Welcome visitor you can log in or create an account

ЏАФЕРИ СВИКУВА СЕДНИЦА НА ПАРЛАМЕНТ ЗА ИЗБОР НА ПРЕTСЕДАТЕЛ! ШТО ТОА ЗНАЧИ, ЗАЕВ ИМА ИЛИ НЕМА МНОЗИНСТВО!?

12.08.2020

Cпоред пишувањето на THE NEWS


Претседавачот на Собранието, Талат Џафери, за утре им даде насоки на собраниските служби да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на Собранието.

Тоа што претседателот Стево Пендаровски утре ќе го додели мандатот на Зоран Заев за да формира Влада, значи дека лидерот на СДСМ има мнозинство, вели Џафери.

Пендаровски ќе му го додели мандатот на Заев, што според Уставот значи дека Заев има мнозинство и дека е подготвен за избор на претседател на Собранието, со што ќе заврши и официјално конститутивната седница и Собранието ќе биде конституирано. Затоа, им дадов насоки на собраниските служби за утре да подготват продолжение на конститутивната седница – изјави Џафери за ТВ 24.

За ова Џафери веќе ги информирал и координаторите на партиите во Парламентот.

 
Според соопштението на СДСМ:
 
СДСМ: Согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев

СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е лидерот на партијата Зоран Заев.

– Со оглед на истекот на уставните десет дена после конституирањето на Собранието, од страна на Претседателот на државата до Коалицијата Можеме беше побарано известување за предлог за кандидат за мандатор за состав на Владата на Република Северна Македонија. Од страна на СДСМ и Kоалицијата “Можеме”, согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев, претседател на СДСМ, соопштија од СДСМ.Мандатот за составување на Владата, претседателот Пендаровски ќе му го врачи на Заев утре во 12 часот во претседателската Вила Водно.– Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, соопшти претходно денеска кабинетот на претседателот на државата.
 
Заев НЕМА МНОЗИНСТВО!!
Мандат го добива  ОНОЈ КОЈ ОБЕБЕДИЛ МНОЗИНСТВО!! Заев според соопштението води преговори да обезбеди мнозинство!! 
Членот 90 е јасен!

[Image: 117596157_3176107062473697_9108484165892...e=5F5AFCC0]