Welcome visitor you can log in or create an account

КОМУНИЗМОТ СЕ ВРАЌА ОД КАЈ ШТО ИЗЛЕГОЛ


Драги мои, да се биде против фашизмот е лесна работа, а причината за тоа е проста!
Фашизмот се препознава едноставно и јасно.
Нема како да не препознеш фашист и фашизам!
Тоа се луѓе кои за да бидат тоа што се, мора да ја покажат својата определба јавно и парадно!
Но, борбата против лажниот антифашизам е тешка, мачна и неизвесна работа! Војната против лажниот борец против фашизмот е гадната, но благодарна и света цел.
Кој е денес лажниот антифашист во Македонија?
Тоа се поранешните комунисти и нивните наследници! Колку и да звучи чудно и апсурдно, но децата и внуците на комунистите кои во 1941 година на 11 ти Октомври се кренале речиси голораки против фашизмот денес се најрадикалните неофашисти кои ги негираат сите придобивки на нивните родители и предци!
Бившите комунисти, нивните наследици и следбеници денес се на страната на фашистите кои го негираат не само националниот, културниот и цивилизациски идентитет на нивните сограѓани кои се чувствуваат и определуваат како Македонци, туку и сeбе самите дозволувајќи нивните поголеми ментори во соседните земји да ги омаловажуваат и потценуваат долно и потсмешливо! Гротески на фашизмот и нацизмот, кои во целиот свој трагизам на почетокот и на крајот од се - биле само предмет на подигрување!
Разните Адолфи, Дучевци, Борисовци, Лекувци, Недиќи, Квислинзи или Патени биле обични карикатури! Знаете како завршија овие ``славни великани на европската сегашност`` како што ги нарекувале и прикажувале разните Гебелси и Рифенштали?!
Така драги мои ќе завршат и денешниве македонски неофашисти кои за да ја потврдат саркастичната фарса по примерот на национал социјалистите себе си се нарекуваат државотворни социјалдемократи! Ќе бидат фрлени во нужникот на историјата каде се чуваат сите оние смрдливи и гадни настани и ликови со кои никој не сака да си има никаква, ама никаква работа! Видете ги само сите тие полулуѓе на кои комунизмот им дал се што, најпосле разбравме - не заслужиле да имаат!
Погледнете ги оние кои да живееа во било која друга па дури и посиромашна земја од светот, со нивниот човечки, професионален и духовен материјал немаше да бидат ниту портири во пристојни хотели! Тие во оваа Македонија добија научна и просветна кариера, станаа министри и амбасадори и буржуи кои ги контролираат современите текови на општественото живеење од 1949 година па се до ден денешен. Тие потпросечни, длабоко исфрустирани и искомплексирани промискуитети на извесни години (70 и кусур!) застанаа во одбрана на најодвратниот фашизам, нацизам и шовинизам кој го негира народот што тие го презираат и мразат заради една единствена причина: народот знае дека се што стекнале е со крвавото преминување кон псевдодемократија во која го уништија социјалното, духовното и националното достоинство на истиот тој народ!
Современите македонски неофашисти сакаат да ги снема сведоците на нивното недело!
Тоа е, нема друго!
Затоа е и ова брзање Драги мои!
Ова што денес се прави во Македонија е истото тоа што каповците (затворски чувари) Евреи им го правеле на сонародниците обични Евреи пред крајот на војната: масовно убиство на сите што ќе сведочат за годините на војната во која тие биле мачители на сопствениот народ! ``Северна Македонија`` денес е духовната Треблинка во која балканските и европските неофашисти и нивните Македонски неокапоа го убиваат светскиот идеализам за правото на достоинствено постоење на малите народи!
Што е денес борбата против фашизмот во Македонија драги мои?
Тоа е борбата за правото да се биде тоа што тие мислат дека не сте! Тоа е борбата за слобода да се биде на страната на која тие не се! Тоа, драги мои веќе не е борба со политички неистомисленици туку со животни непријатели кои имаат една и единствена цел: да не снема!
Како да се одбрание од нив?
Има само еден единствен начин.
Да се обединиме против нив!
Било ли важно во оние мајски денови во Берлин 1945 година од која страна доаѓате, кој јазик зборувате, во кој Бог верувате и под кој бајрак се борите? Важно било само да се победи злото на фашизмот. Важно било да падне Рајхстагот! Некогаш навистина не е важно дали знамето е црвено или бело, туку колку луѓе стојат под него! Особено ако тоа е знамето на слободата и антифашизмот!

Јани Бојаџи фб статус