КАКО МИХАЈЛО МАНЕВСКИ, ВЛАДИМИР ТУФЕГЏИЌ ... ЈА СПАСИЈА УДБА!?
Да го повторам мојот текст „ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА“ само сега под нов наслов, ме натера гостувањето на Михајло Маневски министер за правда во владата на Груевски во емисијата „Заспи ако можеш“!!
Јордан Петровски 19 фебруари 2010
Се наоѓам себеси во истата дилема како од пред околу единаесет-дванаесет години, за тоа дали да обзнанам некои работи. Тогаш ги објавив моите видувања и денеска гледам дека ни малку не сум погрешил. Само проблемот бил што тогаш многу малку луѓе ја разбрале пораката. Се надевам дека овојпат нема да биде така. Ги читам и слушам изјавите - ветувањата на премиерот Никола Груевски и морам да признам дека му се восхитувам на убеденоста дека може да лаже до бескрај. А дека лагите не траат вечно и како поминуваат тие што го лажат народот нека му послужи примерот со Бранко Црвенковски. Деновиве Груевски излезе во јавноста со порака дека ќе се залагал да се спроведе лустрацијата. Ние од Групацијата (не се работи за никаква политичка партија или интерес да се добие некаков бенефит - многумина од Групацијата можеби никогаш нема да дојдат во Македонија, можеби тоа не го разбира Груевски дека некој прави нешто за Македонија без пари. Да го потсетам. Нека провери колку пари потрошил Глигоров за лобирање на Северноамериканскиот континент и колку тој досега има потрошено, а се со ист резултат - нула) не сакавме досега јавно да проговориме за некои работи, но ова се многу важни моменти, можеби пресудни за опстанокот на Македонија и затоа потребно е да се проговори јавно, со име и со презиме, а времето по нас ќе покаже кој бил во право.
Имено, најпрвин да напоменам дека Групацијата и понатаму останува длабоко разочарана од скандалот што го приреди Груевски минатиот февруари со последноминутното откажување на договорената посета на Канада. За време на посетата Груевски требаше да присуствува на „Гоцевата вечер“ по повод 50 години од постоењето на организацијата Обединети Македонци во Торонто. За истата вечера беше договорено и заедничко присуство на премиерите на Македонија и на Канада, Груевски и Стивен Харпер. Иако Груевски откажа, Харпер, со своето достоинствено присуство одржа лекција како се однесува премиер на држава. Но, и покрај споменатиот скандал, Групацијата се надмина себеси во желбата да и помогне на Македонија, и успеа дополнително да организира официјална посета на македонскиот премиер на Канада во август 2009 година за која опширно е запознаена јавноста во Македонија, а со тоа да им прати порака и на граѓаните на Македонија дека Македонија не е изолирана држава, а и на дел од државите кои беа колебливи во поддршката на Македонија дека, сепак Македонија ужива поддршка од држава од Г 7. Знаевме дека Груевски оваа посета ќе ја искористи за лична промоција, но избиравме меѓу две зла. Мислевме дека по оваа посета и наводните договорени средби со дел од Групацијата и од Груевски ќе изградиме заеднички визии за нашиот дел од работата. Но некаде имало недоразбирања или некој си играл глув телефон. Битно било да се дојде во Канада и толку.
Во овој контекст, за време на престојот на Груевски во Канада во присуство на сведоци, односно лица од неговото опкружување, јас лично разговарав со него (бидејќи не сакаше да одвои термин за состанок со претставници со Групацијата - така ни пренесоа, јас бев задолжен да зборувам во име на Групацијата, ако ми се даде можност), околу проблемот за незаживување на лустрацијата и можностите и врските на групацијата кои ги нудиме. Притоа, уште тогаш му укажав дека Групацијата ќе помага само десничарски влади и партии и дека Уставниот суд ќе ја укине лустрацијата од 1991 година наваму и со тоа ќе фрли голема дамка врз Македонија, која ќе биде прикажувана како земја што се уште не расчистила со комунистичкото минато. Расчистувањето со комунизмот, пак, беше услов да се реализира и да се официјална посета на уште една земја која важи за една од светски велесили, а која начелно беше договорена за првата половина на оваа година. Непреземањето ништо од крајот на август 2009 година до денеска, скоро договорената официјална посета, нашите пријатели од опкружувањето на претседателот на таа држава ја одложија постата за некои подобри времиња и по се изгледа за друг премиер на Македонија. Премиер кој конечно ќе собере сила и ќе покаже на демократскиот свет дека Македонија се обидува да се извлече од канџите на комунизмот.
