Welcome visitor you can log in or create an account

ДАЛИ РАСПАДОТ НА ДИП СТЕЈТОТ КЕ СЕ СЛУЧИ КОГА КЕ ОТПОЧНЕ СУДИРОТ ПОМЕЃУ КГБ И СОРОС?? осми дел

Јордан и Душан Петровски 30.08.2020

Една од причините зошто комунизмот се шири брзо и опширно е во фактот што на секој универзитет во светот има комунисти и симпатизери. Во период на човековиот живот кога поединецот е восприемчив на идеолошката фантазмагорија која ја претставува комунизмот, од една страна, и склон на незадоволство со својата позиција и својот статус во општеството, од друга, младинците се изложени на влијанието на неуспешни, и оттука полни со гнев и љубомора, актери во животот, кои како утешна награда добиле прилика да бидат просветители. Универзитетите денес само продолжуваат да ја вршат истата функција која ја вршеле уште во 1930-тите години: тие се расадник на млади социјалисти и комунисти. А, бидејќи универзитетите и другите институции на високо образование се расадник на државната бирократија, на бирократијата во приватниот сектор, и на правниот и образовен кадар на западното општество, универзитетите се расадник на социјалисти и комунисти во државниот сектор.

„Четворката од Кембриџ“ е општото име за група на општествено-политички работници во Велика Британија кои делувале како соработници на разузнавачките служби на Советскиот Сојуз пред, за време на Втората светска војна и по војната. За оваа екипа постојат солидни докази и сознанија дека била активна од 30-тите до барем раните 50-ти години на минатиот век. Ниту еден припадник на групата не бил кривично гонет за соработка со странски разузнавачки служби со цел насилно уривање на уставниот поредок на Велика Британија. Истата судбина ги усреќила повеќето советски оперативни позиции во Западна Европа и Америка за време на постоењето на СССР.

Фактот дека тие останале непровалени укажува дека доколку денес има такви соработници, тие веројатно исто така остануваат непровалени од страна на западните разузнавачки служби. Секако, делувањето на овие непријателски оперативни позиции во административно-бирократската мрежа на западните држави гарантира дека безбедностните служби на овие држави никогаш нема да се занимаваат со проблемот на комунистичка инфилтрација во своите редови.

Бројот и идентитетите на „Четоворката од Кембирџ“ започале полека да излегуваат во јавноста во 1950-тите години. Ова започнало со ненадејното бегство на Доналд Маклин (криптоним: Хомер) и Гај Бургес (криптоним: Хикс) во Советскиот Сојуз во 1951 година. Тогаш јавноста почнала да се сомнева и во Харолд „Ким“ Филби (криптоними: Сони, Стенли), но тој дефектирал дури во 1963 година, Ентони Блант (криптоними: Тони, Џонсон) и Џон Керинкрос (криптоним: Лист). Последните двајца од мрежата признале пред британската служба за својата соработка со СССР, но ова останало тајна долги години, до 1979 година за Ентони Блант и 1990 година за Џон Керинкрос. Со тек на времето, „Четворката од Кембриџ“ станала „Петорката од Кембриџ“. Во најдлабоките кругови на КГБ, тие наводно биле ословувани како „Прекрасната петорка“.

Терминот „Кембриџ“ се однесува на фактот што групата била регрутирана за време на нивното образование на Универзитетот во Кембриџ во 1930-тите. Не е познато точно кога поединечно секој од соработниците стапил во својот однос со советската служба; Ентони Блант тврди дека соработниците не биле регрутирани како агенти пред да дипломираат. Блант, колега на колеџот Света Тројца, бил неколку години постар од Бургес, Маклин и Филби; тој делувал како ловец на таленти и регрутер за групата.

Петмината биле убедени дека советското толкување на марксизам-ленинизам е најдобриот политички систем, и особено најдобрата одбрана против подемот на фашизмот. Сите имале успешни кариери во филијалите на британската влада, кои, во содејство со жештината на нивните идеолошки определби, им овозможиле да достават толку големи количини на информации до советската служба, што КГБ започнала да се сомнева во нивната веродостојност.

Еднакво важно со разузнавачките информации кои ги предале на Советите, бил деморализирачкиот ефект врз британскиот естаблишмент за нивното бавно демаскирање и недовербата кон британските безбедносни служби која била предизвикана во Соединетите Држави. Разумно е да се претпостави дека Советите намерно ги дозволиле овие демаскирања како средство за постигнување на таа цел. Фактот дека овие петмина не биле откриени од страна на британскиот безбедносен апарат сугерира дека мора да имало многу повеќе.

Постојат сомнежи за уште многумина други за членство во кембриџката мрежа. Блант и Бургес биле припадници на „Апостолите од Кембриџ“, ексклузивно тајно општество на универзитетот Кембриџ. Меѓу другите „Апостоли“ за кои постојат сомненија дека шпионирале за Советите се Мајкл Стрејт и Гај Лидел.

Доналд Маклин бил британски дипломат. Студирал на Универзитетот во Кембриџ во раните 1930-ти години, каде се запознал со Гај Бургес. Бургес исто така бил британски дипломат кој шпионирал за Советскиот сојуз во Втората светска војна и рано во Студената војна. И двајцата биле противници на идејата за капиталистичка демократија.

Харолд „Ким“ Филби бил висок офицер во тајната разузнавачка служба на Велика Британија, позната како МИ6, кој ја започна својата соработка со советските разузнавачки служби во 1934 година. Бил соработник на КГБ 54 години. Филби е прочуен по тоа што доставил повеќе од 900 британски документи до КГБ. Служел како двоен агент.

Ентони Блант бил поранешен куратор на Кралските слики и подоцна на Сликите на кралицата за колекцијата на кралска уметност. Служел како член на МИ5 и доставувал тајни информации на КГБ, додека истовремено давал предупредувања до своите колеги шпиуни кога истите биле загрозени.

Вакви случаи постоеле и во САД, каде што советскиот агент од највисок профил, Алжер Хис, бил личен советник на четири-мандатниот претседател Френклин Д. Рузвелт (1932-45). Обемот на советскиот пробој во американскиот општествено-политички и културно-образовен живот беа обзнанети со објавата на депешите „Винона“.

Конечно, колку овие советски симпатизери и соработници впрочем биле агенти на комунистичката кауза со своето влијание врз нивното приватно и општествено опкружување