Welcome visitor you can log in or create an account

ГОШЕВ, ЧОВЕКОТ СО НАЈВАЛКАНАТА УЛОГА ВО МАКЕДОНСКОТО ЛАЖНО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ

Јордан Петровски 05.10.2023 година
Иако овој текст беше напишан отако го исчитав фељтонот на Гошев решив да не го објавувам, но гледајќи го гостувањето на Љупчо Георгиевски кај почитуваниот Професор Звонимир Јанкуловски кое ги изгледав денеска решив да го објавам!

Го прочитав фељтон на Петар Гошев објавен во ПЛУСИНФО, гласилото на Героски кое од поодамна служи за наметнување на лажна историја и за симнување на вината од оние кои имат најголема вина за не успешното осамостојување на Р. Македонија, па затоа решив да напишам неколку збора и едно мое лично сведочење  за некои настани. Нема да одам по редоследот на објавите во фељтонот, туку ќе одам по мој избор ама ќе наведам во кој дел од фељтонот е објавата која ја коментирам.
Гошев во делот од фељтонот под наслов „Додека Милошевиќ ја ограбуваше Македонија со безвредните српски динари, Глигоров беше против воведување македонска валута вели:  

-Да бидам фер, неколкуте клучни луѓе во Владата на Никола Кљусев не беа за такво одложување на одлуката за осамостојувањe. Но, фактот што биле група (со Глигоров) која уште пред изборите меѓусебно и потајно си распоредувала функции и без да учествуваат на изборите и самото сознание колку, во дадениот момент, нивниот опстанок во Владата е зависен од влијанието на Глигоров, ги скротуваше нивните импулси (како Влада), за „истрчано“ и неусогласено со Глигоров носење на владини одлуки и иницијативи до парламентот.  Згора на тоа, пак, со секој изминат ден, таа „експертска влада“ стануваше сѐ поничија, сѐ до моментот додека јавно – на седница на парламентот,  токму за прашања поврзани со осамостојувањето, не влегоа во конфликт со Глигоров, па така „тиквата“ меѓу нив сосема се расцепи.

Љупчо Георгивски ја има дадено оваа изјава во врска со формирањето на „Експертската влада“:


[Image: Document93_1_zpsf50fc3a9.jpg]

Но една изјава на Кљусев дадена на Канал 5 дава сосема друга светлина на „изборот“ на „Експертската влада“ и тоа како и кој го денел Глигоров во Македонија и се разбира по чиј налог!
Кљусев ја открива најголемата не логичност а тоа е дека  „Експертската влада“ го избира Глигоров за Претседател на Р. Македонија за да им го додели мандатот и тие: Ј. Мијалков, Н. Кљусев, Ѓ.Наумов бидат столбот на „Експертската влада“!

„Се собравме во вилата на Михајло Апостолски, кој беше оженет за сестрата на Киро Глигоров, Цвета. Таму бевме јас (Кљусев), Ѓорѓи Наумов, Јордан Мијалков и Борис Змејковски. Ние одлучивме дека, преку Пане Велев, треба да го вратиме Киро во Македонија, зашто тој има доволно искуство да ја води државата’.“

