Welcome visitor you can log in or create an account

„ЧЕТОВРКАТА ОД КЕМБРИЏ“ Е ПОТВРДА ДЕКА АНГЕЛА МЕРКЕЛ Е СОРАБОТНИК НА ШТАЗИ??

Јордан и Душан Петровски 02.09.2020

Ако одевме по некоја хронологија, првин требаше да го објавиме текстот за „четворката од кембриџ“ па потоа текстот врзан за Ангела Меркел. Но свесно ја направивме промената со желба да направиме тест на информираност, храброст и желба за логично размислување на нашите читатели!! На текстот во кој изнесовме податоци за „храбрата и нескршлива“ Англла кој ги „одбила“ сите напади на ШТАЗИ немаше никаков коментар, што само покажа колкав е сеуште стравот во Македонија од СЛУЖБАТА!! Тој страв не е без причина бидејки денеска во Македонија постојат преку 350 илјади соработника на службата-признание на Слободан Богоевски, подсекретар (директор) на СДБ во период 1991-1997 година!! 
Комунизмот кон своите вистински противници секогаш бил немилосрден а најголем доказ дека некој е противник на комунизмот било одбивањето на соработка со Тајната идеолошка полиција (КГБ, ШТАЗИ, УДБа...), за таквите следувале казни: со ликвидации, прогон, затвори, атентати на кариери, економско уништување и бришење на секаква трага за постоење на такви луѓе.
Заради оваа погоре напишано а кое е докажано во илјадници досиеа е НЕВОЗМОЖНО Ангела Меркел да одбила соработка а да немала проблеми во стручната кариера , во политичкиот ангажман во Источна Германија!
Едно видување низ бројки, односно колку соработника користеле тајните полиции по глава на жител!! Штази користи на секои 165 граѓани по еден соработник!! КГБ имало еден соработник на 500 граѓани а Хитлер еден соработник на 2000 жители!!
Македонија е рекордер по бројот на соработници-кодоши!! Македонија на 2, 3 милиони жители имала 370 илјади соработника (според Слободан Богоевски) на Тајната полиција или тоа е на секој 6 граѓани доаѓа по еден соработник-кодош на Тајната полиција.  Ако од оваа бројка се одбијат децата, жените  ... ке дојдеме до бројка дека скоро на секој граѓанин доаѓа по еден соработник на тајната полиција. И онаа што е застрашувачко бројот на соработниците на Тајната полиција секојдневно расте, бидејки се помалку луѓе се подготвени да се спротивстават на Тајната идеолошка полиција во Македонија а причината за не спротивставувањето е немањето на лустрација, односно не казнувањето на врвот на МВР и СДБ кои со кршење на Уставот  го прават прогон на политички и идлошки не истомисленици!

Да се вратам на битното!!
Ако КГБ успевало да врбува агенти во Велика Британија и во другите држави од запад и тоа да ги врбува врз база на идеологија, тогаш какви идеолошки монструми граделе тајните полиции во сите земји со комуистичко уредување ако е јасно дека сите тајни полиции биле градени според устројството на КГБ!
Зар некој верува дека КГБ не подготвена го дочекала рушењето на Берлинскиот ѕид? 





ДАЛИ РАСПАДОТ НА ДИП СТЕЈТОТ КЕ СЕ СЛУЧИ КОГА КЕ ОТПОЧНЕ СУДИРОТ ПОМЕЃУ КГБ И СОРОС?? осми дел

Јордан и Душан Петровски 30.08.2020

Една од причините зошто комунизмот се шири брзо и опширно е во фактот што на секој универзитет во светот има комунисти и симпатизери. Во период на човековиот живот кога поединецот е восприемчив на идеолошката фантазмагорија која ја претставува комунизмот, од една страна, и склон на незадоволство со својата позиција и својот статус во општеството, од друга, младинците се изложени на влијанието на неуспешни, и оттука полни со гнев и љубомора, актери во животот, кои како утешна награда добиле прилика да бидат просветители. Универзитетите денес само продолжуваат да ја вршат истата функција која ја вршеле уште во 1930-тите години: тие се расадник на млади социјалисти и комунисти. А, бидејќи универзитетите и другите институции на високо образование се расадник на државната бирократија, на бирократијата во приватниот сектор, и на правниот и образовен кадар на западното општество, универзитетите се расадник на социјалисти и комунисти во државниот сектор.

