Welcome visitor you can log in or create an account

РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР 3️⃣ дел



 

? РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР 3️⃣ дел❗
Претходниот ?„Разузнавачки рефлектор - 2️⃣“ го завршив со смената на поранешниот директор на РДБ - Јовица Станишиќ, со Радомир (Раде) Марковиќ и временските паралели со случувањата во Србија и Македонија до 2000 година во кои големата слика ја дава (не)работата на безбедносните служби.
? Продолжувам ...
??? Како реакција на обидот за изборна кражба, низ цела Србија избиваат протести и штрајкови. Најмасовен штрајк кој претходи на 5-то октомврискиот „пад“ на Милошевиќ е штрајкот во рудникот „Колубара“. Овој штрајк се поврзува со убиството на истражниот судија Небојша Симеуновиќ кој ноќта помеѓу 3-4.10.2000 година одбил да ги уапси 15-те рудари и челниците на ДОС - Борис Тадиќ и Небојша Човиќ. Судија Симеуновиќ одбил да ја изврши наредбата од Милошевиќ и Марковиќ (РДБ). Во Ноември 2000 година е пронајден мртов. Убиството му се препишува на главниот за оператива во РДБ -Ромиќ и неговото Специјално одделение во РДБ.
На митингот во Белград на 5-ти Октомври 2000 година биле присутни стотина илјади луѓе од цела Србија, но изостанала интервенцијата на војската, полицијата и службите за безбедност во насока на зачувување на режимот на Милошевиќ. Напротив.
?Зошто се случил „мирниот трансфер на власта“ во 2000 во Србија❓
???За да обезбедат „мирен трансфер на власта“, кој ќе се покаже како кобен „договор со ѓаволот“ за најпрогресивниот српски политичаар Зоран Џинџиќ, тој и Војислав Коштуница склучиле договор со клучниот дел на безбедносниот апарат (кој бил ударна тупаница на режимот на Милошевиќ) да не посегнат по примена на вооружена сила доколку тоа Милошевиќ го бара. Зоран Џинџиќ се сретнал со Милорад Улемек Легија на 04.10.2000 година и се договорил ЈСО да не интервенира доколку демонстрантите не ја нападнат полицијата. Самиот Џинџиќ заклучил дека овој кобен договор не требало воопшто да се случи, затоа што Легија и Црвените беретки ја смениле страната кога веќе било јасно дека команднатра структура на режимот се распаднала. Коштуница пак, постигнал договор со врвот на Воената служба за безбедност и војската, пред се со Ацо Томиќ кој во тој период бил началник на контраразузнавачкото одделение. Александар Валиљевиќ, во тоа време началник на Воената служба за безбедност вели дека, им бил даден еден список, пишуван на машина, без наслов, ниту пак кому е адресиран, со наредени 40 имиња и презимиња на актуелни лидери на опозицијата, податоци за нив, адреси на живеење, места каде можат да се најдат, какви коли возат и какво им е обезбедувањето. Според него тој список бил со имињата на лица кои требале да бидат ликвидирани.
???Слободан Милошевиќ на 6.10.2000 година го призна изборниот пораз, а претседателското место го отстапи на Војислав Коштуница. Тоа воопшто не значело брза реформа на безбедносните служби и брзо исполнување на „Договорот со народот“ како што наследниците ги именуваа најважните изборни ветувања меѓу кои: отварање на досијеата водени од тајната полиција, расветлување на политичките убиства и вмешаноста на тајната служба во внатрешната и надворешната политика на Србија.
