Welcome visitor you can log in or create an account

ДАЛИ РАСПАДОТ НА ДИП СТЕЈТОТ КЕ СЕ СЛУЧИ КОГА КЕ ОТПОЧНЕ СУДИРОТ ПОМЕЃУ КГБ И СОРОС?? единаесети дел

Јордан и Душан Петровски 07.10.2028

Во 1959 година Сорос се преселил во Гринич Вилиџ [населба во Њујорк, заб. Д.П.], невообичаена дестинација за брокер во тој период. Населбата станала прочуена за време на 1950-тите по своите рецитали на поезија, џез клубови и „битник“ интелигенција. Кога Сорос пристигнал битниците веќе започнале да ја отстапуваат сцената на новокомпонираната контракултура на ’60-тите, чијшто ран епицентар беше Гринич Вилиџ. … Сорос не зборува многу околу овој период во неговиот живот, но тој поминал половина деценија живеејќи во Гринич Вилиџ, искуство кое несомнено влијаело  врз него на безброј начини.

Не знаеме до кој степен Сорос се мешал со интелигенцијата во Гринич Вилиџ додека живеел таму, но извесни истакнати жители на оваа населба и редовни посетители на нејзините салони и кафеџилници сигурно влијаеле врз Сорос во годините кои уследиле. Влијателниот социјалист Мајкл Харингтон, на пример, држел секојдневна аудинецнија во „Уајт хорс таверн“, едвај половина блок од станот на Сорос. Во раните шеесетти Харингтон служел во советот на Лигата за индустриска демократија, заедно со Ари Ниер, кого Сорос подоцна ќе го вработи како раководител на неговата фондациска мрежа.

Додека Сорос се мачел со ракописот за „Бреме на совеста,“ Харингтон исто така пишувал книга. Објавена во 1962 година под насловот „Другата Америка,“ книгата тврди дека повоениот просперитет не успеал да ја елиминира сиромаштијата во Америка, дека постоела „невидлива“ подкласа од околу 50 милиони луѓе кои живееле во беда, и дека морало нешто да се стори. Харингтон повикал на „војна против сиромаштијата,“ без да предложи конкретни решенија. „Нема потреба да се готви нацрт или да се елаборираат механизмите и институциите на војната против сиромаштијата во САД,“ запишал тој. „Има доволно податоци за дејство. Единствено што недостига е политичката волја.“ Претседателот Џонсон [наследникот на Џон Кенеди, заб. Д.П.] бил голем љубител на книгата на Харингтон. „Другата Америка“ широко се смета за инспирација за Џонсоновата Војна против сиромаштијата—добронамерна, но крајно деструктивна програма чиишто перверзни ефекти помогнаа во раѓањето на Соросовата Партија во сенка [и го уништија црнечкото семејство, заб. Д.П.].

Друга личност од „Селото“ [се мисли на Гринич Вилиџ, „вилиџ“ = село заб. Д.П.] од овој период одгирала уште повлијателна улога врз животот на Сорос. Поетот Алан Гинзбург бил посетител на „селските“ локали во периодот кога Сорос живеел таму. „Бебе во црвена пелена“ кој ги минувал летата во логорот на Комунистичката партија на САД „Нихт-Гедејт“ во Катскилските планини, Гинзберг израснал во Новолевичарски радикал чиишто активности му заслужиле место на листата на „Опасни субверзивци“ на ФБИ во 1965 година. Додека нема докази дека Сорос бил познаник со Гинзберг за време на неговиот престој во Гринич Вилиџ, двајцата несомнено се запознале, веројатно околу 1980 година. Гинзберг станал „доживотен пријател“ на Сорос, според мемоарот на Кауфман. До средината на 1980-тите поетот станал чест гостин во Соросовиот луксузен стан на Петтата авенија како и неговиот имот „Ел мирадор“ на Лонг Ајленд. Кога унгарскиот дисидент драматург и режисер Истван Ероси го посетил Њујорк во 1981 година, Сорос и Гинзберг наводно биле негови водичи низ „луди“ забави.

Што научил Сорос од Гинзберг и обратно? Во најмала рака, тие си ги зацврстиле своите радикални нагони. Гинзберг бил еден од врвните промотори на марихуана, ЛСД и други извори на хемиско „просветлување.“ Сорос тврди дека Гинзберг е оној кој го убедил да стане застапник на легализацијата на наркотици.

 

(„Партијата во сенка“, стр. 84-85)