Welcome visitor you can log in or create an account

КОИ СЕ СЕ „МАКЕДОНЦИ“ КОИ ГИ УДРИЛЕ ТЕМЕЛИТЕ НА АНТИМАКЕДОНИЗМОТ, ОДГОВОР НА Г. Ф.ЕМЕНСКИ:Еволуција на рускиот антимакедонизам и европскиот пат на државата (кон пеколот?) поплочен со руски намери 2/1

Јордан Петровски 01.12.2023

Во својот текст: Еволуција на рускиот антимакедонизам и европскиот пат на државата (кон пеколот?) поплочен со руски намери (прв дел) госпоѓа Ременски го вели следново:

2. Во декември 1902 година, при посета на Софија, рускиот министер за надворешни работи, гроф Ламздорф, се сретнал со задграничното претставништво на Македонската револуционерна организација (МРО), за да го изрази своето огромно незадоволство од проектот за автономија на Македонија. Во писмото до Иван Зиновјев, руски амбасадор во Цариград, Ламздорф потсетува дека револуционерното движење во Македонија е фактор што ја попречуваат примената на реформите. Со телеграма испратена до царската влада во Петербург, амбасадорот Зиновјев потврдува дека „редовно и со задоволство“ го информира султанот Абдул Хамид II за сите преземени мерки за „спречување каква и да е револуционерна дејност во Македонија“ со помош на инфилтрирани луѓе помеѓу „македонските бунтовници“ од страна Царска Русија. Рускиот конзул во Скопје, Машков, во писмо од 27 јануари 1901 година до рускиот амбасадор во Цариград, отворено ја критикува „извесната слабост на султановата влада“ кон постојаната „дрскост на македонските комитети“, која, како што вели „предизвикува оправдани стравувања на арнаутските патриоти во поглед на интересите на автономна Албанија“. Во февруари 1903 година, руската амбасада во Цариград ги обврзува сите конзули енергично да ги осудат дејствата на македонските револуционери и јасно да стават до знаење дека „Русија нема да жртвува ниту капка крв на своите синови за некаков обид да се измени постојниот поредок на Балканот од страна на македонските револуционери“. Русија прва го информира султанот дека во Македонија се подготвува Илинденското востание и дека, тоа востание треба да биде спречено пред да почне. Само неколку месеци подоцна, користејќи ги руските разузнавачки информации, Турција крваво го задушува Илинденското востание во Македонија. Со повратна телеграма до турската амбасада во Петербург, султанот Абдул Хамид II му заповедал на својот амбасадор да му се „заблагодари на рускиот министер за надворешни работи за поддршката за задушување на востанието во Македонија“.

Во мојот текст ќе се задржам на овој дел:

Вреди да се спомене и идејата за Балканска федерација која била пресудна за кроење на картите и политиките на Балканот, кои по Букурешкиот договор се на штета на сите македонски интереси, а во полза на сите оостанати кои биле во сојуз со Русија.
Да не пропуштам да истакнам дека, српскиот социјалист Светозар Марковиќ во контекст на Балканската федерација ја промовира тезата дека, српскиот народ живее измешан со другите народи без јасни географски и етнографски граници и дека е потребно движење за создавање на Голема српска држава, и дека Белград треба да ја има „улогата на освојувач“.

Госпоѓа Ременски дали свесно или не одбегнува да го искоментира периодот по поделбата на ОРГАНИЗАЦИЈАТА-ВМРО на „ФЕДЕРАЛИСТИ“, тоа е крилото кое било со Јане Санадаски  попрецизно левицата и „АВТОНОМИСТИ“ крило кое по возобновувањето на ОРГАНЗАЦИЈАТА  1918/9 година сега веќе под име ВМРО го води Тодор Александров! Тој период 1904-1941 година е период кога руското влијание е најсилно во македонското прашање и тоа преку „ФЕДЕРАЛИСТИТЕ“, значи левицата! Јас ќе се задржам на периодот 1919 година -Париската нировна конференција па до 1934 година кога во Бугарија е ЗАБРАНЕТО делувањето на ВМРО Автономистичко и водачите на ВМРО Автономистичко се осудени на смрти казни! 
Како прва активност на возобновената ОРГАНИЗАЦИЈА а сега пд името ВМРО може да се смета е:

