Welcome visitor you can log in or create an account

РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР 2 дел



? ? РАЗУЗНАВАЧКИ РЕФЛЕКТОР 2️⃣? - Безбедносните служби на Србија и Македонија (1990-2000)❗


 
За реформите на службите за безбедност многу се пишувало по Студената војна, по падот на Берлинскиот ѕид и трансформација на германската служба „Штази“. Реформите беа потреба за демократизација на посткомунитичките, пострежимските и постконфликтните држави. Овие процеси на тлото на поранешна YU (од распадот до денес) се доживуваат како најкомплицирани, недебатирани процеси од причина што пост-YU земјите беа со силен предзнак „пост“ и под силно влијание на „сојузните управи за безбедност“ лоцирани во Белград.
➡️ Западните сојузници кога го оценуваат „раскрстувањето со YU“ тоа го мерат и преку „раскрстувањето со Белград“.
Ова е причината зошто ниту еден концепт на реформа не ги опфаќал сите нејзини важни елементи. Така во еден период се забележува насоченоста на реформите кон „соочување со минатото“ (отварање на досиеја и лустраација), во друг период се зборува за механизими за контрола (парламентарна, граѓанска), за организација, поставеност, култура, човечки ресурси итн. Во последните неколку години е забележан тренд на (чисто) нормативно уредување на безбедносните служби, опремувањето, професионализација, компатибилност, координаација и сл. Скоро сите стручни оценки за реформските процеси кои генерално (од надвор) се оценети како добри, внатре се забележува критика за „пропуштени шанси“ да се дадат одговори за улогата на безбедносните служби во режимските времиња на владеење, да се открие нивната поврзаност со политичките процеси, трансферите на власта, криминалот и корупцијата, успешноста на контра-разузнавачката заштита на земјите, „легалното“ делување на странски разузнавачки служби (СРС), усогласеноста со глобалните безбедносни агенди и трендови.
???? Американците и Британците имаат две важни фрази за реформите во безбедносните служби:
?1) Критични точки (moment of contingency); и,
?2) Изгубен историски моменти (the lost moments of history).
Се вели дека, колку е побрзо носењето на политички одлуки за промени во критичните точки кои траат кратко, толку ќе ги направат возможни институционалните промени и ќе спречат изгубени историски моменти и камуфлажи. И обратно❗
? Но, да тргнеме по ред ...
Оваа 2/4 анализа ќе се занимаава со еден помал сегмент од реформите на безбедносните служби на соседна Србија и Македонија од распаѓањето на YU до 2000 (до падот на Милошевиќ и конфиктот 2001). Ќе ја исклучам анализата на реформата на сојузните воени служби за безбедност, заради нивната комплексност и стратешки различнатс позиција – НАТО членството на РСМ и декларираната воена неутралност на Србија. Но, ова не значи дека овие служби не ги условуваат правците на развој на разузнавачките активности на службите во регионот.
ℹ?Србија и Македонија – социјалистичкиот поредок и наследството на тајната полицијата❗
Безбедносно-разузнавачките служби во скоро сите поранешни YU-републики влечат корени од службите за безбедност настанати за време на, и по Втората светска војна. На 13.05.1944 година формирано е Одделението за заштита на народот (ОЗНА) како единствена разузнавачка и контразузнавачка служба. Броела 400 членови со картотека од 47.534 регистрирани сорабоници. Имала своја вооружена формација – Корпус за народна одбрана (КНОЈ).
Со Уставот на ФНРЈ во 1946 година, ОЗНА се укинува и се формираат Управата за државна безбедност (УДБ, УДБА) и Контра-разузнавачката служба на ЈНА (КОС). Подоцна (1949) во рамки на Сојузниот секретаријат за надворешни работи е формирана Службата за истражување и документирање (СИД) како „чиста“ разузнавачка служба.
