Welcome visitor you can log in or create an account

И објаснив на Меј како да го спроведе Брегзит, но таа го оплеска – нема трговски договор со САД

Трамп за лондонски „The Sun“: „И објаснив на Меј како да го спроведе Брегзит, но таа го оплеска – нема трговски договор со САД“

Во екслузивно интервју за лондоски „The Sun“ претеседателот на САД изјавил дека Тереза Меј го ингорирала неговиот совет за тоа како Британија да излезе од ЕУ, наместо тоа избирајќи „мека стратегија“. Според американскиот претседател, со својот избор британската премиерка ги загрозила шансите за за каков било договор за слободна трговија со најголемата економија на светот.

„Доколку направат ваков договор,“ рекол Трамп, однесуваќи се на таканаречениот предлог од Чекерс, „тогаш ќе имаме работа со Европската унија наместо со Обединетото Кралство, што значи дека тоа веројатно ќе го спречи договорот.“

Ваквата реакција на претседателот Трамп не е неочекувана, бидејќи тој во претходни прилики го има критикувано тромавиот пристап на британската влада кон Брегзит. Две години по неочекуваниот успех на референдумот за излез на Британија од Европската унија, станува сѐ поочигледно дека владеачката елита нема желба да го исполни мандатот кој ѝ беше зададен на владата од страна на народот. Исто така станува очигледно и дека американскиот претседател го губи неговото трпение со ваквиот пристап на неговите врсници од другата страна на Атлантикот.

Понатаму во интервјуто, Трамп ги обвинил лидерите на ЕУ дека ја уништуваат својата култура и идентитет со примањето на милиони мигранти; го критикувал лондонскиот градоначалник Садик Кан за тоа што не се бори против тероризмот и затоа што не се справува со криминалот во неговиот град; инсистирал дека поранешниот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, би бил „одличен премиер,“ итн.

https://www.thesun.co.uk/news/6766531/trump-may-brexit-us-deal-off/