Во оваа насока да појаснам дека јас и тогаш на моите средби со Груевски во Канада, и сега, укажувам дека мојот азилантски случај го експонира Групацијата, бидејќи е единствен докажан на овие простори и поради тоа се служиме со него. Тој едноставно е показател дали дошло до промени во Македонија. Му посочив на Груевски дека не мора да чека на лустрацијата - таа нема да се спроведе бидејќи познато е дека кога комунистите треба нешто да забошотат, се формира Комисија. За да ми покаже дека е заинтересиран за моите укажувања Груевски ми го препорача Љубен Тевдовски од неговата придружба да поразговараме поопширно за можните решенија кои ние како Групација сме ги согледале и за кои мислиме дека ќе придонесат лустрацијата најпосле да почне да се спроведува.
Но, наспроти договореното во Канада, од август 2009 година до денеска ниту трага ниту глас од Груевски и од Тевдовски. За волја на вистината, во октомври минатата година, имаше еден обид за контакт за да поразговараме за организирање на посета на Груевски, на државата посочена во мојот разговор со него. По извршените консултации со дел од Групацијата таквата средба ја одбив и притоа бев обвинет, дека не е чесно да „уценуваме“ со нашето организирање на посета и дека е потребно да бидеме патриоти и да му овозможиме на Груевски да ја оствари таа посета. Очигледно е дека Груевски пребрзо беше заборавил на она што го разговаравме во Њу Џерси и во Торонто.
Имено, на македонската јавност, а и на Груевски им е познато дека до истражниот оддел на Основниот суд Скопје 1 уште на 20 февруари 2008 година имам поднесено предлог за давање согласност за подигање на обвинителен акт (откако беше отфрлена мојата кривична пријава поради наводна застареност), без да се спроведува истрага против девет лица поранешни и сегашни функционери и вработени во МВР и во македонската тајна полиција (Љубомир Фрчковски, Томислав Чокревски, Слободан Богоевски, Зоран Верушевски, Сиљан Аврамовски, Кузман Јовановски, Горан Станковски, Зоран Поповиќ, Тодор Димковски).
Овие лица во периодот од 1992 до 1998 година отвориле и воделе полициско досие против мене од политички и од идеолошки причини притоа подведувајќи ме на невиден полициски прогон со тешки последици за мене и за моето семејство на личен и на деловен план поради што бев принуден во 2000 година да емигрирам во Канада каде добив политички азил. На прв поглед изгледа чудно, но ете морав да емигрирам и да се спасувам од злоупотребите на тајната полиција токму во демократска Македонија. Со промената на власта и победата на ВМРО-ДПМНЕ искрено се понадевав дека мојот случај најпосле ќе биде расчистен по институционален (судски) пат и тоа не заради мојата голгота туку пред се заради моралната сатисфакција за илјадници Македонци кои со години биле следени и малтретирани од тајната полиција. Но ете, и по две години од мојот предлог до скопскиот кривичен суд истражниот судија Владимир Туфегџиќ се уште не може да ги пронајде пријавените лица, иако на пример, пријавените Љубомир Фрчковски и Томислав Чокревски секој ден на само педесетина метри од канцеларијата на Туфегџиќ држат предавања на Правноит факултет.
Не навлегувајќи во мотивацијата на Туфеџгиќ да ги штити пријавените, сакам да го потенцирам фактот дека тој со ваквото свое однесување силно влијае да не се расчистат некои матни процеси во државата, и пред се врз демократскиот развој на Македонија, со што не само што трпи демократијата туку е нарушен и имиџот на Македонија пред меѓународната заедница. Особено кога се разоткрива дека една ваква личност под основано сомнение додека работел како адвокат е инволвиран во криминални активности, дополнително беше предложен и избран за судија во скопскиот кривичен суд и веднаш по изборот го добива мојот случај ????
