Welcome visitor you can log in or create an account

ДАЛИ РАСПАДОТ НА ДИП СТЕЈТОТ КЕ СЕ СЛУЧИ КОГА КЕ ОТПОЧНЕ СУДИРОТ ПОМЕЃУ КГБ И СОРОС?? девети дел

Јордан и Душан Петровски 06.09.2020

Џорџ Сорос не говореше напразно кога пред публика во Лондонската школа за економија изјави дека има намера да „го избуши меурот на амриканскиот врховизам.“ [БЛМ и Антифа денес маршираат против „белиот“ врховизам—т.е. против историската американска нација. Ерго, БЛМ и Антифа се борат против американскиот врховизам. Д.П.] Неговата Партија во сенка финансира и помага национално движење [се мисли на движење кое има ограноци низ сите краишта на државата, Д.П.] кое навистина може да го постигне тој исход. Следејќи го истиот образец со кој беше соборен Никсон и беа подриени американските воени потфати во Виетнам, Сорос и неговиот тим може да успеат во нивниот објектив да ја повторат историјата. Можеби е исправно сега да се постави прашањето: Што има во сето ова за Сорос лично?

Според Сорос, сите негови филантропски активности се насочени кон една цел—гаење на нешто што тој го нарекува „отворено општество.“ Овој термин за прв пат бил пуштен во употреба во 1932 година од страна на францускиот филозоф Анри Луи Бергсон. Бергсон ги дефинирал како „затворени“ оние општества чиишто морални кодекси се племенски и чија главна преоукпација е доброто на самото племе. Оние општества кои ги засноваат своите морални вредности на „универзални“ принципи и се преокупирани со доброто на целото човештво, Бергсон ги дефинирал како „отворени.“ Самиот Бергсон го заменил својот јудаизам со католицизмот поради тоа што христијанството го сметал за „отворено“ а јудаизмот за „затворен.“ Подоцна, виенскиот филозоф Карл Попер го продлабочил концептот на Бергсон. Попер тврдел дека дури и христијанството не било доволно „отворено“ зашто ги исклучува оние кои не ја прифаќаат неговата вера. За да биде навистина „отворено,“ општеството мора да еднакво да ги почитува сите вери, без фаворитизам кон никоја. Вистински отворена личност никогаш не претпоставува дека неговите убедувања се супериорни во однос на некој друг и никогаш не ја заборава својата беспогрешност. [Дефиниција на отсуство на самоувереност. Интелектуална ескалација во ќорсокак. Д.П.]

Како Евреин кој бил принуден на бегство од својата родна Австрија од Нацистите, Попер се мачел со судирот помеѓу демократските и тоталитарни општества кои трагично ја поделиле неговата генерација. Евентуално тој започнал да го гледа тоталитаризмот, во сите негови облици, како конечниот производ на „затворено“ размислување, т.е. недавањето почит на туѓите убедувања. Попер ги образложил своите гледишта во неговата влијателна книга „Отвореното општество и неговите непријатели“ издадена во 1945 година. [„Отворено општество“ е неприродна појава, новина, а веднаш ги посочува своите „непријатели“ како некакви грешници и девијанти. Д.П.] Токму во обликот дефиниран од Карл Попер Џорџ Сорос за прв пат го сретнал поимувањето на „отворени“ и „затворени“ општества. Сорос бил студент на Попер во Лондонската школа за економија, а подоцна го ословувал како негов „духовен ментор.“ Сорос подоцна ја обликувал својата мрежа на фондации врз основа на визијата на Попер. Институтот отворено општество и неговата мрежа на фондации Отворено општество се именувани според концептот на Попер.

Соросовите обиди да ги имплементира Поперовите идеи на дело ја демонстрираат непрактичноста на овие идеи. Во реалниот свет, општествата кои не се спремни да ги бранат своите вредности стануваат прегазени од нивните непријатели кои немаат такви воздршки. Не постојат отворени општества во глобалната смисла на Сорос. Секоја цивилизација се држи до одредени претпоставки во однос на тоа какви поведенија се а какви не се прифатливи, и нема цивилизавија која може да опстане доколку нема волја да ги имплементира своите убедувања.

Дури и систем толерантен, отворен и „универзален“ како американската демократија не може да се исправи пред Поперовиот идеал. Американските основатели верувале во очигледни вистини. Попер, не. Основателите ја сметале слободата како апсолутно право, произлезено не од владата туку од „Богот на Природата“. Правата нумерирани во Декларацијата за независност се означени како „неотуѓиви“ токму зашто се гледаат како дадени од Господ. Да се лиши од слобода некој поединец значи да се повредат „Законите на Природата,“ како што Џеферсон прочуено напишал во Декларацијата за независност. Попер немал такви убедувања. Според него, луѓето се осудени вистината слепо да ја бараат, со обиди и грешки. Без разлика колку упорно да бараат, никогаш нема да ја најдат.

