Welcome visitor you can log in or create an account

ГЛАС НА ЕВРОПА: ЛИДЕР НА МУСЛИМАНСКА ПАРТИЈА ВО ХОЛАНДИЈА ИМ ПОРАЧУВА НА ХОЛАЃАНИТЕ ДА СИ ЗАМИНАТ ОД СВОЈАТА ТАТКОВИНА ДОКОЛКУ НЕ ИМ СЕ ДОПАЃА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ

Се чини дека бумерангот на „братсво и единство“ кој евромарксистичките технократи на Европската унија го фрлија на просторите на бивша Југославија полека но сигурно се враќа дома со очекувано катастрофални резултати. Политиката на насилна интеграција на различните етничи и верски заедници која ЕУ ја форсираше во Југославија и продолжи да ја форсира во независна Македонија денес ја става Европската Заедница пред свршен чин.

Порталот VoiceOfEurope.com (Глас на Европа) јавува дека Танахан Кузу, политички лидер на партијата ДЕНК во Холандија во интервју за холандската државна радиотелевизија изјавил: „Доколку не им се допаѓа Холандија која се менува, во која живеат луѓе од различни култури… како во градовите Зандам или населбата Поленберг, тогаш можат да си одат во мајчината.“

Според Глас на Европа, партијата на Кузу, ДЕНК, рапидно расне во холансдките урбани центри, особено во областите со висока концентрација на муслиманско население. На последните парламентарни избори од март 2017, ДЕНК освоила речиси 200.000 гласови и три пратенички мандати. Во извонреден пример на „револуцијата си ги јаде децата“ на локалните избори во 2018 година ДЕНК убедливо победила во општината Нов западен Амстердам, притоа елиминирајќи неколку од традиционалните левичарски партии.

Целата статија тука:

https://voiceofeurope.com/2018/07/muslim-party-leader-in-the-netherlands-tells-dutch-to-leave-their-country-if-they-dont-like-diversity/