Оттука логично ми се наметнува прашањето дали тогашната претседателка на скопскиот кривичен суд Добрила Кацарска од 20 февруари 2008 година барала соодветен судија на кого ке му го додели предметот, па кога не нашла во редовите на постојните судии, морале да примат проверен и докажан кадар во ликот на новоизбраниот Туфегџиќ: (се до неговиот избор за судија мојот предмет стои како нераспореден) на кого му го доделуваат предметот. Во оваа насока, збор-два и за адвокатските потфати на судијата Туфегџиќ, кои ги најдов во текстот под име „Пепел“, малку леб и многу криминални игри.
Се наметнуваат неколку прашања:
1. Дали Туфегџиќ бил на обука кај Смиленски , Бајруш.....
2. Дали му е страв оти мојот случај треба да открие како се наградени дел од соработниците на УДБ - /ДБК
3. Дали, пак, целта е сеопфатна: пипците на удбашкоит октопод, кој се изроди во политичко полициско подземје, а кој го почнаа Глигоров и Црвенковски, а сега под надзор на Груевски, да ги прикрие Владимир Туфегџиќ и „независното“ судство по терк на Фрчковски и Маневски.
Сега од дистанца се покажаа како исправни сомневањата на бројните Македонци кои биле прогонувани од политички и од идеолошки побуди дека Македонија нема капацитет да расчисти со старите структури од типот на пријавениот Сиљан Аврамовски, кој и денеска е заменик-директор на тајната полиција иако својата полициска кариера со години ја градел на следење и на прогонување на македонските патриоти.
Но, срамот е дотолку поголем што судијата Туфеџгиќ, Сиљан Аврамовски и слични на нив не се клучни фигури во овие опасни заткулисни игри врз македонскиот народ, туку се само мали шрафчиња од старата и моќна удбашшка инсталација која се уште господари со Македонија, па и не треба да зачудува зошто истражниот судија Туфегиќ во мојот случај досега не постапи според законските надлежности и обврски. Сметам дека за овие моменти не смее да се премолчува, ниту да изостане реагирањето на институциите на системот. Затоа, ја прашувам Владата дали се чувствува должна да и одговори на македонската јавност дали е дозволиво припадници на судската власт да прават таков превид и до бескрај да чуваат предмети во фиоки со кои се разјаснуваат злоупотребите на тајната полиција? Во овој контекст, деновиве бев непријатно изненаден кога и од втор човек ми стаса иста порака од судијата Туфегџиќ, но, воедно, тоа ми помогна да разберам што е целта на пораката. Со тоа што тој наводно во доверба им го кажува на којзнае колку луѓе, ми праќа порака да се исплашам и да се откажам од понатамошниот прогон. Пораката е: Види што ќе излезе ако не се откажеш, формулирана е вака: Дека агентите на тајната полиција му пренеле дека работеле во согласност со Законот. Ама Законот вели неколку работи, кој истражниот судија треба да ги знае а тоа се:
- Прогонот може да трае најмногу една година. Потоа се покренува кривична пријава ако има докази или се прекинува понатамошната истрага бидејќи сознанијата не се потврдени
- За да се овозможи прислушкување на телефони треба да се има судска одлука.
1.Дека не се сеќавал дека во моето досие има документи во кои јасно стои дека сум малтретиран од политички и идеолошки побуди.
Значи воопшто не го прочитал обвинителниот акт!!!! А таму пишува вака: Република Македонија Министерство за внатешни работи бр. 921 од 30.11.2000 година. Ве известуваме дека од страна на поранешната служба за Државна безбедност, односно, Дирекција за безбедност и за контраразузнавање за лицето Петровски Јордан е евидентирано постоење на лично досие од политички и од идеолошки причини и во службената белешка Ев. Бр. 1254 од 23.12.1996 година , каде стои „информативниот разговор во кој зеде учество и главниот инспектор хххххххххх обавен на наша иницијатива, а имаше за цел ..........како и извесна компромитација на Петровски пред неговите пријатели и истомисленици, кои редовно навраќаат во ресторанот“. Ги приложувам тие два документа за македонската јавност да се увери во бесрамните лаги на судијата Туфегиќ.
