Welcome visitor you can log in or create an account

Дали демократијата е влезена во спиралата на самоуништување по 6 јануари 2021 (прв дел): Дефинирање на терминот „демократија“

 

Душан Петровски 22 февруари 2021 годин
Веднаш по настаните на 6 јануари 2021 година во Вашингтон, ден за кој прогнозирав дека ќе биде пресвртница во понатамошната историја на светот, многумина—меѓу нив и нашиот проф. д-р Звонимир Јанклуовски—поитаа да го постават прашањето, „Дали демократијата е влезена во спиралата на самоуништување“? Прашањето на професорот е на место, но можеби, со оглед на тоа дека беше поставено на 7 јануари 2021, малку избрзано (или поточно, крајно задоцнето)—а со тоа и некои од тезите кои Јанкуловски на сократски начин ги постави во неговата колумна. Според мене прашањето не е дали „демократијата“ е велзена во спирала на самоуништување, туку дали тоа се случи на 6 јануари 2021 година.

6 јануари 2021 година навистина се покажа како пресвртница во понатамошната историја на човештвото, но во спротивната насока од онаа која ја прогнозирав и посакував. Острооките веднаш ги забележаа паралелите помеѓу 6 јануари и македонскиот 27 април—и тие не завршија со упадот во законодавниот дом. Професорот Јанкуловски засновано загрижено прашува дали сме при крајот на слободата и „демократијата“ во светот, особено кога ќе се земе предвид дека минатата недела заврши второто политичко судење на сега соборениот претседател на САД кое што беше засновано на инсинуации и фалсификувани докази, а чија намена беше да се легитимизираат тоталитарните мерки кои левицата ги подготвува за поддржувачите и симпатизерите на Трамп.

Пред да продолжиме со нашата дискусија—дали демократијата влезе во самоуништувачка спирала на 6 јануари 2021 година—сметам дека е полезно да го издефинираме често злоупотребуваниот термин „демократија“.

Јанкуловски, повторувајќи ја грешката која ја шират многумина недоволно запознаени со вистинската природа на уставниот поредок на САД, вели, „никогаш порано демократијата не била толку засрамена и загрозена како на овој 6 јануари 2021 година, и тоа во колепката на демократијата и земјата на слободата.“ Прво, самите Американци, барем оние кои се образувани пред комплетниот триумф на Бавниот марш низ институциите, ќе забележат дека САД не се демократија—и покрај мисномерот на Алексис де Токевил, „Демократијата во Америка“—туку дека тие се уставна република—номинално истото што треба да е и Република Македонија. Американскиот патриот ќе рече дека „демократијата“ претставува тиранија на мнозинството, дефинирана, не според некои вечни вистини туку според моменталниот каприц на 50% плус еден гласач, и според тоа таа претставува нестабилен и непосакуван стил на општествено уредување—и само попатна станица кон анархија или тиранија. Уставното републиканство, согласно американскиот Устав, наспроти тоа е засновано на вечни вистини—дека човекот е одраз на Господ, обдарен со разум, обврзан, полузвајќи ја својата слободна волја, самиот да си го трасира патот кон Рајот. Од друга страна, терминот република потекнува од латинскиот „res publica“, или „заедничката работа“—што сугерира сродност со словенското „задружништво“. Според тоа, „Демократијата во Америка“ која ја опишува де Токевил во средината на 19иот век—односно уставното републиканство—е систем на граѓанско општество засновано на разни видови на задруги, предводени од христијанките канони, каде што одлуките се носат на ниво што поблиско до заедницата која претставува политичко тело. Оваа задружништво во САД се распаѓа од 1960тите години на наваму низ процесите кои ги опишувавме во „ДАЛИ РАСПАДОТ НА ДИП СТЕЈТОТ КЕ СЕ СЛУЧИ КОГА КЕ ОТПОЧНЕ СУДИРОТ ПОМЕЃУ КГБ И СОРОС??“, а кулминира преку „невладините организации“ кои ги спонзорираат и градат фондацијата Отворено општество, фондацијата Форд, Центарот за обдарување на демократија и сл. и нивните сојузници, и промоцијата на мултикултурализмот.

 

Професорот Јанкуловски ја прави истата грешка која, мораме да признаеме, ја правиме и ние од Комитетот за демократизација на Република Македонија, со тоа што, ние кои сме излезени од едноумниот комунизам, под терминот „демократија“ подразбираме некаков систем кој опфаќа политички плурализам, лична слобода и владеење на правото. Но, и според таа терминологија, можеби уште повеќе според неа, залезот на демократијата во САД започнува со атентатот на Џон Кенеди и почетокот на „Великото општество“ на Линдон Џонсон, или пак формацијата на „воено-индустрискиот комплекс“ на кој предупредува претходникот на Кенеди, претседателот генерал Двајт Д. Ајзенхауер, или пак со доаѓањето на власт на (ефекитвно неговиот претходник) прогресивниот реформист Френклин Д. Рузвелт за време на Големата депресија и неговата изградба на воено-индустрискиот комплекс, но и неограничениот раст на државната бирократија, која се покажа како клучната спрега во заверата која го сруши Трамп. Нејсе, ако може да згреши еден де Токевил, можеме да згрешиме и ние.

 

Понатаму, ако под „демократија“ подразбираме народна власт, тогаш популизмот—народното движење—е најблиското нешто до оваа идеја. Тоа сугерира дека апсурден е аргументот дека демократијата се загрозува од популистите.

 

Конечно, левицата—како што можеме да забележиме во манифестите на разните соросоидни организации, како и во прокламациите на македонскиот огранок на Комунистичката интернационала—демократијата ја дефинира како што и да е што таа во било кој даден момент го застапува. Нели, Заев и дружината ги „враќаат демократијата и слободата“ во Македонија, иако тие две работи не се забележани на тие простори неколку десетици столетија.

 

Значи, демократијата е термин кој го користи кој како сака, но разумно е да се претпостави дека кога професорот Јанкуловски го ползува овој термин, тој мисли на некаков систем кој ги вклучува политичкиот плурализам, личната слобода и владеењето на правото. Но, истото нема да важи и за подолу цитираниот глобалистички неделник „Тајм“, чијашто дефинција е поблиска до онаа на Зоран Заев.