ТРАГИКОМИЧНИ ИЗЈАВИ НА ГОСПОЃАТА АГЕЛЕР ИЛИ ПО НАШКИ ИЗЈАВА „ПЕРИ НОСИ“, ИЗЈАВИ КОИ СЕ ПОНИШТУВААТ САМИТЕ СЕБЕ!!
Јордан Петровски 09.07.2023
Агелер во интерју за „КАПИТАЛ“ изјавила:
Истражете ги знаците и наводите за корупција за проектот за Коридорите 8 и 10 и ако истрагата утврди корупција, нека ја гони, изјави амбасадорката на САД Ангела Агелер за весникот „Капитал“
„Сум кажала претходно и ќе повторам, ако има знаци или наводи за корупција, истражете ги. Доколку истрагата утврди корупција, нека ја гони. Мора да има одговорност за секого, секаде. Во исто време, преголемата политизација на нештата понекогаш може да биде подеднакво штетна како и самата корупција со тоа што ќе спречи добри проекти да се движат напред и ќе испрати порака до другите потенцијални инвеститори дека водењето бизнис во Северна Македонија е премногу комплицирано и бирократско“, изјави Агелер.
Таа додава дека треба да се одвојат фактите од фикцијата, вистината од наводите.
„Тоа е улогата на компетентен и независен правосуден систем“, вели Агелер.
Истата таа Агелер која упатува да се истражат наводите за корупција, го изјавила во истото интервју и ова:
„Во последните триесет години, сме инвестирале половина милијарда долари во програми за владеење на правото и добро владеење, но не гледаме подобрувања и реформи што би можеле да ги очекуваме со толку голема инвестиција.
Прашање до госпоѓата Агелер:
Зарем не сметате за толку глупави, па не упатувате со институциите за владеење на правото--за кое велите дека иако сте инвестирале половина милијарда долари, а не гледате дека направило некаков подобрување и некакви реформи--да истражуваат и гонат корупција. Значи тоа судство и истражни органи, како најбитниот дел за владеење на правото и добро владеење, кои според Вас самите останале не реформирани, нам ни порачуватре да ги впериме во потрага по правото и редот!! Како сега ние граѓаните на Р. Македонија да веруваме дека истражните органи во кои Вие не верувате--поточно велите дека не се реформирани--очекувате да спроведат вистинска истрага!
Би и прпорачал на госпоѓата Агелер да го прочита заклучокот на Комитетот за надворешни работи на ЕП донесен на 26.10.2021 година, од кој ќе ја цитирам најбитната реченица:
„Врски помеѓу организираниот криминал, политиката и бизнисот постоеја уште пред распадот на Југославија и продолжија по завршувањето на конфликтите од 1990-тите години ...“
Откако ќе го прочита гопсоѓата Агелер цитираното, нека побара информации кој бил на власт кога се правел трансверот на криминалниот систем на СФРЈ во „самостојна“ Р. Македонија. И она битното каде на какви фунции се денеска тие луѓе кои биле власт во тоа време и колкумина од нив се дел од нејзиното опкружување а со тоа нејзини неформални советници. Притоа, и да ги поврзе точките помеѓу потрошените половина милијарда и штотуку споменатите неформални советници.
Ќе цитирам дел од мој текст напишан 2011 година, за несериозното однесување кон проучување на вистинските проблеми во Р. Македонија на господинот Штефан Фуле, Еврокомесарот за проширување на ЕЗ-ЕУ, незаинтересираност која ја повторуваат сите амбасадори, еврокомесари, помагачи во реформите на Р. Македонија од САД и ЕУ:
Почируван Господин Фуле,
Макфакс | 03:11, 02 Окт 2011
Случувањата од минатата недела на панел дискусијата „Silencing the Press“ се последица на погрешната политика на ЕУ кон Македонија. Имено, за изминативе дваесет години, Еворпската Заедница не изврши притисок врз ниедна власт во Македонија да раскине со комунизмот. Истата грешка ја повторивте и вие сега Господин Фуле со вашите изјави за осуда на едната страна во „спорот“ во споменатиот циркуски скандал.
На мое големо разочарување, Вие застанавте во одбрана на луѓе кои заедно со нивните ментори се главните виновници поради кои во Македонија нема демократија и нема демократски медиуми. Нивниот однос кон демократијата резултираше со премиер и власт олицетворена во Никола Груевски. Борбата на формално две спротивставени страни е всашност внатрешен судир помеѓу идеолошки исти луѓе. Вие, со Вашето вмешување во спорот суштински браните недемократи од недемократи, комунисти од комунисти. Ако навистина сакате да ѝ помогнете на Република Македонија да тргне по патот на демократијата и владеењето на законот тогаш обидете се да проникнете во суштината на проблемот. Обидете се да разберете дека „демократите“ кои ги штитите се истите лажни дисиденти кои протестираа против Тито и таканаречените цревени буржуи. Тогаш менторите на денешниве квази-новинари не бараа демократија и човекови слободи, туку беа лути на Титовото скршнување од комунистичкиот пат. Значи, тие беа комунистички радикали. Превејаниот манипулант Тито им даде звучно име, нарекувајќи ги „анархо либерали“, а со името им додели и возвишени титули на професори, режисери, писатели, глумци итн. Тие и нивните деца денеска се чувари на комунистичкиот Свет Грал. Така во 1990 год. на Македонија ѝ се случи предвесници на демократијата, и наводни борци против комунизмот да бидат професори по марксизам и „анархо либералите“ на кои Тито им го остави аманетот да го сочуваат комунизмот.
Господине Фуле комунизмот кон своите вистински противници секогаш бил немилосрден казнувајќи ги со ликвидации, прогон, затвори, атентати на кариери, економско уништување и бришење на секаква трага за постоење на такви луѓе. Дали такви луѓе гледате во едната или во другата група? Нема Господине Фуле. Вистинските поборници на демократијата и борци за раскин со идеолошкото едноумие Вие и Евроамбасадорите не можете да ги сретнете во Република Македонија. Тие луѓе денеска се или душевно или буквално умртвени. За нив квази-новинарите кои ги земате за ваши штитеници никогаш не напишале збор. Треба да се запрашате зошто овие „демократи“ кои наводно сега се обесправени не проговорија јавно до ден денеска за прогонот на ИДЕОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ НА РЕЖИМОТ што продолжи со несмалена жештина и по воведувањето на повеќепартизмот во Македонија. Доказ за оваа мое тврдење се преку 4.000-те досијеа кои Тајната полиција ги отворила на ИДЕОЛОШКИТЕ И ПОЛИТЧКИТЕ неистомисленици (на Режимот), единствените вистински поборници за демократија и почитување на човековите права на единката. Тоа за преоблечените комунисти е смртен грев. Кога ќе споредите досие отворено во времето на едноумието со досие отворено во времето на безумието, после 1991 год.—време на лажниот повеќепартизам, ќе видите ист вокабулар и исти причини за прогон. Во тие досијеа и случувањата околу нив е доказот дека ова што го доживуваме денес е ништо друго освен внатревежимска пресметка; односно практично олицетворение на желбата на Груевски да воспостави контрола врз целото комунистчко семејство и да стане нов Тито.
Целиот текст:БРИСЕЛСКИТЕ СЛУЧУВАЊА