Welcome visitor you can log in or create an account

И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ БИЛЕ МЕТА НА РУСКОТО ВОЕНО РАЗУЗНАВАЊЕ

И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ БИЛЕ МЕТА НА РУСКОТО ВОЕНО РАЗУЗНАВАЊЕ

Порталот realclearinvestigations.com јавува дека специјалниот истражувач Роберт Мулер игнорира еден сериозен аспект од руското мешање во американскиот изборен циклус во 2016. Имено, покрај тоа што русите сондирале за податоци од Демократскиот национален комитет, што сугерира дека тие делувале со цел да му помогнат на републиканскиот кандидат, статијата од realclearinvestigations.com укажува дека истите операции биле насочени и кон Републиканскиот национален комитет. Ова укажува дека Русите немале свој одбран кандидат во изборите, туку дека само вршеле рутински разузнавачки дејности.

Според realclearinvestigations.com, „компјутерот на руското воено разузнавање за кој Мулер тврди дека го хакирал Демократскиот национален комитет, исто така го провалил и компјутерскиот систем на Републиканскиот национален комитет ползувајќи лажни емаилови во phishing шема, јавуваат американските власти.“

Статијата понатаму тврди дека „ваквите докази го предизвикуваат наративот кој Милер сега го зацврстува со неговите покренати обвиенија (против 12 руски државјани), според кој руските активности биле насочени исклучиво кон попречувањето на Хилари Клинтон.“

Realclearinvestigations.com тврди дека виш американски разузнавачки офицер запознаен со истрагата им пренел дека: „Емаили од РНК биле провалени преку исатата ‘фишинг’ шема која била користена против Демократите. Впрочем, високо рангирани Републиканци биле цел на шемата и на сличен начин биле оштетени со обајвите на осетливи емаили за време на кампањата.“

https://www.realclearinvestigations.com/articles/2018/07/17/mueller_all_but_ignores_the_other_russian_hack_target_the_gop.html