По конфликтот меѓу Тито и Сталин (Информбирото), УДБА и КОС имале задача да идентификуваат „ибеовци и сталинисти“. Идентификувале 55.000 од кои 16.000 биле уапсени и затворани, додека други биле прогонети. КОС и УДБА на територија на Македонија уапсиле повеќе околу 750 лица, а бројката на досијеа за Македонија е петоцифрена❗
До промени во УДБА по лошиот имиџ во тоа време доаѓа во средината на 1960 година по расколот помеѓу Александар Ранковиќ и Тито. На Брионскиот пленум во 1966 година, УБДА се реорганизирала, следело чистење на кадрите на Ранковиќ и се променил називот на службата од УДБА во Служба за државна безбедност (СДБ). СДБ била децентрализирана служба, така што Македонија и останатите 5 републики и 2 покраини добиле свои Служби за ДБ, со сојузно седиште во Белград. СДБ на Македонија можела самостојно да спроведува акции, освен во случаи кои тие се однесувале на надворешната политика на СФРЈ. Во тој период биле формирани првите парламентарни комисии за контрола на службите, но никогаш до крај не се случило нивно одвојување од спрегите на политичка моќ.
СДБ на СРЈ го задржала влијанието во општеството со правење на густа соработничка мрежа во сите професии – работници, професори, судии, обвинители, новинари, интелектуалци, свештени лица, академици, синдикалци – што овозможило во секој момент да може да се активира цел механизам за разни акции, афери и подметнувања кои не биле по воља на СДБ или на политичкиот врв.
?Сите овие инсталации функционираат и денес❗
Во тој период борбата против внатрешните непријатели се пренела и на непријателската емиграција (устааши, четници, балисти...) со брутално делување во земјите од Европа и надвор од неа (САД, Канада, Австралија). СДБ за извршување на политички убиства и киднапирања на повеќе од 200 емигранти имала посебни специјални тимови составени пред се од криминалци и соработници на СДБ – сите со различни улоги.
?Еден од главните предводници на тие тимови заа ликвидации бил Жељко Ражњатовиќ – Аркан. Поранешен началник на СДБ вели дека, „ангажирањето на вакви ликови било заради нивниот изразен патриотизам“ и затоа што „не прашувале зошто и за кого го прават тоа“ - но, за свој бенефит❗
?СДБ на сојузно и на републичко ниво, пред распаѓањето на СФРЈ и години потоа ги користела криминалните групи во шверц со нафта, оружје, дрога, злато итн., првично преку фирмата „Генералекспорт“ и други фирми подоцна. Овие активности СДБ ги „правдала“ со недостаток на девизи за раздолжување на државата кон Запад. Овие факти прва ги објавила СДБ на Словенија. Биле развиени и разрааботени шеми за перење пари, кои вклучувале банки, оф-шор компании, коцкарници итн. Документацијата на Словенечката СДБ и изјавите на Душан Ступар, началник на белградската СДБ откриваат дека, од испраните пари средства била набавувана шпиунска опрема и биле полнети „спец-касите“ на СДБ низ цела СФРЈ. Добро упатените извори и поранешни припадници на СДБ тврдат дека, шверцот со акцизна стока (нафта, цигари, алкохол) под покровителство и заштита на СДБ никогаш не престанала, независно колку пати службите за безбедност во сега независните YU-републики го промениле името на службите❗
Тоа го потврдуваат со фактот што и по донесување на Законот за основање на системот за државна безбедност на СФРЈ од 1984 година, СДБ на сите нивоа работела во недефинирана законска рамка како тајна полиција со сите полициски овластувања.
?Сите негативни страни и влијанија на сојузниот центар на СДБ во Белград дојдоа до израз со процесот на распаѓање на СФРЈ и злоупотребата на Ресорот државна безбедност (РДБ) на Србија од страна на Слободан Милошевиќ во граѓанските војни на просторот н Хрватска, БиХ, Косово, подоцна распаѓањето на сојузот со Црна Гора, атентатот на Претседателот Киро Глогоров, конфликтот од 2001 година во Македонија итн❗
?? Со измени на Законот за внатрешни работи од 1980 година во 6 август 1991 година се изврши само преименување на „Секретаријатот за внатрешни работи на СРМ“ во „Министерство за внатрешни работи на РМ“, а во состав на Министерството работите од државната безбедност продолжува да ги работи Службата за државна безбедност (СДБ) според претходните прописи.
