Welcome visitor you can log in or create an account

ДАЛИ РАСПАДОТ НА ДИП СТЕЈТОТ КЕ СЕ СЛУЧИ КОГА КЕ ОТПОЧНЕ СУДИРОТ ПОМЕЃУ КГБ И СОРОС?? седми дел

 

Според „Партијата во сенка“:

 

Архитектот и водечкиот гение на Партијата во сенка, нејзиниот Лењин—доколку сме внимателни во нашата аналогија—е милијардерот активист Џорџ Сорос. Како Лењин, Сорос нема рамен во водењето револуција „одозгора“—преку манипулирање на економските и политички фактори на највисоко ниво. Меѓутоа, Сорос исто така наликува на Лењин во неговата грижлива култивација на востанички сили „одоздола“. … Сорос демантира дека тој игра било каква посебна улога во Партијата во сенка чиј основач е тој самиот. Тој тврди дека е само еден од нејзините многумина финансиери. Всушност … Сорос лично ја основаше и организираше Партијата во сенка, и ужива степен на авторитет врз нејзините дејства не различен од оној на корпорациски претседател врз фирма. (стр. 3)

И покрај сето негово богатство, влијанието на Сорос воглавно доаѓа, не како производ на неговото трошење на сопствени пари, туку од неговото поттикнување на другите како да ги трошат своите пари. Ова е највоочливо во неговиот пристап кон финансиските пазари. Соросовата репутација како финансиски пророк е таква што легии на инвестори се држат на секој негов збор и купуваат и продаваат на негов сигнал. Колумна на Сорос објавена во „Вол стрит џурнал“ или интервју со „Блумберг“ или „CNBC“ може да стави во движење огромни суми на пари на финансиските пазари, кои повеќекратно ја надминуваат трошовната моќ на самиот Сорос. Како што во една прилика тоа го опиша „Њујорк тајмс“, „Кога Сорос говори, светските пазари слушаат“. (стр. 4)

Низ годините, Сорос на повеќе наврати си ги има измерено силите со економската моќ на нациите, и од овие мегдани има излзено како победник. Тој фамозно ја собори британската фунта во 1992 година, обложуваќи се 10 милијарди УСД на нејзина девалвација. Во очајнички обид да ја спаси својата валута, Банката на Англија се обиде да ги купи сите фунти кои Сорос ги „искипуваше“. Но, како сѐ повеќе инвеститори го проследија водството на Сорос и се вклучија во неговиот потфат, Банката на Англија конечно се предаде. Британската фунта беше девалуирана, отпочнувајќи бран на финансиски превирања од Рим до Токио. Откако сѐ се заврши, милиони припадници на британската работничка класа се соочија со девалвирани заштеди, додека Сорос си го пребројуваше пленот. Тој лично заработа повеќе од 2 милијарди долари од оваа катастрофа, и оттогаш стана познат како „човекот кој ја сруши Банката на Англија“.

Рушењето на британската фунта беше сериозен потфат. Сорос мораше да ризикува 10 милијарди долари за да го оствари. Во други прилики, тој има предизвикано сличен хаос инвестирајќи ништо повеќе од времето потребно да се искомпонира писмо. На 9 јуни 1993 година Сорос испрати писмо до лондонски „Тајмс“ во кое сугерираше дека германската марка е слаба. „Очекувам марката да падне во однос на сите значајни валути,“ напиша тој. Оваа изјава предизвика дваесет и четири часовна продавачка паника која ја предизвика дестабилизација на „Дојчебанк“. Сорос го повтори овој подвиг на 14 јули 1998 година, овој пат со далеку подеструктивни последици, кога укажа во лондонски „Фајненшал тајмс“ дека руската влада треба да ја девалуира рубљата за 15 до 25 отсто. Отпочна панично продавање кое ја нурна Русија во длабока депресија. (4-5)

Тука вреди да се спомне дека Сорос ја „сруши Банката на Англија“ за време на еден аномаличен период. Имено, пред еврото, државите на Европската економска заедница имаа систем на фиксирање на валутниот курс со цел постигнување на монетарна стабилност, познат како Европски валутен механизам (ЕВМ). Фундаметална одлика на европскиот валутен механизам беше во тоа што државите членки не беа во можност да ја корегираат вредноста на својата валута без предходно да се случи сериозен крах на истата. Од оваа причина Британија остуствуваше од овој систем сѐ до октомври 1990 година кога проевропските сили во Конзервативната партија ја наметнаа својата волја. Овој потег придонесе до оставката на Маргарет Тачер од позицијата Премиер на Велика Британија. Во моментот на прием на ВБ во ЕВМ фунтата беше превисоко вреднувана во однос на состојбата на британската економија. Сорос ја „сруши Банката на Англија“ на 16 септември 1992 година, ден запомнет како „Црна среда“. За време на месец август Сорос, градејќи „кратка позиција“, позајмил околу 1,5 милијарди стерлинг фунти со кои купил германски марки. Непосредно пред Црната среда претседателот на Европската банка во интервју за весник изјавил дека „некои валути ќе претпат корекции“, што Сорос го зел како доказ дека стерлингот ќе претрпи девалвација. Ноќта на 15 спрема 16 септември, Сорос наводно позајмил уште 8,5 милијарди стерлинг фунти со кои утрото на 16 септември започна да ги продава на финанскиските пазари, што пак, предизвика слични дејства од други играчи. Во текот на 16 септември 1992 година Банката на Англија се обиде да контрира на потегот на Сорос ветувајќи дека ќе ја зголеми основната каматна стапка на три наврати. На крајот на работниот ден кабинтетот на Џон Мејџор донесе одлука стерлингот да биде девалвиран, а Британија да се повлече од ЕВМ.

{youtebe}https://youtu.be/WBZnau8Px5E{/youtube}

Во 2003 година Сорос се обиде да го сруши и американскиот долар:

 

Во неговата книга „Сорос за Сорос“, Сорос тврди: „Со хемиските елементи, алхемијата не делува. Но, во финансиските пазари, бидејќи нејзините магии можат да влијаат врз одлуките на оние кои го оформуваат курсот на настаните, таа и тоа како делува.“

Веројатноста дека некој ден Сорос ќе ја употреби неговата пазарна алхемија на штета на Соединетите Држави долго време беше тема на наспокојни дискусии помеѓу американските финанскиски набљудувачки тела. Демократскиот конгресмен Хенри Гонзалез од Тексас—тогаш претседавач на Комисијата за финансиски дејства—ја искажа својата загриженост во обраќање пред Конгресот на 8 јуни 1993 година. „Новински извештаи кои кружат деновиве тврдат дека управителот на Квантум фондот, заработал преку милијарда долари обложувајќи се против британската фунта. Мене ме интересира … колкава е експонираноста на американските банки во однос на фондот на господин Сорос,“ изнесе Гонзалез.

Она од кое Гонзалез стравуваше се оствари. „Морам да изнесам дека имам заземено ‘кратка позиција’ против американскиот долар,“ изјави Сорос на CNN во мај 2003 година. Во време кога американскиот долар беше паднат на четиригодишен надир спрема еврото, Сорос помогна да го турне уште пониско информирајќи го светот дека тој започнал да ги продава своите долари за евра и други светски валути. Сорос знае подобро од било кој друг дека кога валутите паѓаат, владите паѓаат со нив. Неговиот напад врз доларот впрочем беше напад врз Џорџ Буш и на војната која Буш ја води во Ирак. За жал ова не беше прв случај во кој Џорџ Сорос ја полузваше својата финансиска моќ да ја саботира војната на америка против тероризмот. (5-6)