ПО ФИЗИЧКАТА ЛИКВИДАЦИЈА НА ШИШКОВ, ОБИД ЗА "УБИСТВО" НА ДЕЛОТО ЗА КАУЗАТА НА ШИШКОВ
Јордан Петровски 29.12.2014
Одговор на текстот под наслов: Кој ги убива денес Шишкови и зошто? чиј автор е Бранко Героски
Текстов ке го започнам со едно ВАЖНО објаснување упатено до Героски. Клетвите, Метлите и Кантите се орадија со кои маалските алапачи или се бранат или ја докажуваат вината на некого или пак изрекуваат казна на некого. Тоа друже Героски е и орадието на иделошката полиција која ти ја браниш по обичај. Во државите каде власте е демократска и институциите на системот функционираат вината и казната ја одредуваат институции на системот. Ние затоа инситираме на судска разврска, ако тоа не го дозволи оваа власт а гледаме дека не го дозволува како и оние пред неа, бидејки е избор, како и предходните на ист центар на моќта, ке продолжиме и понатака во нашата битка за промена на системот, промена на ситемот на едноумието.
Само со промена, промена преку избори, на едноумниот тоталитарен систем ке профункционираат и институциите на системот. Тогаш ке биде "ред се ред мале УДБИНИ сејмени"!! Ред се редат на обинителната клупа!! Па таму ке седнат: наредбодавачите, извршителите, соработниците, ПРОПАГАНДИСТИТЕ, тука ке бидат дечките од твојата професија и оние на "десницата" која е со знакот на Сталин и оние на левицата која е со знакот на Владе Милчин...
По самоубиството кое го изврши Иван Бабановски давајки интервју на Саше ТАНГА, со кое се обиде да се одбрани од аргуметираната и непобитна вистина дека и тој учествувал во "убиството на Шишков, изнесена во мојот текст УБИЈЦИТЕ НА РИСТО И ВАСИЛ ШИШКОВИ СЕ НЕКАЗНЕТИ БЛАГОДАРЕЈКИ НА ГРУЕВСКИ , очекував дека централата ке прати нов платен "убиец"!! "Убиец" кој ке треба да го заврши онаа што неуспеа Бабан. Да сервира нова лага и манипулација и така да се обиде да ја убие вистината изнесена во мојот текст. Но, не очекував дека ке се дрзнат да одат толку далеку и ке се обидат да го убијат и делото на Шишков, но не делото на Шишков остварeно на театарските штици, туку делото на Шишков за каузата, делото за Обединета и Самостојна Македонија, делото за Македонија на Македонците.
Како што обично прават оние кои новинарството го започнале во времето кога полициско новинарските бракови биле единствен услов некој да се занимава со новинарство, целиот текст е само една голема лага и манипулација, манипулација чија круна е девалвација на Ристо Шишков и прозивката на Миленко, чиј текст посветен на Шишкови со ниту еден пишан збор со кој полемизира Героски, нема никаква врска. Да потсетам, текстот на Миленко беше посветен на "кодошот" Милчин. Тој текст, поточно фотографија и скeнови на Миленко, ме испровоцира да го напишам мојот текст, за тоа дека ја говорам вистината, говори насловот на тој текст а и самиот мој текст.
Да се вратам на Героски. Героски таа игра во текстот ја прави од две причини:
1. Многу е полесно да се "полемизира" со Миленко, од проста причина што и дваицата имаат иста цел, ОПСТАНОК на ТОТАЛИТАРНИОТ КОМУЊАРСКИ СИСТЕМ.
2. Со неспоменување на вистинскиот автор со чии делови од текстот полемизира Героски, Героски се обезбедува да немора да го објави мојот одговор во гласилата каде е објавен и чиј уредник е тој.
Значи авторот и централата се свесни колку им се тенки аргументите напишани во текстот на Героски па им е јасно дека ако го објават мојот одговор ке поминат како Бабан, ке се самоубијат од заседа самите себеси, при тоа забораваат дека интернетот неможат да го цензурираат или пак не забораваат, битно е да им дадат гајрет на оние нивните, оние чии раце се до лакти обленаи со крв на Македонци.
Можеби за некого ке е чудно што Героски пак се обидува да ги протне објаснувањата, поточно лагите на Бабан кои јас во одговорот на интервјуто на Бабан со мојот текст: НА СЕКОЈА ЛАГА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ ПА ТАКА И НА ЛАГИТЕ НА ЕДЕН ОД "УБИЈЦИТЕ" НА РИСТО ШИШКОВ ги дематирав со непобитни докази, ги дематирав со скенови од првото досие и причината за отворање на тоа досие, причината која свесно само малку ја подобјаснив. Користењето на демантирани лаги како докази од стана на Героски, говори за немоќта да се побие напишаното од мене, поточно да се побие вистината.
Героски "бранејки" го Шишков, се обидува да ги одбрани неговите убијци, да ја одбрани службата. Истото онаа што се обиде да го направи и Миленко подметнувајки го Милчина како главен виновник а што фактички, заштита на вистинските злосторници го спроведува во дело Груевски.
Па затоа за Шишков, Героски вели: "За Шишков постариот ..... не може да се каже дека бил голем дисидент на своето време." За да биде поуверлив ке го доде и следното: "Ексцесите и боемштината сепак не се дисидентство." И за крај, во вакви памфлети секогаш следи главното: "Ристо не бил некој голем и важен противник на режимот."
