Welcome visitor you can log in or create an account

СО ПЕРСОНИЗАЦИЈА НА ПРОБЛЕМОТ НЕМА РЕШАВАЊЕ НА СИСТЕМОТ

Јордан Петровски 03.02.2021

Се колебав дали да го искоментирам овој статус на госпоѓата Фросина Ременски. На крај победи мојот карактер: вистината пред сѐ и над сѐ!! А до вистината се доаѓа само низ дебата!! Затоа очекувам дека госпоѓата Ременски а и другите борци за ВРАЌАЊЕ на слободата и демократијата, Героски, Милчин, Најчевска, Калаџиев,... кои учествуваа во рушењето на „антисистемот“ кој го „воспостави“ Груевски, а денеска се посипуваат со пепел дека биле излажани од Заев ќе го демантираат моето тврдење дека Груевски е само еден во низата избраници на Тајната ИДЕОЛОШКА Полиција кој откако му истече употребната премиерска вредност беше срушен. 


imageimage

 

Ке тргнам од оваа :

Е сега, кај нас ...
‼Остатоците од режимот (режимските остатоци) против кој се боревме и начинот на нивното делување во општеството останаа нечепнати.
 
Овој дел е интересен и јас го толкувам врз базата на слоганот „ДА ЈА ВРАТИМЕ ДЕМОКРАТИЈАТА И СЛОБОДАТА“ кој се користеше во времето на пласирање на бомбите. Значи, толкувам дека Ременски се однесува на таканаречената ДЕМОКРАТИЈА И СЛОБОДА од пред 2006 година, т.е. пред доаѓањето на власт на Груевски! Според овој слоган Македонија од 1945 па сѐ до 2006 година имала демократска власт  која до перфекција ги почитувала сите облици на слободи, слобода на говор, слобода на политичко организирање, слободно изразено мислење односно, референдумско изјаснување за пристапување во федарација и за политичкиот систем во државата, овозможување на фер и праведно судење, итн. на своите граѓани!! 
 
Дали било така?

Во текстов ќе се служам  со цитати од луѓе и институции кои се најверодостоен извор.
 
Првин ќе цитирам како била воспоставувана комунистичката власт:

POLITICHKA-POILICIJA-1-c-1  

Ранковиќ вели: откако биле воспоставени органите на ОЗНА, ПОЛИТИЧКАТА полиција, која е формирана по модел на „најдемократското“ општество во тоа време, Ленинова и Сталинова комунистичка СССР, се пристапило кон ЛИКВИДАЦИЈА НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОТИВНИЦИ!! Значи се воспоставени темелите на „ВРВНА ДЕМОКРАТИЈА и СЛОБОДА“ кои ете ги врати тајната ИДЕОЛОШКА полиција!

Обележје за степенпот на демократијата во една држава се изборите!

14 септември 1945 година

МЕМОРАНДУМ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ:

Следниве сознанија, во врска со изборите во Југославија закажани за 11 ноември, беа пренесени од претставникот на ОСС во Белград и се датирани од 10, 11, и 12 септември:

Држењето на Партизаните. Официјалниот став на Партизаните во однос на изборите е наведен од полковник- генерал Милован Ѓилас, државен министер за Црна Гора во кабинетот на Тито и влијателен припадник на Партизанскиот ослободителен фронт, во неодамнешен говор на пленарна седница на (партизанската) Младинска антифашистичка организација (УСАОЈ). Ѓилас изјави: „Нашите домашни непријатели и странските реакционери кои им помагаат во однос на овие избори како божем тие ќе ја решаваат судбината на Демократска федеративна Југославија. Меѓутоа, раководителите на Народноослободителната борба не сметаат дека овие избори го влкучуваат прашањето на опстанокот на Нардноослободителниот фронт. … Ние го сметаме прашањето околу нашата нардона влада решено со нашата вооружена борба. Овие избори на народите на Југославија треба само да ги обдарат резултатите на нашата борба со законитост и уставност. Ние го сметаме прашањето околу монархија наспроти република решено со нашата вооружена борба. Само не е формално уредено, што се однесува до конечната легализација на обликот на владата на Југославија, но во суштинска пракса е веќе решено. Што, тогаш, е целта на овие избори? Нивната цел е да ни овозможи да „продолжиме по линијата на народноослободителната борба.“ …

Читањето на извештајот на ОСС, сегашна ЦИА, ни помага многу да разбереме зошто комунистите сметаат дека тие секогаш мора да се на власт!!