Првиот директор на СДБ во периодот 1991-1995 година бил истакнатиот аналитичар Слободан Богоевски, додека во периодот 1986-1991 година двата лика на РСВР – СДБ биле: Димитар Николовски – началник на Секторот 1 – Разузнавање, додека задолжен за контраразузнавањето бил Галичанецот Аврам Куковски❗
Со донесување на новиот Закон за внатрешни работи на РМ на 06.04.1995 година, СДБ на РМ формално престанала да постои. Надлежностите на СДБ преминале во надлежност на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК) при МВР, додека Секторот 1 на СДБ – Разузнавање бил основа за формирање на Агенцијата за разузнавање на РМ истата 1995 година.
???Сето ова старо ново (ре)формирање и примопредавањето на директорските функции помеѓу Слободан Богоевски и Добри Величковски кој доаѓа на местото на тогаш формираната ДБК, се случува на денот на атентатот на Претседателот на РМ, Киро Глигоов на 03.10.1995 година❗
Колку сето ова е случаајно останува да анализираме понатаму ...
?? Автократското владеење на Милошевиќ, нереформираниор Ресор-државна безбедност (РДБ) на Србија, тесната спрега со криминалните и параполициските структури се школски пример за анализа и аналогија на сите нус-појави во раните 90-ти години. Милошевиќ не трпел никаков плурализам. По донесување на Уставот на СРЈ на груб начина го искористи РДБ за свои политички цели. За шеф службата го поставил Јовица Станишиќ, а во исто време воспоставил контрола над Воената служба за безбедност со пензионирање, а подоцна и со апсење на началникот Александар Васиљевиќ. Главна причина за апсењето на Васиљевиќ и смена на сите негови сорботници во 1992 годин бил фактот што тие не биле националистички задоени, не сакале да му предадат клучни документи од воената служба и не го оправдувале пара-безбедносното функционирње на Јовица Станишиќ на просторите на Хрватска и БиХ. Милошевиќ на чело на Воената служба за безбедност го поставува најдобриот пријател на нему лојаниот Станишиќ, Недељко Бошковиќ. Она што се покажало исклучително опаасно во тој период е настанот од Октомври 1992 година кога припадници на МВР-Србија под директна команда на Јовица Станишиќ упаднале во зградата на сојузното МВР и СДБ, каде што ги разоружале своите колеги од сојузната полиција, ја презеле разузнавачката техника, целата документација и архива и ги исфрлиле надвор затекнатите колеги. Тоа се случило додека првите политички противници на Милошевиќ (Добрица Чосиќ и Милан Паниќ) биле надвор од Србија. Идејата што тогаш ја остварил Станишиќ била - сите безбедносни служби да бидат под негова контрола како главен координатор во Советот за безбедност❗
?? Милитаризацијата и криминализацијата на РДБ дошла пред првите денови на српско-хрватскиот вооружен конфликт.
?Јовица Станишиќ преку Франко Симатовиќ-Френки на 4.05.1991 година ја формирал специјалната вооружена формација под команда на РДБ. Првично била именувана како Книнџи (по дејствијата во Книн), а подоцна добила назив Единица за специјални операции на РДБ или попозната како ЈСО - „Црвени беретки“.
Со оваа формација за време на војните во Хрватска и БиХ командувале Аркан и Френки, за подоцна во 1996 година командувањето да го преземе Милорад Улемек-Легија поранешен припадник на француската Легија на странци, кој во 2003 година стои зад атентатот на премиерот на СРЈ Зоран Џинџиќ и многу други политички убиства❗
Во 1992 година Советот за безбедност на ОН воведе санкции кон СРЈ што дополнително ја зајакнало врската помеѓу криминалните и пара-полициските структури под команда на РДБ на Станишиќ и сите негови балкански врски. Во извештајот на СБ на ООН, СРЈ била „центар на сива и црна економија, шверц со оружје, дрога, акцизна стока“, додека „соседните земји (Романија, Бугарија, Македонија) биле во висок криминален ризик заради кршењето на санкциите и нивните врски со безбедносните служби“.
