Welcome visitor you can log in or create an account

ЗОШТО ВМРО ДПМНЕ НЕ ГО КОРИСТИ ДЕЛОВНИКОТ ЗА ДА ОБЕЗБЕДИ РАСПРАВА ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО СОБРАНИЕТО???


Јордан Петровски 12.11.2020
Дали Мицкоски ке одговори зошто пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ парија која тој ја води дозволува да бидат понижени оние кои гласаа за ВМРО ДПМНЕ, потоа да биде понижувана таа како најголема опозициска партија, пота да биде понижена собраниската комисија за надворешна политика која ја води нивни член??
Наместо срцепарателни статуси на ФБ мора да почнете да делувате како партија која навистина ги штити интересите на своите гласачи, користејки ги Деловничките и Уставнит можности ! 
Да потсетам што се овозможува со покренување на ПРАШАЊЕ ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА и  ИНТЕРПЕЛАЦИЈА:

ПРАШАЊЕ ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА
Прашањето за доверба на Владатапретставува најмоќниотинструмент на Собранието законтрола на извршната власт. Прашање за доверба на Владата можеда постават најмалку 20 пратеници, во писмена форма и со образложение на причините. Собранието може да изгласа недоверба со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (апсолутно мнозинство).Иако постапката за поставување прашање за доверба на Владата е релативно лесна, практиката покажувадека многу ретко може да се изгласа недоверба на Владата.Во досегашната практика на македонскиот парламентаризам, изгласана е недоверба само на една Влада.Прашање за доверба може да постави и претседателот на Владата во писмена форма или уснонаседницатанаСобранието.Прашањето за доверба претседателот на Собранието веднаш го доставува до пратениците, Владата и претседателот на Републиката. Кога прашањето за доверба е поставено усно на седница на Собранието, претседателот на Собранието го известува за тоа претседателот на Републиката. Прашањето за доверба може да се повлече до почетокот на седницата на Собранието, на која се расправа попрашањето за доверба на Владата. За поставеното прашање за доверба на Владата, претседателот на Собранието веднаш свикува седница,која се одржува третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата. Рокот почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата. По поставеното прашање за доверба на Владата се води претрес. Право да го образложи прашањето за доверба на Владата има еден од пратениците кои го поставиле прашањето во траење од најмногу 30 минути. Редоследот на пратениците кои ќе учествуваат во претресот се определува во договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути, а координаторот на пратеничката група вкупно 20 минути. Собранието гласа за недоверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба. Во случај кога прашањето за доверба на Владата го поставува претседателот на Владата усно на седницата на Собранието, Собранието гласа за доверба на истата седница. Претседателот на Владата има право да му се обрати на Собранието пред гласањето за доверба. Ако на Владата и е изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката. Владата на која и еизгласана недоверба останува на функцијата до изборот на нова влада.Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба. Пред тој рок прашањето може да го постави само мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието на Република Македонија

ИНТЕРПЕЛАЦИЈА
Интерпелацијата за разлика од пратеничкото прашање претставува посложена постапка и инструмент на политичка контрола надВладата,или над конкретен носител на јавна функција, чиј исход може да го загрози опстанокот на Владата и да доведе до губење на довербата во Владата.Иако целта на интерпелацијата не е директно утврдување на индивидуална политичка одговорност, туку отворање расправа за прашањеод поширок интерес за земјата, прашањето за одговорност може да следи, доколку биде прифатена интерпелацијата. Интерпелација можат да поставатнајмалку пет пратенициво врска со работата на конкретен носител на јавна функција, Владата и секој нејзин член поединечно, како и во врска сопрашања од работата на државните органи.Интерпелацијатасо образложение се поднесува исклучиво во писмена форма, потпишана од сите пратеницишто ја поднесуваат. Се поднесува до претседателот на Собранието кој веднаш ја доставува до оној комуму е упатена. Субјектот на кој се однесуваинтерпелацијата има право да достави писмен одговор до претседателот на Собранието, најдоцна во рок од 15дена од денот на приемот на интерпелацијата.Таа се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако одговоротне се поднесе во наведениот рок, интерпелацијата сестава на дневен ред на првата наредна седница на Собранието. Пратениците можат да ја повлечат интерпелацијата само пред отпочнувањето на претресот.Право да ја образложи интерпелацијата на седницата на Собранието има еден од пратениците што ја поднеле интерпелацијата, во траење од 20 минути. Субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација, исто така,во траење од 20 минути. Претресот по интерпелацијата трае еден работен ден до исцрпувањето на листата напријавени пратеници за збор, при што пријавувањето и редоследот на пратениците за учество во претресот е ист како и во постапката за поставување пратенички прашања. Претресот завршува со гласање што го изразува (не) задоволството на Собранието со одговорот добиен од носителот на јавнафункцијаили Владата,најдоцна до 24,00 часот. Ако Собранието ја прифати интерпелацијата, донесува заклучок во кој се изнесува ставот во врска со наводите на интерпелацијата.Отсуството на такво задоволство само по себе не предизвикува правни последици за Владата, или за носителот на јавна функција, но може да претставува вовед во покренување постапка за политичка одговорност,или да резултира со оставка на Владатаилинаносителот на јавна функција. На пример,ако пратениците не се задоволни од образложенијата на министерот за чија работа била покренатаинтерпелацијата и таквото незадоволство го искажат при гласањето, интерпелацијата може да предизвика морална последица. Тоа значи дека министерот може сам да поднесе оставка,или претседателот на Владата може да му предложи на Собранието разрешување на тој министер. Така, според Деловникот на Собранието, претресот се прекинува ако се постави прашање за доверба на Владата, ако Владата, односно носителот на јавна функцијаподнесе оставка,илиако претседателот на Владата поднесе предлог за разрешување на членот на Владата за чија работа е поднесена интерпелацијата. Во досегашната историја на македонската парламентарна демократија, како подносител на сите интерпелации се јавува парламентарната опозиција.