Ако Шишков не бил голем и важен, УДБа не би го следела од 1970 година, за од тогаш имам докази, што незначи дека не е следен од порано, не би отварала 1972 година, досие на боем и ексцешџија.
Вистинската приказна за Шишков ја знам изворно, ми ја раскажал Дане Поповски и ја знам одамна. Несакав да обајвувам ништо бидејки немав материјални докази и со тоа ке им дадев можност на убијците на Шишков и нивните заштитници да ме демантираат без проблем. Во текстов нема да пишувам многу, исклучиво ке пишувам за оние моменти за кои во моментов има непобитни докази. Така се надевам ке му објаснам на Героски зошто Ристо бил голем и важен, ке му го кажам онаа што централата можеби не му го кажала и подобро ке е за Героски да не му го кажала, барем така ке зачува самиот пред себе дел од свото достоинство, ке има сатисфавкција дека бил изманипулиран од централата која ете не му кажала се.
Шишков почнува да се дружи со Дане Поповски, поточно соистмисленици се, а тоа значи дека ги поврзала идеата, идеата, ИДЕАЛОТ на ВМРО, идеал заради кој е основана ВМРО СДРМА-ПРАВДА, идеал за кој Дане Поповски заедно со сопругата Стефка веке скоро седумдесет години води битка !! И Дане по умот на Героски и неговите од централата, како и Ристо не бил голем и важен, па УДБа го затворала го следела од рекреација:
ДЛ „УНИОН“ е псевдоним на Дане Поповски
Таа дружба го пали алармот во УДБа.
Дане како еден од четворицата основачи на ВМРО СДРМА - ПРАВДА двапати бил осудуван. По двете затворски казни, покрај месеците и месеци поминати во самица, во карцели, каде што бил оставан без вода, храна .... па во нападите на жед и урината си ја пиел, не го скршиле, не го "ОПАМЕТИЛЕ" и "РЕВИДИРАЛЕ", тој е еден од малкумината нескршени, еден од малкумината што не станал сорботник.
Дане е човек кои и покрај завршеното вишо школо далечните шеесети години, неможел никаде да се вработи. Дане е еден од млакумината на кого службата не успеала да му го разниша и растури бракот.
Дане имал и серизни проблеми со неговото школување.
Приклучувањето на Шишков на групата на Дане по оценката на УДБа ке ја направи групата уште поопасна, по тврдокорна, и онаа од што најмногу се плашела УДБа ке ја доближи до многу пошироки кругови во општеството. Шишков е човек кој е подготвен вистински да се бори за идеата, Шишков ке е првиот кој влегува во групата после скоро дваесет години!!
Семјните неслагања во емејството на Шишков достигаат кулминација после четиригодишно следење на Шишков. Причината за неслогите во бракот, најверојатно се предизвикани од УДБа. Предизвикување на неслоги во бракот е една од специјалностите на УДБа, некаде успеале, досието, "ТАБАКЕРА", досието "МИКРОН", некаде не успеале, досие "УНИОН", досие ЖЕГЛИГОВО", досие "ЦРНИ".
Во времето на крајот на шеесетите, целите седумдесети па се до судењето на поетот Јован Котески, половината на осумдесетите години на минатиот век, УДБа се обидувала преку Оперативните Акции "ПЛАСТИКА" да апси а потоа во затворот да се обиде да ги врбува луѓето за кои ценела дека се опасност за Југославија, луѓе кои биле за тоа Македонија да стане Обединета и самостојна Држава.
Оперативни акции "ПЛАСТИКА", акции за поставување на бомби а ги имало неколку и биле под посебни имиња: "УНИОН", "БАНКАРИ", .... зависно преку кого е правена местенката, поточно во која група на судени за ВМРО, УДБа имала свој соработник, но Дане Поповски и Ристо Шишков, и во тие групи пак биле главна цел во местенките. Зар небитен човек ке го мести УДБа за да го суди како терорист. Погледни Героски какви затворски казни биле предвидени во законт за тероризам.
Збор два за невистините кои Героски ги напишал во текстот:
Јас никаде не напишав дека сопругата го кодошела Шишков, јас бев многу јасен и прецизен. Еве што напишав:
Дали човечко битие кое има само ронка од човечност ке ја користи семејната неслога за да од сопругата БАРА да стане кодош, да каже против кого од функционерите Ристо говорел.
А напишаното го покрепив со скен од планот за работа на УДБа за докажување на "незаконските" активностите на Шишков.
За информациите што ги бара УДБа од сопругата на Шишков, денеска комисијата би ја прогласила за кодош:
Ја никаде во текстот не велам дека тоа сопругата го сторила, дека го кодошела Шишков. Невелам бидејки за тоа не најдов докази, значи немам докази
Има уште еден доказ кој објаснува што се УДБа чинела за да го уапси Шишков, УДБа ја ПРИСЛУШКУВА сопругата на Шишков:
ПОЛОГ* значи одобрена мерка за прислушкување
Постојат само две причини зошто е прислушкувана:
1. Затоа што не ги исполнувала барањата на УДБа, не го кодошела Шишков.
2. УДБа сакала да провери дали тоа што им го кажува на инспекторите е точно.
Автор на текстот во име на ГРУПАЦИЈАТА ДИСИДЕНТИ ВЕТЕРАНИ