Мемоарот, испратен до претседателот на Париската мировна конференција од 1 март 1919 година. Мемоарот бил изработен од проф. Љубомир Милетич, а потпишан од дотогашните членовите на ЦК ВМОРО, Тодор Александров и А. Протогеров, во својство на задгранични претставници на Организацијата. Барајќи од името на Организацијата на Конференцијата да биде допуштена нивна „специјална делегација”, во Мемоарот двајцата членови на ЦК ВМРО истакнале дека, за да има мир и спокојство на Балканот, потребно е Македонија „да се зачува неподелена и во никој случај да не се остави под власта на Србија и Грција”. На крајот од Мемоарот, тие го навестиле и своето револуционерно дејствување со заканата дека нема да има мир на Балканот” доколку не бидат прифатени нивните барања….. По Првата светска војна, крајната стратегиска цел на политичката програма на ВМРО станала извојување автономија или нејзина целосна независност како одделна држава со трите делови на Македонија: Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот. За постигање на ваквата цел, Тодор Александров, во името на Организацијата, најавил преземање револуционерни средства преку оружени чети и атентати над објекти и претставници на окупаторските власти во Вардарска и Егејска Македонија, како и преку легални средства со учество во политичкиот живот во поробените македонски земји.

Најавата на ВМРО за формирање на автономна и независна држва Македонија и правела проблеми на владата на Стамболиски кој пак за да ја извлече Бугарија од изолација се обидувал да направи добри дноси со Србија, односно кралството СХС!

За да ја покаже својата готовност за соработка и зближување со Кралството на СХС, тој изјавил дека Бугарија нема претензии спрема Македонија и ветил дека ќе преземе мерки за спречување на терористичките акции на комитските чети на Тодор Александров.

За да ја увери владата на Кралството на СХС во своите сериозни намери за зближување со неа и за постигнување спогодба за спречување на вооружените акции на четите на ВМРО во Вардарскиот дел на Македонија, А. Стамболиски во ноември 1922 година го посетил Белград, каде што разговарал со претседателот на владата Никола Пашиќ и со кралот Александар.

После тие разговори Стамболиски ја потпишува Нишката спогодба :

Нишкиот договор е потпишан на 17 март 1923 година во Ниш, Кралство на Србите, Хрватите и Словенците.

Потпишан е од Стефан Ноиков од страна на Бугарија и од Жика Лазиќ за кралството СХС! 
Договорот бил директно насочен против активностите на Внатрешната македонска револуционерна организација и довел до силен конфликт меѓу неа и владата на Бугарскиот земјоделски народен сојуз кој владеел во Софија. По катастрофалниот крај на Првата светска војна за Бугарија, ВМРО била обновена како организација во 1919 година и користејќи бази на бугарска територија во Пиринска Македонија, води револуционерна борба против српските и грчките власти во Вардарска и Егејска Македонија. Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (Југославија) ја ставила Бугарија под огромен дипломатски притисок да ја забрани ВМРО. Конференцијата била отворена на 1 март 1923 година во Ниш и траела до 17 март. Бугарската делегација ја предводи полковникот на Генералштабот Стефан Ноиков и има уште двајца воени лица. Шеф на југословенската делегација е раководителот на Секторот за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи Живоин Лазиќ, Вардарска Македонија. Содржина на договорот со договорот Бугарија „се обврзува да ги ликвидира базите на ВМРО на нејзината територија и да им помага на југословенските погранични власти во чувањето на границата од четите“. Договорот ги уредува мерките што ќе ги преземат двете страни за запирање на нелегалното преминување на границата - засилување на цивилните и воените власти во пограничните области, сечење на дрвна вегетација долж границата и други. Дозволено е дури и југословенските единици да влезат на бугарска територија во потера по чети.