Од оваа што сум го приложил се гледа дека ВМРО ДПМНЕ ако сака навистина да има јавна расправа за да јавноста да се запознае со текот на преговорите кои власта сака да ги сокрие тоа може да го стори без проблем! Значи немора ВМРО ДПМНЕ да инсистира на свикување на комисијата за надворешна политика кога ја има можноста за гласање на доверба на владата и интепелација, односно јавна расправа која неможе да се ескивира во собранието!! 

 
?Собранието во секоја членка на ЕУ секогаш е место за демократска расправа меѓу министрите и пратениците, за најважните национални прашања! За жал во Македонија министрите бегаат од Собранието и пратениците.
Затоа и макетата на вицепремиерот Димитров е вистинската слика за владините министри во Собранието, слика има, тон нема!?
Пратениците од власта денес не прифатија на дневен ред да се стават и да се усвојат следниве заклучоци кои се однесуваат на македонско-бугарскуте односи и ризикот од блокада на евроинтеграциите:
1️⃣. Собранието ги осудува позициите содржани во Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во контекст на проширувањето и македонските евроинтеграции, како спротивни на Повелбата на Обединетите нации од 1945-та година, во која една од целите е развивање на "пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите", право кое неделливо му припаѓа и на македонскиот народ
2️⃣. Собранието упатува апел до сите земји членки на ЕУ, до Европската Комисија и доЕвропскиот парламент да донесат безусловна одлука за почеток на преговорите со одржување на првата меѓувладина македонско-европска конференција.

 

Османи: Не сакам да бидам дел од дневно-политичка драма и хистерија за сензитивни теми

12:29

Отворен сум да разговарам со опозицијата за кое било прашање, вклучитечно и за прашањата што се од државен и од јавен интерес и се многу сензитивни за сите граѓани, меѓутоа не сум подготвен да бидам дел од дневно-политичка драма и хистерија по однос на вакви сензитивни теми, изјави денеска минстерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Подготвен сум денеска да се сретнам со опозицијата овде во Министерството, во нивното седиште, во Собранието, но ниту со нашата опозиција, ниту со бугарската, ниту со други политичари, немам намера да влезам во јавен политички дискурс или дебата кои може да бидат искористени за дневно политички прашања и може да му наштетат на овој витален процес, особено сега кога тој е во завршница, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање зошто не се одѕвал на поканата да присуствува на денешната седница на собраниската Комисија за надворешни работи.

Тој нагласи дека со ова не избегнува транспарентност и комуникација, но во оваа атмосфера оптоварена со емоции, како што рече, таквите дебати и расправи во Комисијата нема да придонесат ништо конструктивно во овие клучни денови за процесот.

Османи додаде дека досега не бил контактиран за средба со опозицијата, туку само добил покана за учество на работата на собраниската Комисијата, истакнувајќи при тоа дека е подготвен да биде мост меѓу политчките партии, бидејќи, како што рече, внатрешната политичка кохезија е услов за успех на евроиинтеграцијата на земјата,

– Немам никакава предрасуда кон било кого. Подготвен сум да разговарам во било кој формат за сите прашања од државен интерес, но тоа да не биде дел од една драма и хистерија во интерес на политичките партии, потенцира Османи.