Welcome visitor you can log in or create an account

ПО ОДЛУКАТА СЧП ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПРЕСУДИТЕ ОД БОМБИТЕ КЕ СЛЕДИ И ОДЛУКА ОД СЧП ЗА УКИНУВАЊЕ НА ПРЕСУДИТЕ ЗА 27.04

новите станари на идризово


04.10.2020

Вечер.мк дознава Судот за човекови права во Старзбур одлучил дека аболицијата на тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов, од април 2016 година, со која од прогон се аболицирани 54 лица - важи, не е и не може да биде повлечена или укината. Со тоа, најголем дел од предметите кои сега се во фаза на судење по обвинение од СЈО паѓаат во вода, мора да се запрат, а обвинетите или осудените да бидат ослободени од прогон или казна.

Одлуките на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, според нашето право, се оврзувачки за судовите. Според сознанијата на Вечер.мк Судот во Стразбур за својот став ја известил и македонската влада уште на 14 Септември, и решил одлуката да се спроведе во две фази. Владата оваа информација досега ја криела од јавноста.

Првата фаза е да се наложи на извршната и судска власт да најдат начин спогодбено да се спроведе одлуката од Стразбур во договор помеѓу правосудниот систем и прогонетиот, односно обвинетите или осудените. Рок за ова е до 20 Декември годинава. Со ова треба самиот суд, или сега веќе Јавното обвинителтво кое ги презема предметите од СЈО да се спогодат со обвинетите за повлекување на предметите без барање трошоци, надомест на штета и слично.

Втората фаза ќе настапи ако не се изврши бараното во првата фаза. До март следната година, ако нема спогодба, одлуката на Судот за човекови права од Стразбур ќе мора да се спроведе облигаторно, без задршка и без условувања. А тоа значи дека повеќе од половина предмети за кои сега се суди по обвиненија од СЈО запираат на штета на обвинителството или судот, ако е пресуда веќе донесена. Обвинетите потоа, за делата за кои се аболицирани, се слободни, а државата мора да им исплати штета која би ја побарувале.

Дека може да се очекува ваква ваква одлука на Европскиот суд за човекови права најавија експертите уште одамна, за тоа зборуваше и професорот Гордан Калајџиев, а Петар Василев, адвокатот на некои од прогонетите од СЈО веќе три години зборува дека аболицијата не може да се повлече или поништи, дека судските постапки треба да запрат а тој што не ги запира ќе биде одговорен за штетите кои поради тоа настанале.

Пред оваа одлука на Европскиот суд за човекови права во Стразбур три европски држави, Грција, Унгарија и Шведска, веќе донесоа судски одлуки дека обвинети лица кои се пребегани кај нив не може да бидат вратени во Македонија затоа што има абилиција за нив. Со одлуката на Судот од Стразбур се потврдува овој европски став на веќе четири европски судови дека СЈО обвиниле луѓе, а судот ги судел, без законски основ. 

Дали Македонија мора да ја спроведе одлуката на Судот за човекови права во Стразбур. Мора. Тоа е обврска и според нашите закони. Секој судија кој нема да ја спроведе одлуката од Старзбур според нашиот закон ќе биде сменет и повикан на одговорност. Затоа Јавното обвинителство и СДСМ толку притискаат што побрзо да се донесат правосилни одлуки по обвиненијата на СЈО. По ова треба да се почека и види кои од судењата по обвиненија на СЈО паѓаат поради аболиција, а според првичните сознанија од 18 паѓаат барем 11 судења. 

Европскиот суд за човекови права во Стразбур својата одлука ќе ја објави наскоро, веќе од понеделник па натаму може да се очекува одлуката да појави на нивната официјална интернет страна.

Едно мало потсертување Грција не ги испорача Горан Грујовски и Никола Бошковски повикувајки се на аболицијата на Председателот Иванов. Значи Грција го почитуваше Европското право со кое е усогласено Грчкото право! После оваа одлука на Судот за Човекови Права веке со 100% сигурност може да се очекува иста постапка на Судот за Човекови Права во Стразбур и за 27.04 бидејки Врховниот суд на Шведска , земја членка не ЕУ ОДБИ да го екстрадира Дејан Давидовски заради тоа што според законодавството на Шведска кое да повторам е во СКЛАД СО ЕВРОПСКОТО такво дело не е дело кое се третира како ТЕРОРИСТИЧКО!!

[Image: vecher3-480x640.jpg]

После одликава на Судот за Човекови Права во Стразбур дека аболицијата која ја додели Иванов ВАЖИ, односно неможе да биде укината кој ке ја сноси одговорноста и кој ке ги надомести штетите заради инсистирањето да продолжат процесите и да има пресуди со кои луѓе веке издржуваат казни!
Кој ке сноси одговорност и кој ке ги надомести штетите за 27.04 бидејки и покрај пресудата на Врховниот суд на Шведска, пресуда која е јасен сигнал како ке се однесува судот за Човекови Права во Стразбур и натаму ги  продолжува процесите и ги држи во затвор осудените во првиот процес. 
Кога стаса пресудата на Врховниот суд од Шведска јас напишав дека РУСКОВСКА И КАЦАРСКА МОРА ДА ПОНЕСАТ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОЦЕСОТ ЗА 27.04 а тоа значи и СЈО и ЈО за пресудите и процесите кои сега ги води и за 27.04и за бомбите!!
Политичка и кривична одговорност мора да има и за Заев !!