Welcome visitor you can log in or create an account

ЗОШТО ЗАЕВ САКАШЕ ФРЧКОСКИ ДА БИДЕ АМБАСАДОР ВО САД

Автор на карикатурата Седо Перо



Јордан Петровски март 2021
Според мене има неколку причини зошто на Заев му беше битно не докрај лустрираниот Фрчкоски-немаше судска разврска, после која Фрчковски и многу други ке добиеа долгогодишни затворски казни- да го прати за амбасадор во САД!
Првата причина лежи во тоа што со прифаќањето на агреманите на амбасадорот во обид Фрчкоски од страна на САД, за САД лустрирањето, односно кршењето на Уставот со неуставно прислушкување од страна на Фрчкоски, кој бил потписник на налозите за прислушкување ке биде небитна работа а тоа пропагандата на Заев ке ja искористи максимално во ширење на приказната дека само кога ВМРО ДПМНЕ е на власт има неуставно прислушкување.
Втората причина е дека со прифаќањето на тоа Фрчкоски да стане амбасадор во САД, Заев ке го протуркаше законот со коj се поништува полу-лустрацијата која ја спроведе владата на Груевски а тоа ке овозможи Заев , односно УДБа богато да ги обештети своите верни слуги! Колку било битно за Заев и СДСМ да се избришат трагите од нивното прислушкување говори фактот дека тие во НАЦРТ- СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР зацртале носење на закон со кој ке се овозможи поништување на полу-лустрациите и обештетување на лустрираните! А ке се изврши и притисок на судот да ги прифати кривичните пријави против претседателот и членовите на Комисијата за лустрација кои не беа предложени од СДСМ и ДУИ!



image

Има уште неколку многу битни показатели за желбата СДСМ да го соокрие а со тоа и остави неказнето прислушкувањето од своето време! Прв показател е што во судењето „ТАРГЕТ“ воопшто  не се побарани ниту од обинителот ниту од одбраната ПРАВИЛНИЦИТЕ ЗА РАБОТА НА УБК. Само преку ПРАВИЛНИЦИТЕ е можно да се утврди кој бил овластен да дава налози за прислушкување и кој да ги потпишува тие налози. Според онаа што јас сум го проучил за работата на УДБ/СДБ таа е строго бирократска и во една таква организациска шема не може да се направи ништо ако нема писмен налог кој е според ПРАВИЛНИЦИТЕ за работа. Така да тврдењето на свиркачот Лазаревски дека добивале усни или пак на ливче наредби се далеку од вистината. Потоа чудно е што меѓу обвинетите го нема заменик директорот на УБК, Силјан Аврамовски, човек кој е во УБК од почетокот на осумдесетите години на минатиот век. Човек кој бил тесно поврзан со 5-та Управа! Човек чиј татко, Блаже Силјановски, ја водел 5 Управа сѐ до 1991 година. Значи кадрите во 5 Управа се негови ученици а и негов избор. 
Втор показател се пишувањата на госпоѓата Фросина Ремески врзани за прислушкувањето, пишувања во кои госпоѓата Ременски упорно пишува, односно се обидува да ја убеди јавноста дека неуставното прислушкување започнало после доаѓање на власт на Груевски! 
Третата и не малку битна работа е тоа што порталите , поточно мегафоните на Заев веднаш го открија виновникот кој за неколку дена успеал да издејствува од администрацијата на САД да не го прифати Фрчкоски за амбасадор. Не е чудно што во таа игра носители беа МАКТЕЛ и НАРОДЕН ГЛАС бидејки тоа се портали, односно партали без кредибилитет. „Зачудува“ фактот што ЛИБЕРТАС на Ацо Камбрамов беше креаторот на откритието! Откровението на ЛИБЕРТАС дека Мето Колоски само за неколку дена успеал да излобира преку нудење на приказна дека Фрчкоски е тепач на жени и помагач на режимот на Милошевиќ е тешко прифатливо за секој човек со малку разум. САД не е султанат или Заевистан па ако потплатиш некој близок до султанот кој ке му шепне на султанот да донесе такво и такво решение, работата ке е свршена. Значи пак го нема неуставното прислушкување како причина за одбивањето на Фрчкоски за амбасадор. ЛИБЕРТАС активностите на Колоски ги претстави дека се по налог на ВМРО ДПМНЕ. Ова е многу далеку од вистината, но за ова понатака во текстот.
Еве го првото соопштение на ВМРО ДПМНЕ, во кое се наведуваат причините за одбивањето на САД да го прифати Фрчкоски за амбасадор!


image

Значи и тука нема збор за неуставен прогон од политички и идеолошки причини, нема збор за неуставното прислушкување, за неуставните ПРАВИЛНИЦИ за работа на СДБ/УБК со кои власта на СДСМ и Фрчкоски како министер за полиција ги покривала неуставните дејства!

image


ВМРО ДПМНЕ ја споменува лустрацијата како причина за отфрлањето на амбасадорувањето на Фрчкоски во САД дури 2 дена после нивната прва реакција, односно после овој мој коментар!