???Како дигресија/паралела со овие случувања на Север, Македонија во 1999 година „спонтано“ учествуваше во кршење на ембаргото кон СРЈ, прими повеќе од 300.000 бегалци од Косово, заради НАТО бомбардирањето, на повидок имаше етнички конфликт кој „преку зелен појас“ од Танушевци ни ја донесе војната во 2001 година, која заврши со потпишување на Охридскиот рамковен договор од 13 Август 2001 година. Пред конфликтот имаше два „процеса“ кои делумно наликуваа на оние во Србија. На 17.01.2000 година во седиштето на СДСМ тогашниот лидер Бранко Црвенковски обелодени стенограми од разговори на политичари, новинари и дипломати кои биле прислушкувани. Тоа е познатата афера со прислушкувањето „Големото уво“. Иако, истрагата не ги даде одговорите на бројните прашања тогаш, а Црвенковски не кажа кој му ги дал прислушкуваните разговори, остана сомневањето дека поранешниот директор на ДБК Зоран Верушевски ги обезбедил транскриптите од прислушкувањето.
Аферата заврши со Одлука (бр. 07-396 од 07.04.2003 година) за „Помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапка“ донесена од тогашниот Претседател на РМ Борис Трајковски. Обвинетите Доста Димовска поранешна министерка за внатрешни работи (1998-2001), а тогашна директорка на Агенцијата за разузнавање, и поранешниот началник на управата за оперативна техника (5-та управа) на ДБК Александар Цветков, беа аболирани за случајот „Големото Уво“ од 2000 година во кој беа прислушувани 190 јавни личности.
По иницијатива на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски во јули 2000 година, беше донесен закон за отварање на досиејата водени од СДБ на РМ од 1945 година. На овој закон по аферата „Големото уво“, претходеше дебата во МВР која пред Доста Димовска како министер ја отвори нејзиниот претходник министер Павле Трајанов. Во една изјава за Дневник од 26.08.1999 година, Павле Трајанов изјавува (цит.)„ Во МВР има материјали за сите политичари и новинари што биле прислушувани“ и дека, дал налог (!) да се прекине прислушкувањето на политичарите (и од опозицијата и од власта) и на новинарите. Предлагач на законот беше проф. Владимир Камбовски како тогашен министер за правда, а во МВР била формирана „високо конспиративна“ шестчлена комисија во која покрај припадници на МВР членувале скопскиот адвокат Саво Коцарев, д-р Звонимир Јанкуловски и директорот на Архивот Зоран Тодоровски. Од денешен аспект е многу интересен податокот дека, Зоран Тодоровски и Саво Коцарев имаат досијеа од македонската СДБ под категоријата „врховисти“, заради нивната тогашна и сегашна блискост со најгласните негирачи на македонското од Бугарија од тогаш до денес. Важењето на законот се совпадна со почетокот на вооружениот конфликт по што тој престана да важи, но заживеа повторно со идејата за „лустрацијата“ која наместо „прочистување“ се претвори во лов на вештерски и повторно правење на „мечешка услуга на сите“ кои и денес „разузнавачки роварат на наша територија“ со чудни „идеологии“, вета и интереси.
???Ваков сличен процес во мај 2001 година се случи и во Србија. Владата донесе Уредба за отстранување на ознаката доверливо од досијеата водени за граѓаните на Србија од СДБ, но пет дена подоцна ја преименува уредбата во Уредба за ставање на увид на одредени досијеа водени за граѓаните на Србија во СДБ. Било утврдено треба да се утврди кои граѓани се наоѓале на списокот на оние кои имаат досијеа во СДБ водени под категоријата „внатрешни непријатели“, со што била стеснета можноста за увид во досијеата на РДБ од страна на оние кои биле водени како „ибеовци“, „либерали“, „анархолиберали“, „опозициски лидери“, „борци за промена“ итн. Судбината на оваа уредба во Србија била - „прогласена за неуставна во јуни 2003 година од Уставниот суд на Србија“.
