Welcome visitor you can log in or create an account

МАКЕДОНСКО - АРНАУТСКИ/ШИПТАРСКИ/АЛБАНСКИ ПРЕЧКИ ЗА СОЖИВОТ ПРВ ДЕЛ

Јордан Петровски февруари 2021

На почетокот на текстов сакам да го појаснам насловот за да некој не ме свати погрешно и да бидам обвинуван за навреда кон Албанците:
Избрав таков наслов бидејќи во текстов ќе опфатам малку подолг временски период, и ќе користам имиња кои ги користеле изворите кои ги користам. Ќе користам цитати од книги на странски автори. Првиве цитати се од книгата „МАКЕДОНИЈА; НЕЈЗИНИТЕ НАРОДНОСТИ И НИВНАТА ИДНИНА“ од Хенри Ноел Брајлсфорд. Брајлсфорд на 212 страница го дава оваа појаснување:

image
Причина, предизвик да го напишам овој текст е протестот на роднините на обвинетите за злосторот кај Смилковско езеро. Протест во кој по којзнае кој пат Албанците, кога се суди Албанец, протестираат. Овој пат за да се обезбеди правда за случајот со петкратното убиство на Смилковското езеро, за кое што тврдат дека се гонат невини луѓе. (Види: Протест за „Монструм“: скандирања, скршени прозорци, навреди за Фатиме Фетаи.) На протестите се скандира УЧК со што се укажува дека УЧК ќе биде употребена за да се задоволи барањето на Албанците.
Ако протестот беше навистина за да се дојде до вистината за злосторот на Смилковско езеро, организаторите Албанци ќе мораа да ги поканат и родителите и роднините на жртвите, и сите заедно да протестираат пред домовите на Заев и Ахмети!! 
Заев беше тој кој изјавуваше дека: „Седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро се невини, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за весникот „Ди Цајт“. „Тие неправедно седат во затвор“, вели Заев, но стравува оти објавувањето на „вистината за случајот“ може да предизвика немири во албанската заедница во Македонија.

Ќе ги подржев и поздравев протестите, верувам не само јас, ако беа одржани заедничи со родителите на убиените, а пред домот на Заев, со барајање да лидерот на СДСМ да ги предаде раговорите кои ги нудеше кога велеше дека невини луѓе лежат за Монструм!! Од тој протест протестантите би требале да се упатат до домот на Ахмети со БАРАЊЕ, ако Заев не ги исполни ветувањата, односно сознанијата дека овие луѓе кои беа осудени за МОНСТРУМ се невини, како што велеше Заев, ДУИ ке ја напушти коалицијата со Заев и ќе бара од ЈО за Заев да биде покрената кривична пријава за лажно сведочење!!

Друга причина што ме поттикна на текстов е Феујсбук објавата на новинарот Фуркан Салиу:

image
Текстов ќе има за цел да ја покаже сокриваната слика за тоа каква била улогата на Албанците муслимани во Македонија низ минатото!! Еве два цитати од книгата  „МАКЕДОНИЈА; НЕЈЗИНИТЕ НАРОДНОСТИ И НИВНАТА ИДНИНА“ од Хенри Ноел Брајлсфорд, кои говорат за односот на Албанците или Арнаутите како тие сами себе се нарекувале кон Макдонците . 

-Жандармеријата, којашто е воглавно составена од невработени разбојници, по правило наоѓа за сходно да прави спогодби со сите значајни ајдуци. Мудрото село го следи истиот курс. За извесна годишна сума албански главатар се обврзува да штити вазално село, или доколку селото е вон албанската сфера на влијание, тоа е генерално обврзано да си има свои местни ајдуци, коишто може но не мора да се Албанци. Доколку селото припаѓа на турски земјопоседник, тогаш овие чувари обично се избираат од неговите најменици. Тие се исто така познати под името бекчии, или рурални чувари. Овие се потребни бидејќи христијанското население е апсолутно невооружено и беспомошно. До извесна мера тие го чуваат селото од надворешни разбојници, а за возврат тие спроведуваат лиценцирана и модифицарана пљачка врз областа. Тие го поддржуваат турскиот земјопоседник против неговите христијански крепосници; додека во мешано село тие ги поддржуваат муслиманските селани доколку тие сакаат да прават измама или насилство врз нивните христијански соседи. Помеѓу нив секако има чесни луѓе коишто ги зачувале старите албански традиции на лојалност и кавалиерство. Но, генерално, нивното поведение е онакво какво што  е поведението на вооружени луѓе помеѓу беспомошно потчинето население и секогаш ќе биде. Руралниот чувар изнудува значителен откуп во готовина за своите услуги. За противуслуга тој често се обврзува да принуди неволен татко да ја даде својата ќерка на недобредојден додворувач. Тој налага одредени традиционални давачки—на пр. уцена по секоја невеста која што се мажи. Сумата варира спрема можностите на нејзиниот татко и сопруг да платат, а во случај да не ги исполнат своите обврски бекчијата го исполнува неговото jus primes nоctis („право на првата ноќ,“ заб. Д.П.). Впрочем искусен конзул во Монастир, способен човек којшто ја има изучувано земјата многу години, категорично изјави дека овие луѓе просто ги третираат селските жени како нивни харем. Над ова тие земаат колку им е мерак во храна или услуги. Во готовина нивните изнуди варираат соодветно со нивното реномѐ за свирепост. Мошне лесно се доаѓа до прецизни информации. На пример, селото Маврово имаше седум вакви паразити. Тие примаа од по 7 до 20 фунти стрелинг по глава. Со други зборови, просечното домаќинство со својот годишен нето приход од 10 фунти стрелинг исплаќаше околу 1 фунта и 10 шилинзи кон купувањето на добрата волја на овие домашни разбојници. 