Главниот видлив шверц со нафта, цигари, оружје и стока се одвивал на воиштата преку Автономната покраина Западна Босна чиишто водач бил Фикрет Абдиќ. Завојуваните страни дење војувале, а ноќе шверцувале. Парите биле користени за набавка на специјална опрема за единиците на Аркан и Легија, додека останатото завршувало во џебовите на сите кои тоа го организирале❗
?За време на овие економски санкции една од досетките на Милошевиќ кои до крај ќе го осиромаши српскиот народ била, преку формирање на пирамидални штедилници со поволни камати на граѓаните да им ги извлече девизните заштеди, без да има одговорност за сопствениците на штедилниците❗
Во тој период ова не важело само во Србија. Рецептот бил препишан и во РМ. Скоро во исто време во РМ се случува „Аферата ТАТ“ во која покрај покраај сопственичката Соња Николовска со 3,5 години заатвор, беше притворен и Сиљан Мицевски од Битола и неговата сопруга. Иста е приказната и со штедилницата „АС“ и една тетовска штедилница. Штетата за македонските граѓани во оваа афера е повеќе од 60 милиони германски марки❗ додека во српските пирамидални банки „Дафимент“ и „Југоскандик“ штетата се проценува на 370 милиони германски марки❗
?Зад овие афери стоела државната безбедност, поради истиот модус операнди за формирање на банките зад кои стоела доктрината на Милошевиќ и неговите инстлации во регионот????❗
Томе Неновски, тогашниот вицегувернер на НБРМ изјави дека, ?„ТАТ е државен организиран криминал“. На 11.03.1997 година комисија во состав од 4 члена [од МВР] ги отворила ќесите без присуство на лица од штедилницата ТАТ. Документите [од штедилницата] биле извадени, разгледувани, проучувани, селектирани и дел од нив бил земен. За тоа комисијата никогаш не направила записник, а со тоа ниту опис и попис на документацијата?
?Без судски разрешници и одговорености завршиле судските постапки за овој вид организиран финансиски криминал на штета на граѓаните❗
?Неколку години подоцна скриените актери и соработници на безбедносните служби вклучени во овие афери биле „наградени“. Така, бизнисменот Сиљан Мицевски до денес е Почесен конзул на Србија во РМ, додека Дафина Милановиќ во Србија станува „банкарски бренд“ со отварње на банки во Кипар, Никозија, Лугано, додека Јездимир Васиљевиќ побегна од Србија. Сите документи од истрагите во Србија РДБ ги класифицирал❗
?Додека во Србија во 1996 година, РДБ направила список од 170 успешни фирми кои биле принудени (милом или силом) да обезбедат средства за финансирање на специјалната единица на РДБ и специјални операции н ЈСО, во РМ пред и по, атентатот на Киро Глигоров активно се оцртуваа контурите на приватизаацијата на фирмите со општествен (државен) капитал кои на улица оставија илјадници работници. Добитничките редови на купувачи ги пополнија транзиционите олигарси во Македонија кои беа подготвени за „преземање на наследството“ од здружениот труд на грааѓаните со помош на добрите врски со безбедносните служби кои делеа сличен памет за богатење во различенте општествен и безбедносен контекст на Балканот❗
?? Слободан Милошевиќ во 1998 година го разреши Јовица Станишиќ од функцијата директор на РДБ, а на негово место го назначува Радомир Марковиќ кој важел за човек кој учествувал во апсење и тепање на Вук Драшковиќ и неговата сопруга. Истиот подоцна бил лик во организираниот атентат на Ибарската магистрала во кои загинаа четири лица, а Драшковиќ остана жив❗
Од причини што Марковиќ оставил траги и докази за вмешаност на РДБ во обидот заа атентат на Драшковиќ, во рамките на РДБ без никаков акт тој формирал Одделение (6-то) за специјални операации составено од 13 лица од единицата на Легија, на чело со Ратко Ромиќ.