ВМРО, според сведочењата кои ги имам од носителите на континуитетот на ВМРО СДРМА немало контакти со Кљусев, Мијалков, Наумов! Контакти со Кљусев имал Змејковски а тој не бил претставник на ВМРО, туку бил претставник на ДПМНЕ!
Се наметнуваат две прашања а чие било ДПМНЕ?
И како можел Љупчо да не знае што работи Змејковски, односно со кого контактира околу избор на претседател на државата и формирање на влада?
Кога ке се погледне кој се присуствивал на „собиранката“ во вилата на Михајло Апостолски се наметнува прашањето по која основа се состанале овие луѓе, што ги поврзувало?
КОЈ ГИ ПОВРЗАЛ?
Гошев за овие активности не можел да не знае, сепак тој бил претседател на Комунистичката партија, значи бил и шеф на УДБа а УДБа е таа која ја водела играта.   
Е сега едно мое лично сведочење! Во недела на 06.01.1991 година, Љупчо, Гошев и Андов одат во тогаш сеуште Титов Велес кај тогашниот владиката Михаил за да добијат одговор дали ја прифаќа понудата да стане претседател на Р. Македонија. Јас и поголема група на членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ го чекавме Љупчо да се врати од Т. Велес и да соопшти што се случило во барактие на Гратското Собрание на Скопје.
Во понеделникот наутро на 07.01.1991 година имав средба со Јордан Арсов тогаш претседател на Уставниот суд на Р. Македонија, кој при наши предходни средби најавуваше дека Кљусев ќе биде премиер на владата. Јас заради тие негови најави веднаш откако се поздравивме му реков дека неговите прогнози дека Кљусев ќе биде премиер нема да се исполнат бидејќи, Андов, Гошев и Љупчо добиле согласност од владиката Михајло дека ја прифаќа понудената функцуја за претседател и со тоа веќе нема пречки за исполнување на договорот помеѓу Андов, Гошев и Љупчо, Гошев да стане премиер а Андов претседател на Собранието. На ова Арсов ми одговори дека ноќта помеѓу неделата и понеделникот ЦК на партијата на Гошев го отфрлил договорот и дека сепак Кљусев ќе биде премиер, а Ј. Мијалков и Ѓ. Наумов министри!
Зошто го споменувам ова? Го споменувам затоа што уште троица луѓе освен Змејковски од врвот на ВМРО ДПМНЕ морале да знаат за ова!
Првите дваица се браќата Гојко и Мане Јаковлевски, Јордан Арсов им бил зет. Бил оженет со нивна сестра. Ако Јордан Арсов за ова говорел со мене, човек со кого се запознал преку вториот зет на Јаковлевци Илија, мој бизнис партнер, зар не би им кажал на своите шураци, кои се битни луѓе во ДПМНЕ односно веќе ВМРО ДПМНЕ, дека пројугословенскиот воен врв -КОС ја избрал владата и претседателот на Р. Македонија пред да завршат изборите?
И четвртиот човек е синот на Ѓорѓи Наумов кој учествувал во преговорите со Андов и Гошев како човек на ВМРО ДПМНЕ!!
Да се вратам на Гошев!
Гошев во третото продолжение на неговиот фељтон Милошевиќ: Стојане, види Гошев да не биде премиер, а ако не можеш – Киро ќе дојде и ќе го среди! вели дека тој го донел Глигоров за да стане претседател

Глигоров не дојде сам во Македонија, јас го донесов!

Кога и како се појави Киро Глигоров во Македонија?
На денот кога Словенија ги усвои измените на нејзиниот Устав (декември 1989 година), со кои примат им даде на своите републички закони пред федералните (со што јасно ја озакони својата конфедерална позиција); на денот на распаѓањето на СКЈ (јануари 1990 година), кога, де факто, соопштивме  во која ситуација и Македонија ќе тргне по својот пат на самостојност; на денот на референдумското потврдување на новиот устав на Србија (2 јули 1990 година) со кој и таа ја „развласти“ федерацијата на својата територија; на денот на  Референдумот за осамостојување на Словенија (декември 1990 година) и при други слични настани на исчезнување на Југославија, Глигоров сѐ уште живееше во Белград.
Ја минуваше (континуирано) петтата деценија од неговиот живот – по заминувањето од Македонија. Знаеше како (не) заврши 14. Вонреден конгрес на СКЈ. Знаеше дека и ние, делегатите од Република Македонија, не останавме со оние кои сакаа продолжување на конгресот „без  кого било“. Му беа добро познати и причините за нашиот (на СКМ, односно СКМ-ПДП) став. Во една прилика ми соопшти дека сосема се согласува со тоа.
Во јануари 1990 година, го вклучив во Комисијата за општествени реформи, замолувајќи некои луѓе да му помагаат во превозот на релацијата Белград – Скопје – Белград (веќе беше со примања на пензионер), а во октомври-ноември 1990 година го вклучив и во изборната кампања за првите парламентарни избори. Сепак, во книгата „Македонија е сѐ што имаме!“, запишал дека сам си дошол (па, излегува дека, онака, самоиницијативно зел учество во Комисијата за реформи, во кампањата за изборите и слично)
И, за да скратам, во оваа прилика, само ќе кажам: како „награда“ за учеството во кампањата, на 27 јануари 1991 година, го избравме за претседател на Македонија, по што, по децениското отсуство, повторно стана жител на Македонија. Пред кампањата му реков: „Ако победиме, ќе бидеш претседател на државата“. На што ми одговори: „Ако ти не бидеш премиер, јас во ни една комбинација, нема да бидам претседател!“