???За големо изненадување на сите кои се бореле за рушење на режимот на Милошевиќ било останувањето на Раде Марковиќ на функцијата Директор на РДБ по 6 Октомври 2000 година. Раде изјавил дека за „легитимен и легален политичар во СРЈ го прифаќа само Коштуница, и дека „само тој од него може да бара оставка, никој друг“ што воопшто не се случило. Зоран Стијовиќ – долгогодишен оперативец во РДБ ќе изјави дека, „по 5 Октомври Службата почнала да симулира „нормално работење“ и да се обидува да се прилагодува на промените кои се случиле“ и дека, „раководството на РДБ на чело со Раде Марковиќ се потпирале на поддршката на Коштуница“. Сите околности овозможиле врвот на РДБ да се консолидира и повторно да стане значаен (политички) актер во Србија. По краткиот период на привидна неактивност, РДБ почнала да симулира редовна состојба и да праќа извештаи до државните функционери, како што ги испраќало на претходните. Но, она што е најважно во оваа симулација на „нормалност“ е што врвот на РДБ грижливо работел на уништување на документација која би можела да послужи како доказ за многу незаконитости во нивното работење. Марковиќ веднаш по промената на власта наредил уништување на документацијата на РДБ. Имало толку многу материјал за уништување што не можел да се собере во печката на Институтот за безбедност во седиштето на РДБ. Била спалувана во дворот на институтот, додека во Ниш била спалена документација донесена со 5-тонски камион од Белград❗
Оперативецот од РДБ Стијовиќ кој ја водел истрагата за уништување на документацијата тврди дека „била уништена комплетната хартиена документација, микрофилмувана докумнтација и документација во електорнска форма во софтвери“.
?Она што во тој период било констатирано е дека Раде Марковиќ како директор на РДБ на дискови снимил досијеа на опозициони лидери и други важни личности кои биле под третман на РДБ. Станувало збор за материјал во обел од 8000 страници кој бил изнесен од РДБ. Основано се претпоставува дека материјалот служел како инструмент за уценување и влијание врз тие лица❗
За да ја покаже својата моќ РДБ во таблоидите, преку својата новинарска соработничка мрежа почнал да споделува „ексклузиви“ кои се базирале на полувистини, за да не биде откиено дека РДБ стои зад новинарските написи.
? Паралелно со прочистувањето на „своите инкриминации“ Раде Марковиќ и Милорад Улемек Легија ја „кревале својата цена на незаменливи професионалци“ кај новото политичко раководство. Во два настани во Ноември 2000 година тие биле и пиромани и пожарникари. Во 2000 година се кренал бунт на затворениците заради условите во затворите. Во тие бунтови затворската полиција дозволила да биде уништуван инвентар, но интересно било што никој не се противел на уништување и на затворската докумантација. Клучните ликови за смирување на бунтот во затворите биле Раде Марковиќ и Легија. Вториот настан за „професионална афирмација на професионалците од РДБ“ бил вооружениот бунт на Албанците на југот на Србија, каде повторно овие два лика се смирувачи на состојбите. Овие два настани се оценуваат како настани иницирани од соработничката структура на РДБ. Целта на овие два настани била да се покаже дека „новата власт не може да ја контролира безбеденосната состојба без нив, односно да се воздржат од радикални реформски процеси во службите за безбедност“. На овие настани претходило барање на Зоран Џинџиќ во октомври да се смени Раде Марковиќ, што не успеало. Ова се смета за класичен пример на неформална институција, која во литературата се нарекува како „примена на принуда и сила“❗
???Но, ова не траело долго ..., ден по формирањето на Владата на Зоран Џинџиќ на 26.01.2001 година Раде Марковиќ поднел оставка на пртетседателот Коштуница во кој го нагласил „... договорот од пред 5 Октомври“. На местотот началник и заменик на РДБ Џинџиќ ги поставува Горан Петровиќ и Зоран Мијатовиќ. Џинџиќ и по оваа смена се соочува со условувања од Легија кој барал неговиот офицер за безбедност Брачановиќ да биде поставен за началник на РДБ. Тоа било тактички потег на Легија, затоа што знаел дека, тоа условување ќе заврши со посакуваната цел – Брачановиќ бил именуван за началник на 7-та управа во РДБ задолжена за прислушкување. Со ова практично Легија, преку Брачановиќ ги имал на увид сите најважни операции на РДБ. Со ова се гледа колкава била цената на договорот помеѓу Џинџиќ и Легија, која подоцна го чинеше живот❗
?Приоритет на новото раководство на РДБ било „документирање на сите незаконитости во работењето и политичките злосторства на РДБ за време на Слободан Милошевиќ – политички убиства, палење, уништување и изнесување на документација, вмешаност на РДБ во злосторства на просторите на СФРЈ во време на војните...