??Многу бргу потоа биле убиени: Павле Булатовиќ, министер за одбрана на СРЈ, Жика Петровиќ, директорот на ЈАТ, Иван Стамболиќ претседателот наа СРЈ, судијата Небојша Симеуновиќ, новинарот Славко Чурувија и неговиот убиец Лука Пејовиќ. Специјалниот советник на ДБ за тајни операции во странство Драган Филиповиќ во своја книга вели дека, „во времето на Радомир Марковиќ имаше обид за атентат и на Џорџ Сорос“, додека „во Пеќ во кафичот „Панда“ биле убени 6 и ранети 15 млади на возрааст од 14-25 години за што била обвинета ОВК, за што подоцна се докажа дека убиствата ги извршила ЈСО на Легија во организација на РДБ за време на примирјето помеѓу ОВК и српските безбедносни сили што резултираше со ескалација на конфликтот“. Му се препишува и убиството на новинарот на BBC Џил Дандо кој известувал за случуваањата на Косово?
?? Додека во Србија до падот на Милошевиќ на 5 октомври 2000 година се случува погоре напишаното, македонските безбедносни служби и со странска помош не успејаа да го расветлат атентатот на претседателот Киро Глигоров❗
До денес исто так, остана мистерија е загинувањето на првиот министер за полиција на РМ Јордан Мијалков по средби во Хотел „Врело“ на територија на Србија.
Се плетеа многу приказни околу атентатот на претседателот Глигоров. Беше посочувана Воената контраразузнавачка служба на СРЈ (КОС) дека стои во позадина на атентатот на Глигоров и на сообраќајката на Јордан Мијалков.
?Но, од аспект на тогашнаата сила и подем на РДБ на Јовица Станишиќ – извршителот на Милошевиќ, станува јасно дека прстите допреле и тука. Добро е да се каже дека, сите политичари кои на еден или на друг начин учествувале во политичкиот и безбедносниот живот во 90-тите во СФРЈ или беа во директна или индиректна релација со безбедносните служби на СРЈ беа тригери за дестабилизација на РМ која се случи подоцна❗
??Тоа ќе се покаже со конфликтот од 2001 година, за што безбедносните служби сеуште немаат одговори:
?Зошто конфликтот се случи по падот на Слободаан Милошевиќ во 2000 година❓
?Зошто токму структурите на Улемек Легија со слична тактика учествуваа во обуки на доброволната полициска единица „Лавови“❓ и
?Дали имаше Албанци кои во спрега со РДБ беа искористени за почетокот на бунтот во РМ❓
Слободан Богоевски (1991-1995),
Добри Величковски (1995-1998),
Зоран Верушевски (1998-1998),
Бојан Бојановски (2001-2002),
Горан Митевски (2001-2002),
Никола Спасовски (2001-2002),
Зоран Верушевски (2002-2003),
Сиљан Аврамовски (2003-2004)
Миле Зечевиќ (2004-2006),
Сашо Мијалков (2006-2015),
Љупчо Андоновски (2015-2016),
Владимир Атанасовски (2016-2017),
Горан Николовски (2017-2019)
??1️⃣3️⃣ поранешни директори на СДБ/ДБК/УБК во 30 годишна независностна РМ со многу, многу нерешени проблеми. Сите тие имаат неколку заеднички именители и неколку разлики во контекст на сето она што во бледо-црвена копија го гледавме на полето на безбедноста во РМ, споредбено со Србија❗
Ќе застанам тука ....
ℹ️?Ќе продолжам со анализа на улогата на директорот на РДБ Радомир Марковиќ, уништувањето на 5-тонска докумнетациј на РДБ пред падот на Милошевиќ, Улемек - Легија и неговата екипа во тие настани ..., ѓаволскиот договор на Зоран Џинџиќ со оваа структура заради привидот за „мирен“ трансфер на власта по 5- Октомври и улогата на БИА денес.
ℹ?Сето ова во парали со слични и исти настани кај нас - уништување на докумнтација и системите за прислушкување во ДБК/УБК, пара-полициски структури на УБК и спрега со клиентелизам, криминал и корупција, врските со СРС, 27 Април и „мирниот“ трансвер на власта ...
? До среда во 21.30 часот читајте и размислувајте гласно❗
Се читаме ?️‍♀️