„Четворката од Кембриџ“ е општото име за група на општествено-политички работници во Велика Британија кои делувале како соработници на разузнавачките служби на Советскиот Сојуз пред, за време на Втората светска војна и по војната. За оваа екипа постојат солидни докази и сознанија дека била активна од 30-тите до барем раните 50-ти години на минатиот век. Ниту еден припадник на групата не бил кривично гонет за соработка со странски разузнавачки служби со цел насилно уривање на уставниот поредок на Велика Британија. Истата судбина ги усреќила повеќето советски оперативни позиции во Западна Европа и Америка за време на постоењето на СССР.

Фактот дека тие останале непровалени укажува дека доколку денес има такви соработници, тие веројатно исто така остануваат непровалени од страна на западните разузнавачки служби. Секако, делувањето на овие непријателски оперативни позиции во административно-бирократската мрежа на западните држави гарантира дека безбедностните служби на овие држави никогаш нема да се занимаваат со проблемот на комунистичка инфилтрација во своите редови.

Бројот и идентитетите на „Четоворката од Кембирџ“ започале полека да излегуваат во јавноста во 1950-тите години. Ова започнало со ненадејното бегство на Доналд Маклин (криптоним: Хомер) и Гај Бургес (криптоним: Хикс) во Советскиот Сојуз во 1951 година. Тогаш јавноста почнала да се сомнева и во Харолд „Ким“ Филби (криптоними: Сони, Стенли), но тој дефектирал дури во 1963 година, Ентони Блант (криптоними: Тони, Џонсон) и Џон Керинкрос (криптоним: Лист). Последните двајца од мрежата признале пред британската служба за својата соработка со СССР, но ова останало тајна долги години, до 1979 година за Ентони Блант и 1990 година за Џон Керинкрос. Со тек на времето, „Четворката од Кембриџ“ станала „Петорката од Кембриџ“. Во најдлабоките кругови на КГБ, тие наводно биле ословувани како „Прекрасната петорка“.

Терминот „Кембриџ“ се однесува на фактот што групата била регрутирана за време на нивното образование на Универзитетот во Кембриџ во 1930-тите. Не е познато точно кога поединечно секој од соработниците стапил во својот однос со советската служба; Ентони Блант тврди дека соработниците не биле регрутирани како агенти пред да дипломираат. Блант, колега на колеџот Света Тројца, бил неколку години постар од Бургес, Маклин и Филби; тој делувал како ловец на таленти и регрутер за групата.

Петмината биле убедени дека советското толкување на марксизам-ленинизам е најдобриот политички систем, и особено најдобрата одбрана против подемот на фашизмот. Сите имале успешни кариери во филијалите на британската влада, кои, во содејство со жештината на нивните идеолошки определби, им овозможиле да достават толку големи количини на информации до советската служба, што КГБ започнала да се сомнева во нивната веродостојност.

Еднакво важно со разузнавачките информации кои ги предале на Советите, бил деморализирачкиот ефект врз британскиот естаблишмент за нивното бавно демаскирање и недовербата кон британските безбедносни служби која била предизвикана во Соединетите Држави. Разумно е да се претпостави дека Советите намерно ги дозволиле овие демаскирања како средство за постигнување на таа цел. Фактот дека овие петмина не биле откриени од страна на британскиот безбедносен апарат сугерира дека мора да имало многу повеќе.

Постојат сомнежи за уште многумина други за членство во кембриџката мрежа. Блант и Бургес биле припадници на „Апостолите од Кембриџ“, ексклузивно тајно општество на универзитетот Кембриџ. Меѓу другите „Апостоли“ за кои постојат сомненија дека шпионирале за Советите се Мајкл Стрејт и Гај Лидел.

Доналд Маклин бил британски дипломат. Студирал на Универзитетот во Кембриџ во раните 1930-ти години, каде се запознал со Гај Бургес. Бургес исто така бил британски дипломат кој шпионирал за Советскиот сојуз во Втората светска војна и рано во Студената војна. И двајцата биле противници на идејата за капиталистичка демократија.

Харолд „Ким“ Филби бил висок офицер во тајната разузнавачка служба на Велика Британија, позната како МИ6, кој ја започна својата соработка со советските разузнавачки служби во 1934 година. Бил соработник на КГБ 54 години. Филби е прочуен по тоа што доставил повеќе од 900 британски документи до КГБ. Служел како двоен агент.

Ентони Блант бил поранешен куратор на Кралските слики и подоцна на Сликите на кралицата за колекцијата на кралска уметност. Служел како член на МИ5 и доставувал тајни информации на КГБ, додека истовремено давал предупредувања до своите колеги шпиуни кога истите биле загрозени.

Вакви случаи постоеле и во САД, каде што советскиот агент од највисок профил, Алжер Хис, бил личен советник на четири-мандатниот претседател Френклин Д. Рузвелт (1932-45). Обемот на советскиот пробој во американскиот општествено-политички и културно-образовен живот беа обзнанети со објавата на депешите „Винона“.

