„КЛАСИФИКАТОР" ДОКАЗ ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОСТОИ ЧОВЕК КОЈ НЕ БИЛ ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА Е НЕПРИЈАТЕЛ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКИОТ СИСТЕМ ! дел 1
Ликовите на фотографијата се сокриени зад прашалник од причина што „класификаторот“ ги опфаќал скоро сите
возрасни граѓани но има дел кој не прифатиле соработка со УДБа во „битката“ против антисоцијалистите
Јордан Петровски 02.08.2023
Да го напишам овој текст ме натера обидот на еден од лидерите на патриотското здржение Македонски Аманет Македонец за Македонец, преку неговит серијал ШЕСТ БОМБАШИ учесниците, луѓето вработено во полицијата, СДБ тајната полиција и нивните соработници кои со еден монструозен план за „тероризам“ со еден потег ќе елиминира една група на луѓе кои не биле поврзани со ништо помеѓу себе, ниту пак учествувале во подметнувањето на експозивните направи во раните седумдесети години на минатиот век.
Ќе започнам со поетот Јован Котевски првиот од ОБЈЕКТИТЕ од културната кој бил цел на СДБ да биде прогласен како водач на терористичко здружение во Оперативните Акции „ПЛАСТИКА“, 1, 2, 3, 4 ... која е започната на крајот шеесетите години на минатиот век и низ кои ОА„ПЛАСТИКИ“ поминале Михаил Ренџов, групата „БАНКАРИ“-Крсте Вељановски, Дане Поповски, Ристо Шишков, јас за толку успеав да најдам податоци а е завршена 1985 година со судење и пресуда за Јован Котевски??
Кога разумен и ослободен од комунистичката пропаганда човек ќе го чита ова што сум го скенирал ќе ја свати монстуозноста на титовиот комунистички тоталитарен систем. Само болен човечки ум може да гради систем во кој не постои човек (освен вработените во УДБа) кој не е сомнителен, антисоцијалистички потенцијален непријател на титовиотсистемот! Секој секого ќе кодоши за да си ја зачува или унапреди позицијата во комунистичката хиеарархија а која е врзана со егзистенцијата, работно место, привилегии, ...и тоа кодешење ќе го смета како најголема, поточно света должност која ете партијата му ја доверила нему?
Анте Поповски