Веќе во 1947 година тајната ИДЕОЛОШКА полиција контролира сѐ! Еве сведочење на Милован Ѓилас:

2
Зошто тајната ИДЕОЛОШКА полиција реши да го сруши својот избраник Груевски нема да го обработувам поопширно во овој текст туку ќе дадам објаснување во една реченица. Тајната ИДЕОЛОШКА полиција за да покаже пред граѓаните дека таа е ВЕРЕН и единствен вистински чувар на „СЛОБОДАТА и ДЕМОКРАТИЈАТА“ повремено ќе сруши свои луѓе од високи позиции за да покаже дека нема недопирливи, а откако е воведен „повеќепартизмот“, да покаже дека има навистина повеќепартизам и дека граѓаните сами ја избираат власта!


Каде лежи проблемот за прв пат ЈАВНО е детектирано во извештајот на Комисијата на Извршниот совет на Собранието на СРМ за испитување на состојбите во органите на државната безбедност во Републиката во 1966 година како производ на аферата „Ранковиќ.“

1966

Кога ќе се прочита овој извештај, а не се погледне годината кога е пишуван, ќе се добие впечаток дека е работен денеска или во било која година од изминатите 55 години! Од тука станува сосема јасно дека власта на Груевски не укинала никаква СЛОБОДА и ДЕМОКРАТИЈА, таа само продолжила да слугува на тајната ИДЕОЛОШКА полиција!! Дека оваа мое тврдење е 100% точно ќе се познанимавам со периодот на „раскинот“ со стариот комунистички систем и воспоставување на „СЛОБОДА И ДЕМОКРАТИЈА“ по теркот на наследниците на Комунистичката партија на Македонија, од 1990 година СКМ-ПДП, а од 1992 година па до денеска СДСМ!!

Ќе цитирам дел од текстот на г-ѓа Ременски:

Зборуваа дека неговата најголема грешка е што по земањето на мандатот и формирањето на владата не се зафатил веднаш со генералната реформа во полицијата и службите и со реформата на медиумите и јавниот сервис. 

Прашање дали таква реформа е спроведена во Македонија при „промената“ на власта 1991 година, при „промената“ на власта 1992 година, при „промената“ на власта 1994 година, при промената на власта 1998 година, при промената на власта 2002 година, при „промената“ на власта 2006 година, при „промената“ на власта 2016 година и при „промената“ на власта 2019 година?? 
Јас тврдем НЕ!! А во тоа ке се уверите и вие кои го читате овој текст!

На 17 ноември 1991 година во Р. Македонија е донесен новиот Устав!!

Во Членот 51 од Уставот стои:

        Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.

        Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Во Членот 52 од Уставот стои:

Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.

        Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.

Во Членот 17 од Уставот стои:

Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

        Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.

Ништо од оваа што е напишано во Уставот не е применето во практика!!

За да го објаснам прецизно и лесно разбиливо моето тврдење за систематското прекршување на Уставот и законите на Република Македонија од стана МВР/СДБ, но не од поединци туку од севкупната власт и сите институции на системот кои требале да го попречат прекршувањето, ќе се послужам со РЕШЕНИЕ за примена на мерката тајна контрола на телефон, донесено од Министерството за внатрешни работи на 04.05.1994 година.

 
frch-1
 
 
Ќе посочам што содржи членот 24 од Законот за основите на системот на државна безбедност на СФРЈ - („Службен лист на СФРЈ“ бр. 15/84 )
image
 

Значи членот 24 од Законот за основите на системот на државна безбедност на СФРЈ - („Службен лист на СФРЈ“) бр. 15/84 го овозможува прислушкувањето без судски налог, кое Уставот на Р Македонија од ноември 1991 година го забранува! Односно, овозможува примена на мерка прислушкување само со потпис на министерот, а на предлог на потсекретарот СДБ. Со други зборови, овој член од Законот за основите на системот на државна безбедност на СФРЈ, а во употреба во независна Република Македонија сѐ до 1995 година, го формализира прекршувањето на начелото за неповредливост на тајноста на средствата за општење која е загарантирана со член 17 од Уставот на Р Македонија донесен во 1991 година.