 
2
 

 
Представувањето на ликот и неделата на Љубомир Данаилов Фрчкоски и барање за негово ставање на црна листа на САД е од поодамна, поточно од октомви 2010 година, кога Фрчкоски на покана на Harriman Institute and Columbia University да одржи предавање за  „успесите на демократијата во Македонија“
Како основа за  забрана на влез на Фрчкоски се наведени овие причини:


- ...that your Harriman Institute and Columbia University are to host a lecture by Mr. Ljubomir D. Frckoski, which is why I am writing to you in protest. I find it unfathomable that a leading University from the country which is the world leader in democracy would be inviting as speakers on the “successes of democracy in Macedonia” neo-communists, dictators’ henchmen and violators of human rights such as Mr. Frckoski. By extending this invitation to lecture or speak at Columbia, in the epitome of democratic states, the USA, you are in fact providing a marketing platform to Mr. Frckovski through which he is building up his own reputation as a democrat and in the same time you are sending a message to the Macedonian people that you acknowledge Mr. Frckoski’s deeds as democratic.

- You may or may not be familiar with the fact that Mr. Frckoski was Minister of the Interior (Internal Affairs, police, MI) during the period between 1992 and 1995. During this time, in fact in October of 1992, the Government of R Macedonia brought forward a guideline regarding the work of the secret police, which was also under the MI, which regrettably remained largely unchanged from the times of official communist rule in Macedonia: the MI was simply the ideological and party police. During Mr. Frckoski’s reign as Minster of the Interior, the Secret Police continued the old line of work by maintaining and opening tens of thousands of new dossiers (files) of “suspicious individuals”, who were in fact simply people who had ideologies different from the official one of the communist party state. I am one of those tens of thousands who Mr. Frchoski’s Secret Police persecuted under unfounded suspicions of being an enemy of the State.

- It is ironic that Mr. Frckoski is to be speaking on the “successes of interethnic relations” when during his time as MI he ordered the famous “Bitpazar” brutal assault on the ethnic Albanian street vendors of not-quite legal (contraband) cigarettes. Not that I condone what the vendors did. 

Писмото со кое е започната преписката е упатено на овие 2 адреси:

1. Under Secretary for Democracy and Global Affairs » Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor

2. Mrs. Nadine Akhund, “A Macedonian Exception”? Domestic Politics and Interethnic Relations after Independence Chair: Nadine Akhund

Date: Thu, 14 Oct 2010 02:49:58 +0200

Да се вратам на битното, а тоа е што откри, односно потврди, неприфаќањето на САД Фрчкоски да стане амбасадор на Македонија во САД.
Даде потврда дека одбивањето на преставниците од Македонија за НАТО воопшто не е случајно е потврдено со случувањата околу Фрчкоски, но тука се открива и онаа главното, а тоа е дека САД и НАТО многу добро знаат дека Безбедносните служби на Македонија се сѐуште под влијание на Србија односно КГБ!
Приказната која се наметнува дека Сашо Мијалков бил шеф на сите шефови на УДБа е тешка лага. УДБа никогаш не ја водел човек кој бил уценет од УДБа, а Бате Саше одамна е под уцена од УДБа!

Богоевски во интервјуто ја повтори и изјавата дадена пред американските истражители во „случајот Телеком“ дека поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков тргувал со дрога и дека поради тоа повеќе пати бил приведуван во минатото.

Тргувал со дрога а не бил ниту суден ниту пак осуден!! Сигурно УДБа тоа го направила затоа што Бате Саше кога се родил на третата вечер, наречниците му предвиделе дека ке стасне газда на УДБа па затоа ниту Фрчко, ниту Богоевски, ниту Аврамовски, кои нели како луѓе на УДБа комуницираат дури и со Господа и со наречниците знаеле за иднината на Бате Саше па не смееле да го апсат својот иден шеф. 
 
За крај на текстов една многу интересна приказна, поточно приказна врзана за обидот власта предводена од СДСМ на почетокот на 1993 година да отпочне самостојно шверц на цигари низ Европа. 
Фирмата на синовите на тогашниот управник на царината Борко Станоевски испраќа три камиони за Чешка со цигари а во извозните документи стои доматно пире, фирмата која треба да ја добе стоката во Чешка е на Македонец. Чешката царина открива дека во камионите не е доматно пире , туку дека се цигари и ги запленува и цигарите и камионите. Камионите биле сопственост на Југ Турист од Кумнаово. 
Аферата никогаш не доби разрешница, никој не понесе одговорност а мислам дека камионите на Југ Турист останаа во Чешка.  Нели чудно е што немаше кривичен прогон по службена должност на Обвинителството на Р. Македонија, нели е чудно што ни  Југ Турист не го тужеше испраќачот , Македонската царина за да барем добие обештетување за своите камиони.