Анти-американската агенда на Сорос започнува со негова критика на американскиот основачки документ. Во „Меурот на американскиот врховизам“ Сорос тврди дека „Декларацијата за независност е исто така подложна на различни толкувања.“ Според Сорос, принципите во Декларацијата „не се очигледни вистини туку аранжмани поттикнати од нашето неопходно несовршено разбирање.“ Бидејќи овие основачки принципи немаат никаква светост и не претставуваат вечни вистини, Сорос ги гледа како еднократни. Тие можат да се сменат по желба, со цел да ја отсликаат моменталната радикална мода. А впрочем, менувањето на Уставот на САД е еден од проектите на Џорџ Сорос. (67-69)

Во својот обид да го деконструира основањето на Америка и да го ремоделира општеството кое таа го обликувала, Сорос оди подалеку од својот ментор. Попер впрочем, бил голем почитувач на Америка. Три години пред својата смрт во 1991 година Попер напишал: „Мојата прва посета на САД во 1950 година направи од мене повторно оптимист. Тоа прво патување засекогаш ме излечи од депресијата предизивкана од поразителното влијание на марксизмот во повоена Европа. Оттогаш ја имам посетено САД уште 20 или 25 пати, и во секој наврат бев подлабоко воодушевен.“

Сорос пристигнал во Америка со мошне поинаква перспектива. Откако минал девет години во Англија, Сорос отпатувал во Њујорк во 1956 година со една цел—да спечали на Вол стрит. Немал интерес да пушта корени во Америка. Впрочем, тој си поставил рок од пет години, за кој период се надевал да заштеди 500.000 долари, после што планирал да се врати во Европа. „Тоа беше мојот петогодишен план,“ Сорос изјавил за неговиот биограф Мајкл Т. Коен. „Тогаш не бев заинтересиран во Соединетите Држави. Имав здобиено извесни британски предрасуди; знаете, Америка е комерцијална, проста, итн.“

Сорос останал во Америка, дури и станал државјанин во 1961 година. Но, неговите подоцнежни писанија укажуваат дека тој никогаш не го загубил неговиот првобитен презир. Напротив, се чини тој само изнаоѓал нови и поимагинативни причини за презирање на земјата која го присвоила во годините кои уследиле. „Кој би помислил пред шеесет години, кога Карл Попер ја објави ‘Отвореното општество и неговите непријатели’ дека самите Соединети Американски Држави ќе претставуваат закана за отвореното општество? Но, тоа е она што се случува, и во нејзината внатрешна и во нејзината надворешна политика,“ Сорос заклучил во „Меурот на американскиот врховизам.“ …

„Отвореното општество се залага за слобода, демократија, владеење на правото, човекови права, социјална правда, и општествена одговорност како универзална идеа,“ истакнал Сорос во „Отворено општество: Реформирање на глобалниот капитализам.“ Ова е најблиско нешто до дефиниција на својата идеја за „отворено општество“ која Сорос ја дава. Како Карл Маркс и генерации на социјалисти, Сорос претпочита да не понуди образец за ветената иднина, дури и додека тој активно работи на рушење на сегашноста. „Во мојата мрежа на фондации, ние никогаш не го дефиниравме отвореното општество. Доколку го сторевме тоа, организацијата ќе станеше покрута; каква што е, флексибилноста е наш заштитен знак.“

Навистина флексибилност. Додека Америка се соочува со непријателски култури кои целуваат на нејзина деструкција, Сорос тврди дека таа мора да потклекнува пред нивните културни норми:

 

Чистиот разум и моралниот кодекс заснован на вредноста на индивидуата се изуми на Западната култура; тие немаат вредност кај другите култури…. Западната интелектуална традиција не треба да се наметнува врз целиот свет во име на универзални вредности.