??Она што најмногу привлекло внимани во јавноста во тој период било откривањето на 660 килограми дрога во сеф во Комерцијална банка – Белград која била под наем на РДБ. Веднаш потоа следело апсење на Раде Марковиќ (февруари 2001) за повеќе соменевања❗
За да ја покаже својата „лојалност кон новата влада“ Легија извршил (се обидел) вооружен упад во вилата во која Милошевиќ е уапсен за да биде предаден на Хашкиот трибунал.
??Затегнатите односи помеѓу Коштуница и Џинџиќ се заостриле околу повеќе работи поврзани со безбедносните служби, но со отворен судир со испорачувањето на Милошевиќ на Хашкиот трибунал на 28.06.2001 година. Во Ноември 2001 година додека Џинџиќ бил на службен пат во САД, припадниците на ЈСО на Улемек Легија под полна опрема и вооружување ги блокирале сообраќајниците во Кула и автопатот кон Центар „Сава“ во Белград, со јавно манифестирање на несогласувањето и испорачувањето на Милошевиќ во Хаг. Барале оставка од министерот за полиција Душан Михајловиќ и врвот на РДБ, како и закон за соработка со Хаг. Ваков вид на протест можела да смири само Војската на СРЈ која била под команда на Коштуница кој го оправдал протестот на ЈСО на Легија. На состанок во МВР на Србија било заклучено дека никој не може да се спротивстави на ЈСО на Легија. Владата на Џинџиќ не можела да се спротивстави на бунтовниците во ЈСО, но не го сменила министерот за полиција, туку се случила смена на началникот на РДБ поставен од Џинџиќ. На местотот на тогашните началник и заменик на РДБ Горан Петровиќ и Зоран Мијатовиќ, биле поставени Андрија Савиќ и Милорад Брачановиќ❗
?Според Владо Николоќ оперативец на РДБ, доаѓањето на Брачановиќ на второто место во хиерархија на Службата е порака дека шеф на Службата станал Легија. Зоран Стијовиќ оперативецот што ги водел внатрешните истраги за злоделата на РДБ за време на режимот на Милошевиќ оваа смена ја толкува како „инструментализација на Службата во функција на Земунскиот клан и Легија“❗
Со смената на раководството на РДБ си заминале сите оперативци кои работеле на истрагите за злоупотребата на службата за државна безбедност.
???Додека Зоран Џинџиќ барал хибридни решенија за контрола над РДБ преку формирање на Совет за државна безбедност и подведување на ЈСО под МВР, Земунскиот клан знаел што се разговара на состаноците на Советот. И додека навидум се смирувала состојбата во ЈСО, Воената служба за безбедност го уапсила потпретседателот на Владата Момчило Перишиќ и членот на американската амбасада со дипломатски статус Џон Нејбор под сомневање дека, Перишиќ одавал државни тајни на американскиот дипломат. Целта на оваа операција не била откривање и спречување шпионска активност. Целта била политичка – нанесување на штета и борба за моќ на политичката сцена по примерот на аферата во Западна Грманија, чијшто премиер Вили Брант морал да поденесе оставка во 1974 година, бидејќи било открено дека член на неговиот кабинет Гинтер Гилам работи за источногерманската Штази. Треба да се има во предвид дека, денот на апсењето на Перишиќ се совпаѓа со потпишувањето на Белградскиот договор за трансформација на СРЈ во лабава државна заедница Србија и Црна Гора, што значело дека Коштуница за брзо нема да биде претседател на СРЈ.
Веќе во јули 2002 година сојузното собрание на СРЈ го донела Законот за службите на СРЈ кој утврдил дека на сојузно ниво има четири служби за безбедност: во рамките на МНР – Службата за истражување и докумнетирање (СИД) и Службата за безбедност во рамки на Сојузната влада; и во рамки на Сојузната влада- Воената служба за безбедност и Воената разузнавачка служба. И покрај многуте недостатоци овој закон се смета за прв по 1984 година во кој се регулира работата на безбедносните служби – надлежностите и овластувањата, начинот на (тајно/јавно) соборање податоци, , контрола и надзор итн.
