Welcome visitor you can log in or create an account

ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО - ПОСЛЕДНОТО НАСЛЕДСТВО ОД СРБО КОМУНИЗМОТ?!

Датумот на спогодбата за конечното име на Македонија е 28.05.1993 година, во него во член 5 јасно стои договореното име : РЕПУБЛИКА НОВА МАКЕДОНИЈА. ОН, посредниците Венс и Овен точно во рокот од два месеци кој ги вети Глигоров за важноста на референцата FYROM, ГО НУДАТ ДОГОВОРОТ НА ПОТПИС..
Што било причината Глигоров да се повлече во последен момент од решение кое било по се договорено уште пред приемот во ОН со привремената референца.!!!???? 



Вистинскиот и единствениот голем проблем, кој како Демоклав меч виси над македонската глава, е името. Ако ја препуштиме битката за името, Македонија може и ќе опстои како некаква држава на Балканот. Но, секако, ниту тоа ќе биде Македонија, ниту ние ќе бидеме Македонци. Со тоа ќе за загубиме мајката на сите битки. Од Александар до денес...

пишува Владимир Костовски 06.09.2011

Прашалникот ставен во наднасловот не значи оти се сомневаме дека ние на 8 Септември славиме 20 години од независноста на Македонија. Формално да и секако дека треба да ја прославиме. Но, суштински и фактички, се уште има елементи кои укажуваат дека ние не сме независни и сме заробеници на една долгодецениска деструктивна, немакедонска политика наметната од нашите поробувачи од времето на Балканските војни, Србија Грција и Бугарија, но посебно на првите две држави, зашто третата, поради историските околности, не беше во состојба битно да влијае врз поновата македонска историја. Се разбира дека со ова немаме намера да ја амнестираме Софија од нејзиниот дел од одговорноста за се она што денес се случува во Македонија, но сепак, ако сме реални, Бугарија во последниве две децении може да укнижи повеќе позитивни, отколку негативни поени, што не може да се каже за Србија и Грција.

Што се случуваше изминатив 20 години?

После дваесет години и веќе достаточно историски, научно и публицистично обработени факти, преточени во тези и аксиоми, не чуствуваме доволно потреба да се задржуваме поопширно на минатото. Затоа, ако се обидеме систеамтично да го прикажеме накратко и јасно за сите читатели, тоа отприлика би изгледало вака:

1. Македонија во 1990 спроведе повеќепартиски избори од немај каде. По пропаста(привидна) на „социјализмот како светски процес“, а по претходен генерален план смислен во Москва, сите социјалистички земји по падот на Берлинскиот ѕид пристапија кон транзицијата од Социјализам во Капитализам. Со текот на годините некои го спроведоа (од немај каде), искрено и целосно, некои (како ние), лажно.


[Image: arx1315400810x.jpg]

2. Македонија во 1991 стана независна држава од немај каде (не поради непостоење желба кај Македонците, туку поради очајните напори на оние што беа поставена да ја водат во спротивна насока). Иако, окторираното раководство се обидуваше до последно да ја остави Македонија во состав на Србија (сојуз на суверени држави на Југославија), суровоста на воените дејства

во Словенија, но особено во Хрватска и барањето за учество во нив како топовско месо на македонските регрути во ЈНА, придонесоа јавното мислење(потпомогнато и од веќе формираната ВМР ДПМНЕ), да направи толку силен притисок врз октроираното раководство, така што и покрај двосмисленото референдумско прашање од 8 септември 1991, македонскиот народ недвосмислено гласаше за НЕЗАВИСНОСТ.

3. Македонија и покрај изгласаната независност, во текот на сите воени години од 1990 - 1995, се однесуваше како сојузник на Србија. Ембаргото беше масовно кршено, српската воена машина беше снабдувана со гориво, муниција и оружје, српските граѓани( и не само тие) со акцизни стоки - алкохол и цигари.

4. Македонскот октроирано раководство речиси три години се спротивставуваше да аплицира во ООН за зачленување. Изговорите за тоа беа различни. Кога конечно, повторно под притисок на јавноста(граѓаните), беше сторено тоа(апликацијата), октроираното раководство се согласи на прием на најнесоодветен начин, односно она што ние денес го нарекуваме предавство на Македонија. Тоа раководство (Киро Глигоров, Стојан Андов, Бранко Црвенковски), се согласија во ООН да влеземе под референца(провизорно име) и со обврска од резолуција која не тера да преговараме за решение на спорот, односно, де факто, за промена на нашето уставно име.

5. Македонското октроирано раковдство за цело време од првата десетлетка од независноста, заедно со Србија, водеше анти-албанска политика на тлото на Македонија, водеше просрпска политика, помогајќи и на тој начин на Србија во геостратешките планови, а штетејќи и на перспективите на Македонија. Таа политика не беше некоординирана, напротив. Може да се каже дека центарот на таквата политика беше во Белград, а последниот нејзин голем „испрдок“ беше во 2001 година со војната во Македонија, која придонесе за поинаков лик на државата по „војната“.

6. Македонското октроирано раководство по почетокот на транзицијата ја загуби идеолошката определба(освен во гонењето на Македонците кои се залагаа за Македонија) и освен „капитализмот“, односно бескомпромисното богатење и ставање на личното конто на се што е државно и општо, од претходната комунистичка идеологија ја зачуваа еиднствено комунистичката методологија на справување со противниците. Крадењето стана бездушно, а беше извршувано заедно со нивните другарчиња во Белград и Атина.