Конечно, колку овие советски симпатизери и соработници впрочем биле агенти на комунистичката кауза со своето влијание врз нивното приватно и општествено опкружување

И овој текст:

ДАЛИ РАСПАДОТ НА ДИП СТЕЈТОТ КЕ СЕ СЛУЧИ КОГА КЕ ОТПОЧНЕ СУДИРОТ ПОМЕЃУ КГБ И СОРОС?? четврти дел!!

Јордан и Душан Петровски 16.07.2020
(ажурирано 19.07.2020)

Долгиот марш низ институциите подразбираше сеопфатен поход на Комунистите низ сите пори на Западната цивилизација. Биографијата на германската канцеларка Ангела Меркел е совршен пример за тоа како Комунистите се инфилтрираа во политичката сфера на Слободниот свет, но и за тоа како Комунистите успеаа да ги кооптираат десничарските политички движења и партии, како што впрочем тоа е денес случај и со ВМРО-ДПМНЕ.

Таткото на германската канцеларка Ангела Меркел студирал теологија во Хајделберг и потоа во Хамбург. Во 1954 година нејзиниот татко добил своја парохија во црква во Квицов, кој тогаш бил во Источна Германија и семејството се преселило во Темплин. Така, Меркел пораснала на село, 80 километри северно од Источен Берлин. Герд Лангут, поранешен висок член на Демохристијанскиот сојуз на Меркел, навел во својата книга дека можноста на семејството слободно да патува од Источна кон Западна Германија во текот на следните години, како и поседувањето на два автомобили, водел до заклучокот дека таткото на Меркел имал „благонаклонет“ однос со комунистичкиот режим, бидејќи таква слобода и поволности за свештеник би биле невозможни во Источна Германија.

Како и повеќето ученици, Меркел била член на Слободна гермаска младина (ФДЈ), службено младинско движење предводено од владејачката партија за социјалистичко единство. Иако членството било главно доброволно, оние кои немало да се приклучат, немале скоро никакви шанси за запишување на некој универзитет. Меѓутоа, таа не учествувала во секуларната церемонија за полнолетство (Jugendweihe), која била вообичаена во Источна Германија и наместо тоа учествувала во црковна церемонија. Подоцна, на Академијата на науките, станала член на окружниот одбор на ФДЈ и секретарка на „Агитпроп“ (Агитација и пропаганда). Според нејзините поранешни колеги, таа отворено го пропагирала марксизмот како секретар за „Агитација и пропаганда“. Самата Меркел тврдела дека таа била секретарка за култура. Кога некогашниот окружен претседавач на ФДЈ на Меркел ѝ противречил, таа инсистирала дека: „Според моето сеќавање, јас бев секретарка за култура. Но, што јас знам?“ Таа уште изјавила: „Јас можам да се потпрам само на моето сеќавање, ако нешто испадне дека е различно, можам да живеам со тоа.“

На крајот на студиите, Меркел конкурирала за асистент. Како услов за добивање на асистенското место на Меркел ѝ било понудено да стане соработник на ШТАЗИ-Министерството за државна безбедност. Меркел го одбила тоа барање, користејќи го изговорот дека не може да ги чува тајните доволно добро за да биде ефективен шпион-соработник.

На училиште, таа научила течно да говори руски и добивала награди за нејзините вештини во руски јазик и математика. Меркел се образувала во Темплин и на Универзитетот во Лајпциг, каде студирала физика од 1973 до 1978 година. Додека била студент, учествувала во обновата на урнатите на Морицбастај, проект на студентите со цел да создадат сопствен клуб и објект за рекреација на кампусот. Таква иницијатива била без преседан во ГДР во тој период и првично наишла на отпор од самиот универзитет. Меѓутоа, со поддршка на локалното раководство на владејачката партија, било дозволено проектот да продолжи. Меркел работела и студирала во Централниот институт за физичка хемија на Академијата на науките во Берлин-Адлерсхоф од 1978 до 1990. Откако добила докторат за нејзината теза за квантна хемија, таа работела како истражувач и издала неколку трудови.

1

Меркел како заменик владин портпарол заедно со Лотар де Мезиер, август 1990

Во 1989, Меркел била вклучена во растечкото демократско движење по падот на Берлинскиот ѕид, приклучувајќи ѝ се на новата партија Демократско будење. По првите (и единствени) демократски избори во Источна Германија станала заменик портпарол на новата привремена влада пред обединувањето под водство на Лотар де Мезиер. Во април 1990 година, Демократското будење се споила со источногерманскиот ДХС, која подоцна се споила со нејзината западна копија по повторното обединување.

