Welcome visitor you can log in or create an account

ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРОМЕНИ КОИ ГИ ДОНЕСОА ДЕЛ ОД ОСУМИНАТА БЕА ДА НЕ СЕ ПРОМЕНИ НИШТО!!

Јордан Петровски 23.12.2023
Пак се повторува истата приказна, секој ден ги слушаме оние кои се највиновни за тоа што Македонија не успеа да направи успешна транзиција како ни кажуваат дека тие биле единствените кои се бореле Р. Македонија да се осамостои и демократизира!
Многу ми е „чудно“ како при толку „борци“, односно заговорници на „трета опција“ во Македонија кои се „борат“ за смена на системот Курто и Мурто, никој не реагира на ваквите подметнувања. Тоа говори дека и тие се дел од играта на Владетелите на Заробената држава.
Ќе понудам мое видување за според мене Оперативната акција „ОСУМНИНАТА“, бидејќи тие во интервјуто на Павле Трајанов беа представени како алфа и омега во осамостојувањето и демократизирањето на Р. Македонија!

Претставувањето на „ОСУМИНАТА“ како зачетници на демократските процеси во Македонија е уште една измама подротвена и пласирана од Полициско Политичкото подземје или во модерната верзија на именување, Заробена Држава-Дип Стејт!!
Јас не сум сретнал еден повик од „ОСУМИНАТА“  во нивните писанија од тоа време во кое тие барале повекепартизам, слобода на говор, укинување на прогонот на политичките и идолошките не истомисленици. Нивниот „демократски“ порив бил заземања стана во клановската битка во Комунистичката Партија на Македонија, нешто што била вообичаена пракса за да се освои тронот во партијата. Во таквите битки се ваделе валканите алишта на постоечкиот водач а кој тоа може подобро да го направи од УДБа?. Тоа бил и сеуште е методот на Комунистите внатрепартиските борби за власт да ни ги престават како демократски процеси. Зошто велам така, па после ниту една таква битка немало никакви промени во начинот на работењето на Тајната Идеолошка Полиција.
Да потсетам Трајанов бил во високите структури на МВР, Богоевски од осамостојувањето па се до 1997 година бил подсекретар, поточно тој ја водел СДБ/УБК.  Како прв човек на СДБ тој бил главниот кој системот на работа на УДБа го реинсталирал во наводната Македонска Тајна Полиција-СДБ. Прогоните по линија за работа на СФРЈ продолжиле со значително зголемен интензитет. И покрај  одередбите од Устав од 1991 година за не можност да се врши прислушкување без судски налог, не уставните прислушкувања не биле прекинати. Новиот Правилник за работа донесен 1992 година, бил збогатен со нови линии за работана, прогон на Македонци,  УДБа веке не се ни обидела да ја сокрие својата антимакедонска дејност, па воведува линија на работа Македонски Екстремизам и Врховизам.
За оние кои за Врховизмот не знаат што точно значи ке објаснам. Врховист/Врховизам означува поединец  или група која решавањето на Македонското прашање го гледа во склоп на некоја држава и затоа секогаш пред зборот Врховист/Врховизам стои придавка која ја означува државата во склоп на која тој Врховист би го решавал Македонското прашање. Значи тандемот Богоевски, Трајанов, С. Аврамовски,... преку малиот Берија, министерчето на Народната Милиција, Фрчкоски кој заради функцијата која му беше доделена си го покажа својот насилнички карактер кои на Владетелите на заробената држави и одговараше најмногу ке ги донесе ПРАВИЛТА за работа на СДБ објавени во Посебниот-Тајниот Службен 10/92 прогонува Македонци кои  решението на Македонското прашање го гледаат само во рамките на Самостојна, суверена и Демократска држава Македонија.

Не сите ОСУМИНА биле запознаени со играта, дел од нив биле луѓе кои биле одани на комунистичката идеологија и сметале дека прават само промена на човекот, во случајов Лазар Колишевски кој е виновен за не спроведување на комунизмот како што идеалистите очекувале !