???Законот за БИА – Безбедносно-информативната агенција е усвоен две недели по донесување на Законот за службите за безбедност на СРЈ, но без најважните одредби кои ја регулираат нејзината работа. Законот содржи само 28 члена. Најважна се смета трансформацијата на Ресорот државна безбедност (РДБ) во Безбедносно-информативна агенција (БИА) и нејзино изместувањето од рамките на МВР во директна подредност на Владата на Србија. Така БИА станува автономно-централна агенција. Најголем дел од нерегулираната материја и шкртата трансформација ја искористил Милорад Брачановиќ, тогаш прв оперативец на БИА и човек на Легија. На клучните места во БИА тој ги поставил луѓето кои се „истакнале“ за време на режимот на Милошевиќ, а во службата ги вратил кадрите на Раде Марковиќ и Јовица Станишиќ. Она што се смета за важна новина во БИА било изместувањето на безбедносната заштита на ВИП лицата од Агенцијата во МВР. Така, заштитата на Претседателот на Владата и Народното Собрание на Србија не се наоѓале повеќе во надлежност на 6-тата Управа на БИА. Сите овие околности ќе се покажат како многу важни по атентатот на Зоран Џинџиќ. На трагичните случувања претходи донесувањето на законската регулатива за борба против организираниот криминал и смената на челниците на БИА. На местото на Савиќ и Брачановиќ поставени се Миша Миличевиќ и Горан Живаљевиќ. Она за што Владата на Џинџиќ не била до крај свесна била спрегата помеѓу организираниот криминал и неговиот продор во безбедносните институции, поради што било невозможно да се води борбата против организираниот криминал❗
???Македонското политичко милје по конфликтот од 2001 година во сферата на безбедноста го карактеризираат бледи копии на одередни политички случувања на Северот и закрепнување од вооружениот конфликт од 2001 година. Иако ДБК официјално е преименувана во УБК во рамки на МВР уште на 21.07.2000 година, Закон за внатрешни работи не беше променет тогаш. Ова е коригирано дури со измената и дополнувањето од мај 2003 година.
На чело на МВР по конфликтот од 2001 година доаѓа банкарот Хари Костов (Ноември 2002 – Јуни 2004), кој во 2004 станува премиер. Во тој период актуелни се барањата на одговори од роднините на исчезнатите Македонци и Албанци од времето на конфликтот (еден од Хашките случаи кои завршија со амнестија во 2011 година), случајот Сопот со загинување на двајца припадници на НАТО, случајот „Ел-Масри“, истрагите за Раштански лозја, трансформацијата на доброволната единица „Лавови“ итн.
Малкумина ја знаат влезно-излезната порта кај кумановско Табановце која за време на сите настани во Србија и Македонија 2000-2002 беше користена за брз премин на македонски и српски ликови од безбедносното и криминалното милје.
???Многу енигма има зад тврдењата на поранешни припадници на единицата „Лавови“, дека начинот на нивна регрутација, тренинг и делување биле идентични на начинот на регрутирање, тренинг и делување на српските „Книнџи“ - подоцна „Црвени беретки“. Не се крие дека луѓе на Легија биле обучувачи на единициата „Лавови“, на што укажуваат и легендарните улични муабети за поистоветувањето на одередни ликови од единицата „Лавови“ (Горан Георгиевски-Мујо) со Улемек Легија.
Судбината на многу лица од единицата на Легија кои беа убивани во криминални пресметки, беа слични со судбините на лица припадници на „Лавовите“. Случајот „Ровер“, убиството на Маријан Тушевски и Кирил Јанев, за што под обвинение беше Љубе Бошковски кој ја формираше единицата, зборува за таа поврзаност и блискост.