 

Потоа РЕШЕНИЕТО за примена на мерката тајна контрола на телефон се повикува на член 5 од Уставнот закон на Р Македонија (Службен весник на Р Македонија бр. 52/91)

Еве го членот 5 од Уставниот закон:

5
Во членот 5, кој се нуди како оправдување за примената на закони од СФРЈ, има многу нејаснотии и контрадикторности.

Во став 2 од членот 5 се вели дека до постигање на договор меѓу суверените држави од СФРЈ, Република Македонија може да го додели извршувањето на одделни прописи на сојузните органи!!

Дали ова значи дека СДБ ја воделе органите на Југославија и затоа и биле применувани законите на СФРЈ?

Во став 3 се вели: Ако органите од став 2 на овој член прописите не ги извршуваат во согласност со суверенитетот и интересите на Република Македонија, нив ги извршуваат органите на Република Македонија.

Бидејќи примената на законите од бившата СФРЈ останало до 1995 година, дали тоа значи дека прогонот кој е правен согласно со прописите на држава од кои треба да има дистанцирање од нејзиниот тоталитарен период бил во согласност со суверенитетот и интересите на Република Македонија? 

А, можеби сѐ ќе било во ред ако не постоел членот 6 од Уставниот закон!

Членот 6 од Уставниот закон гласи:

6


И член 36 од ПРАВИЛАТА за работа на СДБ (Службен весник на Р Македонија - посебен службен весник 10/92). ПРАВИЛТАТА за работа на СДБ се НЕУСТАВНИ по две основи!!

Спротивни се на членовите на Уставот на Република Македонија:

1. Во Членот 17 од Уставот стои:

Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

        Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.

Спротивноста лежи во тоа што ПРАВИЛАТА дозволуваат Министерот да ги потпишува РЕШЕНИЈАТА за прислушкување!

2. Во член 51 од Уставот стои:

Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.

        Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Спротивноста е во тоа што ПРАВИЛАТА не се во согласност со Уставот

3. Во Членот 52 од Уставот стои:

Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.

        Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.

Спротивноста се состои што ПРАВИЛАТА се објавени во посебен-таен службен весник, објавување во таков весник не постои во Уставот 
И кога 1995 година е донесен законот за работа на МВР е продолжена практиката со ПРАВИЛНЦИ да се заобиколува Уставот:

Врз основа на член 29 и 33 од Правилникот за работа на ДБК („Службен весник на Р. Македонија“-посебен службен весник бр.10 од 31.10.1995 г.) и член 3 од Упатството за постапката и начинот на примена на оперативно-технички средства и методи од работници со посебни должности и овластувањаво министерстовото за внатрешни работи, а по поднесениот Предлог на директоротна ДБК ....

Со овој акт, ПРАВИЛАТА за работа на СДБ од 1992 и 1995 година се повторува онаа што е посочено како злоупотреба во извештајот на Комисијата на Извршниот совет на Собранието на СРМ за испитување на состојбите во органите на државната безбедност во Републиката во 1966 година а кое гласи:

некои работи и дејствија на органите на државната безбедност биле нормирани со правилници, решенија или други нормативни акти, во спротивност со Уставот и другите законски прописи;“ дека „системот и методот на Службата за државна безбедност преставувале најфлагрантни повреди на уставноста и законитоста, тотална контрола на општеството, узурпација на уставните и законските права на граѓаните;“ дека „прислушкувањето на телефонскте разговори било широко ползувано.“

Оваа што го напишав досега го демантира тврдењето на госпоѓата Ременски за тоа дека режимските остатоци се од времето на Груевски!

Сега ќе се познанимавам со погрешната диагноза за тоа зошто нема промени во системот, а кое г-ѓа Ременски го црпе од анализата по убиството на Зоран Џинџич, кое гласи:

Многу убав заклучок дадоа на крајот кога констатираа дека, режимските остатоци и структури имаат невидена моќ на трансформација и приклонување до сите власти, заради "безбеден транзит". Но, стилот и лојалноста им е секогаш ист - режимски и во тоа не треба да се има дилема!

Пак ќе употребам мислење на Милован Ѓилас во кое јасно стои дека Тајната ИДЕОЛОШКА Полиција е таа која ја контролира партијата, а партијата и тогаш и сега е на сите битни места во системот! 