За да дам материјални докази за моите тврдења ќе понудам изјави на носителите на „МАКЕДОНСКАТА ДЕМОКРТСКА ПРОЛЕТ“ која ја осмислила Вадата на Заробената држава а ја спроведувала и спроведува нејзината ударна тупаница Тајната Идеолошка Полиција позната под името УДБа! Ќе понудам две цели интервјуа интервју на Слободан Богоевски



и Павле Трајанов

,

од третиот битен човек на Заробената држава, Силјан Аврамовски кој досега нема дадено по мои сознанија никакво интервју и затоа од него не можам да понудам ништо за него! 
Од таа причинацјас ќе коментирам само делови од интервјуата на Богоевски и Трајанов, односно нивните одговори на прашањата од домаќините на интервјуата, врзани за најбитниот показател за степенот за демократизација на Р. Македонија а тоа е почитувањето на индивидуалните човекови права и слободи, онаа што беше најмногу кршено во тоталитарните комунистички системи! Слушајќи ги Богоевски и Трајанов ќе добиете впечаток дека тие и дел од ОСУМИНАТА се едни ако не и еднистевните што во Р. Македонија „дошло“ до демократските промени, почнало „почитување“ на индивидуалните човекови права и слободи, се „почитувал“ Уставот, меѓународните конвенции за човекови права и слободи, за вистинското осамостојување на Македонија но кога ќе погледнете во Решенијата за прислушкување во ПЛАНОВИТЕ за оперативните дејствија кон следеното лице ќе добиете сосема поинаква слика! Слика која јасно говори дека се останало исто како о времето на тоталитарниот комунистички систем.

Ќе прикачам исечоци од двете интервјуто од кои ќе понудам докази дека моето тврдење е 100% точно.

  

Во видеото од интервјуто со Богоевски на прашањето на водителката:

Дали имаше СУДСКИ НАЛОГ ??

Богоевски одговара:

Не, не, во тој период сеуште важеа старите прописи!!

Во овој дел има дел од вистина!! Вистината е дека употребата на закони од СФРЈ е СТРОГО ОГРАНИЧЕНА СО ВРЕМЕНСКА РАМКА која е дефинирана во УСТАВНИОТ ЗАКОН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!! Во член 6 се вели;

 

Според одредбата на Членот 6 „старите закони“ или законите на СФРЈ смееле да се користат ЕДНА ГОДИНА од денот на стапување на Уставот од 17.11.1991 година  а тоа значи најдоцна до 17.11.1992 година!Според доказот кој го нудам, го имам, СДБ законите на СФРЈ ги користела 1994 година. Но законот за работа на ДБК е донесен дури 1995 година! Три години демократот Богоевски кој бил подсекртар и кој го водел СДБ не го почитувал Уставот и за тоа до ден денеска не понел никаква одговорност! За премиерот и министрите на МВР да не говорам. За претседателот на државата да не споменувам!! 
Богоевски понатаму вели:

Бидејќи онаа несреќна одредба Членот 17 од Уставот од 1991 година, што беше толку нејасна што подразбира не можеше ни судски налог во Кривична постапка!?

Еве го Членот 17 од Уставот донесен на 17.11.1991 година:

 Членот 17 говори за гарантираната тајност на писма и други облици на општење а не за судски налог за Кривична постапка!

 Членот 17 од Уставот е многу јасен! Во него се вели:

Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.

Во членот 17 јасно како бел ден е објаснето дека за да СДБ започне прислушкување МОРА обезбеди ОДЛУКА НА СУД-судски налог, тоа не би требело да е проблем ако Народната Милиција навистина гонела криминалци или луѓе кои работеле против интерсите на Р. Македонија.
Тогаш каде е проблемот?
За да се добие судски налог, мора да се приложат материјани докази со кои ќе се потврди дека се работи криминал или за интереси на одбраната на Републиката!! Значи несреќата за Богоевски е што Уставот не дозволува на СДБ да продолжи да работи како во времето на тоталитарниот комунистички систем.