Падот на Берлинскиот ѕид во ноември 1989 година беше катализатор за политичката кариера на Меркел. Иако таа не учествуваше во прославите ноќта кога падна ѕидот, еден месец подоцна Меркел се вклучи во растечкото демократско движење, придружувајќи се на новата партија Демократско будење. После првите (и единствени) повеќепартиски избори во Источна Германија, таа стана заменик-портпарол на новата привремена управувачка влада под Лотар де Мазиер. Меркел оставила впечаток кај Де Мазиер со нејзината соодветна работа со новинарите, во однос на прашањата за улогата на лидерот на партијата, Волфганг Шнур, како „неформален соработник“ со службите за безбедност. Во април 1990 година, Демократското будење се спои со Источногерманско-христијанско-демократска унија, кое, пак, се спои со западниот колега по повторното обединување.

Првите обиди на Комунистичката интернационала да ја наметне својата волја во САД и Европа датираат уште од 1920тите години. Најзначајни пробиви во оваа смисла се Петорката од Кембриџ во Велика Британија и долгогодишниот советник на претседателот Фрнеклин Д. Рузвелт, Алжер Хис, во САД кои со децении влијаеа врз политиката на овие држави. Меѓутоа, комунистички оперативци и симпатизери истовремено започнале да навлегуваат во образовниот систем (Франкфуртска школа) и културната свера. Да не заборавиме дека СССР ги доби тајните нацрти за атомската бомба од своите симпатизери, предавничкиот брачен пар Роземберг. Истовремено филмската индустрија до толку беше заразена од комунисти и симпатизери, што беше неопходна Црната листа. За време на 1940тите и -50тите години сенаторите Ричард Никсон и Џозеф Мекарти спроведуваа истраги и сослушувања кои открија цела мрежа на комунистички соработници во американската администрација, а кои подоцна беа докажани со познатите „Винона депеши“.

Подоцна, големиот мајстор, генералот на ШТАЗИ за надворешно разузнавање, Маркус Волф, подметна комунстички шпиони во врвовите на Западна Германија. Најистакнатиот меѓу нив, Гинтер Гиом, агент на ШТАЗИ, станал еден од најблиските соработници на канцеларот Вили Брант! Но, најголемата местенка која ја обмислил и спровел Маркус Волф е спојувањето на Демократското будење се спои со Источногерманско-христијанско-демократска унија, кое, пак, се спои со западниот колега Христијанско Демократската Унија по повторното обединување, за кое тој подготвувал луѓе со години. Меѓу тие луѓе е и Ангела Меркел.

Ќе се запрашате зошто сме сигурни дека Ангела Меркел била соработник на ШТАЗИ, за која се уништени сите траги и е градена биографија според потребата за улогата која ѝ била доделена.

Во биографијата на Мекел, како обид да се докаже нејзиниот интегритет, стои дека ШТАЗИ, Источногерманска тајна полиција ѝ понудила да стане соработник, но Ангела Меркел го одбила тоа. ШТАЗИ е градена по Советски модел, односно модел на НКВД/КГБ. Модел по кој се градени сите тајни полиции во државите со комунистичко-советско уредување, односно освојување и зачувување на власта. Да нема нејаснотии и моделот на југословенската тајна полиција е граден според тој советски модел.

Бидејќи сме едни од најдобрите познавачи на работата на југословенската тајна полиција, позната под името УДБа—иако тоа не го носи од 1966 година—а со тоа сме познавачи и на работата на тајните полиции кои го превзеле моделот на советските служби! Во продолжение ќе ги изнесеме причините според кои Меркел морала да биде соработник на ШТАЗИ!

Никој на кој од Службата му било понудено да стане нејзин соработник, а кој одбил, не можел да направи кариера ниту во професионална област ниту пак во граѓанска област! Значи Меркел не можела после одбивањето на соработката со ШТАЗИ да добие можност да докторира и да се вработи во институт, односно да се бави со научна дејност и да напредува во професионалната област! Меркел градела кариера и во општествената свера. Пример за тоа е нејзиното учество во обновата на урнатите на Морицбастај, проект на студентите со цел да создадат сопствен клуб и објект за рекреација на кампусот. Таква иницијатива била без преседан во ГДР во тој период и првично наишла на отпор од самиот универзитет. Меѓутоа, со поддршка на локалното раководство на владејачката партија, било дозволено проектот да продолжи. Паријата да поддржи лице кое одбива соработка со ШТАЗИ-ударната тупаница на партијата која е задолжена да ги елеиминира од општеството сите оние кои не прифаќаат да бидат војници на службата, во случајов ШТАЗИ, е невозможно нешто!!