 

1

Тајната ИДЕОЛОШКА полиција не е таа која се приклонува кон сите власти: Таа ги избира владите, премиерите, председателите, грото од пратениците, делови од партиските водства, сите вработени на влијателните места во институциите, Уставниот суд, судовите, медиумите--со еден збор, сите оние кои се битни за опстанок на системот!!


Во Македонија 1990 година ниту еден од раководните кадри на УДБа/СДБ не беше отстранет од работа!!
Подсекретар на СДБ во првите 7 години беше Слободан Богоевски, човек кој е „демократ над демократите“. Та нели беше во ОСУМИНАТА кои УДБа ни ги продаваше и сѐ уште ги продава како предвесници на МАКЕДОНСКАТА ПРОЛЕТ, а неговата демократичност најубаво ја отсликува оваа негова изјава:



Алфата и омегата за прислушкување, Силјан Аврамовски, занаетот, а можеби и материјали од кои се плашат не само живите туку и починатите наследени од неговиот татко кој бил долги години главен во ПЕТАТА управа, е континуитетот на менталитетот на ОЗНА во тајната ИДЕОЛОШКА полиција.

image
Кога ќе се свати дека во тајната ИДЕОЛОШКА полиција изборот и обуката биле според правилата на ОЗНА, тогаш какви кадри можеле да створат Богоевски, Величковски, Аврамовски, Верушевски, Цветковски?!


Да потсетам повторно што стои во извештајот на Комисијата на Извршниот совет на Собранието на СРМ за испитување на состојбите во органите на државната безбедност во Републиката во 1966 година:

Службата е централистичко-бирократски систем кој не е склон на промени во менталитетот.

Потсетување на препорактие за успешна промена на системот содржани во Резолуцијата „Мерки за растурање на наследството на поранешните комунистички тоталитарни системи“ на Советот на Европа 1096:

6.Овој процес мора да вклучува трансформација на менталитетите (трансформација на срца и умови)

1096

Во текст на ваква тематика да не се спомене Фрчкоски, реинкрнацијата на Берија, Гебелс и Минхаузен--значи три во едно--односно архетип на иделаен човек за работа во тајната ИДЕОЛОШКА полиција, ќе значи дека текстот е промашен!

За Фрчкоски ќе прикачам две видеа од кои ќе се види кој е носителот на продолжението на тоталитарниот комунистички систем. Но ќе се видат и сите лажни борци за промена на системот, односно борци за реформи во службите, судството, медиумите, оние кои го бранеа и бранат Фрчкоски, оние кои не споменаа и не споменуваат за неуставното прислушкување од неговото време и времето после него.

 


А според  Член 13 од Уставот

Лицето обвинето за казниво дело ќе СЕ СМЕТА ЗА НЕВИНИ се додека неговата вина не биде утврдена со ПРАВОСИЛНА СУДСКА одлука.


Овие изјави на Фрчкоски никој од мноштвото бранители на човековите права и слободи не ги ни искоментираа а не пак да ги осудат и да покренат постапки за кривична одговорност на Фрчкоски и луѓето кои учествувале во тие кривични дела!!

Од изјавите на Фрчкоски станува јасно дека целта не е да се докаже делото низ судска постапка, бидејќи не постоеле никакви материјални докази за да се докаже било каква вина! А и врвот на тајната ИДЕОЛОШКА полиција, поучен од искуството од минатото, несакал преку судски процеси да покажува пред јавноста дома и надвор дека сѐуште се носат пресуди за различно мислење, за почитување на инаква идеологија од комунистичката и така од осудените да прави херои. 

И што е уште побитно за иследувањата на СДБ:

немале за цел да се утврди материјалната вистина, туку по секоја цена да се докаже сомнението“.

Така стои во извештајот на Комисијата на Извршниот совет на Собранието на СРМ за испитување на состојбите во органите на државната безбедност во Републиката во 1966. А истото го работи СДБ и после 1991 година и носењето на Уставот на Република Македонија!!

Одговорот зошто тајната ИДЕОЛОШКА полиција немала за цел со своите истраги да ја утврдува материјалната вистина, е од причина што и според Уставот на Југославија од 1945 па до нејзиниот распад и според Уставот на Р. Македонија скоро и да немало прекршители за кои ОЗНА, УДБа, СДБ, УБК ќе можеле да обезбедат материјални докази. Целта на тајната ИДЕОЛОШКА полиција била и е да се зачува комунистичкиот систем, а од друга страна да се глуми дека власта е демократска и дека нема прогон од политички и од идеолошки причини! Затоа прогонот како главна цел имал од секој кој бил ставен под обработка да  направи соработник на СЛУЖБАТА. Секој соработник-кодош за да биде награден од СЛУЖБАТА морал да пронаоѓа непријатели на „придобивките на самоуправниот демократски систем“!!

