Welcome visitor you can log in or create an account

И ВО САД НЕЧЕСНИТЕ НЕВЕСТИ ГИ ВРАЌАЛЕ НА МАГАРЕ!!


Јордан Петровски 06.03.2021

После одлуката на САД да не го прифати Фрчкоски за амбасадор а една од главните причини е тоа што Фрчкоски неуставно прогонувал и прислушкувал десетици илјади Македонци од политички и идеолошки причини.

Во наредните денови ке ги пренесувам пишувањата на бранителите за злосторот на Фрчкоски и останатите полулустрирани лустрирани (полу лустрирани бидејки изостана судска постапка), НВОата, Општественно Политичките Работници во Медиумите, Устаавниот Суд .... Оваа го правам од две причини :

1. За да се потсетиме дека медиумите, НВОата, Уставниот суд, македонските представници во Венецијанска комисија ( се однесува на Гордана Силјановска Дафкова), во Судот за Човекови Права во Стразбур ( Маргарита Цаца Николовска и Мирјана Трајковска) се соучесници во прикривањето на злосторот кој го правела а верувам дека сеуште го прави Тајната Полиција !!

2. За да потсетам на фактот дека ако се судат луѓе од власта на Груевски за неуставно прислушкување мора да бидат судени и сите оние кои НЕУСТАВНО прислушкувале во периодот 1991-па до денот кога Македонија ке избере демократска власт!

Ке почнам со  потсетување како реагирал Хелсиншки комитет за лустрацијаста на Фрчкоски.

 
Реакција по повод лустрацијата на Љубомир Д. Фрчкоски
 
 

Реакција по повод лустрацијата на Љубомир Д. Фрчкоски
ИЗЈАВА НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ

31.05.2013
во врска со Решението бр. 07‐907/1 на Комисијата за верификација на фактите
Последниот акт на Комисијата за верификација на фактите со кој се лустрира професорот и поранешен министер за внатрешни и надворешни работи (1991‐1997) Љубомир Д. Фрчкоски (член на Управниот одбор на Хелсиншкиот комитет) се врв на извитопереноста на процесот на лустрација и на самата Комисија. Извршната власт, преку Комисијата, упорно и дрско продолжува со кршењето на Уставот и одлуките на Уставниот суд на Македонија (особено во делот на важење на законот по 1991 година), игнорирање на мислењето на Венецијанската комисија од 2012 година и препораките содржани во Резолуцијата на Советот на Европа 1096 (1996).
Комисијата продолжува да работи како гол инструмент на владејачките партии во отворена политичка пресметка со политичките противници и неистомисленици. Процесот на лустрација во Македонија со овие чинови потполно се измести од својата морална основа и е во спротивност со сите стандарди врз кои треба да се води овој процес кој се претовари во отворен „лов на вештерки“ и бркање од работа на професори и интелектуалци како во мрачните денови на комунизмот и едноумието.
Хелсиншкиот комитет уште еднаш би сакал да потсети на укажувањето на Советот на Европа дека процесот на расчистување со минатото мора да биде заснован врз принципите на законитост и правичност. Наспроти ваквите постулати, процесот на лустрација во Македонија е класичен пример за инквизиторска постапка во која обвинетите лица воопшто не се сослушуваат и немаат можност да се бранат. Како последица, за низа професии како новинари, професори и други, резултатот од оваа постапка е еднаков со казнената санкција од Кривичниот законик – забрана за вршење професија, дејност или должност. Ваквиот став е содржан и во неколку пресуди на Европскиот суд за човекови права.
Поради сите наведени причини, Хелсиншкиот комитет ќе продолжи активно да ги штити основните права и слободи на сите недолжни жртви на неуставниот процес на лустрација. Доколку Управниот суд не ја обезбеди тајноста на личните податоци, заштитата на личниот интегритет, почитувањето на приватноста, семејниот живот, достоинството и угледот, Комитетот е убеден дека правдата ќе биде задоволена пред Европскиот суд за човекови права.

Извор ОКНО