Welcome visitor you can log in or create an account

ЗОШТО КОМУНИСТИТЕ ГИ МРАЗАТ НАЦИОНАЛИСТИТЕ

Јордан Петровски 17.11.2020
Преку споредбиве најлесно ке ја откриете причината за омразата на комунистите кон националистите!! 


1. Национализмот е желба да се сочува своето, додека шовинизмот е желба да се присвои туѓото


2. Национализмот е љубов кон својата татковина и нејзините традиција и култура, додека шовинизмот е омраза кон другите земји, традиции и култури.
Или уште поконцизно: за шовинистот, одмаздата е најдобриот вид на успех, додека за националистот, успехот е најдобриот вид на одмазда.



3. Национализмот е креативен оти ги повикува своите приврзаници да создаваат, додека шовинизмот е деструктивен оти тој повикува на разурнување


4. Национализмот тргнува од себе за решавање на сопствените проблеми, додека шовинизмот ги обвинува другите за своите неуспеси.


5. Конечно, секој будала може да биде шовинист, но треба навистина умен човек за го сфати национализмот во неговата вистинска суштина


Секако, политичарите кои ги сочинуваат политичките елити одлично знаат како да ги манипулираат таквите приглупи луѓе. Затоа, формираат преку тајни канали екстремни радикални партии и преку нив ги контролираат и искористуваат шовинистите.

Не секој умен човек е националист, но ниту еден умен човек не е шовинист. Тоа е најсуштинската разлика меѓу националистите и шовинистите.

 Оваа е основа од која треба да тргнеме за да ги направиме промените во менталитетот и потоа промените во власта и битката за зачувување на Македонија!