ГОСПОДИНЕ КАЛАЏИЕВ, ВО АРХИВОТ НА Р. МАКЕДОНИЈА ИМА ИЛЈАДНИЦИ ДОКАЗИ ЗА НЕУСТАВНО ПРИСЛУШКУВАЊЕ КОИ СЕ ДОСТАПНИ ОД 2000 Г. И ТОА ЗА ПЕРИОДОТ ОД 1992 ПА ДО ...
Јордан Петровски 19.12.2012
Овој мој текст е реација на дел од интервјуто на Гордан Калаџиев дадено во весникот Слободен печат а под наслов: „Калајџиев: Не се пресудуваат 12 години затвор само со наративот „Сашо е лош“, треба и докази“. Реагирам од причина што луѓето, кои кога можевме многу лесно да се ослободиме од комунистичкиот систем, беа главните противници на смената на тој систем--инсистирајќи, првин дека тој систем бил демократски, а потоа дека веќе било завршено расчистувањето со стариот систем--денеска повторно се нудат како спасители. Нема ден некој од нив да нема интевју или пак негов Фејсбук статус да биде пренесен од неколку портали или весници во кој тие зборуваат за нужноста од сериозно расчистување со системските проблеми и неправди на македонскиот режим. Тоа нивно прочистување од злото кое го сториле го прават на суптилен начин медиумите и порталите кои секогаш важеле за просистемски.
Јас, кога имам време, поточно трпение, пишувам по некој текст во кој се обидувам со аргументи да укажам на манипулациите, односно лагите, на луѓето кои заробената држава се обидува да ни ги наметне како водачи и идна власт, а која ќе продолжи по стапките на сите предходни власт во зачувувањето на тоталитарниот комунистички систем во Македонија. Зошто го тврдам ова? - Сите тие луѓе можат да опстанат само во систем во кој се почитува сервилноста, полтронскиот однос кон врвот на партијата, а претседателот на партијата е божество, бидејќи на таков начин ти луѓе дошле до позициите кои ги имаат во општествпото. И затоа подржувачи на руското влијание, а тоа значи комунистичкиот систем на уредување на државата, не се Палчовци, Родини и уште некои маргиналци по влијание, туку подржувачи на руското влијание се оние во врвовите на власта, институциите, НВОата и нивните медиуми. Некој ќе каже ова не е точно. Јас ќе одговорам на таквите со прашање: Која резолуција, препорака, или заклучок од ЕУ и САД во кои се бара промена на системот беше прифатена и подржана од било која власт или пак од било кој медиум или НВО?
Текстов ќе започнам со моја преписка со господинот Калајџиев од времето кога тој беше претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права која ја започнав надевајќи се дека со заминувањето на Мирјана Најчевска дошло и до промена во посветеноста на врвните луѓе на ХКЧП во нивното поимање дека сите луѓе, без оглед на нивната идеолошка или политичка определба, ако власта им ги крши нивните со Устав загарантирани права треба да се ангажира во нивна заштита!
...
Одговорот на господинот Калаџиев:
До ден денешен одговорот кој ми го вети господинот Претседател на Хесиншкиот комитет за заштита на човекови права и слободи не го добив!
Мојот обид по судски пат да дојдам до правдата и правото кое ми го гарантира Уставот на Р. Македонија беше со разрешница, како и сите обиди во тоталитарните системи, да се обезбеди со независна судка постпака. Мојата кривична пријава поднесена во ноември 2007 годоина, експресно беше отфрлена со флагрантен фасификат а потоа следеше и отфрлање на ПРЕДЛОГ ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ПОКРЕНУВАЊЕ НА ОБВИНИТЕЛЕН АКТ БЕЗ ДА СЕ СПРОВЕДЕ ИСТРАГА заради застареност со прекфалификација на делото--игра која траеше од февруари 2008 па се до 11.02.2014 година и во која учествуваа неколку претседатели на судот, неколку истражни судии, и апелација.
Господинот Калаџиев во интервјуто за Слободен печат вели:
...може да кажам дека ние после овој судски процес не дознавме со 100 отсто сигурност, со квалитетни докази, кој прислушувал во Македонија. Знаеме дека „Сашо е лош“, но ние во ниедно сведочење за време на судењето не слушнавме од ниеден сведок дека Мијалков го наредил прислушувањето, ниту видовме материјален доказ кој несомнено докажува дека разговорите излегле од УБК.