7 Македонското октроирано раководство за спроведување на се погоре опишано, се користеше со методи на лажни, фејк институции и процеси: лажен повеќепартиски систем, лажни политички партии, лажна поделеност на власта на извршна парламентарна и судска, лажни демократски процеси, лажна медиумска слобода и плурализам во информативната сфера, лажен граѓански сектор, итн.

8. Македонското октроирано раководство, поради лажњаците зад себе, во овие 20 години изгради способност да се перпетуира-размножува, да се камелеонизира, да се претвара во нешто различно од она што е и што треба да биде и на тој начин да создава привид кај граѓаните дека избираат нешто различно, а де факто секогаш избираат нешто исто, односно „магаре и змија“.

9. Покрај се што е погоре изложено, а поради неминовноста што ја наметнаа светските процеси и отпорот што го даваат патриотите, Македонија остана формално независна држава со едно единствено големо нерешено надворешно-полтичко, а сепак, во суштина, билатерално прашање, а тоа е спорот со Грција за името или поточно речено грчкито проблем со нашето име или најточно речено - последното србо комунистичко наследство на Македонија од кое мораме да се ослободиме, за да продолжиме да функционираме нормално и со шанси за развој како целосно независна и суверена држава.


[Image: bwy1315401041c.jpg]

Името или државата?

Токму затоа ние за 20 годишнината од независноста решивме да се посветиме на проблемот со името. Овој проблем, можеби ќе ви изгледа претерано, но е судбински за натамошното опстојување на државата. Се друго е решливо.

Тоа што на 20 годишнината од независноста, Груевски мисли да ги залаже Македонците па да ги израдува со двокатни автобуси, за кои нема патишта да се движат, тоа е решлив проблем. Тоа што мисли да ги излаже со нов аеродром за кој нема патници да го пополнат, зашто луѓето се економски немоќни да летаат и тоа е решлив проблем. Тоа што оваа власт не „израдува“ со лицемерно и плашливо наречениот „Воин на коњ“ и со други споменици кои се изградени да слават нешто што се уште го немаме постигнато, зашто државата се уште се тетерави под економските маки и отсуството на демократијата и тоа е решлив проблем. Кој цинизам, Триумфална порта, а ниту километар изграде автопат или железничка пруга! Тоа што Груевски мисли да не прелаже, па да се радуваме што се гаснат медиуми или што се крши судскиот и правниот поредок, меѓу другото и со амнестијата за злосторниците од 2001 година, тоа што мислат дека сме слепи при очи, па не гледаме како (не) крадат бездушно на секој тендер...сето тоа се решливи проблеми, проблеми, гледано од една историска перспектива, минијатурни, проблеми кои македонскиот народ ќе си ги реши сам, кога ќе созреат за решавање или поточно, кога информираните гласачи ќе сореат.

Од друга страна и тоа што дел од македонскиот народ го води опозиција која не сака да се појави на прослава на 20 годишнината од државата(!!??), лидерство кое не сакаше да се појави ниту во 1991 на 8 Септември, а сега само покажа дека тоа тогаш не било случајно и дека тоа лидерство било октроироано од Србија, тоа е исто така минорен проблем на македонскиот народ, кој ќе биде решен кога ќе созрее за решавање. Или да повториме, кога информираниот македонски гласач ќе сфати и ќе ги испрати на ѓубриштето од историјата.

Вистинскиот и единствениот голем проблем, кој како Демоклав меч виси над македонската глава во моментов, е името. Ако ја препуштиме битката за името, Македонија можеби и ќе опстои како некаква држава на Балканот. Но, секако, ниту тоа ќе биде Македонија, ниту ние ќе бидеме Македонци. Со тоа ќе ја загубиме, она што со воена терминологија се нарекува „Мајката на сите битки“. Од Александар до денес.


Иницијативата за ништавност на Времената - вистинско решение


Цврсто веруваме дека Иницијативата за ништавење на Времената спогодба од 1995 на Комитетот за демократизација на Македонија, е единствениот исправен, легитимен и легален начин за добивање на битката, а притоа да нема (многу) жртви.

Моментот е идеален. Дваесет години од независност и околу петнаесет години од потпишувањето на таа спогодба. Но, сега пред нас се надзира апсурд. Дали со онакви раководства, опишани погоре и кои од историска перспектива навистина се минорни проблеми за решавање(созревање, развој на демократски процеси, развој на вистински медиуми и нефалсификувани избори), дали со тие минорни „проблеми“-раководства, ние можеме да ја извојуваме битката за името?

Останува надежта дека со Божја промисла и помош, како и повторно под притисок на јавноста, која во многу што помогна да се смени текот на замислената историја што ни ја наменија октроираните и нивните налогодавачи во Белград, дека и овој пат ќе успееме во (не)можното, да го сочуваме името на државата.

Ако во тоа успееме, следните 20 години ќе ни бидат „песна“. Се потоа ќе биде полесно и помазно. Да бидеме живи и здрави, па да ја видиме по 20 години онаква Македонија со која навистине ќе се гордеме. Онаква Македонија која си ја замислувавме кога пред 20 години „гризевме“ за независноста и плачевме од радост на плоштадот Македонија, кога беа објавени резултатите од референдумот.