Welcome visitor you can log in or create an account

ПИНОКИО НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ЛАЖЕ, ПОТОЧНО ДА СЕ ОБИДУВА ДА ГИ ИЗМИЕ НЕГОВИТЕ ОКРВАВЕНИ РАЦЕ ОД КРВ НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Јордан Петровски 20.03.2024

Писанието СТРАТЕГИИ кое Груевски го објави денеска на неговата фејс бук страница ме предизвика да напишам неколку збора за негивите вистинити стратегии. Стратегии кои беа исклучиво стратегии  за да ја зачува партиската и премиерската фотеља! Секој кој се води од така желба секогаш работи на штета на државата Македонија и на Македонците!
 
Главната ваша стратегија господине Груевски, предавството, го заборавате или заради вашата самобендисаност или одбегнување на признавање на вина?
Затоа јас ќе ве потсетам само на неколку ваши предавства!

-Го устоличивте Црвенковски за претседател, со цел да го елиминирате Др.Кедев како можен конкурент на вашата партиска фотеља која ви ја подари Љупчо Георгиевски можеби не своеволно, туку како обврска кон оние што и него го донесоа на власт.

-2009 година при посетата на Канада вие Груевски направивте скандал и тешка навреда кон домаќинот. Ако сте заборавиле да ве потсетам дека услов од страна на власта на Канада за вашата официјална посета која вие баравте барем да биде и 15 минути беше да НЕ се сретнете со одредени луѓе додека ви трае официјалната посета. Вие тоа барање не го испочитувавте иако вашиот конзул пренесе дека сте дале ветување дека ќе го испоните барањето.
Да ве посетам и на тоа дека вашата посета Премиерот на Канада, годсподинот Стивен Харпер ја продолжи на ТРИ дена. Три дена ве шетаа низ Канада со опбезбедување од полиција на моторцикли и коли пре и зад колата во која бевте вие! Автоаптите се чистеа вие да поминете. 

-Кога бевте во Канада, поточно во Хотелот Ројал Јорк ви беше пренесена порака дека постои можност во првата половина на 2010 година, да ви се овозможи официјална посета на САД на покана пд Претседателот Барак Обама. Вие таа понуда не ја прифативте! Беше чудно за таков самобендисан човек како вас да одбиете таква понуда! Набргу еден ваш близок човек ја откри причината. Вие сте се плашеле, од средба со Обама од причина што во разговорот ќе се спомене и РЕШАВАЊЕ на спорот околу името со Грција. Кога го дознав ова ми се потврди едно мое сомневање. Сомневање кое беше дека ниту вие ниту Љупчо сте немале стратегија за обид во разговорите со странски државници да се спомене дека премиерите од редовите на ВМРО ДПМНЕ имаате стратегија која со легални и легитмини средста ќе поништи, ќе докаже дека ги донеле нелегитимни власти и Времената спогодба и Резолуциите на ООН врзани за името. Вие и Љупчо преговаравте само во рамката на барањето на Грција. Зошто, кога од ООН и бараше да го РЕШИТЕ проблемот кој го наметна Глигоров и владата на Б.Црвенковски! Љупчо и вие заедно со вашите министри и дипломати никогаш не помисливе дека имате зад себе скоро 140 држави кои и покрај името Поранешна Југословенска Република Македонија ја признаа Р. Македонија под нејзиното Уставно име!! 2012 година Венецеијанската комисија испрати мислење на барање на Уставниот суд во кое меѓу другото без да биде побарано тоа од неа од Уставниот суд образложи како мооже по легален и легитимен паст да ја раскинете Времената спогодба и ООН да ги прогласи за ништавни Резолуциите врзани за привременото име под кое Р. Македонија беше примена во ООН!

-2009/10 година почнавте да подготвувате закон за Лустрација, Лустрација која нема да биде Лустрација бидејќи вие не сакавте да спроведете Лустрација според Реолуцијата 1096 која ја донесе Советот на Европа. Вие сакавте Лустрацијаата да биде прогласена за систем на освета кон вашите политички противници и бидејќи вие ја спроведувавте од лични побуди и во тоа успеавте. Ги оставите злосторниците на слобода и им го зајакнавте угледот, од нив направите жртви. Да ја спроведевте Лустацијата според Резолуцијата 1096 а за тоа не ви требаше никаков закон, туку само усвојување на член 7 од Резолуцијата 1096 со која се одстранува застареноста на делата. Тогаш Лустрацијата ќе се одвиваше во судовите кои се едниствени институции да донесат правосилни пресуди, односно да ослободат или осудат некого кој бил обвинет! Ако прифатевте да се спроведе лустација според Резолуцијата 1096, Глигоров немаше да почине на слобода туку во Идризово и тоа во друштво на Црвенковски, Фрчкоски, Чокрески, Богоевски, Аврамовски, Верушевски, Бабановски, Ахмети, Фазлиу, Острени, Милчин, и бајаги други чии раце беа окрвавени од крвта на Македонци до раменици!

Во 2011 година, за да ја задржите премиерската фотеља го направите најголемото предавсто кон Македонците и државата Македонија.
Ќе почнам со дел од мој текст напишан во време кога се подготвувавте вие Груевски да го направите најголемото предавство кон Македонија и Македонците!


 Целиот текст:ТАЧИ ВОЈВОДА - АХМЕТИ ДПМНЕОВСКИ НАДВОЈВОДА!

Ако тогаш не ја дадовте амнестијата која е спротивна на сите меѓународни конвенции, на тоа пред неколку дена ве потсети Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ, која бара да се поништи амнестијата за Хашките случаи и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал на домашните судови.“! А од вас во вашите СТРАТЕГИИ зошто сте ги прифатиле условите на Ахмети, нема збор! 
Вие немаше потреба да закажете предвремени избори 2011година, но по се причината била да го избегнете водењето на Хашките случаеви, па покрај амнестија ги почестивте Албанците и со закон за јазик кој веќе почна да најавува јазична федерализација на Р. Македонија, која ја заврши Заев!
Ако не ја доделевте амнестијата на убијците на цивили Ахмети и терористичката дружина околу него ќе беа во Идризово. СДС/// ќе немаше партнер со кого да ја разнебитува Македонија! Ќе немаше Преспански и Бугарски договор! Ќе немаше ни Тиранската платформа која вие ја започнавте со носење на закон за употреба на Албанскиот јазик!
 

 

Оваа е мој коментар даден на вашиот фејс бук статус, на кој гледам дека не сте се одважиле, односно не сте собрале храборост да го искоментирате.



За крај на овој мој текст ќе прикачам мое предвидување/предупредување до вас  Груевски дадено при мојата прва средба со вас и краткиот разговор во Њу Џерски, САД 2008 година! Еве ја фотографијата и предупредувањето дека ако не ја растури УДБа ќе ве снајде истата судбина како и Љупчо! И тоа ви се слуши Големото Уво, обид за војна-Диво Наеље за среќа по Македонците и Македонија која не се рашири!