Јас во мојата кривична пријава понудив 100% квалитени докази! Докази од тоа кој противуставно го потпишал РЕШЕНИЕТО за мое прислушкување. Докази кои јасно укажуват која Управа го правела неуставното прислушкување! Значи се она што недостасува како доказ во судењето за случајот „ТАРГЕТ - ТВРДИНА“ сум го понудил на судот уште во 2007 година. На тој начин ствoрив можност да се направи раскин со комунистичкиот тоталитарен систем наследен од СФРЈ и пренесен во „самостојната“ држава Македонија. Мојот впечаток беше и е дека никој--а особено не „борците за човекови права“ од комитетите и НВОата--не сака во Македонија да се прекине со неуставното прислушкување! А непостоењето на желбата за раскин со прислушкувањето е несомнено поврзано со фактот што прислушкувањето се врши со цел добиените информации да се ползуваат како алакта за уценување и купување на луѓе--соработници на Службата.
Еве уште еден пример на тоа дека кадија те тужи, кадија те суди, кадија носи пресуда, за кој никој не реагираше а кадијата денеска и покрај не добивањето агреман да стане Амбасадор во САД заради неговото кршење на човекови права додека бил министер на МВР е амбасадор на државата во Обединетите нации!
Уставотворецот а во истовреме и генералниот секретар на Форумот за човекови права и потоа министер во чиj ресор е и тајната полиција, докторот по правни науки и универзитетски професор, вели:
"ниеден не е невин, апсолутно!! Тоа можат да го потврдат сите што биле вклучени не само јас"
Значи да ги прашаме инспекторите, соработниците!!!! Потоа вели:..
„секој случај на следење во ДБК има мерка на прислушкување“,
Може да има секој случај на следење прислушкување ама за да има прислушкување мора да има судски налог за да се примени мерка на прислушкување. Во ниедно од неколку стотината досиеа кои сум ги прочитал НЕМА СУДСКИ НАЛОГ СО КОЈ СЕ ОДОБРУВА ПРИСЛУШКУВАЊЕ!!
На секое решение постои потписот на министерот Љубомир Данаилов Фрчкоски:
Преку процесот кој го отпочнав ќе се испочитуваше, односно спроведеше во дело Резолуцијата 1096 на Советот на Европа која во точката 3 предупредува и предскажува што ќе се случи на државата ако не се спроведе Резолуцијата 1096:
Опасностите од неуспешен процес на транзиција се повеќекратни. Во најдобар случај, олигархијата ќе владее наместо демократијата, корупцијата наместо владеењето на правото и организираниот криминал наместо човековите права. …
Тоа што стои во точката 3 стана видливо за сите, освен за оние кои со своите функции и ангажмани во разни невладини организации и медиуми кои во јавноста се представуваа како чинители кои будно ќе ги следат прекршувањата на индивидуалните човекови права и слободи. Врмето покажа дека тие такви самопрогласени заштитници на човекови права беа всашност само чувари на тоталитарниот комунистички југословенски систем.
Ќе немаше потреба и Европскиот Парламент преку својата Комисија за надворешни работи на 26.10.2021 година да носи заклучок во кој директно посочува каде е изворот на проблемот. Заклучокот можеше да биде подиректен само ако Комитетот ги наведеше имињата на криминалците врзани за политиката и власта од 1991 па до денеска, но за секој кој сака да почне конечно законската пресметка со криминалот, корупција и ова што сум го издвоил и цитирал од заклучокот е премногу јасно каде е изворот на криминалот, корупцијата, заробеното судство и медиумите. Верувам дека Комисијата на ЕП списокот не го објави затоа што ќе требаше да објават книга во обем на телефонски именик на Македонија од времето пред мобилната телефонија.
Во заклучок, Р. Македонија не доби никаква „гласност“ ниту од „прекалените“ борци за човекови права, Најчевска, Трајаноски, Пироска, Дерала, Милчин, Исмаил... и се разбира од вас господине Калајџиев, од НВОата, од ниту од медиумите ... во заклучокот на Комисијата на ЕП стои:
„Акутно свесни за извештаите и обвинувањата за врски меѓу политичките фигури на високо ниво и организираните криминални групи, европратениците ја нагласуваат потребата да се искорени политичките и административните врски со организираниот криминал преку јасни заштитни мерки против корупцијата и ефикасно гонење на случаи на корупција од висок профил.
Врски помеѓу организираниот криминал, политиката и бизнисот постоеја уште пред распадот на Југославија и продолжија по завршувањето на конфликтите од 1990-тите години ...“
На крај на мојот текст упатувам повик до Вас господине Калајџиев или до некој правник кој би се ангажиран да направи жалба во однос на мојот случај до Врховниот суд на Р. Македонија и така да го задвижиме процесот кој го бара Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, амбасадорот на САД, амбасадорите и државниците на држави од ЕУ а најмногу раскинот со криминалот, корупцијата, заробеното суство го бараат граѓаните на Р. Македонија.