Да го коментирам Трајанов, вториот или првиот демократ над демократите и неговите „стучни“ објаснувања од аспект на демократ над демократите!!

 

 На укажувањето на водителот дека Уставот во членот 17 имало предвидена можност под која може да се прислушкува УСТАВНО, Трајанов вели:

Не прво тој услов го сменија. Немаше прислушување!

Значи, Трајанов вели дека во членот 17 постоела можност како СДБ Уставно да прислушкува ама таа била УКИНАТА?? Никаде не постои трага дека е правена промена на Уставот во членот 17 од  17.11.1991 па до обајавата на амандманот XIX на Членот 17 од Уставот кој е објавен во Службен Весник бр. 84 од 30.12,2003 година!!


И измената на член 17  не ја променила обврската за обезбедување на ОДЛУКА НА СУД-судски налог! Значи Трајанов не ја говори вистината!! Тоа најдобор ќе можете да го воочите од читањето на Член 17 од Уставот 1991 и измената на Членот 17 со Амандманот  XIX  од 2003 година!


Сега ќе објавам РЕШЕНИЕ за прислушкување од 1994 година!

За да го објаснам прецизно и лесно разбиливо моето тврдење за систематското прекршување на Уставот и законите на Република Македонија од стана МВР/СДБ но не од поединци туку од севкупната власт и сите институции на системот кој требале да го попречат прекршувањето ќе се послужам со РЕШЕНИЕ за примена на мерката тајна контрола на телефон, донесено од Министерството за внатрешни работи на 04.05.1994 година.

 
frch-1
 
 
Ќе посочам што содржи членот 24 од Законот за основите на системот на државна безбедност на СФРЈ - („Службен лист на СФРЈ“ бр. 15/84 )
image
 

Значи членот 24 од Законот за основите на системот на државна безбедност на СФРЈ - („Службен лист на СФРЈ“) бр. 15/84 го овозможува прислушкувањето без судски налог, кое Уставот на Р Македонија од ноември 1991 година го забранува! Односно, овозможува да примена на мерка прислушкување само со потпис на министерот, а на предлог на потсекретарот СДБ. Со други зборови, овој член од Законот за основите на системот на државна безбедност на СФРЈ, а во употреба во независна Република Македонија сѐ до 1995 година, го формализира прекршувањето на начелото за неповредливост на тајноста на средствата за општење која е загарантирана со член 17 од Уставот на Р Македонија донесен во 1991 година.

Потоа РЕШЕНИЕТО за примена на мерката тајна контрола на телефон се повикува на член 5 од Уставнот закон на Р Македонија (Службен весник на Р Македонија бр. 52/91)

Еве го членот 5 од Уставниот закон:

5
Во членот 5, кој се нуди како оправдување за примената на закони од СФРЈ, има многу нејаснотии и контрадикторности.

Во став 2 од членот 5 се вели дека:

 ...до постигање на договор меѓу суверените држави од СФРЈ, Република Македонија може да го додели извршувањето на оделни прописи на сојузните органи!!

Дали ова значи дека СДБ ја воделе органите на Југославија и во 1994 година иако Уставниот Закон во членот 6 обврзувал на инакво решение, односно дали СДБ не го признавала Суверенитетот на Р. Македонија изгласан на Референдумнот од 08.09.1991 година и затоа и биле применувани законите на СФРЈ?

Во став 3 се вели:

 Ако органите од став 2 на овој член прописите не ги извршуваат во согласност со суверенитетот и интересите на Република Македонија, нив ги извршуваат органите на Република Македонија. 

Бидејќи примената на законите од бившата СФРЈ останало до 1995 година, дали тоа значи дека прогонот кој е правен согласно со прописите на држава од кои треба да има дистанцирање од нејзиниот тоталитарен период бил во согласност со суверенитетот и интересите на Република Македонија? А, можеби сѐ ќе било во ред ако не постоел членот 6 од Уставниот закон, кои погоре во тектот го цитирав!!