Тогаш се наметнува прашањето зошто Гошев прифатил да се прави договор помеѓу него, Андов и Љупчо за поделба на власта? Зар таква подмолна и антимакедонска игра ќе го направи еден „голем“ Македонец кој на Милошевиќ и Србија им удри „шлаканица“ придруживајќи се на Словенија и „Усташите“ од Хрватска во „РУШЕЊЕТО“ на СКЈ и со тоа и на Југославија?

Вистината за тоа како се однесувала делегацијата, поточно председателот Гошев на комунистите од Македонија на 14 конгрес е сосема поинаква, поточно дека македончето „мора да ce направи се' за да продолжи 14-от Конгрес,“:

Најнејасни во целата ситуација биле Македонија и Босна и Херцеговина, кои од една страна го поддржале ставот на Хрватска дека со излегувањето на една делегација од Конгресот тој го губи својот легитимитет и треба да биде веднаш прекинат, но од друга страна истакнале дека мора да ce стори се' за Конгресот да биде продолжен, тие всушност ce држеле неутрални незаземајќи една од спротиставените страни, што пак довело до продолжение на кризата во државата.
Ден no прекинот на 14-от Конгрес на СКЈ, претседателот на претседателството на ЦК на СК Македонија, Петар Гошев истакнал дека мора да ce направи се' за да продолжи 14-от Конгрес, но во нормални околности и без надгласување за клучните прашања. Притоа нагласил, објаснувајќи ги ставовите на македонските делегати за прекинот на Конгредсот по напуштањето на истиот од страна на словенечките делегати, дека продолжувањето со работата на Конгресот, против Статутот на СКЈ, додатно ja заострило политичката ситуација. Навел дека, СК Македонија ce согласува со обединет СКЈ, но со значајни и радикални промени во начелата за демократскиот централизам.

Дали гледате во изјавата цврст став за следењето на одлуките на Словенија и Хрватска без кои не можела да постои Комунистичка партија на Југославија! Гошев го критикува Глигоров за нерешителност и желба да ја сочува Југославија а тој постапувал исто!
Уште една битна потврда дека Гошев е ситен полтрон кој до височините до кој се вивнал се вивнал со полтронство, поточно како оној полжав од приказната за полжавот и орелот. Приказна во која орелот го прашал полжавот како тој иако нема крилја се искачил на врвот на планината а полжавот му одговорил: со лигавење. Лигавењето во случајот на Гошев е што ја одигра главната улога во не успешното осамостојување, глумејќи во Македонија голем патриот а во Белград колнење дека тој ќе го испони планот за останување на Македонија во прегратките на Србија!
Ако намерите на Гошев навистина биле за градење на Самостојна Држава Македонија, тој на седницата на ЦК на која Гошев говорел за договорот помеѓу СКМ-ПДП, Реформските сили за Југославија-„Македонија“ и ВМРО ДПМНЕ, преговори кои сигурно не ги правел на своја рака и со тие преговори беше запознаена јавноста во Македонија преву медиумите. После не прифаќањето на договорот од страна на ЦК на СКМ-ПДП, Гошев морал да поднесе оставка и да направи расцеп во партијата ако тој навистина работел на тоа Р. Македонија да стане самостојна држава! Но тој останува на чело на Партијата! Единствен логичен одговор зошто не поднел оставка е дека преговорите сигурно не ги правел на своја рака и не ги водел со чиста намера, туку верувам дека бил во договор со КОС!
Ќе цитирам една изјава на Генералот Васиљевиќ во тоа време начаник на КОС:

Vasiljević je detaljnije to ilustrirao, stanjem u Makedoniji, gdje radi razumnijih procesa razdruživanja, cijela infrastruktura vlasti, uključivši tu i sustav sigurnosti, ostala je nedirnuta

Васиљевиќ тоа го илустрираше наведувајќи ја во детали состојбата во Македонија, каде што заради РАЗБИРЛИВИ процеси на раздружување целата инфраструктура на власта останала не чепната! 