 

Тука Сорос ја издава контрадикторноста на неговата визија за „отворено општество“. Неговиот пропис против наметнувањето на „отворено општество“ врз другите, заедно со неговото одбивање да ја опише иднината која ја бара, укажува дека „критичниот“ аспект—деструктивниот аспект—на неговта мисија е она што ја мотивира и дефинира, додека позитивниот, идеалистички аспект е табула раза која останува да биде дефинирана од неговата прогресивна авангарда. Инаку речено, тоа е само димна завеса за отворената агенда која револуционерите треба да ја туркаат. Со неочеквана искреност, Сорос признава дека урнисувањето го смета за полесно одошто креирањето. [Зарем не нелогично човек кој наводно има изградено толкав капитал и мрежа на фондации да претпочита деструкција наместо конструкција? Д.П.] Во однос на неговите „демократизирачки“ потфати во поранешниот советски блок, тој го изјави следново за „Њујорк тајмс“ во 1990 година, „Кога нашата цел беше на сила да отвориме затворен систем, ги поддржавме иконокластите. Сега задачата е да изградиме отворен систем. Ова е многу потешко…. На еден начин ова е многу подосадно. Градењето секогаш бара повеќе труд одошто рушењето.“

Според негова сопствена проценка, до 2006 година Сорос потрошил преку 5 милијарди УСД кон ширење на неговата доктрина за „отворено општество“, и нејзино имплементирање во постоечките општества. Но, ако Отвореното општество нема јасна дефинција, и никој нема право да ја наметнува својата визија врз другите, тогаш што точно работи Сорос и неговата мрежа на фондации?


Британскиот новинар Нил Кларк нуди циничен одговор на ова прашање. Според Кларк, „отвореното општество“ е малку повеќе од смоквин лист зад кој Сорос си ја крие сопствената лакомост:

 

Сорос ја цени „отвореноста“ на општеството, не врз основа на односот на тоа општество кон човековите права и основни слободи, туку врз основа на тоа дали тоа е „отворено“ за него и неговите деловни партнери да печалат пари. И, навистина, Сорос има спечалено пари во секоја држава на која и помогна да стане „отворена.“ На пример, во Косово тој инвестираше 50 милиони УСД во обид да се здобие со контрола врз рударскиот комплекс „Трепча“…. На тој начин тој го повтори образецот кој толку ефективно го ползуваше низ цела источна Европа: заговарајќи „шок терапија“ и „економски реформи“, а потоа навалувајќи се со своите соработници во откуп на вредни државни имоти по дисконтни цени.

 

Поентата на Кларк е дека Соросовата навика да го меша бизнисот со неговите политички операции често го прави тешко разликувањето каде завршува едната активност а каде започнува другата. Но додека е евидентно дека Сорос не е способен да пропушти добра бизнис прилика, од друга страна, се чини дека си верува на својата пропаганда. Тој искрено се гледа себе си како мисионер—реформатор, ослободител, апостол за магловито замислено општество кое ќе го замени постојното.

„Мојата цел е да станам совеста на светот,“ Сорос нескромно се исповедал на неговиот биограф Мајкл Кауфман, во миг на искреност кој има потенцијал да ја засени мегаломанијата. Енигматичниот милијардер на неколку наврати се има опишано себе си како „пропаднат филозоф.“ Во „Отворено општество: Реформирање на глобалниот капитализам,“ Сорос тажно пишува дека, „Секој филозофски аргумент е подложен да покрене безброј нови прашања…. Своевремено изгубив три години од мојот живот развивајќи ја мојата филозофија, и завршив таму од каде што почнав.

Сорос мисли на периодот од 1963 до 1966 година кога работел за сериозна, бавно-движечка брокерска куќа на Вол стрит која му оставала доволно слободно време за задоволување на неговите лични страсти за филозофијата. Посветил три години на пишување на филозофски тракт насловен „Бреме на совеста,“ во кој ја образложил природата на „отворените“ и „затворените“ општества, без да ја заврши книгата. Овој неуспех го означил крајот на неговиот сон да се врати во Англија и да се посвети на филозофските студии. Во неговата книга од 1995 година, „Сорос за Сорос“, тој се потсетува:

 

Дојде време кога зедов да прочитам што сум напишал претходниот ден, и не можев да разберам што сум сакал да кажам. Тогаш сватив дека се вртам во место. Тогаш решив да се посветам целосно на бизнисот. Мислев дека имам некои големи нови филозофски идеи кои сум сакал да ги искажам. Сега ми е јасно дека всушност само ги повторував идеите на Карл Попер. Но не сум се одрекол од илузијата дека имам нешто важно и оригинално да кажам.

 

Доколку филозофирањето на Сорос го врти во круг, тоа веројатно не е поради тоа што Сорос е слаб филозоф, туку бидејќи задачата која си ја задал е невозможна: да го рационализира животот—сопствениот—кој ѝ пркоси на рационалноста. (75-77)