?За очекување беше постконфликтното милје да отвори повеќе случаи на криминал извршен од српски или македонски структури со сите тврдења за присуство на српски паравоени структури во 2001 година кои се бореле во РМ, до тоа од кого имале заштита, како и податокот дека не бил само Љубе Бошкоски власт во 2001 година, туку се спомнува и Никола Груевски, кој како министер за финансии во владата на Љубчо Георгиевски не можел да не знае дека се исплаќаат пари за ангажман на „гостите од Север“❗
? Ако се оди поназад од 2000 година ќе се дојде до името на Сашо Мијалков, кој има мотив дел од своите зделки да му ги препише на Бошкоски, поради тогашната аферата со шверц на експлозив од државната компанија „Сувенир“ од Самоков, што ја откри Бошкоски, по што Мијалков беше разрешен од шеф на военото разузнавање. Тогаш Љубе покажуваше слики дека на граничниот премин „Табановце“ полицијата запленила камион со експлозив од воената фабрика „Самоков“ кој требало да биде прошверцуван за Србија, по што Владата го разреши Мијалков од позиција во военото разузнавање. Но, тој не остана должен во случајот „Кампања“ преку „Тортура“ да го врати Бошковски зад решетки откако тој се врати од „Шевенингенските зандани“ со „лавот“ за сите служби - Јохан Трчуловски. Сличност со српската Комерцијална банка се подигнатите 100.000 евра во македонската Комерцијална банка на име на МВР – „паричињата кои крцкаа во ќесичето“ што за Кампања му го дадоа на Бошковски❗
???Додека уште вриеше посконфликтна Македонија се случија „Раштански лозја“ во кој беа убиени седуммина јужноазиски емигранти. Биле држани во надеж за безбеден транзит кон Грција од страна на припадници на ДБК и полицијата, за да подоцна бидат убиени под изговор дека, „полицијата ликвидирала терористичка група“ која имала намера да ја загрози безбедноста на земјата и САД“. Кратко по оваа изјава ФБИ заклучи дека, „емигрантите никогаш не претставувале закана за американски инсталации“. Случајот „Раштански лозја“ заврши со ослободителна пресуда во 2005 година❗
???Овие македонско-српски рецептури и инсталации ги следеа и други хаварии. Една од поголемите во тогашната ДБК/УБК беа случаите кога внукот на министерката Доста Димовска со иницијали А.М, тогаш од позиција на аналитичар во ДБК (денес познат адвокат во актуелни случаи) бил фатен како изнесува тајни податоци од УБК кон Бугарија. Тој „по партиска линија“ споделувал и сензитивен материјал со сега веќе починат помошник при БЈБ во МВР за дејстување на терористички групи, кој подоцна бил пронаоѓан при претреси во домови на лица подоцна осудувани за тероризам. Оваа пракса подоцна ја повторил и еден професор од еден приватен универзитет – поранешен припадник на ДБК❗
?Не изостанува и случајот со кражба на дигитална архива на УБК од страна на лица, повторно од аналитика. Но, за сите овие случаи немало и нема никаква внатрешна истрага или пак било каква одговорност. Помеѓу пензионирани оперативци од тоа време провејува истото мислење дека, во постконфликта Македонија со сите политички линкови и влијанија од Север изостанала сериозна реформа која ќе ги изолира криминалните структури и профитери од конфликтот во 2001 година❗
???Трансформацијата на единицата „Лавови“ во значително поблаг интензитет е некаква бледа копија на трансформацијата на „Црвените беретки“. Во јануари 2003 година се случуваат неколку блокади на припадниците на Лавовите кои постигнале договор со Црвенковски, Костов и Трајковски околу нивниот статус и барањето за амнестија за кривични дела сторени за време на конфликтот кои власта ги негираше, а Лавовите тврдеа дека им била ветена. По одлуката за распуштање на единицата беше постигнат договор за вработување на 600 припадници на единицата во МВР. Мирјана Контевска, портпаролката на Хари Костов обзнани тогаш дека, не било важно кој ќе членува во комисијата, туку каков резултат ќе даде. И даде ... По многуте современи настани (20 години потоа), за познавачите на настаните тогаш станува јасно дека, многу ликови од тоа време беа користени како матици за формирање на популарните патриотски движења/здруженија кои предводеа политички случувања во еден преоден период. За некои од нив веќе се знае дека гравитираат во ластик-соработничката мрежа на тие кои тогаш ги користеа за цели кои ги именуваа како „државни“❗