-Каков е во пракса овој однос? Тој несомнено варира од село на село, но преовладувачкиот фактор е секогаш насилието. Како прво, мал е бројот на муслиманските спахии коишто поседуваат тапија за своите имоти. Тие се просто „натрапници,“ чиишто татковци ги анексирале овие имоти како продолжение на некој местен масакар. Многу такви случаи се имаат случено не само во далечното минато туку и во постојната генерација. Посетив едно село (Треска), на само два часа јавање од Ускуб, коешто било бројно населена христијанска заедница пред педесет години (во период 1850-1860 м.з), кадешто селаните си ја поседувале земјата. Отприлика за времето кога ние „се кладевме на погрешниот коњ“ во Крим, некои предприемчиви Албанци најанале на селото, го масакрирале половина од населението, ги населиле нивните колиби и ја присвоиле земјата на преживеаните. Мажите од денешната генерација сечат дрво и влечат вода за синот на разбојникот од педесетите, којшто сега е значаен магнат. Тој им дозволува на селаните да си задржат половина од плодовите на нивниот труд на земјата којашто припаѓала на нивните татковци.

Цитатот подолу е од Албанскиот терор во Западна Македонија од 1900 до 1904 година

-И во Лазарополе качаците се изживувале врз македонското население. На 15 август 1901 година,  „кметот Јосиф Дичов тргнал со двајца придружници и со 60 турски лири за таксим во Жерноница, но Али Ука од Мажишта и Мурат Манјан од Омеже го убиле кај месноста „Вртешка“.
Истиот ден, вечерта, половина час по полноќ, убијците се вратиле придружени со четворица други Арнаути и заедно со селските заптии Адем Лека и Ази Даци од село Зогве, Дан Колец и Суљо Кодра од село Стушан, влегле во Лазарополе, отвориле оган и го убиле Арсо Трпков а потоа собрале многу стока од селото“.
Месеците што следувале биле вистински пекол за Македонците во тој дел на Македонија. И следната година злосторниците не мирувале, постојано го напаѓале Лазарополе, па на 17 јули 1902 година, во гората над селото, ги убиле  дваесетипетгодишниот Дојчин Мицков, заедно со  Димко Јосифов, Васил Серафимов, и Димитрија Сотиров, а го раниле Рафаел Данаилов:
„По два дена бандата на Али Ука, Мурат Манјак, Адем Лека, Дан Колец, Суљо Кожа и Азис Даци запалиле една од куќите за да излезат селаните и да извршат и други убиства. Кога не излезе никој, застанаа наспротив, зедоа да пукаат преку прозорецот и многу мали деца, кои спиеја, станаа жртви на крвавата драма.“
Во септември истата година „гореспомнатите злосторници ги убија Серафим Симонов и Петар Попов во месноста „Барбарос“, кои оделе за мелење жито во Прилеп. Освен тоа, през целата 1903 година, арнаутските злосторници се хранеа на наш грб: сирење, масло, леб и друго, се што сакаа беше на нивно расположение, а ужасот што ни го нанесоа преку целата година е неопислив. Тие се гоштеваа а ние умиравме од глад! Особено за забалежување во овој запис е злосторникот Кадри Касап, којшто немилосрдно и безбожно не тепаше и глобеше. Покрај тоа правеше конаци за Рам Дука и Таир Тоља, и сите други злодејци и разбојнници, на наш грб и врз нашата мака. Таа банда за нецели два години немислостиво ни истепа 12 луѓе, зрно жито не ни оставаше во куќа и ништо друго за во куќи.“


Понатаму, фалсификат е толкувањето на Крушевскиот манифест, дека во востанието на страната на востаниците учествуваат Албанци!! Крушевскиот манифест кој го изучуваме е напишан 1923 година за драмата „ИЛИНДЕН“ чиј автор бил Никола Киров Мајски. Еве дел од Манифестот кој е битен за текстов кој го пишувам:

image

Брајлсфорд во својата книга, го дава писмото кое востаниците го праќаат до турското население  :

[Image: Krusevski-manifest.png]

Превод:

„Се креваме на востание против тиранијата и варваризмот: делуваме во име на слободата и хуманоста; нашата дејност е над сите предрасуди на националност или народност. Затоа треба да ги сметаме за браќа сите оние коишто страдаат во мрачната Империја на Султанот. Денес сите христијански населенија се мизерни, ниту смееме да ги иземеме дури и турските селани. Ние ја сметаме турската Влада како наш единствен непријател, и сите оние коишто се декларираат себе си како наши противници дали како отворени непријатели или како шпиони, и сите оние коишто напаѓаат старици и старци, и беспомошни деца наместо да не напаѓаат нас. Против нив ги усмеруваме нашите удари и против нив ќе ја спроведеме нашата одмазада.“

Значи ниту Брајлсфорд, ниту Мајски не споменуваат дека имало Албанци кои се бореле на страната на востаниците! Во двете верзии јасно стои дека дека ХРИСТИЈАНИТЕ се загозени! Се поставува прашање кој и зошто го направил фалсификатот дека Албанци учествувале на страната на востаниците во Илинденското востание?
Еве еден непобитен доказ на чија страна биле Албанците:

image

Цитатов подолу е од книгата „За Ерменија и Македонија“ превземен од фејсбук статусот на Liliana Trencevski во која постојат сведочења од француски интелектуалци. Оригиналoт на тоа дело датира од 1904 година. Опишани се злосторствата направени од Турците и Албанците во Македонија. Стр. 71-74 -75 извадоци:

Во непосредна близина на Македонија живеат Албанци. Како и Курдите, Албанците се номадски народ кој храната си ја наоѓа подалеку од својата околина; најчесто одземајќи им ја на Македонците и во стара Србија, си го земаат она што им е потребно.
Всушност, Султанот создаде од Албанците како што беа Курдите порано - џандари во Македонија, задолжени да собираат данок и да го одржуваат "редот во земјата"...
Албанците се раната на Македонците, како што Курдите се рана на Ерменците. Албанските шефови дури ги зголемуваат даноците, селанецот плаќа на почетокот на зимата и за време есенскиот Свети Јован, триесеттина Албанци одат кај секој селанец му го одземаат највредното од неговата жетва, којшто има среќа, ако на заминување не му ја однесат жената или ќерката во харемот на главниот албански шеф. Ако се спротивстави, му опожаруваат сѐ.
Го додавам и фактот дека кога Албанците си оделе барале од оној чија куќа ја разграбиле да плати и за "таксата за она што досега го изеле", треба несреќникот да плати за трудот на Албанците што дошле до него за да му го “лапнат“ сиот имот...
Ни останува господа сега најважното прашање: Ги пропуштате наоружаните Албанци на ненаоружаните Македонци, како што ги пуштавте наоружаните Курди пред обезоружените Ерменци, не барате Албанците да се обезоружат, кои продолжуваат да пљачкосуваат, да крадат, да ги опожаруваат Македонците како и во минатото. Невозможно е Европа да носи сериозни реформи во такви услови во кои се наоѓаат Македонците...
Извадок од говорот на Жорж Бери.
----------
Dans ce livre d'origine datant de 1904 "Pour l'Arménie et la Macédoine" des intellectuels Français témoignent pour les souffrances endurées par les Macédoniens par les Albanais.
Page 71-74 -75 extraits
Près de la Macedoine vivent des Albanais. Comme les Kurdes, les Albanais forment un peuple nomade qui cherche sa nourriture ailleurs que chez lui; il va surtout enlever chez les Macedoniens et dans la vieille Serbie ce dont il a besoin.
Et bien, le Sultan a fait des Albanais comme des Kurdes, les gendarmes de la Macedoine, chargés de toucher des impôts et de mettre l'ordre dans ce pays...
Enfin il y a les Albanais, la plaie de la Macedoine, comme les Kurdes sont la plaie de l'Armenie. Les chefs Albanais lèvent eux aussi leurs impôts; ils taxent le paysan au commencement de l'hiver, et à la Saint Jean d'automne ils descendent avec trente ou quarante hommes, s'installent chez le paysan et lui prennent le plus clair de son revenu, bien heureux qu'ils ne lui envient pas en s'en allant sa femme et sa fille pour les mettre dans le harem du chef Albanais. S'il résiste c'est l'incendie qui a raison de lui.
J'ajoute que quand les Albanais se retirent, ils exigent de celui dont ils ont pillé la maison, de payer encore "l'usure de la mâchoire" il faut que ce malheureux paye pour la peine qu'ont pris les Albanais à dévorer son bien...
Reste enfin encore messieurs, la question la plus importante: Vous laissez les Albanais Arles en présence des Macedoniens désarmés, comme vous avez laissé les Kurdes armes devant les Arméniens désarmés, vous n'exiger pas le désarmement des Albanais qui alors continueront à pillé, a volé, a incendier les Macedoniens comme par le passé.
Il est donc impossible de soutenir que l'Europe apporte des réformes sérieuses à la situation dans laquelle se trouvent les Macedoniens...
Extrait du Discours de Georges Berry.

No photo description available.

 

Книгата  „МАКЕДОНИЈА; НЕЈЗИНИТЕ НАРОДНОСТИ И НИВНАТА ИДНИНА“ од Хенри Ноел Брајлсфорд. Брајлсфорд преведена на Македонски можете да ја симнете бесплатно на линкот нашиот портал МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

 Продолжува