Welcome visitor you can log in or create an account

СУДОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД СТРАЗБУР АКО ДРЖИ ДО ПРАВОТО И ПРАВДАТА ЌЕ МОРА ДА ДОНЕСЕ ИСТО РЕШЕНИЕ ЗА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27.04,

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ВИСТИНАТА БЛАГОДАРЕЈЌИ НА УПОРНОСТА НА ЕЛЕНА ДОЦЕВСКА БОЖИНОВСКА !!

 
Добивам многу прашања за тоа што се вели во Пресудата и што понатаму ???
? Пресудата вели дека е прекршен Член 5 став 4 од Европската конвенција за заштита на човековите права по повеќе основи при назаконско определување притвор, негово преиначување, негово продолжување, бројни повреди и прекршувања во текот на целата постапка...
Поминаа 5 години... во претходната фаза од постапката, минатата година ми беше понудена Спогодба. Ја одбив без размислување!
САКАМ ПРАВДА, НЕ ПАРИ❗
? Голема сатисфакција ми е напишаното на тоа парче хартија, сериозна потврда за тоа што беше и е евидентно од самиот почеток дека се работи за монтиран политички процес, со ѕверски притвори, уште поѕверски воден судски процес во крајно нехумани услови и околности (рочишта секој ден во низа, по 10-12 часа, без храна и вода...), драконски изречени казни за недокажано дело.
Пресудата е печат на тоа што повеќе од 5 години го кажуваме, што засекогаш ќе се раскажува како најголема неправда во историјата на македонското правосудство и нешто што никогаш не смее да се повтори.
? Во услови на 4 посто доверба во судството, кршење и непочитување на закон, Устав на дневно ниво веќе, не, не би покренувала постапка и не би чекала правда од некој што е слеп пред неа, не би чекала примена на закон, од некој што го крши и применува по нарачка од штаб.
Со оваа Пресуда од Европскиот суд за човекови права (каде нема Кацарски/Русковски аршини) една битка е добиена, продолжуваме понатаму да ги биеме битките, ќе следат и други вакви пресуди за другите обвинети и осудени, продолжуваме до конечна победа и до конечна слобода на неправедно осудените Уставобранители❗