 

Писмото на Т. Александров по повод Нишката спогодба:

"Слобода или смрт"
В.М.Р.О.
№ 416
Македонија
4 април 1923 г.

Окружно. Тајно
До водачот на округот, околиските војводи и нелегалните групи на организацијата за поддршка на ВМРО
ВО МАКЕДОНИЈА под бугарска власт.

По повод настанатиот немир во населението таму по Нишките српско-бугарски преговори; поради заканите српски воени единици да влезат на бугарска територија, со цел да прогонуваат чети; или разбојници "федералисти", заедно со "портокаловите гардисти", предводени од изроди како Паница, П. Ангелов и др. слични да навлезат во границите на Македонија, со цел да уништуваат, заедно со Србите, поддржувачката ВМРО, и при заплашувањето на земјоделската влада да објави воена состојба во Пиринска Македонија и да ги одложи изборите за пратеници таму, - за да се успокои населението и запази престижот и угледот на ВМРО, се потсетувате да ги преземете веднаш следните најсериозни мерки:

1. Ако во Македонија под бугарска власт се појават омразените српски капи - синоним на ропство и крџалиски зулуми - да се уништуваат од нелегалните групи на организацијата, штом преминат повнатре од бугарската граница.

2. Ако тргнат за таму познатите разбојници "федералисти", безмилосно да се уништуваат, без да им се дозволи да ја сквернават боречка Македонија со своето присуство.

3. Ако бидат пратени од безумната бугарска влада "портокалови гардисти", коишто се "одликуваа" досега со своите грабежи, сквернавења и "храброст" кон незаштитеното население, за прв пат да се предупредат да се вратат назад, или да се обезоружат и пратат во нивните родни места, а после првото - едно за сите - предупредување, да се удрат и уништат до нога од нелегалните групи, поткрепени од четници на отсуство и др. нелегални таму, внимавајќи да не се спасат на некој начин ни еден од неверните водачи.

4. Ако навистина "демократската" земјоделска власт се реши да објави воена состојба во Петричкиот округ и ги одложи изборите таму, да се прифати мислењето на населението: дали треба да се плаќаат даноци и да се исполнуваат наредбите на сегашната "бугарска" влада, која ги лишува од изборното право - тоа, што не осмелија да го сторат дури ни тираните Срби и Грци во деловите на Македонија под српско и грчко ропство."

Бугарската влада е навремено предупредена да не допушта српски единици да минуваат таму, ниту да праќа "портокалови гардисти". Ако при сето ова се дрзне да не предизвика, бидете беспоштедни во мерките, затоа што останува врз неа целата одговорност за сите лоши последици од тоа.

Тие, кои поради малодушност, небрежност или од други причини не ги исполнат горните наредби, ќе бидат казнети со смрт.

Со многу срдечни поздрави,
Чл. во Ц. К. на ВМРО
(п) Т. Александров
По јунскиот превратот на чело на владата доаѓа Александар Цанков кој не менува ништо во бугарската политиката кон ВМРО Автономостичка!
Бугарските комунисти се подготвуват да кренат востание и да ја превземет власта:
 

-Од 5 до 7 август 1923 година се одржани седници на ЦК на БКП (т.с.), на кој младите и радикално настроени дејци на партијата, на чело со Георги Димитров и Васил Коларов, инспирирани и поддржани од Коминтерна, преовладуваат во корист на организирање на ново востание. За учество во него се привлечени левицата на БЗНС и некои анархисти. Создаден е единствен комитет за военнотехничка подготовка на востанието како посебен орган на ЦК, предводен од Коста Јанков.