Во РЕШЕНИЕТО се споменуваат и Правилата за работа на СДБ 

Во новите ПРАВИЛА за работа донесени во октомври 1992 година, опсегот на прогон бил збогатен со нови линии за работана и прогон на Македонци, СДБ/УДБа веке не се ни обидела да ја сокрие својата антимакедонска дејност, па воведува линија на работа Македонски Екстремизам и Врховизам.
За оние кои за Врховизмот не знаат што точно значи ке објаснам. Врховист/Врховизам означува поединец или група која решавањето на Македонското прашање го гледа во склоп на некоја држава и затоа секогаш пред зборот Врховист/Врховизам стои придавка која ја означува државата во склоп на која тој Врховист би го решавал Македонското прашање. 
Тандемот Богоевски, Трајанов, С. Аврамовски, и се разбира и други, преку малиот Берија, министерчето на Народната Милиција, Фрчкоски. Кој заради функцијата која му беше доделена ќе се обиде да си ги излекува траумите од младоста си го покажа својот насилнички карактер, карактер кои пак на Владетелите на заробената држави им одговараше најмногу! Фрчкоски како министер ќе стави потпис на ПРАВИЛТА за работа на СДБ објавени во Посебниот-Тајниот Службен 10/92 со кои ПРАВИЛА експлицитно, онаа што не било ни во СФРЈ се „озаконува“ а тоа е прогонување на Македонци кои решението на Македонското прашање го гледаат само во рамките на Самостојна, суверена и Демократска држава Македонија!!

ПРАВИЛАТА се објави во Посебниот/Тајниот Сл. Весник број 10/92. Во ПРАВИЛАТА се објавени новите Линии на Работа на СДБ!!

Ваквата објава самата по себе значи кршење на Уставот на Р Македонија! Имено, Уставот во член 52 вели дека не постои ПОСЕБЕН СЛУЖБЕН ВЕСНИК, бидејќи тајното објавување на закони и прописи е во спротивност на начелата на транспарентност и владеење на правото! 

 

За да Законите и сите други ПРОПИСИ, значи и ПРАВИЛАТА, УРЕДБИТЕ бидат објавени во Службен Весник МОРА да бидат ПОТПИШАНИ од Претседателот на државата, во случајов Киро Глигоров!!
Да потсетам шти била задача на СДБ
:

Службата за државна безбедност (СДБ) која открива и попречува дејности насочени кон поткопување или уривање на поредокот утврден со Уставот и загрозување на безбедноста на земјата.

По осамостојувањето на Република Македонија, во рамките на Министерството за внатрешни работи, СДБ продолжува да ги остварува задачите утврдени со Уставот и Законите на Република Македонија.

Ова го издвоив бидејќи јасно стои дека СДБ треба да ги остварува задачите утврдени со Уставот ...
Ќе прикачам две видеа, видеа во кои министрите на полиција признаваат дека го прекршувале Уставот со тоа што тие потпишувале РЕШЕНИЈА за прислушкување!!

 

 

 


 

Поставувам прашање ? Зошто не се барала одлука од суд за да прислушкува? Зошто најповиканите луѓе за заштита на Уставниот поредок а Уставниот поредок се штити со почитување на Уставот биле тие кои го кршеле Уставот и со тоа го рушеле Уставниот поредок? 
За крај на овој текст еден интересн документ кој носи наслов: 

И З В Е Ш Т А Ј
НА КОМИСИЈАТА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ НА СОБРАНИЕТО НА СРМ
ЗА ИСПИТУВАЊЕ СОСТОЈБАТА ВО ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА
БЕЗБЕДНОСТ ВО РЕПУБЛИКАТА

Скопје, септември 1966 година


Можеби за некои овдека нема ништо интерено ни битно па зарадфи нив ќе го издвојам онаа што за мене е битното!! 

Системот и методот на работата на Службата на државната безбедност претставувале најфлагрантни повреди на уставноста и законитоста, тотална контрола над општеството, узурпирање на уставните и законските права на граѓаните,

Дали истото не го гледата од доказите кои ги понудив и за периодот после 1991 година?