше прогласено основањето на Советот за заштита на уставниот поредок на Република Српска со што е официјализирано постоењето на „ентитетска разузнавачка служба“ што е спротивно на Законот за ОСА и Уставот на БиХ.
По повод Видовден што Република Србија го обележа на 29 јуни оваа година, претседателот Александар Вучиќ го одликуваше Милорад Додиќ со Орден на Србија на голем ланец. Со Орден на српското знаме од прв степен беа одликувани и министерот за надворешни работи на Унгарија Петар Сијарто и лидерот на Демократскиот фронт во Црна Гора Андрија Мандиќ. На оваа прослава присуствуваше и поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.
Интересно ❗
3️⃣ℹ Црна Гора ??
Логичен след на претходно кажаното за одликувањата со Орден на Андрија Мандиќ - лидерот на Нова српска демократија во Црна Гора од страна на претседателот на Александар Вучиќ, води до случајот „Државен удар“ во Црна Гора во 2016 година и пресудата во 2019 година за учество на Мандиќ во него, заедно со уште неколку учесници меѓу кои и двајца руски државјани припадници на службата ГРУ – Едвард Шишмаков и Владимир Попов. Овие настани во Црна Гора се одвиваат паралелно со изборите во 2016 година и завршната постапка за членство на Црна Гора во НАТО-Алијансата.
Она што е интересно е фактот што од 2019 година до парламентарните избори минатата година 2020 година во Црна Гора, предводник на движењето за смена на Мило Џукановиќ кој успешно кокетираше 30 години со сите можни меѓународни, бизнис и криминални структури на Балканот, беше осудениот и одликуваниот Андрија Мандиќ. Апелацискиот Суд на Црна Гора на 05 февруари 2021 година по промената на власта во Црна Гора и воспоставување на „експертската влада на Кривокапиќ“ ја укина пресудата за случајот „Државен удар“ и сите осудени се на слобода❗
Меѓународниот фактор кој првично ја поздрави одлуката на судот за казните за „Државниот удар“, сега немаат одговори на пропустите во нивните разузнавачки анализи за тоа кој беше главниот фактор во изборот на новиот премиер на Црна Гора – Кривокапиќ, членовите на неговата експертска Влада и кој го избра човекот кој ја раководи Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора – адвокатот Дејан Вукшиќ❓
Додека ги прават овие анализи вицепремиерот Дритан Абазовиќ изјави дека тајна служба АНБ незаконски следела опозициски политичари, новинари и други лица од јавната сцена, а како налогодавач го посочи поранешниот директор на АНБ, Дејан Перуничиќ за кого в.д директорот Вукшиќ поднесе кривична пријава.
Во жижата на актуелните случувања во Црна Гора покрај барањето за реформа на Владата која ја бара парламентарното мнозинство незадоволно од работата на експертската влада на Кривокапиќ, се најде и изборот и портфолиото на директорот на АНБ Дејан Вукшиќ. Премиерот Кривокапиќ после 6 месеци од неговото назначување за вршител на должнот пред една недела го именуваше за директор без мислење/согласност од Одборот за безбедност при црногорското Собрание❗
Откривањето на сериозните влијанија и врски на премиерот Кривокапиќ и Вукшиќ со Српската православна црква, но и на дел од членовите на владата со Милорад Додиќ, Република Српска и српската БИА, веќе даваат друга димензија на мотивите за одредени одлуки на премиерот Кривокапиќ со кои не се согласува парламентарното мнозинство – задолжувањето со 900 милиони евра за покривање на автопат во кинеска изведба, тајноста на темелниот договор со СПЦ итн.
Она што е топ тема во безбедносните кругови во Црна Гора е улогата на директорот на АНБ Дејан Вукшиќ во борбата помеѓу Шкањарскиот и Кавачкиот нарко-картел. Додека бил адвокат Вукшиќ во судски процеси застапувал неколку членови на Кавачкиот клан. Во многу извештаи на српската БИА се пишува за активности на овие криминални кланови во Црна Гора и во Србија, за повеќе од 41 убиство од криминални побуди, за трговија со големи количини оружње, убиства со динамит и снајпери помеѓу членови на овие кланови, но и сериозната меѓународна димензија на нивните криминални активности под лажни идентитети и логистика на интересни структури❗
Кон овие кланови гравитираат навивачки групи и групи на хулигани чиишто лидери во 2015 година имаа фотографии и со синот на српскиот претседател Вучиќ. По убиството на еден од нив, тогашниот министер за полиција Небојша Стефановиќ почна да апси припадници на Кавачкиот нарко-клан во Србија, алудирајќи дека Шкаљарците не се толку активни во Србија.
Во Црна Гора присутна е дилемата дали априлскиот потег на Дејан Вукшиќ кон припадници на Кавачкиот нарко-клан чиишто бранител бил до неодамна е вистинска борба против криминалот со дрога или пак е координирана акција за сузбивање на конкуренцијата на Шкаљарскиот нарко-клан. Црногорската јавност вели дека Вукшиќ поседува повеќе од 10 стана и друг капитал и дека може да стане сериозен проблем за функционирањето на безбедносниот систем во Црна Гора – членка на НАТО.
Ако на ова се додаде дека тој бил адвокат на Митрополијата на Српската православна црква во спорот со државата-Црна Гора во случајот за нелегална градба, тогаш јасно е влијанието и спрегата на избор и соработка.
Оваа година македонската јавност во случајот „Двојник’ дозна дека еден од главните Шкаљарци - Јован Вукотиќ имал македонски биомериски пасош со украден идентитет. Во 2018 година бил екстрадиран од Турција во Србија, баран во Грција за околу 130 килограми кокаин, како и со потерници од повеќе европски земји за многу дела ...❗
Тука ќе застанам, заради обемот на анализата.
ℹ? Во второто продолжение на оваа наравоучителна регионална анализа ќе ги опфатам актуелните случувањата во рамките на безбедносно-разузнавачката сфера во Србија-Косово, РС Македонија и Бугарија, за да ги заокружам заедничките именители, очекувани трендови и разврски по американски рецепт ...
?До тогаш оставам на Вас да ја разберете и визуелизирате оваа регионална слика?
Loading ... part 2️⃣