????Случајот Ел-Масри беше грешка во низата на УБК. Хари Костов во ноември 2004 година даде изјава дека, „апсењето на Калед ел-Масри се случи за време на мојот мандат како министер, во декември 2003. Македонските агенти кои припаѓаат на УБК, постапувајќи под моја надлежност како министер и под директен надзор на тогашниот директор на УБК (Сиљан Аврамовски), беа ангажирани во апсењето на еден човек кој патувал со германски пасош под името на Калед ел-Масри ...“. Случајот заврши со казна за Македонија, но со унапредување на Сиљан Аврамовски во министер на местото на Хари Костов. Сиљан Аврамовски од тогаш до пролетта 2019 година беше една од двете фигури во скоро сите последователни хаварии на линија/паралела север-југ, кој зад плаштот на „американскиот интерес“ (?!), од позиција на вечен заменик-директор стана „константата на славната и до крај не открена улога на УБК за време на Сашо Мијалков“❗
????По смената на власта во 2006 година, на чело на Владата доаѓа Груевски – внук од сестра на првиот министер за полиција Јордан Мијалков познат како економски „разузнавач“ на југословенското СДБ во Прага, а на чело на УБК доаѓа неговиот син Сашо Мијалков❗
Тој со него во МВР ја носи воената структура која датира од времето на ЈНА, која презеде голем дел од валканата работа на шефот Мијалков.
Од она што на јавноста и е познато е РДБ-рецептот за извлекување на досијеа за лица кои значат нешто во општеството, до уништување на се што ќе ги инкриминира. Уништувањето на целокупната сомнително набавена опрема за прислушкување од милионските буџети на УБК од страна на Горан Грујовски, Никола Бошковски и др., останува пример како наместо 5-тонски камион со документација која била палена во Ниш, милионската опрема се пресува на машина за отпад и се дроби на дробилица. Се уништувала и пишана документација во времето на Мијалков и неговите следбеници до 2018 година❗
?Ќе спомнам само два случаи – еден познат, еден не. Сметководствената документација за „спец-касата“ на УБК од која биле потрошени за измислени оперативни акции близу 1 милион евра била половично уништена од референти кои го понесоа товарот на одговорноста за кариерите на оперативците кои работеле на 14 измислени операции❗
?Ако денес го отворите случајот „Спец-каса на УБК“ ќе видите дека, ниту МВР, ниту било која друга институција не одговори на клучното прашање – кои биле операциите и што се сузбивало со парите од спец-касата на УБК. На ова прашање одговор нема и „лицето задолжено за операции“ - Сиљан Аврамовски кој во периодот на реформата на УБК како „транзитен балансер“ на владино-опозициската вага, повремено играл улога и на „сецко“ за компромитирачка документација. За оваа „сецко-мисија“ знае еден поранешен дирекор, неговата секретарка и еден угостител❗
????? Ако Раде Марковиќ изнел 8000 страници хартија за политичари и личности под третман на РДБ за време на Милошевиќ, претпоставете си само што и колку изнеле сите „професионалци“ од УБК кои од 1991 година ги раководат и реформираат безбедносите служби ❓
? ?? Убиството на премиетот Зоран Џинџиќ на 12.03.2003 година на најдраматичен начин укажува колкаво било отсуството на сериозно реформи во службите за безбедност и штетите на политичкиот систем и иднината на Србија.
? ?? Настаните од 27 Април во Собранието во РМ на драматичен начин укажуваат колкаво било отсуството на безбедносни институции. Ја измеривме ли штетата. Да, на мини вага. Големата вага го чека големиот товар кој малкумина сакаат да го мерат.
Зошто❓
Застанувам тука ...
ℹ?На ова прашање и на Север ?? Југ ?? безбедносната рецептура ќе пишувам во следното продолжение ....