Welcome visitor you can log in or create an account

Уште еден слој на УДБа влегува во ВМРО-ДПМНЕ

22.09.2020

Вилијам Колби, екс шеф на ЦИА уште 1990 година на едно советување како полесно и посигуно да дојде до смена на системите во комунистичките држави го дал следниот совет:

Во сите поранешните источноевропски комунистички земји, во корен треба да се сосечат бившите служби на сигурноста, припадниците на тие служби мора да бидат одстранети од политичка и друга општествена моќ, бидејки тие се реална опасност за реинтеграција на тие држави и за реставрација на старите односи.

Ново прифатениот член на ВМРО ДПМНЕ Воислав Зафировски е ветеран на службите на државната безбесност a кој неодамна премина од политичката партија Интегра во партијата ВМРО-ДПМНЕ е човек кој според Колби не би смеел да биде во допир, можност за политичка моќ.