Еве сведоштво од прва рака со колкав број на соработници-кодоши располагала и располага тајната ИДЕОЛОШКА полиција:

Додека го пишував овој текст г-ѓата Ременски објави нов текст под наслов „АНТИСИСТЕМ vis-a-vis СИСТЕМ“ кој е врзан со она што таа го обработуваше во текстот на кој јас го посветив овој мој текст. Од текстот „АНТИСИСТЕМ vis-a-vis СИСТЕМ“ ќе ги издвојам овие неколку делови:

-За да се разбере како функционира еден организиран систем на неказнивост, негативна солидарност и пресонална неодговорност, треба да се разбере и да се препознае антисистемот.
 
Во Македонија од 1945 година па до денеска постои само АНТИСИСТЕМ! Тоа го увидела и Комисијата на Извршниот совет на Собранието на СРМ далечната 1966 година. Тоа го увиде и посочи и Ванхауте со неговата изјава:
 
Проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ. Вие имате системски проблем и тоа е она што треба да се промени. Рано е да се зборува за каков било друг план.
 
Но антисистемот го стави Ванхауте под свое!! Ќе цитирам дел од мој текст ОТКАКО ГОСПОДИНОТ ВАНХАУТЕ СТАНА ДРУГАРОТ ПЕРО ЗАБОРАВИ ДЕКА ЗБОРОТ Е ЗБОР кој е преведен и упатен на господинот Ванхауте:
 
Секогаш пред човек да направи вистинско дело од лукавиот добива понуда да го избере патот по кој ќе тргне и се разбира до која цел ќе стаса, дали ќе стаса до целта да остане запишан во историјата како човек кој направил големо дело или ќе го избере патот кој води до целта да остане запишан во историјата како човек кој заради некои ситни погодности го изневерил сопствениот збор, сопствена појдовна идеа, а таа беше СМЕНА НА СИСТЕМОТ. Господинот Вaнхојте лукавиот го стави на искушение нудејќи му дружба со фондацијата Отворено опшетство Македонија. Превејаните комунистички манипулатори од ФООМ му понудија на господинот Ванхауте слава, почнаа да го канат на трибини кадe му даваа простор да говори, медиумите платени од ФООМ секој ден пишуваа за тоа што рекол Ванхауте. Дали само настапите на трибините, написите во весниците беа причина господинот Ванхауте да заборави на зборот кој го дал, СМЕНА НА СИСТЕМОТ и да стане ДРУГАРОТ Перо во комуњарската братија на ФООМ не би сакaл да шпекулирам.
 
И господинот Прибе имаше видување дека проблем е системот!! Но и тој заврши како и Ванхауте!! И тој беше сомелен во машината на тајната ИДЕОЛОШКА полиција па за него стана битно промената на „системот“ на Груевски и амнестирање на лустрираните од непотполната лустрација, лустрација на која и недистасуваше и на што требаше да инсистира господинот Прибе, судска разврска за оние кои неуставно прогонувале, прислушкувале, оние кои ги воделе институциите кои требале да го оневозможат кршењето на Уставот. 
-А за да се разбере и препознае антисистемот тој мора да се персонализира.
 
„Антисистемот“ нели го персонализиравте во Груевски, па излезе дека тој што дојде да го елиминира антисистемот кој нели го инсталирал Груевски се покажа бетер од Груевски. Персонификацијата е само шарена лага за да опстане тоталитарниот систем. 
Колку пати досега од 1945 година па до денеска се направени обиди да се реформира ситемот-СЛУЖБАТА, сите обиди биле со персонификација: ИБ како масовна персонификација, па Ѓилас, Ранковиќ... па Бранко, Љупчо, Бучковски, па Груевски... а како оди времето и ќе му дојде времето и на Заев.

Ако намерата да го смениме навистина системот ни е вистнита и чесна, тогаш патот е веќе јасно трасиран како тоа да го сториме. Стриктно спроведување на Резолуцијата на советот на Европа 1096!