Welcome visitor you can log in or create an account

СДСМ СЕ ЛАЖНИ АНТИФАШИСТИ

Jордан Петровски 18.11.2020
Еве не побитен доказ дека Бугарија била окупатор на Македонија:

-Парискиот договор од 1947 година ја третира Бугарија како сојузник на Хитлер и таа мораше да плати 45 милиони американски долари како репарации за окупацијата на Македонија и Западна Тракија. Тој долг е отплатен до 1964 година.

Зар оваа никој не го знаел во СДСМ, партија која се представува како чувар на придобивките од НОВ, партија чии членови се потпишуваат и денеска со Смрт на Фашизмот - Слобода на Народот, па никој не му кажал на Заев со овој аргумет да ги побие тврдењата на Бугарите дека ти биле само администратори во Македонија. Чудно е што е „големите“ антифашисти, Дерала, Најчевска, Милчин, Ризаов, Јовански, Грчев, Героски  ... кои потрошија тони хартија и море мастило укажувајки дека фашизмот во Македонија се повампирува ама за чудо никогаш не го споменаа СДСМ како носител или  барем учесник во такви дејаниа.
А имаме признание на сегашниот премиер дека тој од споменици во Струмица бришел доказ дека Бугарија била окупатор на Македонија!! 
Како тоа атифашистичката СДСМ да избере председател кој го негира фашизмот на Бугарија??



Деведесет проценти од Договорот за добрососедство со Бугарија беа направени од Груевски и од власта. Јас ја имав честа на крајот, заедно со премиерот на Бугарија да ја донесеме храбрата одлука, како лидери кои мислат на иднината на двете земји, и на соработката. Тука беше застанат договорот- дали имаме или не заедничка историја. Светот има заедничка историја, Исус Христос чија историја има? Ние само го направивме последниот чекор. Ние до крајот на годината ќе го ратификуваме договорот“- изјави премиерот Заев во интервјуто.

Во однос на историските прашања што ги засегаат двете земји, Заев рече дека во учебниците веќе не се говори за „бугарски фашистички окупатор“ и оти македонското општество го осудило уништувањето на споменикот на Кајмакчалан, зашто тоа предизвикало страдање на Бугарите.

На прашањето на водителот дали во Македонија во учебниците пишува дали Бугарите се фашистички окупатори, Заев вели дека не пишува таква работа, но и да има тоа треба да се смени.

„Мислам дека во минатото во некои учебници имало таква работа. Пишувало фашистичкиот бугарски окупатор, но во модерната историја во Македонија пишува само за фашизмот, а не пишува за нациите како фашисти или окупатори или нешто слично“, вели Заев.

На прашањето дали историчарите ќе ги менуваат учебниците и фашизмот нема повеќе да се спомнува, Заев вели дека во духот на пријателството ова мора да биде некаде исправено заради тоа што постоеле различни луѓе кои добивале дозволи и ги пишуваат учебниците. Заев исто така посочува дека промените со историјата настанале уште пред да се потпише договорот со Бугарија кога во времето кога тој бил градоначалник во Струмица почнал да ги менува плочите каде што било пишано за бугарскиот фашистички окупатор.

Во Струмица имаше една плоча на која пишуваше: Тука загина еден наш јунак од бугарски фашистички куршум. Тоа е избришано и е напишано од фашистички куршум. На пример уште многу години пред да биде договорот додека бев градоначалник на Струмица“, посочува Заев.

Каде се антифашистите од СДСМ, од НВОата, каде се БОРЦИТЕ да побараат кривична одговорност за скрнавењето на споменик на паднат борец за слобода?? 



пс. прашање за власта, историчарите: дали е исплатена репарацијата и колку од таа репарација добила Македонија. Тие 45 милиони долари денеска би вределе повеке од 500 милиони долари!