Причината за заземениот курс на вооружена борба се корени во амбициите на Русија за палење на светска социјалистичка револуција (Мировая револуција) и за воспоставување на нови Советски Социјалистички Републики во Европа. Русија подготвува навлегување во централна Европа на воени единици за поддршка на комунистичкото движење во Германија, Италија, Англија, преку т.н. извоз на револуција. Црвената армија навлегува и е уништени 1920 година во близина на Варшава ,таа е предводена од Маршал Михаил Тухачевски. Таа не наоѓа на очекуваната поддршка од револуционарните масите и не навлегува на територијата на Германија, но болшевичката политика останува иста. "Револуцијата надвор беше можна", пишува Маршал Тухачевски. Тоа е основната линија на Коминтерна за дестабилизација и за навлегувањето кон срцето на Европа. Бугарската историографија до сега не го покажала грубо мешање и активирањето на бугарските претставници во Коминтерна за организирање на востание и завземането на политичката власт, без за тоа да има потребните услови, сили и политичка волја. По поразот на руската армија во близина на Варшава, "Бугарската револуција требаше да стане Пролог на германската револуција", пишува Лав Троцки. Во успехот на бугарското востание немало сомневања и на седница на Политбирото на болшевичката партија во Кремлин е направено вистинскиот сценарио и датумот на следниот удар - превратот во Германија да се изврши на 9 ноември 1923 година. Така со организираното дестабилизирање на Бугарија и вовлекувањето на бугарскиот народ во граѓанска војна се применува болшевичката модел за освојување на политичката власт.

Владата презема мерки за спречување на востанието и уапси повеќе од 2000 видни дејци на БКП на 12 септември. Како реакција на апсењата, востанието почнува да избувнува стихијно, по места (најпрво во Казанлашко). На 20 септември е состана состанок на ЦК на БКП, на која, покрај противењето на приврзаниците на легалната дејност, е донесена одлука за прогласување на востанието на 22 против 23 септември. Водачите на востанието Георги Димитров и Васил Коларов за акција ја избираат северозападна Бугарија - регион, поблиску до границата со Југославија. Планот на востанието претпоставува то да биде масовно дигнато во Врачанскиот округ, по што ке се формира встаничка армија, која ќе ја превземе Софија. Целта на востанието не е промената на државниот устројство, туку само "воспоставување на работничка-селско влада".

-Пред отпочнувањето на Септемвриското востание во Бугарија, ЦК на БКП преку своите претставници и преговарачи, Димо Хаџи Димов и Арсени Јовков постигнаа договор со Тодор Александров, односно со ВМРО, ВМРО да остане неутрално, а востанието да се крене во сите делови на Бугарија, само не во Петричката област, каде што дејствувала организацијата и каде што имала потполна власт, поточно централната власт немала никакви ингеренции. Меѓутоа, при кревањето на востанието, Окружниот комитет на партијата во Горна Џумаја не се придржувал на договорот и испратил еден востанички одред во Горноџумајско и Разлошко, којшто одредите и милицијата на ВМРО го оневозможиле во дејствувањето, при што биле убиени и неколку раководители, меѓу кои братот на Лика Чопова. Дел од раководството на тие чети, каде што биле Александар Бијнов и Владимир Поп Томов биле заштитени од четите на ВМРО, односно од Алеко Паша кој раководел со Петричкиот округ и бил близок до санданистите."

Еве го прогласот за тоа востанието:

 

Во прогласот не се споменуваат никаде Македонците и добивање Автономија за Македонците !
Едно сведочење работено според српски, односно архиви од времето на кралството СХС и кралска Југославија:

Второто битно собитие е Мајскиот Манифест за што ќе пишувам во идното продилжение!

Линк до првото продолжение:КОИ СЕ СЕ „МАКЕДОНЦИ“ КОИ ГИ УДРИЛЕ ТЕМЕЛИТЕ НА АНТИМАКЕДОНИЗМОТ, ОДГОВОР НА Г. Ф.ЕМЕНСКИ:Еволуција на рускиот антимакедонизам и европскиот пат на државата (кон пеколот?) поплочен со руски намери