И уште една битна работа, Гошев како и секој србокомунист имаше всадена омраза кон ВМРО. За изборите 1994 година, тој обиваше било каква заедничка соработка со ВМРО ДПМНЕ за да се сруши СДСМ со неговите сателити. Имаше понуда од ВМРО ДПМНЕ тој да стане премиер на владата без оглед кој ќе има повеќе пратеника, дали ВМРО ДПМНЕ или негвиот ДП а за возврат да даде подршка на Љубиша Георгиевски.
Гошев никогаш не застана зад барањето на Европскиот парламет кој преку Резолуциите 1096 и 1481 бараше спроведување на лустрација.
Ќе наведам само неколку точки од Резолуцијата 1096 во кој јасно се укажуваше што ќе се случи со бившите комунистички држави кои нема да спроведат лустрација:

1.Наследството на поранешните комунистички тоталитаристички системи е длабоко …  ова е причината зошто старите структури и мислени обрасци треба да се демонтираат и надминат.

3.Опасностите од неуспешен процес на транзиција се повеќекратни. Во најдобар случај, олигархијата ќе владее наместо демократијата, корупцијата наместо владеењето на правото и организираниот криминал наместо човековите права.

4.Оттука, демократска држава заснована врз владеење на правото мора да го демонтира наследството на поранешните комунистички тоталитаристички системи

6.Овој процес мора да вклучува трансформација на менталитетите (трансформација на срца и умови)

И се разбира во Резолуциите беа и препораките за тоа како и против кого да се водат судски процеси и против кого други облици на „казнување“:


7.Собранието исто така препорачува кривичните дела извршени од поединци за време на комунистичкиот тоталитарен режим да бидат гонети и казнети според стандардниот кривичен законик. Ако кривичниот законик предвидува статут на ограничувања за некои кривични дела, тоа може да се продолжи, бидејќи тоа е само процедурална, а не суштинска материја. Сепак, донесувањето и примената на ретроактивни кривични закони не е дозволено. Од друга страна, судењето и казнувањето на кое било лице за кое било дело или пропуст кое во моментот кога е сторено не претставува кривично дело според националното законодавство, но кое се сметало за кривично дело според општите начела на законите признати од цивилизираните нации, е дозволено. Покрај тоа, кога некое лице јасно постапило спротивно на човековите права, тврдењето дека постапило по наредба не исклучува ниту незаконитост, ниту индивидуална вина.

11.Што се однесува до постапувањето со лица кои не сториле кривични дела за кои може да се гони во согласност со став 7, но кои сепак држеле високи позиции во поранешните тоталитаристички комунистички режими и ги поддржувале, Собранието забележува дека некои држави сметаат дека е потребно да се воведат административни мерки, како што се закони за лустрација или за декомунизација. Целта на овие мерки е да се исклучат лицата од вршење владина должност доколку не им се верува дека тоа ќе го сторат во согласност со демократските принципи, бидејќи тие во минатото не покажале никаква посветеност или верба во нив и немаат интерес или мотивација да направат транзиција кон нив сега.

Едно бонус прашање:

Зошто Змејковски на состанокот на езерото Младост кога се договараше стратегијата на партијата за преговорите и кога беше побарана и добиена оставка од Голубовски заради слично деание, преговори со членови на стариот извршен совет за формирање на ВМРО-вска влада, не спомена дека и тој имал слична мисија но со други структури. Змејковски со присуството на "собиранката" во вилата на Михајло Апостолски исто како Голубовски ја прекршил одлука на партијата.