Welcome visitor you can log in or create an account

ДАЛИ РАСПАДОТ НА ДИП СТЕЈТОТ КЕ СЕ СЛУЧИ КОГА КЕ ОТПОЧНЕ СУДИРОТ ПОМЕЃУ КГБ И СОРОС?? десети дел

Јордан и Душан Петровски 04.10.2020


Соросовата незгодна врска со еврејската заедница и неговата отфрлена вера (истовремен одраз на неговата незгодна врска со неговата посвоена домовина) датира многу години наназад. Роден во Будимпешта на 12 август 1930 година, Сорос првовремено го носел името Гиорги Шварц. Неговите родители биле секуларни Евреи („Еврејски антисемити“ како што подоцна ќе забележи Сорос). Неговиот татко, Тивадар, бил адвокат. Меѓутоа, неговиот брак со ќерката на богат трговец му го дозволила луксузот да се посвети на својата вистинска страст: промоција на есперанто, вештачки јазик создаден 1880-тите години. Есперантистите се надевале дека ќе го истребат национализмот доколку ги убедат сите народи да се одречат од своите мајчини јазици и да го прифатат есперантото. Опиен од оваа глобалистичка фантазија, Тивадар го усовршил својот есперанто и во 1936 година го променил презимето на своето семејство во Сорос—есперанто глагол во идна форма, чие значење е „ќе се издигне“.

Кога Нацистите ја окупирале Унгарија во 1944 година, Тивадар и неговото семејство преминале во бегство. Соросови го преживеале холокаустот присвојувајќи лажни идентитети како христијани. Сорос пишува дека животот под нацистичка и комунистичка окупација го оформил неговиот карактер на неочекувани начини. Една последица е затемнување на неговиот однос кон неговите сонародници Евреи. Никогаш не заборавил како еврејскиот „Јуденрат“, еврејски совет основан од Нацистите, ги предал Евреите во возврат за специјални привилегии. Своевремено, Сорос бил регрутиран од „Јуденрат“ заедно со други младинци од еврејско потекло да раздаваат летоци со кои Евреите биле мамливо убедувани да се пријавуваат за депотрација во концентрационите логори. Сорос покажал еден од летоците на својот татко. Памфлетот ги упатувал Евреите да се пријават во одредена синагога со ќебе и храна за два дена. Тивадар го прашал својот син дали го разбрал значењето на упатството.

„Можам да погодам. Ќе бидат интернирани,“ одговорило тринаесет-годишното момче.

Тивадар му рекол на младиот Сорос да продолжи со доставките на овие летоци, но да ги предупреди примателите дека упатството е впрочем покана за депортација. Подоцна, Тивадар му рекол на својот син да престане со неговата дејност за „Југенрат“. „На Џорџ му се допаѓала возбудата која резултирала од неговата курирска дејност, но сепак безприговорно ја послушал наредбата на својот татко,“ забележал Соросовиот биограф, Мајкл Кауфман. Колку јасно младиот Сорос го разбрал значењето на својата дејност за „Југенрат“, индикативно е задоволството кое го уживал вршејќи ја оваа должност. Уште поиндикативен е фактот што Сорос ќе се повика на овој инцитент многу години подицна, како причина за неговата омраза кон неговите сонародници Евреи. На која основа може Сорос да ги осудува колаборационистите од „Јуденрат“ за своите предавства а истовремено да се иззема себеси од морална осуда? Рака на срце, Сорос бил само младинец кога бил соочен со оваа дилема, но младинци од негов врс во тој период се бореле и гинеле низ цела Европа.

Тивадар го спасил своето семејство распрскувајќи ги неговите членови, снабдувајќи ги со фалсификувани документи и лажни идентитети како христијани, и подмитувајќи нееврејски семејства да ги присвојат. Џорџ Сорос го прифатил името Шандор Кис, и позирал како кумашин на извесен Баумбах, службеник во унгарскиот фашистички режим. Баумбах бил задолжен да доставува известувања за депортации на месните Евреи и да ги конфискува нивните имоти. Имал навика да го носи младиот Сорос со себе додека ги вршел овие обиколки. За време на настап во емисијата „Светот на парите“ на државната ПиБиЕс телевизија на 15 август 1993 година, Сорос го изјави следново во однос на неговите активности за време на Војната, „Бев посинет од страна на службеник во министерството за земјоделство, чијашто должност беше да ги конфискува еврејските имоти, па затоа јас му бев придружник кога ги запленувавме овие огромни имоти. Тоа беше мојот идентитет. Значи, чуден живот, многу чуден. Тогаш имав 14 години.“ Подоцна, на 20 декември 1996 година, Сорос се соочи со построга линија на испитување од Стив Крофт во „60 минути“:

Крофт: „Вие сте унгарски Евреин…“

Сорос: „Аха.“

Крофт: „…кој го избегнал холокаустот…“

Сорос: „Аха.“

Крофт: „…позирајќи како христијани.“

Сорос: „Точно.“

Крофт: „И Вие гледавте како голем број на луѓе се товарат во возови чија дестинација беа логори на смртта.“

Сорос: „Точно. Тогаш имав 14 години. И би рекол дека тогаш беше изграден мојот карактер.“

Крофт: „Како?“

Сорос: „Дека човек треба да мисли однапред. Дека треба да ги разбере и предвиди идните настани и да знае кога е во опасност. Тоа беше огромна закана од зло. Мислам, тоа беше многу лично искусување на зло.“

Крофт: „Како што разбирам, Вие сте биле придружник на вашиот заштитник кој тврдел дека Вие сте негов посинет кумашин.“

Сорос: „Да. Да.“

Крофт: „Сте му биле придружник, впрочем, и помошник во запленувањето на еврејските имоти.“

Сорос: „Да. Точно така. Да.“

Крофт: „Мислам, тоа звучи како искуство кое би испратило многумина на психијатриски кауч за многу, многу години. Беше ли тешко?“

Сорос: „Не, воопшто не. Воопшто не. Можеби како дете не ја гледаш врската. Но беше—не произведе никакви проблеми.“

Крофт: „Нема чувство на вина?“

Сорос: „Не.“

Ова од човекот кој има аспирација да биде „совеста на светот.“

Кога Комунистите ја окупирале Унгарија, младиот Сорос бил изложен пред нов склоп на морални предизвици. До денешен ден Сорос инсистира дека комунизмот го смета за одбоен, но признава дека во 1946 година на својот татко му рекол дека, „Сакам да заминам за Москва за да научам за комунизмот. Сакам да кажам, таму лежи моќта. Би сакал да научам повеќе околу тоа.“ Подобро од било која од неговите морални идеи или декларации, изјавата дека „таму лежи моќта“ го сумира компасот по кој Сорос го води својот живот.

Тивадар го убедил својот син да замине за Англија. Советот бил благовремен. Во јануари 1947 година Сталин го инсталирал Комунистот Матјас Ракоси за унгарски диктатор. Роден Матјас Розенберг, Ракоси бил унгарски Евреин кој долги години живеел во СССР. Повратник со Црвената армија, Ракоси ја нурнал Унгарија во општо крвопролевање, чистки, монтирани судски процеси, масовни депортации и ликвидации. Сорос никогаш нема образложено какво било влијанието на евреинот Ракоси во однос на неговата и онака разнишана врска со чувството на „племенска лојалност,“ да се послужиме со изреката на Сорос. Ниту пак има понудено било какво мислење за тоа дали Ракосовото прифаќање на комунистичкиот „универсализам“ било поприфатливо од ционистичкиот „племенизам“. Какви и да биле неговите сфаќања, Сорос, тогаш на 17-годишна возраст ја напуштил својата домовина за Англија во август 1947 година, седум месеци по почетокот на Ракосовиот терор.

Околу 1980 година, додека работел како успешен финансиски менаџер во Њујорк, Сорос почувствувал потреба да го промени светот. Но, неговата отуѓеност од јудаизмот го оставила без кауза. Во неговата книга од 1991 година, „Зајакнување на демократијата“, Сорос се исповедува: „Барајќи вредна кауза, налетав на тешкотии. Не припаѓав на ниту една посебна заедница…. Никогаш не станав вистински Американец. Ја напуштив Унгарија а моето еврејство не се изразуваше во смисла на племенска лојалност која би ме навела да го поддржувам Израел.“

......

„Кога студираме како Евреите реагираат кога се под прогон,“ забележал Сорос во една од неговите книги, „можеме да согледаме дека тие имаат тенденција претежно да следат еден од два излезни курсеви. Тие или ги надминуваат своите тешкотии преку свртување кон нешто универзално или преку идентификување со своите угнетувачи и имитирање на нивните навики. Јас потекнувам од асимилационистичко семејство и го одбирам првиот курс. Другата опција е Ционизмот, основањето на нација [држава, заб. Д.П.] каде Евреите се мнозинство.“ … Она што Сорос го испушта во овие рефлексии е фактот дека тој преживеал преку асимилација во нацизмот, опција која неприфатлива за многумина и, на дело, отворена за малкумина.

 

(„Партијата во сенка“, Дејвид Хоровиц и Ричард По, стр. 78-83)