2.Дека имало докази за мојата разузнавачка активност.
Зошто ги премочал инспекторот во истрагата во досието??? Дозволил свесно шпион непречено да работи. За тоа се одговара. Дека сум барал помош од нив оти сакале да ме убијат бугарски бизнисмени Не знам за бугарски бизнисмени кои сакале да ме убијат, дека сум барал помош од СДБ, но знам дека помош побарав заради напад од нивни човек -се надевам тоа стои, не е избришано од книгата на дежурниот. Но знам дека помош ми понуди Иван Бабановски, да ме „чуваат“ оти некој може да ме убие. Заради вториот мој текст во „Фокус“: „Доста Димовска работи против ВМРО-ДПМНЕ“, ама тоа беше во почетокот на август 1999 година, поточно на 4.8.1999 година. Зошто моето барање помош го нема во досието ??? Зошто ми понудија и инсистираа и ме инструираа да барам помош од бугарската амбасада???? за наплата на мое побарување од Бугарија.
3.Дека сум должел пари на сите страни, а само во Куманово 20.000 евра.
Дали сум должел пари додека не се замешала СДБ во мојот бизнис - со намера економски да ме уништи за да станам нивни соработник, како човек кој е близок со Љубчо Георгиевски. Службата ме ограби и со ограбените мои пари ги плати моите кодоши, нејзини луѓе ми ги откраднаа парите. Да го потсетам Туфегџиќ таму во досието пишува за некој Римљанин, нека прочита. Нека ја истера истрагата до крај, па ќе видиме зошто една моја тужба за долг од преку 200.000 тогашни марки остана во фиоките на Кумановскиот суд. Ќе види дека и со тие пари се платени кодошите. И уште едно потпрашање: дали Туфегџиќ во неговото опкружување има директори кои оставиле работници со неплатени доприноси, плати, нивите фабрики останале должни кон доверителите. Дека не сум бил финасиер на ВМРО. За ова можат да кажат луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Кај мене имам се уште фактури за печатењето на „Глас“ на ВМРО-ДПМНЕ. Дека признанието кое јас го добив од канадскиот премиер и беше објавено во еден дневен весник во Македонија е лага и моја манипулација. По оваа констатација на Туфегџиќ, на секого треба да му е јасна одлуката која ќе ја донесе. Тој слепо верува во безгрешноста на УДБ, па и потпис на канадскиот премиер за него е невалиден. Оттука, чуствувам потреба да му ја освежам меморијата на судијата Туфегџиќ, кој манифестира селективна сенилност во однос на неспорниот факт дека кај себе веќе две години ја има мојата пријава со бројните докази од кои се гледа моето прогонување токму од идеолошки и политички побуди и затоа во оваа насока лично го прашувам: Не е ли време г-дин судија најпосле да ја погледнете и прочитате пријавата и да почнете да постапувате по неа, а не само да муабетите со агентите на тајната полиција? Сенилноста на судијата Туфегџиќ особено загрижува бидејќи очигледно е дека му застанал мозокот некаде во 1948 година, кога тајната полиција и судиите беа едно исто и сложно и заедно ги носеа одлуките со кои граѓаните се осудуваа и се носеа во затвор, бидејќи од разговорот на Туфегџиќ со споменатите познаници произлегува дека за овој судија тајната полиција се уште и во демократска Македонија е единствениот веродостоен доказ. Во овој контекст, се прашувам дали сега на судијата Туфегџиќ не му преостанува да пронајде уште двајца сведоци па повторно да ме осуди мене, како во споменатата 1948 година, кога со двајца сведоци судот и УДБА пресудуваа и ги носеа граѓаните во Идризово или Голи Оток. При ваква состојба кој ќе му поверува на министерот за правда Михајло Маневски, кој како некоја стара расипана грамофоска плоча секојдневно во јавноста изјавува дека судството ни е целосно реформирано, независно и непристрасно.
Авторот е политички азилант од „независна и самостојна“ Македонија во Канада