Welcome visitor you can log in or create an account

ТАКАНАРЕЧЕНИ МАКЕДОНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА СО ПРОТЕСТНО ПИСМО ДО ТРАМП ЗА ДОГОВОРОТ ЦИПРАС-ЗАЕВ

Порталот usa.greekreporter.com јавува дека извесни интернационални панмакедонски здруженија испратиле писмо до претседателот на САД Доналд Трамп во кое „го протестираат неодамнешниот договор помеѓу Атина и Скопје за именување на Поранешната Југословенска Република Македонија.“

Според статијата на usa.greekreporter.com, писмото содржи „многу историски информации кои укажуваат дека Скопје се обидува да ги узурпира историските елементи со цел да направи ‘нација’ од ништо и да воспостави националност и јазик кои се очигледно измислени.“ Писмото исто така зборува „за непочитувањето на народната волја по оваа прашање од страна на грчката Влада.“

Според usa.greekreporter.com, „откако грчкиот министер за надворешни работи отпочнал преговори со неговиот колега од БЈРМ, најавувајќи однапред дека името на северниот сосед на Грција ќе го содржи терминот ‘Македонија’, панмакедонските здруженија низ целиот свет се побуниле против оваа одлука.“

Поради тоа што „грчката влада се согласила на името ‘Северна Македонија’ и на постоењето на ‘македонски јазик’ и ‘македонска националност’, протестите се интензивирале.“ Меѓутоа, вели usa.greekreporter.com, „грчките медиуми ги премолчуваат реакциите и анкетите на мислењето во кои мнозинството е против името на балканската земја.“

„Во исто време,“ продолжува usa.greekreporter.com, „грчката полиција демонстрира досега не видена сила против протестаните, додека грчката Влада се ословува на нив со термините ‘фашисти’, ‘националисти’, ‘екстремисти’, ‘фанатици’ и други погрдни изрази.“

Писмово на таканаречените панмакедонски здруженија ја потврдува констатацијата на претседателот на Комитетот за демократизација на Македонија, Јордан Петровски, која тој ја пренесе во неговите писма до еврокомесарот Хан и државнот секретар Помпео, дека договорот Ципрас-Заев, покрај тоа што е неуставен, е едновремено и крајно непопуларен на обете страни од македонско-грчката граница, поради што тој не очекува подобрување на меѓусоседските односи помеѓу двете земји доколку договорот стапи на сила.

http://usa.greekreporter.com/2018/07/12/macedonian-groups-protest-name-deal-in-letter-to-president-trump/